Во ред. Мое мислење. Кога гледам на какви глупости се трошат пари мене ме фаќа лутина и гнев. И вмро го правеше ова, споменици коа градеше а народот за леб патеше. Истото е и сега, за глупости се фрлаат пари, а народот трпи за леб. Факт е дека владата кај нас од било која партија ни ја има мајката расплакано, тие се богатат а на нас ни фрлаат трошки. Не треба да се лутиме што некој дига глас за повисоки плати, треба сите да се дигнеме на нозе и да прекине ова бричење на суво што ни го прават. Пред некое време беше не знам у која држава падна владата ради поскапување на струја. Цел народ на улица излезе. Пак ќе речам, се согласувам дека протестот можеше да се изведе на многу, многу подобар начин и да не се предизвика гнев кај родителите кои не знаат што со децата кои се мали и останале дома, а тие ради работа не може да ги чуваат. Тоа не го поддржувам. Ама и те како ми е мило што си сакаат подобри плати за подобар живот. Ќешки и мојава фела да гугнеше, ама не, седи и ќути, работи сто работи само да можеш идиотските поскапувања да ги издржиш. Пак ќе повторам, мое мислење. Не мора сите да се согласат.
А кој се дига за поголеми плати? Обичниот народ или поддржувачите на "бричачите"? Прва ќе излезам кога би имало протести, не штрајк, каде што ќе се дигне обичниот граѓанин без политичка заднина. Ова се е политичко сценарио, организирано и поддржано од гласачката машинерија. Некако... не ми се даваат пари на такви. Чест на исклучоци, да не помислите лута сум на сите и сите ги ставам во ист кош. Не. Има прекрасни педагози, ама повеќето се Задоволна сум од учителките на ќерка ми, особено колку се трудеа кога беше онлајн наставата
Се дигаат на штрајк оти им се може оти имаат корист и тие и партиите. Оти се главно гласачко тело и ради тоа не можат лесно да ги отпуштат. Нека идат да се бунат касиерките или конфекционерките и ќе си добијат сите клоци сместа. Иако земаат помизерни плати и од партискиве ботчиња.
Не можам да мешам, точно. Ама таа продавачка денес работи турбо за многу помала плата, а наставници во основни и средни училишта се вработуваат како низ шала. Дека не можеле со моменталната плата да сврзат крај со крај, ми е жива патетика, изгледа забораваат дека има луѓе што се растураат од работа за минималец, згора на тоа непријавени. Сакам да кажам дека ќе имаа барем моја поддршка ако бараа плата според заслуга, за ова сите се залагаме на темава. Штрајкот го прават врз грбот на учениците, безобразно и непрофесионално.
Moжеме да протестираме против покачувањата, поради високите плати на функционерите, поради нивните скапи ручеци, поради златните лажици што си ги купија и кожните фотељи, особено во вакви времиња на криза. Поскапувањата влијаат на сите нас, не само на наставниците. Ако сме сложни сите, сите заедно да се кренеме против ова што се случува, тоа е во ред. Тоа сепак не го исклучува фактот дека поголем дел од педагозите не се ни трудат последниве години, работат се помалку и помалку, а бараат повеќе. Јас реков, нека се потрудат повеќе, јас прва ќе ги поддржам за плати.
Баш затоа, бидејќи нема закон. Да видеш, да стегнат. Во која држава смеат така да прават? Ако сакаат нека работат приватно ама нема и тие да му забрануваат на тие што ќе ги вработат да одат по други приватни училишта за да заработат плус. Сум се нашла, во таква ситуација, за ДА Морам да работам. Мило ми е што го искусив тоа. И ги гледам појасно работите. Не ти посакувам, но можеби и ти еден ден ќе работиш на приватно па ќе видиш. Рековме, државата е крива. Рибата мириса од главата,нели? Јас сакам само да сум реална.
