Нена и овде е од 6 години прво одделение. Кембриџот, ова психлог школски ми го објасни, требало да се соодветно адаптира уште во градинка. Инаку описменувањето е прво до наставникот, а после до се друго. Инаку, во прво одделение учење читање не било задолжително, туку ако било возможно кај некои деца. Ама наставниците сите почнале со тоа. Значи наставникот требало да процени дали треба да започне со тој процес или не.
@JuLleE кај нас наставниците не одлучуваат. Им даваат што да сработат, мора тоа да го исполнат, имаат инспекции од МОН. Инаку за Кембриџ 1во одделение требаше да виде како забавипте, подготвително за школо. Па со настава да се почне во 2 ро. Ама кај нас тој што го постави толку знаеше па така нареди.
Да го поддржуваме штрајкот и при тоа најсилна поддршка да имаат тие кои се заслужни за поголеми плати, едното не го исклучува другото, не е накострешеноста поради копање очи во прашање туку накострешеност од револт. Свесни ли сте последниве години кои и како влегуваат во образование? 50+ годишни ги бутаат со книшка или дебели врски што веќе имаат работа пред тазе дипломирани, што немаат никаква работа за егзистенција како другиве, а се волни и спремни да вложат во квалитетно образование, а не овие за 10 год. што ќе се пензионираат и тие 10 години ќе ги протрчкаат само колку да се види божем сработиле нешто. Младите добиваат погрешна порака, дека ако не си на некој и нешто и најважно политички подобен што сакаш учи, со колкава сакаш љубов и мерак учи и дипломирај во најголем број случаи џабе ти е, ако немаш грб ќе се разочараш. Па потоа повеќето идат странција, вртат плескавици во сендвичарници на почетокот ама вложуваат и да се интегрираат во тие општества затоа што таму се цени трудот и образованието што си го стекнал кај нив. За вработување никој не ти бара книшка туку способност да покажеш за што те бива и што знаеш да сработиш најдобро. Штрајк да има ама и истовремено не треба ставање под тепих на овој огромен проблем дека покрај способните и оние неспособните ќе се опарат. Сепак за тоа сами си се криви, покрај штрајк за плата требаа да се побунат и штрајкуваат да се наметнат правилни критериуми за вработување и валоризирање на трудот, не може линеарно иста плата за сите, ги бивало или не. Ама еве кај нас се може, само дали е исправно тоа така или не, власта одлучува
Како не, ова им стоело во Програмата, какви инспекции. Прашав баш за прво одделение, ко можност е дадено, а не е задолжително. И ај да не зборувам какви Инспекции правеа. Да ќутам подобро. Инаку син ми, во прво одделение ниту учеше да чита, туку учеше да седи во школо и да се учи да го држи моливот. Домашно немаше. Неговата наставничка, која заслужува и 1000 е, оти е прав наставник, го описмени, го научи да пишува и да чита и да го сака училиштето. Прав педагок.
Ретки се тие. Еве гледам и околу мене за време нанпандемијава, некои улителки што не правеа да им олеснат на децава онлајн, power point презентации на материјалот, што не. А некои.. Ужас невиден. Од друга страна и децава денес не се цвеќиња за мирисање. Порано наставникот беше авторитет, сега му става 1 иде родител се заканува ќе те избркам од работа знаеш ли кој сум јас..
@Lella нема потреба од дрскост и искажување фрустрации на форумов. Мое мислење е покачувањето го заслужува само квалитетниит кадар, тоа може да се направи преку воведување на некои параметри. Пример пополнување анонимни прашалници од учениците преку кои ќе се оценуваат наставнициите или плаќање по учинок... Не може еден наставник чии ученици по неговиот предмет имаат слаби оценки во сите одделенија да биде исто платен со наставник чии ученици имаат солидни оценки во сите одделенија за ист предмет во училиштето. Штрајкот би го поддржала во нормални услови, а не во услови на светска економска криза и војна. Прашање на време е кога со ваква ослабена економија сите буџетари ќе се соочат со неисплатени плати, а пензионерите со непримени пензии. Поз и убав ден...[/USER]
Не знам јас, затоа прашав. Имам слушано дека не им е за жалење платата, а сега еве бараат повеќе, затоа и прашав.
