Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. Stayy W

    Stayy W Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2018
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    888
    Пол:
    Женски
    Ок е да има покачување ама во одреден процент , секој работник на било која струка заслужува да има убава плата ама ова е Македонија
    Но професориве , наставнициве нека намалат со таа поделба на ученици кој колку учи и кој како е облечен за на школо . Од секогаш ја имало оваа поделба на ученици меѓу професорите
    И понашањето што вреѓаат ученици и обратно зашто одредени ученици не се баш и они цвеќе за мирисање , а не кој стигне дај протестирај , убаво им беше онлајн две години утепаа пред компјутер и предади лекција без никакво објаснување и да се рече одржале час 45мин
     
    На Мамичка, Indiegurl, Lea.Messi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    2.033
    Пол:
    Женски
    Каде може да се пријави однесувањето на вработените во градинка за време на штрајков. Дали во сите градинки е исто.
    Ај кога го носиш прв збор им е "иф дојдовте ама хаос е хаос" а со тоа создаваат психолошки притисок врз родителот. Потоа децата ги чуваат внатре во патики воопшто не им облекуваат топлинки. Излегуваат надвор и пак со истите патики внатре. Ги барам топлинките од другиот влез не ни ги даваат, како во заложништво да им се работите. Собрани на куп спијат како воена ситуација да имаме а не штрајк. Децава ни ги разболеа, ова е веќе намерно загрозување на здравјето на децата. Помагајте каде да се пријави, на ова несмее да се молчи.
     
    На prashinka, fana, KuklickaSk и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.873
    Не мора другите да се преквалификуваат, веќе има еден куп наставници по струка кои работат други работни места, помалку платени со повеќе работа, кои не можат да се вработат од вас, врскаџиите и партиските војничиња.
     
    На Harper, Idedemja, lovestoneddd и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    Toчно дека не сме сингапур, ама трошоци за живот се повисоки.
    Ај да видам функционерите да си скратат од платата !
    И политичарите да престанат да крадат,сомнителни тендери и
    слични глупости.
    Не мора првокласно месо и апетисани да си кркаат во владата.
    Зошто ручекот мора да им го платиме? Нека пијат вода.
     
    На Idedemja, Waverly Raven, Mikha4 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Нејќам да зборам колку само бенефиции имаат особено ако се класни раководители во основно и средно училиште. Да не ги спомнувам екскурзиите каде не плаќаат ни цент и од наши пари идат со нас, за добиените подароци по секакви поводи да не набројувам сега. Уште и се дрзнуваат за да помине ученикот да бараат лаптоп и не знам уште што. Да се протестираше зашто немаме квалитетни учебници и кадри ќе разберев,ама вака преку партија пикнати.

    Јас со завршен факултет насока наставни науки аплицирав за работа во едно школо во едно село и нормално аплицираше и другарка ми која сеуште не беше дипломирана. Погодете кој беше вработен?

    Не вработуваат по струки,не ти ја ни гледаат дипломата туку вработуваат ако имаш продавано гаќи на пазар.

    За што протестираат? Добиваат доволно и пак неписмени деца завршуваат школо, оние што пишуваат “сватив” наместо “сфатив” и уште се бунтуваат кога ќе им укажеш на грешката.

    Не е сѐ во парите.
     
    Последна измена: 19 април 2022
    На Idedemja, Feminka22, Мамичка и 9 други им се допаѓа ова.
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.371
    Допаѓања:
    119.532
    Пол:
    Женски
    Мтсп
     
  7. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    2.033
    Пол:
    Женски
    Каде МТСП, број имаш на кој се пријавува.
     
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.371
    Допаѓања:
    119.532
    Пол:
    Женски
    Не. На маил пиши им различни маилови има ма страната за различни сектори.
    И во општина обавезно пријави.
     
