Според новиот закон за образование Не може во сабота да се изведува настава. Не знам што ке правиме со децава.
Што сте направиле, вчера попладне отворена тема, а веќе има 17 страни.. Некако не знам на што сум со овој штрајк. Од една страна е штета за учениците кои конечно се вратија во училиште и сега пак отсуствуваат, но од друга страна малку не е фер минималната плата да бите толку блиску во сума со платата на професорите. После ќе ми текне на неспособните професори кои креираат неспособни ученици, ама не е фер затоа што има дел кои реално си ја работат работата. Затоа и сум некаде на средина со ова. Образованието треба од темел да се менува, ама наставниците решија само за ова да бидат сложни, па и тоа ме кочи за да сметам дека покачувањето би било заслужено.
И сега уствари колку бараат покачување ако понудените 10% (кои и сами си ги побарале лол) не се доволни?
Отрилика 250 000 ученици, 25 000 наставници. 10 деца на наставник, просекот во Европа е околу 14:1 основно и 12:1 за средно отрпилика. Сликава погоре е од Државен завод за статистика за 2018/2019 година. Сега може и повеќе да се. Очигледно дека има вишок, нека го избркаат и нека разделат плати. Ама на крај да се достигне и просекот во знаење според Еу. Еден куп наставници а децата меѓу најнеписмените.
Тебе те цитирам зошто и јас се соочувам со истото Се отепав од врски барање за бебето да го примат во градинка, за вработување помалку врски треба ама нема врска Претходна недела бев ми дадоа документи уплатница тоа најбитно да платам, платив за цел месец и ми рекоа од денес може да го носам на адаптација Го носам денес, воспитувачката ме искара како сум била несовесна, сум го носела дететп а групата им била 25 деца сега неможеле внимание да му посветат, требало да си ја чукнат главата овие од Владата за да им покачат платата, вакљ така Ја гледав и неможев ништо да и речам стара жена баба може да ми биде ама требаше да ја испеглам да незнае како се вика ама ај детето ќе го носам таму, да не правам проблеми Крајно сум изреволтирана од нивните постапки, знам на времето одевме сабота на школо оти нив им се штрајкуваше Ако не им се свиѓа и мали им се платите нека одат во приватен сектор, нема ни минималната да ја земат, а со средно баш солидна плата земаат, па и тие со факултет И ми се споредуваат со судии со незнам кој уште што скапал од учење за да дојде до тоа место Не е факултет само 5 лектири како они што мислат и партиска книшка Срамота Крајно изреволтирана сум
Како тоа нивните барања ќе ја сменат економијата, ама на судиите на кои им се зголеми платата едно 3-4 пати последните 5-6 години нема да ја променат? Економија менуваат многу други работи, не и плата на просветни работници. Не оди така. Не може професор по географија да предава математика. Дури и да се соединат за одредени предмети може да се случи да има преголем фонд на часови. Не треба да се мешаат такви работи. На источниот регион можам да потврдам дека снемуваат наставници до толку што од еден град МОРА да патуваат професори до друг град со цел да има кој да им предава на учениците.
Па нека патуваат ако во еден град или село немаат доволен фонд на часови. Што е проблемот со патувањето во соседно село или град? Патни трошоци им плаќаат.
Nema da gi pustame posle 10 juni na nastava,pa da vidime sto ke pravat. Ima maturanti koi treba da polagaat maturi,priemni.. Kurtasak si igraat so nas i so decava. Koj.mu se raboti neka raboti,koj ne odma otkaz treba da im dadat. Da gi vidam posle dali ke strajkuvaat..
Патни трошоци плаќа Општината ако сака, мислам во плата им влегуваат. Во некои им е обезбеден превозот, во некои Општини не. Е тоа им е проблем, ама не штрајкуваат за ова. Инаку знаеш зошто се вишок? Оти вештачки делат паралелка за да вработат плус наставник.
Епа треба да им воведат сега казна за процент на неуспех на учениците на матурата. Во смисла, ако има над одреден процент ученици со ниска оцена, да се казни финансиски предметниот професор. Исто, ако има голем успех кај некој, тој да се награди. Сé може, ама нема волја оти никој не сака да се откаже од комфорот што го уживаат. Aко голем дел од учениците не ти се успешни на матурата, сигурно не е само до нив.
Па...патуваат, само што го пишав тоа. Поентата е да не се приморани да патуваат затоа што нема кадар (нема кој да работи затоа што сите се иселени) и да не им надминува фондот на часови заради истата причина. И не е проблем град-село или село-град, туку од еден до друг град. Не е едноставно да мора да патуваш 50км -100км особено сега со немање превоз. Некако се подзаборава дека не е така едноставно. По 2 превози има дневно помеѓу градовите, некогаш ни толку. Наставничка мора да останува и да преспива во другиот град кога нема превоз. Тоа никој не го плаќа. Едит: сега видов дека имаш напишано „ако немаат доволен фонд на часови“, не си разбрала - имаат ама нема кој да предава па мораат тие да одат.
Ако размерот е над некој просек во Европа, не можеш да речеш дека нема кадар. Зошто постирав статистика, за јас ли да си ја гледам? Поединечни примери во одредени села не се тема на муабет.
Цел свет патува по минимум пола час, они не можеле. Обично патуваат до соседниот град. Овде не те ни вработуваат ако немаш возачка. Само проблеми си наоѓаат, се не им чини. Испадна дека ова е најтешката работа. Се читаат ли воопшто? Знаете ли како работи приватен сектор? На почетокот пробував да ги сфатам, да ги оправдам, ама веќе исчезнува сета почит што ја имав кон нив.
Да Имаат полн фонд на часови зошто вештачки уште пред 10 години се правеа паралелки од по 12 13 деца Во средно бевме 6 класа од 12 до 20 ученици наместо 3 класа по 30 Јас сум од источна Македонија И еден проф патуваше само зошто нема средно училиште кај неа во градот Тие што патуваа од град до село за основно училиште имаа превоз од школото организиран За 2 3 ца професори било проблем а за 30 деца секој ден да патуваат од еден во др град е во ред нели Ај ве молам доста ги браните Не заслужуваат моментално никаква подршка Вештачки прават паралелки само за да имаат полна плата па уште малку им е Алчни
Го кажуваш тоа како да не се препишува на матури и има реални резултати. За да има некакво зголемување по учинок, прво треба од темел се да се разгледа, отпушти, вработи друг стручен. Се надоврзувам само колку е тиња кај нас образованието, како и се друго.
Бтв па нели цело време паѓа наталитетот, све старо население живее итн итн. И пак по 30 деца у паралелка секоја година. Кој лаже еве не знам
Вакво нешто слично имаше во годините кога јас бев матурантка. Ни лупаа 3ки, зошто нели златна средина, да не јадат казни на крај
Па и платите на овие сега што штрајкуваат не дека стагнираат, се зголемуваа повремено изминативе години. Од 2017 до денес, статистиката вели вака: - Неговател/ка во градинка +5.067ден.; - Воспитувач/ка во градинка +6.442ден.; - Наставник/чка во основно образование +3.267ден.; - Наставник/чка во средно образование +4.353ден.. Плус пред тоа. Сега можеше да добијат во просек +2500ден., одбија. СОНК бара платите да стигнат до 45 000 ден. за наставник во основно образование (https://www.fakulteti.mk/mobile/news/16022022/nastavnichkata-plata-da-e-45-000-denari-baraat-od-sonk).