Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.970
    Децата учат и гледаат првично од дома. Почни од градинка, голем дел од родителите свесно селектираат нивното дете со кое ќе се дружи и кај кого ќе го носат на родендени. Селектирање на другари и вид на булинг почнува од тука уште од 5 години.
    Дружи се со синот на Кукличка, они се со 'статус', не се дружи со синот на X неговите работат во маркет.
    На кои вредности ги учиме прво ние децата од најмала возраст?
    Носење поклони на учителки исто така. Мито од градинка. Ќе ти донесам новчаник Мона за повеќе да ми го гледаш детето, моето е посебно.

    Во право си, во средни училишта, па и во основни мора да реагираат сите на булингот за да се спречи. Ама наставниците сами, без поддршка на родителите, не може многу да направат на темата.

    Во средни училишта родители нудат пари на наставници за да добие нивното дете повисока оцена. Кеш. Дали е само наставникот виновен?


    И читај поназад ако мислиш дека ги поддржувам целосно наставниците, не согласувам со шттајков во овој форма, не се согласувам со политички мотивиран штрајк и на грбот на децата.

    Само кажувам дека за тоа какви се денес децата многу голем удел имаат и модерните родители кои прват се друго освен да си ги гледаат децата и да ги учат на некои вистински вредности.
     
    На violetblue, Kitten, sonuvana и 17 други им се допаѓа ова.
  2. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.587
    Допаѓања:
    62.965
    Пол:
    Женски
    Секој заслужува во државава да живее пристоен живот. И со сите поскапувања без 30.000 денари не се живее, се преживува. Кога имаме пари за тренирање магариња, споменици, лешници и бадеми по министерства, имаме и за граѓаните. Не може за патни трошоци еден куп пари, а другиве сфери да преживуваат.

    Тоа што ниедна друга фела не е вака сложна е друг муабет. Еве мојата нема мрднато да бара покачување од времето на Тито, а уште со прстот у гз си седиме и крв плукаме.

    Поддршка, со надеж дека ќе се свестат и од другиве сфери и ќе си бараат пари.
     
    На NoirSerpentine, Cherry333, Sleepy и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.415
    Допаѓања:
    90.676
    Пол:
    Женски
    Болдираното е аргумент кој сто пати неделава го слушнав од вмровски штабски членови.
    Патните трошоци на пратеници,трошоци во
    Влада и слично нема врска со плативе во образование,ниту се некаков аргумент.
    Парите не се од Владата,туку од даночните обврзници.Од кого бараат пари? Од нас!
    Наши пари.А децата ни се заложници.
    да ги користиш како средство за уцена е безобразно, а особено матурантите кои најмногу последици ке имаат.

    Прво систематизација на работни места.
    Не во училишта со 5 деца вработени 15 наставници.
    Второ,континуирана евалуација на работењето на просветниот кадар бидејки резултати нема.

    Може да се штрајкува после работа, за да не се губи настава.
    Може да се протестира за викенд.
    Може да започне штрајкот од 10 јуни.
    Не вака.
     
    На Harper, Idedemja, christinnn и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Супер, штом без 30 000 не се живее нека ја покачат минималната на 30 000 па од неа нека се регулираат останатите плати. Поддршка.
    Уште да имате индустрија, извоз, економија како што треба за реално да се покријат овие плати, и од приватен и од јавен сектор. За жал, патните трошоци на владата колку и да се големи, не ја крепат оваа идеја.
     
