Било кое барање може да се каже на протест надвор од работното време. Ваков штрајк го повредува правото на образование на учениците. Децата не се должни да патат поради нивната алчност.
Надвор од тоа дали е оправдан штрајков или не, ама која ќе биде поентата на било кој протест ако се прави вон работно време? Логика нема баш. Во право сте дека огромен број од кадарот е тотално нестручен. Оваа последнава што пиша како мајките оделе на маникир доволно зборува и кој профил на луѓе работат по градинките, иако не сакам да правам генерализации. Ама стојам на ставот дека не може да се очекува квалитетно образование а наставниците да не се ценат. Не е само да предаде лекција, треба прво да бидат педагози и децата да имаат нормален однос со нив, доверба наместо страв, огромно трпение. Е сега, ако не те ценат која ќе ти биде мотивацијата да се вложиш 100 % ? Има ужасни професори, да, ама јас во текот на моите години во образование сум видела и многу многу квалитетни луѓе, стварно не е фер да се каже како сите се неспособни и ништо не прават.
Зошто да се вреднува факултетот ако не те бива за работата која ја работиш? Што е тоа и се друго? Каква врска има мислењево со се што беше горе пишано од членката?
Не душо, жални се мислењата што се излагаат. Жално е тоа што македончето е само за критики а никако да излезе на страна на правдата и реалноста.....
Сакаат да се врати таа разлика помеѓу обичен работник и наставник како порано што беше, едните 6 или 8000 плата во конфекција, продавница и сл. а тие уште тогаш накај 20 000 беа. Да има на кој да му се фолираат со фризурите, ноктите и штиклите. Видоа дека сега и обичен работник нокти прави и некако не им се свиѓа, сакаат поголема класна разлика. Така се учени. Не се свесни дека времиња се менуваат, пазарот на трудот се менува и "физикалци" се плаќаат се подобро и подобро.
Која страна? Вие претеравте. Сите заслужувате откази и да се вработат оние што навистина вредат и што со љубов ќе работат.
Нека добијат поголема плата.. Ама нека работат и тие како секој смртник во државава. 1 смена. 7 до 15 часот. 2 смена. 12 до 20 часот. Коа можеме сите да работиме 2..3 смени временски за потребите и напредокот на економијата нека работар и тие 2 смени наизменично за потребите на родителите. Мислам ако се сака толку работата колку платата.
Патни трошоци на многу не им плаќаат, а инаку законски треба работодавачите да обезбедат превоз и за приватен и за јавен сектор. Тука читам примери како некои патувале повеќе на свој трошок па треба да им честитаме? Не, и тие треба да се изборат за своите работнички права. Ова веќе постои, тоа што не се спроведува тоа е проблем во секое училиште и факултет, и не очекувајте сами вработените да бараат евалуација, тоа треба сите да го бараме од надлежните, а не да ги ставаме сите во ист кош. Ич не е фер спрема тие што си ја вршат работата и повеќе од што треба. Каде одат мајките откако ги оставиле децата на градинка, не е твој проблем. Твоја единствена обврска е грижата за тие деца додека се под твој надзор. И ова не ти вреди. Наставниците и професорите имаат дипломи и се примени на работа затоа што поминале испити кои содржат методи за справување со секакви деца. Околу општото понижување овде на оние од кои очекувате да ви ги учат децата, се надевам дека овие муабети не ги правите дома пред децата, па да се чудите после зошто наставниот кадар нема авторитет пред нив. Секој работник има право на штрајк и подобри услови за работа. Тоа што образованието не нѝ е на ниво не е вина нивна, затоа што оние кои ги влечат конците во образованието се уште понеписмени и од нив. Ако ви е навистина грижа за децата и нивното образование треба подршка на штрајкот и петиција да правите за после покачувањето да има вистински и ефикасни промени. Сето ова што го изнапишавте и ви смета околу образованието треба да го пратите на адреса на пратениците, директорите, наставници, професори, новинари итн, во вашите места наместо да ширите омраза и навреди анонимно по форуми. Знаете дека со тоа ништо пак нема да се смени, нели? Само ќе продолжи голготата, и да децата пак неписмени ќе останат. Не дека беа нешто писмени и пред епидемијата, па сеа баш од две недели штрајк ќе изгубат знаење. Ве нас'скаа партии едни против други и проблемот и агонијата може да продолжат, затоа што никој нив притисок не им прави. На наредните избори пак да се нацртате да ги гласате. Политичарите пак среќни и задоволни во заедничкото крадење.
Колку се испушти поентата на напишаното од погоре и сите се фатија само за еден дел. Нов на тапет. Еве јас сум од тогаш кога почна све да оди удолу. Немаше страв ама немаше ни почит. Тогаш почнаа да се менуваат стариот кадар со понов. Порано кадрите исто биле делумно партиски ама имало критериуми, не можеш само ако си плакатолепач да се пикнат в школо да учиш деца. Ама баш тогаш за мене се погоди да доживеам секакви да ми предаваат и видно се забележуваше разликата од тие кои се партиски со критериум или партиски ама колку да го пикнат да работи. @Bebce1 све ти е ок освен делот со осудата. Не е твое кој и зошто ги остава децата. Не споредувајте со југословенско време. После него дојдоа секакви промени, кембриџи и секакви неиспитани глупости кои придонесоа за ова што образованието е сега. Југодловенско време може не било најдобро, ама од тоа што слушам било далеку подобро од сега. Овде е делот каде наставниците треба да го искористат својот глас и да се побунат за менување на образованието како што сега се бунат за повисоки плати. Да беа вакви кога мораше сами да си купат лаптопи, а воедно и сите ученици да си купат свој уред со цел да можат да следат настава, можеби ќе имав поголемо разбирање за нив. А колку сум иритирана од целосното образование и колку промени треба да се случат дури не ми се ни коментира, ќе треба до утре да пишувам што и каде се греши, но дел од постарите наставници го знаат тоа само џабе е кога 5 од нив се бунат, а други 100 молчат.
Ти згрижуваш деца или водиш евиденција која мајка каде оди? Озбилна си со мислењево? Кој кај сака ќе оди, а дали некоја мајка работи или кафе пие не е твоја работа. Од кога знам наставниците штрајкуваат. Се нешто нив не му е погодено. И како манипулација ги користат децата. Зошто лани не се штрајкуваше за онлајн, неквалитетна настава? Затоа што тоа беше се само не настава и баш му одговараше. Во основно и средно ни 5сати на ден не работат. Секој викед, празник слободни. Зимски распуст, летен распуст. Ако не му се работи, ајде ќе си ја читаат децата лекцијата и сами ќе ја раскажуваат. За основно многу добро знам колку работат, колку часови имаат и слично. Нека штрајкуваат ајде пред Влада, зошто не излегуваат? Со кафе во канцеларија се штрајкува? Толку му попуштаат, ептен.
Па не ми е ни гајле срц, нормално правам споредба дека на многуте родители им е тешко да се справат дома со децата а зошто да се покачила платата на наставниците. Да бидеме реални ... .
Не е точно дека вработените сами нема да бараат, еве во приватно сами си бараме евалуации и стриктно определени учиноци и таргети според кои ни расте плата, баш за да не морам да работам јас ко коњ, а другата нокти да лакира и на крај исто да земеме. Зошто тие малку за кои според тебе не сме фер, а се слагам дека постојат, не бараат исто за нив? Кој сигурен во своите способности не сака да има дефинирани таргети за повеќе пари?