@JuLleE јас ја читав програмата за прво по новата концепција за 2021, по програма е читање и пишување. Ја има на страната на Министерството. Кажуваат во нашето училиште дека во мај ќе ги тестираат за читање првачињата. За прво и четврто само се нови програми, четврто немаат ни учебници.
Децата не сакаат да одат во школо, тоа многу кажува за нашиот образовен систем. Секој има право да си бара повисока плата само мене едно ме мачи и револтира. Со години наставниците шепкаат дека наставната програма не чини ама баш ниеднаш не кренаа глас. Знаете мора да одиме по програмата имаме инспекции. Па тие инспектори не се од друга планета, знаат што учат децата. Програмата не е библија, се е менливо.
Не е менливо ама знаеш колку од нив не се со договор за вработување? Колку не смеат да зуцнат? На кој да се жали? Против кого да крене глас? Онај истиот на кој му платиле да се вработи?
Платата на сестра ми беше околу 18000 ден почетна, стигна до 24000ден,а немаше решение за работа. Стрина ми земаше околу 28000, со стаж над 30 год,веќе пензионирана. И двете беа задоволни од платата, предаваа од прво до петто одделение. Е токму стрина ми би заслужила такво покачување, добар, но и строг учител и педагог,поради неа си го сакам пишаниот збор и математиката.
Зашто школите се под општините а на локалните ВМРО победи. Да беа СДС немаше да има ни штрајк. Политички поени си собира ВМРО преку ова. Исто ќе беше и СДС да беше во опозиција.
Околу 24 000, во средно 25 800, ако се класни раководители мислам по 1000ка плус земаат, е сега многу е важно полн наставен фонд часови да имаат за да ја земаат оваа плата. Еве пиша членката погоре и со стаж им расте платата.
Да, прашав педагок и он ми објасни дека тоа наводно требало наставникот да го утврди мислам, дека ако не било возможно, не е задолжително. И еве сега читам, кратки текстови требало, да препознаваат итн. Они се мислам и прв пат сега. Не верувам да ме лаже оти знам одеа на обуки. Ова е исто како со домашните порано, не смеа да дават, ама даваа повеќето.
Ништо чудно што си бараат покачување, со право. Сите сакаат да споредуваат со странство а таму наставниците и тоа како ги ценат. Кај нас ова е загреота, сакаме квалитетно образование но наставниците нека земаат плата колку за преживување, колку да се истурка месец. Ама истовремено нека се посветат 100% на децата. Епа не може.
Во школите има агресивни наставници, искомплексирани кои немаат филтер како се понашаат со деца, па пред скоро беше инцидентот со наставник кој претепа ученик кој заврши на хирургија, во Струга ли беше. Други има не знаат да предадат материјал, едно е да го знаеш материјалот за себе, сосема друго е да знаеш да го предадеш на друг. Децата нејќат школо, ја губат љубопитноста за учење, чекаат викенд, чекаат лето, никој не се запрашал зошто е тоа така. Никаква врска нема кембриџ програмата со тоа, каква и програма да им ставиш исти ќе се. Пред кембриџ да не беше поинаку, исто беше, одсекогаш било исто. Кога треба промени за децата, тогаш не можат, наметнато им е одозгора, врзани им се рацете. Кога е за парички, ни дете ќе ти прима, ни на вибер ќе ја најдеш. Не и се врзани рацете тогаш. Какви покачувања без да се решат овие проблеми. Нејќам да коментирам, ама не ми се веруваше дека толку ќе се продолжи со штрајк.
Знам ова, јасно ми е. Но! Имаш наставнички партиски кадар на сдс/вмро карикирам. Сега е обратната партија на власт, што не кажат збор два за програмата. Има и такви со решение, со се. Не ми се верува што пишувам, ама ај.