Од 8 до 4 седат во школи сакаш да ми кажеш? Или од 2 (од толку ми почнуваше прва смена а професори некои директ доаѓаа) до 10?
Ти си во тие 5% Многу ме интересира дали стварно гласаа членовите на СОНК за предлогот од 10%? Mислам, сакам да знам дали СОНК се занесува или вработениве, тоа ми е прашањето
Огромен процент работаат по 5 до 6 часа максимум. Може да речеме дека има случаи некој да работи по 8 часа. 7 и пол одат на раб 12 и 30 дома се веќе распакувани. Јас знам доста такви случаи. Кога ќе им завршат часовите и тие си одат дома. Нема контрола на многу работи. Во приватното да беше така ќе се распадне државата за 1 недела.
Не знам, зошто не можам да идам на работа јер чувам дете Муабетот беше- олку ќе бараат, ќе им дадат 8 и ќе се повлечат. Е од таму почна ..
Јас ко нивен работодавец можам фино и културно да ги шутнам, а они ако не се задоволни од мене може отказ да си даат.
Wow, easy Elon Musk И ти ко нивен работодавец што одлучи во врска со штрајков? Кога планираш да ги шутнеш?
Текстот беше преземен и споделен од наставник. Последната реченица ми падна во очи. Зошто држење приватни часови е наведено како аргумент плус за обврските на наставниците?
За Кембриџ не се штрајкуваше. Бидејки овој вмровски штабски муабет веќе го слушнав за пратеничкиве трошоци да се скрателе и да ви зголемиле плата ,кажи ни колку беше плата на воспитувач пред 5+години и колку е сега? Колку е зголемена?
пошо сакаат да речат додатни часови за тие што имаат потреба ама толку се ОБРАЗОВАНИ што пишале приватни.
Па ваљда да не е само една точка, еве друго не знам. А можда и стварно се приватни, кај некои така оцена се добиваше повисока во мое време
Сигурно има професори овде. Нека одговорат тие. Јас пишувам како треба да биде. Кој како и што прави - не можам да знам. Знам колку е максимална брзина во населено место и ако некој не почитува треба нешто да преземат одговорните органи. Исто и во образованието. Од тоа што знам, има и такви и такви. Има професори кои го почитуваа тоа и има професори кои не го почитуваа. Доаѓаме до делот каде за едни е оправдано покачување на плата, за другите не.
Ќе речам дека е точно. Ама тоа може да го прави кога ќе им ќефне на половиот орган, на пример во 6 попладне уз кафе откако ќе спреми ручек за фамилијата, ќе измие садови, ќе испазари .... Додека остатокот од светот допрва се прибира од работа тие ги завршиле сите обврски за тој ден и им останува да прегледуваат тестови и да внесат податоци во електронски дневник.
Тоа што сите се партиски врзани и лаат по форуми е едно, ама... замисли си ние плаќачите т.е работодавците на просветариве, да се охрабриме и да излеземе на улици? Што мислиш кој ќе биде шутнат? Претпостави дека сме нормална држава
Ако досегашната плата им била 25.000 денари со сегашното покачување од 10%, платата ќе им биде 27.500 денари. Жално е да кажам, ама некои наставници и ова не го заслужуваат и ова им е многу, а не па повеќе... Нека ги вратат децата во школо и нека не глумат многу
И јас сум плаќач како тебе, ама еве мене не ме интересира воопшто колку плата земаат, колку одмор имаат и дали се 8 часа на работа, а уште помалку што прават во слободното време, тоа стварно не треба да е наш проблем. Единствено ме интересира моите деца да добијат квалитетно и достоинствено образование, а со понижувачки однос кон просветните работници како мислиш да го добиеме тоа?
Ова што го спомнуваш беше пишано во првиот дел, таму се спомнуваат планирањата, електронски дневници, прегледување писмени... Вториот дел се однесува само на тоа дека дел од нив држеле и приватни часови. Е мене тоа ми падна во око. Ок е да ги наведува сите други обврски што ги имаат, ама спомнувањето приватни часови кои си ги наплаќаат како да е обврска плус на редовно работно место не е ок.
Во градинка дете се носи за да се социјализира со другарчиња, да осети како е во група, да игра и да се развива, а не да гледа турски серии дома. Од кај ти е тебе правото да водиш сметка дали некоја е вработена и колку ќе оди на кафе? Леле што читам, не дека не знаев, ама вака кога ќе го прочиташ експлицитно
Нема да ги нападнеш татковците? Или само мајките се задолжени за децата? И имаат право да ги запишат во градинка без разлика дали се вработени или не.