Најголем дел шо штрајковаат не знаат ни зошто се штрајкова, ама важно СЕ ШТРАЈКОВА, оти им се може затоа. Ве читам и се чудам, ако им беше страв од отказ одамна ќе почнеше наставата. Ептен сила си имаат земено, од еден до последен. Не барајте разум.
Имаше и немаше, некој работеше дома и времето на работа му беше измерено со zscaler, и изнесуваше 8 работни часа, кај наставниците го немаше тоа и да преседоа дома да сме реални.
Добро еве и цела администрација преседоа дома. Колку он лајн часовите беа одржани како што треба? Скартени, по 2-3 часа, а плата цела и редовна. Они сите по кафичи. Сања, колку и да сакам, не можам да најдам зошто и да ги оправдам. Имам другарки, роднини во образованието, јас лично бев таму, маж еден период. Знам колку и како се работи, затоа по штабовите се тепаат за да влезат во образование. Тоа е реалноста.
Ма какво покачување. Нема шанси. Ништо не работат, за време на пандемијата, многу беа ретки тие кои навистина се потрудија. Дури многу пари земаат, со оглед на тоа што не работат по 8 часа дневно.
За поголеми плати има во приватниот сектор еве слободно нека дојдат нека аплицираат ке земаат и поголема плата и ке добијат активна работа од 8 часа. Секој проблем има решение па и нивниот.
Срам да им е.На грбот на децата правда ќе тераат.Паразити. Нека им ги исполнат барањата,нека има инфлација од поголеми размери и таман ќе биде се.Тие 18 % кои ги бараат ништо нема да им сменат.Ќе им вредат помалку од платата сега што ја имаат. Ама нивниве барања ќе ја сменат цела економија во државава.Ќе повлечат нога за невидени поскапувања,таман во рецесија да влеземе. Има ли некој ова да им го нацрта на овие кои треба да ги образуваат децата?
Абе... Нели читаш примери дека пишуваат сТрам и дека не знаат дека множење е прва операција во математика, а ти сакаш рецесија инфлација да знаат. Многу бараш мислам Не е смешно знам
Actually мене ми е смешно вака како го напиша, ама мислам веќе помирена сум кај се наоѓам и сé ми е смешно
Јас со мојава струка со +неколку испити кои можам да ги земам, можам да работам и како наставник. Ама еве си кажувам и 1000 евра да ми дадат не би. Колку и да си ја сакам областа во која сум учела, искрено си кажувам немам трпение да работам и предавам на деца. Е тој што решил, треба да знае во што се впушта Имав професор што беше приморан некое време да работи во образование ради некои причини поврзани со другото работно место. И овој беше еден од најдобрите што сум ги сретнала и ми останале во сеќавање до денес. И професор и другар беше за ученици, нема кој не го сакаше Така шо...до човекот е некогаш
Ова е дело на Вмро. Во нивно време не смеало да има штрајк, сега Јаким намерно прави вака. Од оваа може таков хаос да излезе, а целта се знае која е. Ќе одат до крај, да предизвикаат дестабилизација, во ова време. Пишав, образованието се сериозно гласачко тело и од нив зависат многу работи во државата. Затоа и ова се случува и со Вмро и Сдсм.
Околу 14 изгубени работни денови кои треба да се надокнадат после 10 јуни. Само се надевам да почнат и да не е точно ова со планот што го зборат.
Не се нормални овие. Ако планираат да штрајкуваат до крај на годината, треба да излезиме на улици. Не ми се верва до кај одат со лудилото.
Знаеш како ќе ги надокнадат? Работни саботи со скратени часови. Дома во 11 наместо во 1. Јас кога бев ученик секогаш беше истата приказна. Продуктивност од надокнадувањето изгубени денови немаше никогаш. Жал ми е за децата колку многу изгубија прво со онлајн наставата, сега и со штрајкот. btw не сум против тоа што си бараат поголеми права, само ме нервира фактот што тоа не го прават првично заради квалитетот во образованието, туку за лични интереси.
Апропо „работењето„ за време на пандемијата. Многу добро сумирано Велковска Блажева: Платата ви остана „недопрена“ во време на пандемија, кога сами си ги учевме децата, а сега сте одбиле 10 % во глобална економска криза?!