    На Harper, happygirl, Idedemja и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.223
    Допаѓања:
    15.382
    Пол:
    Женски
    На темава еве да споделам пример, има еден ученик гледам не се дружи со никого од класот. Ја имам прашано прво класната што е работата зошто е тоа така, ми објасни ситуација. Кога ќе гледам ученици до него седнати и како со потсмев муабети, гледам по ликовите, не слушам што зборуваат. После 15тина мин седнувам и го прашувам што е работата дали му збореле нешто неубаво, нешто несоодветно, насилнички. И баш разговарав и со другите од класот, деца се средношколци ако седнеш со нив на убаво многу може да ти се отворат и да пробаш некој проблем да им решиш. Јас си имам супер однос со учениците, секој натпревар или успех надвор од школо, ми го покажуваат ми праќаат пораки, со нивните медали, награди , да се заблагодарат што сум ги ослободила од час, што некогаш ете не биле испрашани или добиле две шанси зошто сум знаела се спремаат за нешто. Мене стварно ми е убава енергијата и односот со учениците што го имам. И не сакам да се фалам,затоа што ниту вие, ниту јас се знаеме кој сме, јас кога ќе отидам на работа ќе ме пречекаат тие деца и ќе ни се одвива часот, нема коментарите да ги мислам како не заслужувам плата поголема.
    :f:
     
    На sonuvana, mareane, nena2010 и 10 други им се допаѓа ова.
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Убаво е ова што си го пишала,пример за наставник.
     
    На cresa-jagoda, Feminka22 и Anie93 им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.392
    Пол:
    Женски
    Кај нас во средно, а и во основно, машките професори по спорт нѐ гледаа во гз, и кога правевме чучњеви исто се местеа од страна за да гледаат.И глупости нѝ збореа некои, се жалевме по класните, џабе, и такви мочковци плата да зимаат? Со кабел би го тепала бе и денар не гледа.Заслужувале сите плата, жими к.Да го видам сега на улица, од петици ќе му го соберам и у чело.
    А и какви искомплексирани професорки сум имала..
    Јас во моето средно на 4-5 души би им повишила плата само, на факс на 3ца, другото сѐ у пичку материну
     
    На cresa-jagoda, Maca Macka, Indiegurl и 4 други им се допаѓа ова.
  8. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.587
    Допаѓања:
    62.965
    Пол:
    Женски
    Нека ја покачат. Или нека симнат цени на основни прехрамбени производи. Пошто со овие плати не се живее. Јас работам 2 работи, една регулар и една фриленс за да можам месецот да го истуркам.

    Се согласувам иначе дека не е ова начин @Cosmi и дека може после работно време со блокади на улици. Со ова си фрлаат дамка на самиот процес.

    Ама или да се покачат плати или зејтинот нека не е 110 денари. И сметките за струја.

    Не се живее иначе.
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.970
    На JuLleE, KateKane, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.247
    Допаѓања:
    118.872
    Пол:
    Женски
    таа рикната е срц .... ама досега беше тивко рикната сите си ќутеа.
    сега ... чорба.
    ако.
     
    На Idedemja, Celltica, Ahoy и 3 други им се допаѓа ова.
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.396
    Допаѓања:
    16.772
    Леле златни зошто штрајкувале...
    На хигиеничарките му ги покачиле платите за 3000,00, а не нив.

    Хаха
    Рековме, некој шо не е навикнат на неправда и не фатил ништо потешко од пенкало ќе му смета.

    Ај ќе пишам покасно .
     
  12. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    @NoirSerpentine со ваков став само долеаш масло на огнот и баш ги поткрепуваш ставовите дека наставниците не се баш нај, нај. Инаку се бунат луѓе. Јас лично знам неколку истражувања кои укажуваат на незадоволството од наставниот кадар во повеќе училишта. Во онлајн наставата тоа беше многу очигледно и документирано е со истражувања во неколку наврати правени од УНИЦЕФ и објавени во неклку студии. Неколку недели пред штрајков родители не пуштаа деца на школо во Аеродром зашто немаа опција како да ја сменат наставничката. Пред тоа имаше тужби за малтретирање на деца во различни градови. Не е се така црно бело како што ти сакаш да го претставиш.
    @Anie93 е вакви како тебе да има повеќе ќе биде супер.

