Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. Lea.Messi

    Lea.Messi Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    2.090
    Па ако условите се НИКАКВИ штрајкувајте за тоа
    Не сте се запнале како слеп за стап 18.4 посто а после 100 посто
    Па не сте богови бе

    Ако ти неможеш да се справиш до 20 деца сестро си ја згрешила професијата
    Вас поголема плата не сте можеле да живеете а чистачките не се луѓе, не треба да јадат, многу им се 18 илјади
    За срамота, и воопшто не треба да те интересира кај одиме откако ќе го остајме детето во градинка, ама тоа се тие селски муабети, џабе и факултет и што излегле од селото кога тоа од нив нема никогаш да излезе
    И мене денес ми објаснуваа како неможат 3 воспитачки да се справат со 25 деца ама госпожата кафе си имаше направено и замина на пауза а они плачеа на сет глас, живи гревови
     
    На Annath, azelea, raww и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Прочита дека се работи за деца од 1 година и помали? Зошто би гледало тоа бебе турски серии? Нели има мајка дома која ако е невработена треба да го искористи времето да максимално му се посвети на своето дете?
    Која мајка која има можност дома да си го чува 1 годишното дете ќе го прати во градинка со 20 други на една или две воспитувачки кои се грижат за нив за она да гледа серии? Да се социјализирало на 1 година а 8 саати на ден во креветче ќе седи. Поточно ќе спие, ќе плаче и во креветче ќе седи. Сериозни сте? На 1 година тоа му треба, гужви, плачки и нервозна воспитувачка наместо мајка.
     
    На BlackNight, Martka, mal.ecka и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    8.000
    Пол:
    Женски
    Никој наставник нема 40 работни саати во неделата. Така што, нема за што да штрајкуваат. Доста им се тие плати што ги земаат.
     
    На Amelia, СуперДевојка и prashinka им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.012
    Другата тема, кој што прави и кафиња дали пие не ми е гајле, ама дека една воспитачка со икс деца во група повеќе внимание ќе му обрне на дете од 1г од мене, како мајка ….тешко.
     
    На mal.ecka, lackygirl и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Прочитав.
    Градинката е право на детето, што ќе прави мајката дури е детето во градинка не е работа на воспитувачката.
    Тоа колку деца има на колку воспитачки и колку се воспитачките нервозни и колку градинки има и се бараше да се изградат нови, се сосема други теми, ништо од тоа не го оспорува фактот дека детето има право на градинка.
    Нема никаде правило дали е 1 година или 3 години детето.
    Ако не си вработен не ти го прима, зошто да не се социјализира на 3 години?
    И за мајките на 3 годишни деца истите муабети се вртат, невработена е, а го носи, а зошто да не го носи ако нема кај да го игра со други деца?
    Ете нека стават правило до година и пол нека не се носат ако се невработени, после тоа на никого да не му е гајле дали се вработени или не родителите.
     
    На Jana06, Annath, mal.ecka и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.892
    Допаѓања:
    23.521
    Ако идеме да цениме по факултет ондак професии ко пожарникари што живот на коцка ставаат секој ден ич не треба да ги плаќаме.
    Искрено на државата ништо не ѝ менува дали децава ќе останат без образование. Одамна ќе се погрижеа за ранливите во пандемијата да имаат уреди да следат настава ако им беше гајле.
     
    На Annath, Milkiway, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.012
    Ама и тука има листи на чекање, ако не најдеш место и треба со години да седиш со него дома на никого не му е гајле. И тука прашуваат дали си вработен, и тука имаат приоритетни листи кои деца само смеат да одат во корона ситуација итн.
    Не е дека во мак. топла вода се измисли.
     
    На JuLleE и Bridget им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    @Mantub
    Некоја "мода" стана или популарно мислење кое упорно се шири као нешто просветлени дека дете веднаш после 9 месеци во градинка треба оти божесачувај затупено ќе е и несоцијализирано и никој родителот да не го прашува дали може да го чува или не. Безвезе. Мене не ми е гајле што прави дома, ама лично мислење ми е дека ако има толку слободно време (невработена) најдобар начин е да го посвети на детето. И ќе биде посоцијализирано и со поголема грижа и љубов изгледано.
    Кога се мора се мора, не сакам да набивам вина на родители кои немаат избор, ама ако не, мислев дека е јасно која е подобра опција.
     
    На Harper, Martka, mal.ecka и 10 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Бриџо јас лично не познавам мајка што седи дома и на 9 месеци оставила бебе во градинка.
    Ама затоа познавам мајки кои од 7.5 месеци пуштиле дете во јасли зашто морале на раб. Сестра ми е една од нив ...
    Во принцип тие што седат дома до година си ги чуваат дома.
     
    На Harper, Lea.Messi, JoyJoy и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Така започна дискусијата, за 1година. Инаку сум слушала и јас муабети - веднаш го праќам во градинка, ама обично тоа е пред да родат, после јасно им е дека не е баш така лесно. Ама веројатно има и такви.
     
    На elimkd, zuto, Bebce1 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.588
    Допаѓања:
    5.936
    Дали држат редовно дополнителни часови?
    Дали земаа плата за пандемијава, ОК беше онлајн?

    Дали треба да бидат повеќе платени ,во споредба со некои што имаат основно (постари генерации) /средно образование ?
    Со оглед на тоа дека студирале, можеби никогаш не се отидени некои на одмор а родителите им плаќале факс.