    На NoirSerpentine му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    На крај и ова се сведе на она македонското „доста им е платата за тоа што го прават“. Никаква дискусија, само озборување, претпоставки, рекла-казала муабети, овакви биле, онакви биле и гледам дека може професорите па и не биле најлоши.Па каде беа сите да ги пријават таквите наставници? Или до сега не пречеа, сега одеднаш нема кој да им се грижи за детето и излегоа сите повраќаници на површина. Зошто чекаат да дојде до штрајк за да се бунат? Зошто тогаш кога требаше уред за секој ученик не излегоа заедно со професорите и сложно не се побунија да се обезбеди од државата, а не од семејствата. Ги исподелија од партија па ни за ова не можат да се обединат. Или незгрижување на детето е пострашно од необразување на детето? Како и досегашното искуство, родителите претежно се оние кои прават проблем, а децата упиваат од нив па немаат почит за професорите (барем така беше кога јас учев, најнедисциплинираните деца ги имаа најарогантните родители по родителски).
    Имаше мислење кое беше некако „почит се заслужува“. Колку се надевам дека не ги учат децата на тоа дека професорот треба да заслужи почит. Се знае, детето треба да си застане за себе и да се бори за себе, ама дека професорот треба да „заслужи“ почит......... дури не ми се веруваше дека читам такви работи. За таков однос малку им се и 15% (а уште сум на ставот дека сум на средина околу тоа дали треба или не треба да им се одобри покачување).
     
    Последна измена: 19 април 2022
    На sonuvana, Kitten, Waverly Raven и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    8.162
    Пол:
    Женски
    Па да, доволна им е таа плата на тоа неработење. И не се претпоставки, сите гледаме како работат и што работат. Ако работа е да се пие кафе во канцеларија и да се доаѓа 5 мин. пред да заврши часот, тогаш многу работат.
    И да, секој треба да заслужи почит. И професор и дете. Во моето школо имаше професор што буквално не навредуваше, треба да почитувам таков?! Децата не се потчинети на професорите.
     
    На Idedemja, referentka, raww и 5 други им се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Малку потрудете се, покажете дека ви е грижа за децата дека си ја сакате работата, сигурна сум дека би имале поддршка од 90% од родителите.
    На комшивката детето немаа ништо за 8ми март, ни за првиот ден од пролетта, ни за нова година, ништо, не се потрудила ни едно мини преиредбиче да спреми, еееј, првачиња... па ние за се имавме приредби, па глумевме цветчиња за пролетта, па дома ни спремаа костими за приредбите, кој ќе беше цвеќе, кој ќе беше развигорче итн. Како бе наставнички во одделенска да не знаат и да не сакаат низ игра и песна да ги учат 6-7 годишни дечиња... седи само и чкрапај букви в тетратка.
    На другарка ми ќерката е 8мо одделение... нити имаат активности, нити имаат проекти, кај се децата да собираат инсектариуми, хербариуми. По англиски правевме на хамери проекти со текстови од омилените песни на англиски.... еднаш торта правевме дома и на англиски рецептите ги пренесувавме на час. Пречесто изработувавме проекти со истражување, цртање и сл. Ништо од тоа нема девојчево, само сувопарно седете учете, пишете. Да не се раскинат професорите и наставниците да смислат нешто забавно, да не си одземат нешто од драгоценото време настрана од часовите па да треба да мислат.

    Правдај ти колку сакаш, ама откако ве напикаа партиски по училишта, маме ебавте на се (може не ти лично, општо зборам). Само е важно кој од која партија е, колку гласови на избори, толку се бара од вас, ни отчет за сработено, ни успех. Па уште ни ги чувале децата, ко па услуга да ни прават, не дека се наставници и тоа им е работа. Ете велам, станете наставници ко што доликува, ние први ќе се бориме да имате високи плати.
     
    На Harper, Idedemja, drugarka и 17 други им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    И мене ми вршеше притисок и тортура професорка на Филолошкиот факултет,скоро секој ден дома плачев и сега такво г*бре треба да зима 15% ?
    За да добие на сила да ги малтретира другите студенти и да и се тресат пред испит секогаш.
    Нели професорот треба да знае да не научи на убаво однесување почнувајќи од основно школо па натака.

    Не знам што очекуваат организиран превоз и за секој испит по 5000 на сметка?

    Смешки.
     
