Да, Кембрич е катастрофа и се штрајкуваше и за тоа мислам 2015 беше. Секоја нормална и демократска држава има право на штрајк. Можеби нашата забега малку ама секој си ги бара своите права. Па мора и малку да се крена народот, доста молчеше... Зошто не се откажат пратениците од патните трошкови и од златните лажички во собрание...
Знаеш која е правдата и реалноста, дочекавме воспитувачка да ни каже дека не сме се грижеле за децата,сме пиеле кафе. А таа воспитувачка заборава дека од нас зима плата. Е тоа е реалноста, драга моја.
Ти си платена да чуваш и воспитуваш деца и тоа е тоа е тоа. И мене говна ми се случуваат секој ден на раб па не ми е криви децата или градинките или школите. И не ми е гајле што прават во слободно време. А и нив не им е гајле за мене. Секој работи каде што е вработен. Доктор има заклетва да го спаси пациентот на секој можен начин и не му е гајле што се случило пред да дојде истиот на болница. Така и просветниот работник нема да го пика носот или да го интересира кој родител што прави. Носат дете? Тоа дете према договорот ќе го социјализираш и средиш додека е во твоја смена и тоа е тоа. А дома му ако сака нека ја урне куќата. Нели?
Не напишав ништо лошо од што да се срамам. Ги критикувате а не ја знаете тежината на работата, тоа ми беше целта. Многу од коментарите тука па и на улица и секаде е: не ги чуваат децата, само кафиња пијат
Уфф, многу добро почна и после измеша работи. Првото што го напиша за штрајкувњето ти е ептен погодено. Тогаш имаше бунење ама не во овој размер како сега, а требаше да биде обратно. Во вториот дел измеша основни работнички права (викенд, одмор). Овие работи треба секој да ги има, не да се ставаат како предност. И на крај пак добро заврши. Сега причитав дека не ги згрижувале учениците? Како така, штрајк ама не на ваков начин!
Е па сега, на толку критики на сметка на воспитувачки, негователки, учители и наставници, не треба толку осетливи да сте кога ќе напишат нешто и за родителите. Што па да не нема такви што праќаат дете во градинка "да се социјализира" дури мајката дома серии гледа а детето 1 годинка. Али, не е тоа тема на муабет.
Имам мила и повеќе од колку што мислиш и си ја сакам работата а и децата Си ја бранам професијата а и колешките дека не нападнавте многу во таа тема. Толку
Mislam deka e dobro da pocnete rabota vo tri smeni, da vrtite 8casa na linija da trcete za sekoja pauza od hala do mesto za pauza da jadete vo rekordni 10minuti i da ja merime tezinata na rabotata... Za sekoj negovoto e najtesko ama realno vie uzivate mnogu benifiti.
Ај бе да му се собериме пред Министерство за Образование и протестираме секој ден, дури не средат. Има некој друг шо би се нафатил на такво чудо, или само ќе си прајме муабет?
ај жити све. ако сакам шивачка да бидам не сакам убава плата демек? факултетот да се вреднува или општо да се вреднува трудот на луѓето .. лупате и вие, затоа секој купуе диплома у задње вр и сака шеф да биде ..
Секогаш е подобро за детето да помине време од денот во градинка, без разлика што прави мајката дома или во кафич. И да, баш затоа постојат градинките, покрај грижата и за социјализација на децата.
Не е тоа поентата Бриџо. Прво, колку е непрофесионално ти приватните животи на родителиве статистика да им водиш? Прво, реално не ни може да знае, сигурно мајкава не иде и вика еве дете, јас идам сега на кафе со среќа. Второ ми се повраќа од глумење жртви и срцепарајучи леле благородноста на наставникот и стихотворби тука, особено во Македонија, каде р од работнички права не постојат, ама све на овие на државна цицка нешто не им е погодено вечито. Малце да се свртиш и да видиш кај живееш и малце да размислиш зошто главна преокупација во денот ти е која мајка на колку кафиња одела.
Основни работнички права да имаш два месеци во лето слободни, тогаш зошто нема за сите? Ама не сега ќе речиш не е толку, одат наставниците. Зошто другите ги немаат тие основни човекови права ? Работа на ден по 3-4 до 5часа максимум. Цели две години беа толку привилигирани и кога не работеа цела плата. Ама не сега му текна на штрајк, кога тек почнаа да одат на работа. Толку се изрезилија, срам и брука.
Инаку, таман е темата за ова да напишам, тоа што многу учители/ки од прво до четврто се катастрофа е вина и на факултетите. Од педагошки без навреда, ама огромен број што се запишуваат се запишуваат колку да пројдат и така и завршуваат. Како реформа за подобро образование прво мора да се направи селекција на ниво на високото образование и дефинитивно да се постават построги критериуми кои луѓе може да земат да работат со мали деца а кои не. Сум "за" да им се покачат платите, ама да има многу повеќе контрола врз нивната работа и постојана евалуација од независни комисии. Е сега колку може да биде тоа независно во земја каде што секој е вујко, стрина, тетка на секого, не знам, ама ако се платите на ниво треба и производот од нивната работа да кореспондира соодветно.