Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.779
    Пол:
    Женски
  2. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    2.641
    Пол:
    Женски
    Ако добро се сеќавам, должни се да се на работното место, да ги згрижат учениците ама да не одржуваат настава. Ако е уште така, значи некој го прави штрајкот непрописно ако си одат или не се ни појавуваат на работа.
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.090
    Допаѓања:
    117.923
    Пол:
    Женски
    @LiliBoz и @Annath кажаа дека им нагласиле да не ги носат децата.
     
    На Harper, Ahoy, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    2.088
    Другарка ти патувала другар ти бил суден
    Носи ја со колата ти на работа и другар ти не бил китка
    А што прајме со неписмениве деца по дома? Што кај не учеа 2 години па и сега им се ускратува правото?
    Да, нека бараат пари ама нека ги заслужат
    2 години дома лежеа нњ рекоа еве ќе земаме минимална оти не одиме на работа, оти и така живее народот
    Ама не, они се богови, им требало зголемување дека зејтинот е 134 денари, а дома зејтин пијат место вода, господи боже
    Не ти држи вода ниедно мислење, штом се не ти чини границата е отворена, што др да ти кажам
    Може се е отидено во к.... Ама ова што го прават не чини
     
    На buba4e89, azelea и JoyJoy им се допаѓа ова.
  5. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    2.088
    И моето денес ми го вратија, гужви било не било време за тргање во градинка
     
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.090
    Допаѓања:
    117.923
    Пол:
    Женски
    :| |( (facepalm)
    Многу слобода си земаат, многу.
     
    На Mantub, azelea, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.912
    Допаѓања:
    36.750
    Пол:
    Женски
    Еве, се срамам и јас, ама од тебе и ограниченоста твоја. А богами и од нереалноста.
    Туку... кој е твојот предлог? Дај покачување на сите, небитно дали заслужиле или не? А од кои пари и дали плаќачите се согласни, небитно

    Аман со судииве. Споредбата не ти држи вода и е смешна од многу причини.
     
  8. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.779
    Пол:
    Женски
    Нагласено ни е дека не работи ни една градинка на Детска радост. Тоа се 4 или 5 клона.
    И добивме соопштение од општината дека немале одвоено пари они за да плаќаат замена коа се штрајкува.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Па да ти кажам и не е, особено ако е малечко.
    Еве и во градинки каде ги згрижуваат, една жена на 100 деца сите во иста соба како затвореници, адаптирано дете од нешто помалку од 2 години на мои блиски не сакаш да знаеш како се врати од градинка. И они беа на став дека мора да оди, зошто имаше тешка адаптација и не им се ризикуваше, а и не е дека имаат избор освен боледување, ама кога се врати преплакано помодрено, хрането со храна несоодветна најверојатно зошто му се расипа стомакот, видоа не видоа си извади еден од родителите боледување. Секако самото дете ти е побитно од принципот.
    Затоа реков, и пак ќе речам, секој денар што ќе го добијат е на несреќа на други луѓе и уцена. Затоа и треба да се срамат.
     
    На Lea.Messi, referentka и LiliBoz им се допаѓа ова.
  10. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.524
    Допаѓања:
    38.737
    Пол:
    Женски
    Нас ни пишаа уште на почеток дека ќе нема кој да ги прифати пред училиште и ќе нема кој да е со нив во училница. 5 деца беа првиот ден, никој немаше од наставниците. Првачиња.
    Какво згрижување, кај што е цел колектив во штрајк нема згрижување.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.074
    Допаѓања:
    2.641
    Пол:
    Женски
    Не пишав другарка, наставничка пишав.
    Да, еве ти веднаш претпостави што е работата за другарот кој доби во сдтразбур, пример, ама да, стразбур помалку знаат од тебе. Судење на невидено, (и ако го искористам твојот „аргумент“ од погоре) тебе професионална деформација да не ти е судењето? А да почнам да ти пишувам колку пак лично сум оштетена од недоветни судии чии спорови подоцна ги вратија како грешка на судијата, дури тогаш како ќе се однесуваше. Ако не си имал проблеи со судство - нека остане така зошто друга песна ќе пееше. Ама смешно е што ми пиша дека заради правосуден судиите биле подобри, а наставниците со 5 лектири се наставници (знам и јас за такви па заради нив страдаат и нивни колеги и цело образование).

    Овде да додадам дека државата кога губи во стразбур заради неспособни судии, тие оштети се плаќаат од буџетот кој сите го плаќаме. Така, како одговор на претходно поставеното прашање: буџетот не се оштетува од платите, туку од неспособноста.

    Патем, да не одам оф топик, темата е за наставници. Кој разбра - разбра зошто судиите беа единствено споменати. Кој не разбра, џабе е и да се нацрта.

    Па зошто мислиш дека снема кој да предава и снема деца? Одделенија каде порано биле 4 со по 35 ученици сега се по 2-3, одвај 20 ученици. Од вакви реакции си одат. Од сите што очекуваат од небо да им падне и им се сеедно додека не осетат на своја кожа.


    Штом ги враќаат, ако уште е исто како што напишав, што прават? Зошто ако си седат дома тоа не е штрајк, неодење на работа е.
     
  12. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    5.610
    Пол:
    Женски
    Нели може ние родителите да потпишеме некаков документ, пример нешто како петиција, па и онлајн нека биде, да се запре штрајкот? Еве, јас не го поддржувам штрајкот, вака само на темава со коментирање нема ништо да се постигне...
     
    На referentka и Cosmi им се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.090
    Допаѓања:
    117.923
    Пол:
    Женски
    Liliboz го стави линкот погоре.
     
