Епа не знам, кај нас приемен се полагаше Матура не постоеше ко концепт. Апсолутно треба од темел да се разгледа, ама како што реков, треба да се има волја од сите страни. Што не верувам дека ќе ја има. Муабетот ми беше повеќе во насока, зошто ниедна евалуација на учениците или студентите во некоја процентуална рамка нема реперкусии и кон предметните наставници? Пошто невозможно е процентуално гледано голем дел од учениците кај ист професор да се неуспешни и тоа да е само индивидуално од децата. Мислам статистички невозможно е
И јас зборам нема да ја пуштам,ама мислам ке не наместат да ги пуштиме. Греота матурантите,како не им е жал матура треба да полагаат.
Ништо не не оправа нас, толку е.... отидено е и образование и здравство. Нешто 30 години што тоне не се решава во 5 минути, толку заминало тоа веќе. Затоа е и ова што е, ги изначукаа со врски, најголемите тиквари што беа кога учеа со нас, сега се професори и доктори... солидните што беа или се странство, или на каса во маркет. Сега децата дома сосе корона и штрајкови, изгубија цели 2 години образование.... тоа е трагедија невидена. Инаку нема начин да се оценуваат наставниците за покачување плата. Пак тие што се од владејачката партија ќе добиваат појаки оценки, другите послаби... секогаш ќе биде матно, нетранспарентно и лажно, подло, одвратно. Така е се во државата.
уште еден доказ дека "тепај да те слуша" методата на вемеро беше единственото чаре за нашиот народ. па сеа Мицко ќе објаснува владата каква била. Море марш сите до еден, преку деца се препукувате. Од еден до последен сите да летаат од образование, на чело со дебилон од СОНК.
Ако може да не споредуваме со „по цел свет“. Ова е огромна грешка и неспоредлива. Прво стандардот не дозволува да направиш споредба со „цел свет“, а потоа све останато. Ако немате патувано, разбирам дека не можете да разберете ама не судете. Себично е да претпоставиш дека секој има можност да оди секаде со кола. Како што пишав, од еден град до друг има по 1, 2 термини за превоз. Понекогаш, во зависност од градот не ни има, пример прв автобус од еден град до друг е во 11 часот, баш завчера ми требаше и се јавив да прашам. Во семејство ако нема кола, со што ќе оди? Не е само имање возачка. Ако има една кола и професорката треба да оди секој ден до друг град, а на друг му треба колата? Сето ова е предизвикано заради пандемијата, порано имаше колку-толку превоз. Многу е себично да се размислува така. Го зедов во предвид и тоа. НЕ е до тоа, едноставно нема кој да предава. Колку и да ги поделиш, пак нема професор. Немање професор и имање преголем фонд на часови заради вештачко делење е друга работа. Првите 2 се за да не вработат нови, им ја покачуваат на старите за да не си заминат и тие. Ама не можеш да споредиш огромно покачување на плати на пр. судии со покачувањата на наставниците. Само во 2021 на судиите им ја покачија за 15%, а не знам дали знаете ама и тие имаат најавено протест на 28 април. Ако сите вработени во судството (не само судиите) бараат нови 15%, не гледам проблем и наставниците да бараат 18%.
Истиот аргумент го имам за таа табелата со плати. Што веќе не знам кај не ја видов. Ако не се лажам и Финска ја имаше на листата
Мене не само за стандардот туку и за превозот ми е. За пример ќе ја земам германија: во германија имаш јавен превоз од еден до друг град. Можеби со одредени пречки ама ПОСТОИ за разлика од македонија каде нема ни приватен, а не пак јавен. Во друга држава ако тргнам знам дека ќе има со што да стигнам. Во македонија нема автобуси, нема железница, автомобилот стана луксуз, а патарините да не ги ни бројам. И тоа ако воопшто имаш возачка, а ако ја имаш - ако имаш автомобил. Многу е лесно да се претпостави. Тргнете од еден до друг град и кажете ми колку време и колку мака ќе ви треба за да стигнете, потоа коментирајте го овој дел како аргумент за патување на наставниците. Ако треба да има час од 10, а првиот автобус е во 11, што ќе прават? Впрочем, не ми ни беше тоа поентата ама гледам дека некои луѓе не ја разбираат тешкотијата на патувањето па мораше да појаснам.