    Максимум да е 30.000 денари плата ама и да остануваат на дополнителни часови, са пишуваат домашно, да ги бодрат учениците, да им помагаат во недостатоците в училиште...(некаде прочитав имале плата 26.000)
     
  12. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.522
    Допаѓања:
    6.482
    Пол:
    Женски
    Wrf? Не ми ја разбера поентата срц
    Сум се справувала и со многу повеќе.
    Остај ги Бриџо не се замарај.

    Една ми беше поентата кој ме разбра, разбра. Немам намера да се расправам и навредувам.
    Никого не навредив не сакам ни да ме навредуваат.
     
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Нема што да те разбираме ние.
    децата се иднината. не јас, не ти.
    работете си преку ден, после работа одете пред влада протестирајте. а пошто вашето слободно време не сакате да го жртвувате за ВАШАТА плата, туку иднината на тие деца, ич не треба да ве разбереме. чао џаци.
     
    На Harper, JoyJoy, Annath и 13 други им се допаѓа ова.
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.163
    Допаѓања:
    20.569
    Пол:
    Женски
    Јас кога бев ученичка во основно одев на: хор, ракомет, литературна секција, биолошка секција, додатна по англиски, факултативно германски, додатна по математика. Сето ова беше во склоп на училиштето, одржувано од наставниците надвор од редовните часови. Постоеше и дополнителна настава за слаби ученици од истите тие наставници. Учевме многу работи, се спремавме и учествуваме на натпревари, се натрпеварувавме во ракомет меѓу училишта, одевме на хорски смотри меѓу училишта на регионално и државно ниво, одевме на натпревар прва помош, натпревари за рецитирање, праќавме песни за струшки вечени на поезијата, и да не редам со ред. Престиж беше да добиеме прво, второ или трето место... наставниците беа горди како ментори, ние бевме горди како учесници, училиштето беше гордо поради успехот кој се постигнал. Нашето училиште имаше речиси професионална танцова секција, кој собираше полно награди, феноменални спортски активности, за секого по нешто.
    Денес речиси и да го нема тоа по училиштата, знам оти сум во контакт со дечиња од основно. Образованието е уништено, желбата за учење, за докажување, за престиж е сосема уништена. Наставниците се тотално незаинтересирани, децата немотивирани... додатните активности во училиштата се сведени на минимум, наградите по натпревари ги собираат приватните училишта се повеќе и повеќе. Треба некое дете ептен да е капацитет самото од себе, да постигне, нема мотивација...
    Штета... имаме паметни деца, ама треба поттик.
     
    На princess5, Martka, JoyJoy и 12 други им се допаѓа ова.
  15. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.184
    Допаѓања:
    27.372
    Не треба никакво покачување на паразитиве.
    Посебно и со штрајков докажаа зошто се најомразени во цела држава.
    Aх и да, 50.000 земаат универзитетските професори. Малку повеќе треба школо да поучат за да стигнат до таму.
     
    На Harper, Annath, boomsleng и 11 други им се допаѓа ова.
  16. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    5.918
    Па секоја работа има тежина. Што мислиш само твојава ли работа е тешка?
    Аргументиве ти се.. Ако не ти се свиѓа дај отказ, прекфалификувај се. Што уште седиш таму и чуваш деца на мајки што не се способни да ги чуваат?
     
    На Harper, Martka, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  17. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.205
    Допаѓања:
    13.653
    Пол:
    Женски
    Нека им покачат плата,но и нека одат во смени.
    Со сопругот работиме од 8 до 16, го носиме од 7 до 17ч треба да седи.
    А не уште во 15часот да дрнкаат за зимање. И до 17 да седи спремен со ранец со чистачка ако нема кој да го земе порано. Еве ако нема кој? Ами родителите што одат во смени еве се погодува и двајцата 2ра смена?
     
    На prashinka, DoubleK, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  18. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Туку шо не протестираа лани онлајн кога се учеше? Или сега дека маслово поскапе не им стига платичето?
    Шо не напуштат работа, нека одат во приватен сектор за повисоки плати…
     
    На elimkd, WildMk, prashinka и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.220
    Допаѓања:
    15.377
    Пол:
    Женски
    Од волку мудрувања, специјалисти по се еве дел од форумов нека се прекфаликува за професор/наставник/неговател/воспитувач и така е работата лесна, со мало работно време се пијат кафиња по цел ден, а платата е супер па дури може и да се намали пошо нема да ја заслужуваат и решена ќе е работата:)
     
    На Kitten, mareane, kalinaka и 3 други им се допаѓа ова.
  20. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.389
    Допаѓања:
    16.766
    Не видов дека има тема.
    Јухуу, супер за дебата.

    Да, не заслужуваат.

    Да потсетам дека има професори наставници што работат и државно и приватно.
    Особено за математика и јазици.
    Тип 1:Работи државно, плус има школа, па и уште и Управител се пишала...

    Тип 2: Работи државно а исто работи и приватно кај колешката, во нејзиното школо.
    И такви да ти е ќеф да ги нокаутираш.

    Како бе мајка, со две плати?
    Па и уште малку пари им биле бе?


    Вработените во приватните школи, ги осакативте.
    Без придонеси, или осигурени на осмина, четвртина или пола, не дај Боже да те осигура на цело работно време, па тоа е Џекпот.
     
    На Abel, Feminka22, prashinka и 4 други им се допаѓа ова.