    На st-el му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    И јас не го поддржувам овој штрајк, со скратено работно време се со сите привилегии и уште незадоволни, тогаш што не одбрале друга професија!?
     
    На Harper, christinnn, Lea.Messi и 3 други им се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.278
    Допаѓања:
    35.307
    Пол:
    Женски
    @NoirSerpentine и на наставниците им се покачија платите последниве години. Е сега како ќе се организира патување од град до град навистина не е дел од темата. За тоа треба општините да се грижат, односно училиштата на кои им треба кадар. Ама наставниците не штрајкуваат за тоа. Штрајкуваат само за плати. Јас еве од тебе слушам дека требало сите да ги поддржиме за право на превоз.

    Сега почетна плата им е 24000. Во средно има и такви кои со стаж земаат околу 30000. Негователките се ептен блиску до сегашната минимална плата и тоа е главниот проблем. Почнуваат од околу 19000 нивните плати. И вакви проблеми има секаде низ јавна администрација во моментов. Ама не е сега момент за штрајкување вакво. Најмалку што е потребно е деца да губат настава. Сто пати се кажува дека имаат децата право на образование.


    Е сега ептен ме нанервираа партиски ботови на Твитер што го бранат оној Неделков. Намерно ги стави наставниците на тапет и го навлече гневот на сите кон нив за теснопартиски интереси и лични интереси. .
     
    На Bezimenka90, Lea.Messi, NoirSerpentine и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    6.473
    Пол:
    Женски
    Не е само за платите на наставниците, воспитивачите и негувателките. Голем дел од наставниот кадар се среќаваат со НИКАКВИ услови за работа.
    Тие што овде коментирате (А не сте од наставниот кадар) не знаете дека наставниците сами си купуваа лаптопи и сами си ги плаќаат патните трошкови?
    Знаете дека чистачките во училиштата земаат 18.000 и тие со стаж до 20.000 ден. А наставниците 22.000 а некои се и магистри?? Е ова е револтот кој се ствара во образованието. Да, образованието стана хаос ама и од самите родители и од денешнава младина која не знае за почит. Голем дел сте овде возрасни. Ај навратете се во ваше време кога бевте ученици како се понашавте со вашите наставници а сега како се понашаат овие генерации? Немаат грам почит према своите наставници кои ги описменуваат.
    Јас работам во градинка. Знаете дека имам мајки кои ги оставаат своите мали деца од 1год (па и помали) на градинка а тие одат по кафичи и шопинзи (невработени) не си ги гледаат дома децата.
    Некои родители не можат дома да се справат со 2 деца а наставниците и професорите со 20 и повеќе ученици.
    Ставејте се малку и во нивната кожа.
     
    На pianogirl, JelenaCP и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  17. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.870
    Баш ради ваквите мислења никогаш нема поддршка да добиете.
    Ти ли си таа што треба есап на мајката да и води дали е на кафе. Може да е невработена и фриленс да работи. И да е на кафе, што ти менува тебе во работниот ден? Ти списоци ли им правиш кој родител каде оди, што те интересира жено?

    Ако имате лоши услови зошто штрајкувате само и само за плата? Зошто не речете еве немаме принтер, немаме материјали. Тоа со линеарно зголемување на плата ќе се реши ли? Што еднаш не штрајкувате сапуни што нема во тоалети за учениците?

    За во наше време имаше страв, не почит. Од што сте навикнати на југословенското, да ви постилаат рози под нозете и ко господ да ве гледаат, од тоа си патат сите, и деца и родители. А и тие малкуте кај вас што ги бива. Џабе споредувате со нашето време, тоа што беше тогаш не чинеше воопшто. Дете треба да е мотивирано да оди на школо, а не да се плаши, трауми да има. Ама гледам со муабетиве од пред 30 години ептен современи сте во детска психологија. Ама како да ти кажам, умре тоа време.
     
    На Harper, Abel, Mishela и 14 други им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.912
    Допаѓања:
    36.750
    Пол:
    Женски
    А тебе работа ти е да се грижиш зошто мајките ги оставаат децата во градинка или да ги чуваш?
    Боже, боже!!! Па уште и поголеми плати сакаат!! Е од вакви како тебе образованието е вакво какво што е!
    Просветарите не штрајкуваат за условите во образованието туку за платичките! Има разлика. Еднаш да излезеа на протест или штрајк за условите во образование или пак за програмата, прва ќе бев што ќе ги поддржи и немаше да има вакви реакции од населението.
    Многу со непочит зборуваш за хигиеничарките. Од каде знаеш дали истите немаат високо образование ама ете немаат среќа и партиска книшка да се пикнат под државна капа?
    А за магистратурите на просветарите ич не ми збори, оти смешно е од што е жално како ги добиваат! Како и факултетот што го завршиле, впрочем.
     
    На Harper, Annath, Waverly Raven и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.772
    Допаѓања:
    41.776
    Пол:
    Машки
    Извинете, ама да беше толку добро тоа ваше (па еве и мое пред неколку години) време колку што го прикажувате, југословенско, немаше сега да бидеме Македонија, ниту фамозен Балкан, туку ќе бевме лупам Шведска и Скандинавија.
     
    На Annath, raww, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.784
    Допаѓања:
    323.669
    А ти знаеш ли дека ние на наставничките им купивме штампач во боја?
    Зошто и е на наставничката лап топ?
    Еве сите знаеме дека имаше акција - за секое дете компјутер, знаеме дека не што имаат компјутер во училница туку имаат и ТВ и електронски табли.
    А ако сака од дома да држи он лајн настава ќе си купи сама зашто и ние на децата за он лајн МОРАВМЕ да им купиме.

    Чистачките каде и да се, земаат толку.
     
    На Harper, Annath, raww и 6 други им се допаѓа ова.