Е ама судство бара повисоки плати. Образование бара. Администрација бара. Пошта бара. Матични лекари бараат. Епа дечки, не сме Сингапур ние за жал. Во Македонија сме. Ама им се може бе. Ни пет ни шест- штрајк. Државно, сигурно, шо сакаат прават. Текстилци, продавач(к)и, работници во приватно, што да кажат? Кому тие да се побунат, а да знаат дека ќе бидат толерирани до бескрај?
А ти што им се нафрли толку на судиите? Нели сите заслужуваат поголема плата? Иначе, да нема забуни јас сметам дека скоро сите кои се на државна цицка се преплатени за работата која ја „работат„ И убаво ти рекоа погоре, секој кога се вработува, знае каде се вработува. Ако се вработил со знаење дека ќе патува од еден во друг град, нема што сега да не му одговара. Ако не му одговара, слободно може да си ја проба среќата на приватно Само таму за помала плата ќе патува повеќе и ќе работи дупло повеќе часови од просветариве.
Жал?Син ми треба да полага матура,ниту еден наставник не ги удостои со објаснување како ќе се одвиваат работите за нив. Матурските прослави се закажани,тоа е најбитно. Ги слушам што зборат генерацијава на матурантите,дека они ќе штрајкуваат после. Убав пример им даваат нивните учители,ама тогаш ќе ги поддржам децата.
И за превозот, не се наставниците единствени засегнати, дури и бенефити имаат ако треба да патуваат. Еве како некој од апла мало градче, ќе ви кажам дека 25% од вработените кои живеат во општинава, не работат во неа, туку во друга. Некои патуваат и по 60-70км во еден правец секој ден за на работа. Во ред, на дел платени им се патните трошоци, ама на дел не им се. И не се бунат, се снаоѓаат, се групираат по 5 души и во кола секој ден, делат трошоци од сопствената плата, не им плаќа работодавецот. На тема превоз, општините веќе губат големи суми на пари со оглед на тоа што не прекинаа да плаќаат превоз за учениците. Ајде пак да ги заглавиме до гуша општините и училиштата со долгови кон транспортерите
Нема јас што да оправдувам или не... едноставно така е. Ако ти чини арно, ако не пак арно, барај си нешто поблиску.
Нека штрајкуваат ама и нека си ги одработат часовите прво. Ете им во 15ч , во 17 ч нека блокираат раскрсници ,нека излегуваат на улица нека протестираат и штрајкуваат колку сакаат. Или ако сакаат и по цел ден на улица ама после 10 јуни. Е , ама не. Поубаво е да не се работи да се губат часови, кафенце и муабет и штрајкуваат. На грбот на децата и родителите. Безобразно в крај и не е фер за ваква професија така да се однесуваат. Реков ,би ги поддржала дури и на улица да излегуваат ,заслужуваат ( дел од нив ) поголеми плати ,но на овој начин освен револт не прават ништо друго. И инает Колку родители ги ставаат во неповолна ситуација затоа што немаат кој да им ги чува децата. И пак ќе кажам ,безобразни се. Одржи си часови до 13ч и во 15 излези на улица, блокирај цел град ако треба и тоа е тоа. Ама не бива. Сакаат цел ден да седат ,и така да штрајкуваат.
^ не можам да го редактирам мислењето. Квоут во квоут во квоут... Кој се снајде - се снајде. Кој не...
Џабе ги браниш просветариве, т.е. Само ти овде ги браниш затоа сите те цитираат тебе Народот е разочаран од нив, немаат поддршка Ти кажав, незнам што си се запнала за судииве, учеле цел живот, павосуден ваков таков, како стигнале до судија стигнале а педагошки се знае како се завршува, со 5 лектири препишани Да не се дообразубаа нешто случајно? Или книгата пред и раскажува? Оти па они не се бунат за подобри услови туку за газот само си гледаат, пари пари пари Ние да сме се бунеле Па може убаво ни е на нас со сите тие услови Тебе ако не ти е оди штрајкувај пиј кафе
Почнаа и со судии да се споредуваат. Его им види. Нема, си патат од синдромот дека се најпаметни и дека они најмногу знаат. Ама затоа опшество и незнам пишуваат. Реков, ја изгубија сета подршка кај народот.
Значи страшно. Не знам само каков образ имаат.Ѓон. Да извисиш деца во клучен период и да се нарекуваш просветар?! После овој штрајк нека се засрамат да кажат што работат. Треба да организираме протест,прочитав дека има петиција од родители,ако ја најде некој нека ја стави тука да потпишеме.