    На raww, Feminka22, LiliBoz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Те сфаќам, ама размисли понатаму зошто доаѓа до таа ситуација.
    Зошто наставник/професор не може да пише ниска оцена, неоправдан, да прати кај психолог или било што освен да трпи тортури? Пошто не толку културно кажано - си го продале газот под кирија. Сега не можат да се побунат, зошто знаат дека може да летаат од работа и спремен е друг поттрчко да работи место нив.

    Затоа најголем дел не се ни замараат веќе, чита лекцијата и тоа е тоа. Децата полуписмени излегуваат. Родителиве повеќе загрижени за тоа што нема кој да им го чува детето, отколку дали добива некакво знаење. Ароганција до даска, прилично присутна и на темава. И така само си се вртиме во круг.

    Ама стои фактот што се тоа е повлечено од тие партиски вработувања. Така да не можам да кажам дека имам и некоја емпатија према професорите. Си жнеат тоа што посеале.
     
    На NoirSerpentine, Peanut Butter, JoyJoy и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.873
    Апсолутно се заслужува, и почит и авторитет, тоа што најголем дел од вас се навикнати да глумат деспотство тоа е друго, ама тие времиња се менуваат пошто никој родител нема да дозволи некој си таму да му го малтретира малолетното дете. На тој форсиран начин можете да стекнете само страв, не и почит.
    Имате среќа што сте во Македонија и сеуште доста ви ќутат родители пошто знаат дека сте врзани ко црева и со вас на крај нема излегување. Дел сте од проблемот и олицетворение на едно труло и расипано оштество. Не само вие, добар дел од административците.

    Да, а вие ни еден разумен аргумент што држи вода не дадовте зошто заслужувате поголема плата.
     
    На Idedemja, drugarka, raww и 4 други им се допаѓа ова.
  15. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.947
    Пол:
    Женски
    Не не следува нас од универзитетите. Не сме им бројни па сонк не се замара со нас. Ниту едно покачување не не опфати.
     
    На JoyJoy, Annath и fana им се допаѓа ова.
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.318
    Допаѓања:
    28.101
    А родителиве едни цвекиња за мирисање што сме... па и децата исто така.

    Мора да гледаме целокупната слика другари. Ништо не е црно и бело.
     
    На Abel, Kitten, mareane и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    8.162
    Пол:
    Женски
    Да, во право си. Ете пример булинг. Зашто досега ниеден професор не се обидел да спречи меѓуврсничко насилство? Или потешко е да се замараат со тоа, тие се само деца, таква им е играта, ние ќе пиеме кафе во канцеларија.
     
    На Feminka22, Мамичка, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  18. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    28.549
    Ти пишав и претходно дека унапредив така една наставничка. Сакаш да ти ги доставам сите забелешки и документацијата поднесена до архивата на училиштето жалејќи се од непрофесионалноста на наставниот кадар и конкретно од неа? Не е дека сите така седиме со скрстени раце и чекаме погоден момент за оговарање и плукање.
    Друга работа е што наставниците се заштитени како бели мечки и ако не предава овде, ќе предава онде.
     
    На Idedemja, JoyJoy, LiliBoz и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Mikskmk

    Mikskmk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2019
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    34
    Пол:
    Машки
    Jas mislam deka nikoj ne e dovolno platen vo drzavava site treba da ne platat so minimum 500evra kako moze pratenik 1000evra taka mozime i nie
     
    На Bebce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Isaac

    Isaac Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    117
    Пол:
    Машки
    Мислам дека 90% вработени во средните школи се лудаци,за основните не знам.Кога професор по спорт на ѕид во кабинет чуваше постери од голи жени и никој не реагираше коју поруку послати.Чистач се дере на ученик зошто оди да позајми стол.Треба трајно да им скратат од платите и ни денар да не им покачат на цел персонал не само професори.Еден фин и коректен професор или хигиеничар ќе се најдеше во цело школо и му се качуваа на глава.Ако имам дете сакам опција да се школува дома,од овие се плашам до животно да го оштетат.Јас имам трауми од образовниот систем во државата.
     
    Последна измена: 19 април 2022
    На Idedemja, prashinka, Mikskmk и 1 друга личност им се допаѓа ова.