Абе сите бараат покачувања А пари нема.Како ќе вадиш од кошничката јаболка ако е избушена и ги нема? Нашава дно нема, тие испопаѓале и тоа шо ќе остане се дава и? Пошта, матични, просветни, угостители, таксисти, дрндрн За све нешо, протестт Се користело правото, за други кога требс да се протестира, сите слепи и ќори Здравство 0 Сообраќајна култура 0 Нѐ крадат Народов е прост и неписмен Образование 0 За ова никој не се буни А за пари сите зинале
Какви гнасотилаци и омраза кон просветниот кадар се изначитав на темава, како никаде на друго место! Па уште и се натпреварувате која повеќе ќе ги навреди или понижи членовите што се на форумов а се од засегнатиот кадар. Ниту се знаеме ниту познаваме за да мене (или било кој друг) ставите во одредена категорија на луѓе. Искрено мене лично не ме погодуваат зборовите, не се пронаоѓам, само сум разочарана што системот нѐ доведе сите од овој кадар да бидеме сместени во ист кош. А системот сме сите, и ние и вие. Не ја гледате пошироката слика. Очај сме. Имам колеги од кои 2/3 си ја работат работата како што треба ама ради таа една третина од уста не нѐ вадите. Исто така многу интересен феномен е како сите не чинат "ама наставничката на моето дете злато е, све прави за децата". Туку, 80% од сѐ што е кажано во темава се само нагаѓања кој како чул или прочитал или е понесен од некое свое искуство. Во моментов се води и медиумска војна, нормално е дека притисокот расте, а вие сте тие читачи на кои ќе им биде пренесено погрешно. Едно само ќе кажам, жал ми е што некои родители се најдоа во небрано, пробував и јас да им помогнам на родителите што се од градинката на моето дете, но штрајк нема да биде успешен ако е вон работното време. Влада нека даде побрзо на сите она што им следува и сите ќе си продолжат со работата. Имам едно прашање за сите засегнати родители дека децата им губеле настава и ќе останеле неписмени... Дали бевте на протестите лани против дигитализацијата? Многу родители се као потресени, ја префрлаат топката дека наставниот кадар е тој што треба да штрајкува против програмите што ги осакатуваат нашите деца, ама (едно големо АМА) лани на протестот на родителите имаше едвај 200 души! Многу јака поента. После сѐ сфаќам дека време е да мењам професија додека не е прекасно. Ќе ви останат само партиските послушници.
@Kitten Злоупотребата на децата и уцена со истите не е начин на кој ке се дојде до повисоки плати. Еве нека ви ги покачат платите колку што сакате но што правиме со последиците од штрајкот Китен? Последиците од штрајков ќе бидат ненадоместливи за кого? За децата. Мисли некој од штрајкувачите за последиците?! Затоа немате право да се лутите туку да штрајкувате без тој протисок да биде на децата. Тогаш немаше родителите да бидат против. Факт е дека просветниот кадар е партиски. Факт е дека платите беа покачени. Факт е дека и ви се понуди покачување кое го одбивте. Сето тоа треба да си го решавате после работно време. Сакате 1000 еур плата. Излезете пред Влада. Ама да оставите деца без настава не е во ред! Затоа нема подршка. Во градинките платите на воспитувачи се зголемени за околу 6000 денари. Зошто тие штрајкуваат ? Бараат уште ?! С епрашувате од каде? Се прашувате што ако не платиме данок два месеци од што ќе земете плата? Празен е буџетот,нема пари ни за плати ни за пензии. Од што даде Владата? Приватен сектор едвај преживува да подмири даночни обврски,од каде пари?
Јас веќе работам приватно и во сите цивилизирани земји не е забрането да заработуваш од други приходи покрај редовните, секако додека се тие пријавени, на државата не ѝ е гајле како ги вадиш додека не е со криминални активности. Не знам зошто се буниш? Пак не ми е јасно кој на кого забранил да работи?
Со сета почит кон тебе, ама пристрасна си и не ги гледаш реално работите. Не се 2/3 кои работат како што треба, обратно е. Дури и 1/3 мислам се многу Не се претпоставки на темава, ниту пак сме собрани само оние кои имаме нешто против вас, или не знам што уште прочитав од просветниот табор. До оваа ескалација доведоа политичките случувања во земјата, партиските вработувања, а до деградација на вашата професија најмногу сте виновни самите вие. Колку и да сакаш да не го признаеш тоа. Вработени сте (повеќето) партиски и како такви сте уценувани на најразлични начини. Врпочем, и штрајков е еден вид уцена и покажување на моќта која ја имаат кон секој од вас кои сте вработени партиски. Не зборувам лично за тебе, те почитувам како форумски лик, ама реалноста сепак треба да ја прифатите. Претходно имам пишано за случувањата во училиштето на ќерка ми, знаеш и ти сигурно, имаше на сите медиуми на почетокот на полугодие. Сите наставници знаеја каква е учителката по математика, никој не рече да се преземе нешто во врска со неа, не. Сите сложно ја бранеа и ја жалеа. Извини, ама вас како просветен кадар првенствено треба да ви биде интересот на децата во прв план, не колегите и нивните интереси
@Kitten што е според тебе работење на работата како што треба која ја работат 2/3 од наставниот кадар, а што (не) прави третата третина? Многу ме интересира ова.