Јатрва ми работи приватно, менува комбе, па меѓуградски автобус, па градски автобус, сето тоа во еден правец за да стигне на работа. Секој ден... за просечна плата!!! И рекоа, ова е работата, ова е локацијата, ако ти одговара арно, ако не пак арно!!! И неа никој не ја праша дали може или не... ама тоа е, за парче леб ќе патуваш. ќе планираш, па и дел од платата ќе си трошиш. Ама да, заборавив, на државно се господа... може треба на грб да ги носиме греотките, автобус да не платат?
Извини вака ама во источна Македонија немаше доволно деца уште пред 10 години а камоли сега, иста е состојбата и во јужна во помалите градови Еве во Демир Капија доаѓаат наставници од Неготино, секој ден патуваат а луѓе со завршени педагошки не се вработени оти немаат книшка За многу деца може да збориме за Скопје или Тетово или западна Македонија Никој нема да ме убеди дека преголем фонд на часеви има во училиште кај што во паралелка се 30 деца и плус ја ангажираат надвор од градот бидејки нема такво нешто Народот е иселен или во скопје или во странство И плус ако веќе има повеќе часови од што треба и ги плаќаат така да нема простор за жалење
Да, баш таму платата им е колку просечната, минимална разлика, еве на табелата гледам. Е ама во Финска низ трње ќе изодиш да те примат како наставник. Во Финска се слуша гласот на детето повеќе отколку на директорот. Мене овде па ми е жално колку е лесно да те примат како просветен работник. Мање битно дали имаш трпение за деца, мање битно дали знаеш како да комуницираш со деца. Ја би задолжително секој наставник предмети од психологија да учи и полага. И кој не помине, нема работа со деца. Па ако сакаш и најдобар биди во областа што предаваш.
Напротив, мислам дека има и повеќе нови вработувања во градинките, ама не сум сигурен, можеби грешам. Судиите имаат најавено протест. Овие штрајкуваат еве веќе 6ти работен ден. Протест и штрајк не е исто. Од протест никој не е загрозен, од штрајк со себе наставниците загрозуваат 250 000 ученици или колку има, плус родителите нивни коишто малите ги носат со себе на работа или сега користат одмори за да ги чуваат. Така што, и јас не гледам зошто не би барале повисоки плати, слободно, сите бараме, ама не на ваков начин. И само за потсетување, лани битки се водеа во Собрание да се донесе еден закон за усогласување на платите на просветарите со минималната плата, со тогашната и идните покачувања, континуирано. Знаете кој го блокираше тој закон? Овие што сега се први зад СОНК
Па никој не праќа наставник од Гевгелија во Куманово па да плаќа 10 патарини и да менуба 10 автобуси Од град до град најблиски работат И ако се во подалечен требало да мислат кога барале само да се пикнат на раб Јас работам во Скопје и тука мпра да живеам,основав семејство, моето дете неможе да тргне на градинка бидејќи они штрајкуваат а за 2 недели тргам на раб И патувам надвор ое Скопје за работа Како јас да се организирам кога немам никој? Ајде штом толку ги жалиме пожалете ме и мене За било што да се јават за детето јас нема со што да дојдам, ќе чека 4 ипол Ама кога им се дава раб клати врата земај плата тогаш кај сака нека е само да се вработам а после олеле мајко Како си ја прифатил работата така и ќе се снајдеш Не се они богови Луѓе патуваат од еден во др град секој ден за минимална плата па уште не чув да штрајкува некој А овие кај се на буџетот, боловања одмори се што следуба без проблем користат па уште имаат лице да зборат Во приватниот никој не те тинтра едно две боловања и да те нема ама ма државно е друго Ги користат сите благодети и уште неблагодарни
Патуваат. И ти ова го оправдуваш? Ова ми личи како муабетот „ее на времето ние од еден до друг град пешки одевме за да одиме на школо“ како мислиш сега заради тоа не смее да се подобруваат условите. Сам си даде одговор на прашањето зошто нема ученици и зошто се намалува бројот на наставници. Нема што да ти извинам, кажи ми како професор по бизнис ќе предава географија ако мислиш дека до тоа е проблемот, за да ти биде валиден аргументот. Нема повеќе вработувања во градинките. Наставниците најавуваа протести и откако никој не ги сфати сериозно се одлучија на ваков потег. Судиите и сите поврзани со судство штрајкуваат (моја грешка) следствено и те како ќе бидат загрозени особено оние кои чекаат со месеци и месеци развршница.