@NoirSerpentine за покачувањата на платите на судиите немаше реакции, ниту некој се побуни вака јавно од проста причина што не беа директно засегнати 250 000 граѓани на оваа држава. Ете затоа. Дали е оправдано нивното покачување или не, нема да навлегувам, ќе кажам делумно, зависи од која перспектива го разгледуваш истото. Не се тема на разговор сега судиите. И ве молам, ако сте просветни работници, не гледајте на сите овие мислења тука како навреди, туку сфатете ги како критики и поправете ги колку што е можно. Подобро е така
Дел заслужуваат, дел не. Како може наставник генерации се жалат од него, не го пренесува знаењето на учениците, сите се со слаби оценки, па уште ти викаат “Знаеме дека е проблем, ама што да правиме, има уште години за работа” и како бе овој наставник сега бара покачување на плата? На кој основ? На (не) учење? Нека има зголемување на платите, немам ништо против. Ама како? Еве предлог нека земат на секоја крај на година еден прашалник за оценување на наставниците, нека го испратат до учениците. Па врз основ на добиен фидбек, покачување на плата. А не сега, некои не ни предаваат, само си седат сакале покачување. Ако е во приватно да видиме дали ке им покачат, или ќе го немаат работното место после неколку поплаки. Тука се научиле, знаат дека дали работат дали не им иде плата, имаат договор на неопределено, не смеат да ги избркаат. А мислам дека и во тие договори има ставка кај што може да се прекине договорот ако не ја извршуваш правилно работата. Ама не, кај нас се е напикано по школине, дали е психички таман, дали не, не е битно.
Прочитај ми го првото мислење на темата. Само не сакам кога некој вади невалидни аргументи, при толку многу други кои можат да се вбројат во критики. Ако ти мислиш дека некој треба да биде нешто за да има мислење, верувам дека по таа твоја логика и ти не си за во темава. Истото од погоре важи и за тебе. За судиите нема дообразување? Знаеш колку многу далеку си од реалноста со овој исказ? Другар ќе затвореа по грешка зошто се толкаво дно застанати во минатото со начин на собирање докази. Се фатив за нив зошто коинцидентно и тие сега бараат НОВО покачување на платите, после неколкуте пати веќе покачена за последните години, ама за нив се збори 2 дена и после како да не се случило. „Па може убаво ни е на нас со сите тие услови“ тогаш зошто го даде тоа како аргумент? Зошто пиша „мене кој да ме жали“? Се губиш малку... Штом ти е убаво значи и аргументот погоре ти пропаѓа во вода. Не беа толку, ама се засегнати сите оние кои зависат од него, а случајно или не моментално во исто време бараат покачување на платите инаку во спротивно се закануваат со штајк, затоа се ставени за споредба. Погоре читам дека „наставниците се споредуваат со судиите“ па малку срам ме фати што не читаат актуелни политички настани за да сфатат зошто се ставени како споредба, ама се дрзнуваат да коментираат. Срамота е некој што излегува со разлилно мислење од вашето и ви се спротиставува на нешто за кое реално треба сите да ги поддржите, а не да ги судите, веднаш да мислите дека е дел од нив. Срам ме фати што ви ги прочитав мислењата, искрено.
Еве јас ги поддржував првите два- три дена. Не сум директно засегнат, сметав дека да, како и сите останати, и тие заслужуваат повисоки плати. Ама потоа ја претераа. Еве ги, уште претеруваат. Никако не е во ред од лични побуди да прекинеш вака долг период воспитно-образовен процес од кој ти зависи иднината, твојата и на целата држава. Легитимно е да си бараат. Ајде легитимно е и штрајк ден-два (иако не во оваа форма, наставниот кадар во штрајк не мора да предава, ама да глуми луд, збуњењ и недостапен, не смее. Должен е да ги згрижи децата, макар само да ги набљудува.). Ама после тие ден два, можеа да продолжат со друг начин на искажување незадоволство, на пример, преку организирани масовни протести. Е ама протест не се држи во кафуле Во мој крај велат "нашле па зашле". Или поинаку кажано, добиле прст, побарале цела рака.
„реално сите треба да ги поддржите“ ми беше за превозот, не за протестот. Од сите работи за превозот се фатија. Пишав неколку пати дека има мал милион работи кои можат да се искористат како аргументи „против“, ама превозот - не е едно од тие. За останатото, ако го прочита првото мое мислење на темава е дека моментално сум со крајно поделени мислења. Страшно е колку сите напаѓаат без да прочитаат. едит: штрајк, пак протест пишав од навика