    Јас лично сум презадоволна од наставниот кадар на мојот син. Ама знам од искуство со истражувања во просвета и работа на проекти во просвета дека има и многу лош наставен кадар. Кадар кој буквално ништо не го интересира освен плата да земе еднапш месечно. За деца, настава и слично ама ич не им е гајле. Ич. Никогаш не им ни било гајле. И таквите ставаат сопки на оние што сакаат да работат. И за тоа има истражувања и докази.

    Сум да се покачи платата на наставниот кадар ама начинот што е одбран е одвратен. Ужасен. Сакам поголема плата и ќе покажам дека ја заслужувам со неработење. Ќе им ускратам право на образование на децата за да покажам дека заслужувам поголема плата. Нема да одам прво со предупредувачки протести, па со штрајк еден ден, па со зголемување постепено. Нееее. Веднаш ќе организирам најбрутална, најексремна форма на штрајк. Со неработење. За да покажеме дека сме добри и совесни работници нема да работиме. И при тоа нема да се буниме за услови за работа, нема да се буниме за чести промени, нема да се буниме за притисоци. Само за плата ќе се буниме. За ништо друго. Зашто ако имаме повисока плата тоа автоматски ќе го подобри квалитетот на наставата. Нема врска што за да има пари за плата ќе се скрати од нешто друго (од реновирање тоалети, од купување нагледни средства, од обуки и слично). Алал вера што да кажам.
     
    На happygirl, tanjita, drugarka и 8 други им се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.247
    Допаѓања:
    118.872
    Пол:
    Женски
    ова :bow:
    Целта да си ја постигнам јас. Без разлика на чиј грб. Срамота.
     
    На Harper, Annath, JoyJoy и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.893
    Допаѓања:
    23.575
    Од 1во до 4то кога учев вакви приредби беа нормална работа.
    Имаше бина школото и за Нова година, за патронат, крај на година секогаш имавме приредби со игри, претстави со глума, рецитирање песни итн. Јас бев спикерот од моја генерација.:rofl:
    Сега некако...замреа тие работи.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MissAlena

    MissAlena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Професорите штрајкуваат за тоа што државата им вети покачување пред неколку години. А ништо од тоа ветување не се исполни.
    Не можеш да мешаш вработена во маркет и професор.
    Плус не е логично да се покачи само минималната плата. А другите ???
     
    На Bebce1 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  16. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Нема ништо незаконски доколку сакаш и приватно да си работиш, за било која дејност, секој е слободен да си отвори фирма и да си работи колку сака или може.

    Не си ми јасна со нападиве, како може друг да ти е крив ако по приватни фирми некој сам се согласил да работи неосигуран, на пола или било како?!
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    Денес после недела и пол отсуство на децата од училиште првпат пиша наставничка - даде предлог да се прави табло за учениците:D
    Кога пишувавме во вајбер-групата дали ќе штрајкуваат, децата кој ке ги згрижи, никаде ја немаше, не не удостои со одговор.
    Сега наеднаш -ОП табло.

    Кое табло мори учителке, децата се првачиња, плус не се ни знаат меѓу себе !!
     
    На buba4e89, cresa-jagoda, drugarka и 6 други им се допаѓа ова.
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.702
    Допаѓања:
    40.074
    Пол:
    Женски
    Е како не е покачена платата на просветните работници ? Од пред 6,7 години е покачена за 25%
    Пред 6,7 години свекор ми земаше 23000,сега 29000. Кога точно им покачија не знам
     
    На mimiiiii, JoyJoy, deskarada и 3 други им се допаѓа ова.
  19. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.278
    Допаѓања:
    27.970
    2019 се покачени платите заедно со платите на докторите.
     
    На JoyJoy, deskarada, mal.ecka и 3 други им се допаѓа ова.
  20. LuckyCharm

    LuckyCharm Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2020
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Мене само едно не ми е јасно. Од сите училишта во државава, само Корчагин не штрајкуваат. Задоволни се од платите или друго е причината?
    Па децата сами се солидаризирале со другите просветни работници и решиле да не посетуваат настава. Во Корчагин децата штрајкуваат, а не професорите......чудно.