Излишно е што и да се збори Како си имаш замислено така нека е Никој не те носи ма сила од Битола во Велес ма работа Сами се вработуваат партиски после Цацко е крив
Еве од Влада, цитирам: "...во периодот од 2018 година до 13 април годинава на неопределено време се вработени вкупно 2.375 лица, што е половина од вкупната бројка на вработени во градинките која се движи околу 4.600. Меѓу нив има работни места кои се трансформирани од определено на неопределено, но и отворени се нови вработувања. Дополнително во истиот период се обезбедени 416 согласности за унапредување на кадарот." https://vlada.mk/node/28460 Ок. Еве ги сфатија сериозно, му понудија 10%+. Јасно му кажаа дека Буџетот не може да издржи повеќе од тоа. И? Има уште простор за оправдување? Генерации уништуваат.
Како ми се ставивте, не можам да постигнам со одговори мислиш јас сум ви проблемот.... еве ти одговор Ти како да не ме дочитуваш што пишувам. Па напишаното не беше само за наставниците, за сите беше. Сите сме зависни од превозот. Горе пишав, јас требаше да патувам од еден до друг град, поврзани се и прв автобус ми е во 11. И? Што да правам? А една наставничка патуваше во 3 града, како се снаоѓа сега откако снема превозници, а другите си го намалија вројот на линии, ич не сакам ни да помислам. Она „не чув да штрајкува некој“ штрајкувај, кој ти брани? Организирај се, штрајкувај. Како тоа ако ти се променети условите за живот и ти сега треба да си молчиш? Па од тоа молчење сме стигнати довде. Да те информирам дека баш тие партиските најмалку ги малтретираат со вакви работи. Оние партиските си уживаат. Имате мал милион аргументи против професорите, ама превозот остајте го зошто секогаш ќе изгубите. Одење во пензија, заминувања во странство и откази не се вброени. Одвај чекам да им кажат и на судство дека 15% нема да издржи. Ќе видиме.
Па они не штркубаат за превоз и подобри услови за работа туку аза плата повисока а и оваа пониската не ја заслужуваат Да, тие што ги малтретираат се од др партија што се пикнале пред 10 год и уживале 5 6 години а сега кога се сменија раб им било тешко Се врти тркалото Па нека повелат во приватниот сектор, во секој град се бараат продавачи, телстилни раб и еве 18илјади е платата таму и плус нема да патуваат Ама тука им е понижување а во Германија компир да пржат не им е понижување
Како? Еве вака. Платите на просветариве се даваат од буџет.Буџет полни приватен сектор.Приватен сектор со поскапување на сите енергенси,суровини,даноци,пандемија и војни е на раб на опстојување. Цените се зголемија секој продукт? Да.Значи парите ја губат вредноста. Ако државата нема пари за овие зголемувања,ќе се задолжи по не знам кој пат за непродуктивни трошоци како плативе на учителиве. Нема никаков бенефит од покачувањето.Не произведува ништо за да има некаков бенефит.(Тука не зборам за продукција на идните работници во општеството,знаеме сите добро какви генерации произведе нашево образование). И така за да има пари владата да врати некоја позајмица ќе удри по тие што полнат државна каса.Па тие ќе ги поскапат своите услуги и производи.И на наставнициве пак ќе им се малку бидејќи животот ќе стане поскап.До кога ќе може да издржи приватниот сектор?Додека не дојде на колена. Се е врзан систем. Инаку ајде сите нека бараат европски плати.Колкав ни е БДП по глава на жител?Како можеме да се мериме со високо развиени економии? Не сум економист,може и грешам некаде во моево мислење,ама тоа е моето гледиште,а како вработена во приватен сектор и плаќач на данок во оваа држава имам легитимно право да се бунам за тоа како се трошат парите.