Китен у цела автокоманда една градинка не работи втора недела по ред, јас носев дете на работа со мене, а сега место да чувам одмор за летоска, седам дома на одмор зошто маре од кравари не сакала 10% , 18.4 сакала. Така да, немојте ве молам да се чудите од каде ни е револтот. Немате поим како е да немаш баба, дедо...
@Kitten со цела почит кон ИСКЛУЧОЦИТЕ...ама исклучоци се. Тоа што си ставена во кошот не го сфаќај лично. Во секоја бранша имаш колеги за гордост и колеги од кои се срамиш. Ама дека овојпат грешите - да. Нели се оди кон целта газејќи по лешеви (ова фигуративно) тогаш не е ОК. Нека нема очекувања дека било кој родител ќе оправда не згриженост на своето дете од било кои побуди. Нема незаменливи. Треба во моментов да донесат заменски наставници , негуватели....па да видиме...може и ќе се покажат па ќе нема потреба од штрајкувачите П.С....не е постов наменет за тебе лично. Сакам само да ти го доловам гневот на оштетените деца и родители
ете владата рече да почнат да работат. што чекаат? господ да им рече? оффф колку сакам да водат инат па да ги репнат по плата неколку месеци та да видат со кој си играат к,рот. многу јаки бе... небаре светот ќе пропадне без нив. колнети се периодов до степен да им стане страв од што се колнети, алал нема да им е ништо од ова.
@Kitten сакам еден реален и искрен одговор. Дали би се сложила здравствените работници да штрајкуваат и да не примаат воопшто никој во болници и на прегледи? Сакаат и тие повисока плата, ете така да решат исто како вас. Одиш ти со детето, тоа болно тие несакаат да те погледнат, велат штрајкуваме, од денес ќе ве прима болничарот и хаусмајсторот. Како би се осетила? Како може во градинка чистачка да прима деца? И баш ме интересира како се доведовте до тоа дека со 18% ќе ви го вратат достоинството, зарем достоинство се враќа со пари? Зошто не се борите за услови, за кариерен напредок, за бенефициран стаж, за да вредите повеќе на пазарот? Јас сум за приватизација на градинките, нека ги субвенционира а вие видете после колку вреди секој од вас кога е на слободниот пазар на трудот. Секој смета дека заслужува повеќе, но со уцена не е начин. Кога тогаш ќе се врати сето ова врз грбот на сите.
Сите заслужуваат покачување. Не велам дека нема чесни и добри професори но за жал реалноста е таа што е, огромен број од нив се партиски напикани послушници кои ни таа плата не ја заслужиле. До ден денес се нервирам кога ќе ми текне какви се професори и наставници имав. Плус, факт е дека немаат фул работно време како останатите работници кои се врзани по фирмите по минимум 8 часа дневно. Летно време и за зимски распуст реално не ни имаат ангажмани. Голема е веројатноста дека ако државата која и онака нема пари им ги покачи платите колку што бараат, ќе најде начин како тоа да го наплати од сите нас и ќе испадне на едни покачила а на други им се намалил приходот. А и не е фер да се работи со уцени. Дур едни штрајкуваат и не примаат деца, некој родител кој треба да оди на работа нема каде да ги остави на чување. А и реално, ако на некој не му одговараат работните услови, може да даде отказ и да се вработи на друго место. Сите така сме направиле некогаш. Не им се ок платите не велам дека се. Ама на никој не се во државава. Само за жал неможе секој во приватен сектор да се сили, да штрајкува и да уценува оти се знае што ќе го снајде. Сите плати треба да се регулираат.
Во Македонија, со последното покачување од 10%, просветните работници земаат 401 евра плата, додека просечната плата за ноември месец 2020 година изнесува 447 евра, според податоците на Државниот завод за статистика. Платите на просветните работници во Македонија се за 10,29 % помали од просечната плата. Ме заебаваш ? Како прво секоја работа си е мачна и тешка. Мислиш да си професор онака лесно е а?? Си се заебаваш си седиш и тоа е тоа. Сега сегде се вработуваат како низ шала, не само професори, туку секаде е исто. Ама многу е нормало да си се борат за платата што им ја ветиле, а ништо од тоа. Не треба само тие да штрајкуваат, треба сите, и треба на сите да им се крене платата, ако веќе се крена минималецот, каде се останатите плати да се кренат ????
Еве сега администрација од 26.04 ќе штрајкува секој ден од 16 до 17 часот. Да се покачи бодот за платите. Сигурно ќе биде затнат градот секој ден. Ова како тргна, секој кој штрајкува -добива, секоја будала во државава ќе добие бенифиции кои не ги заслужува.
Владата ги задолжи соодветните министерства да обезбедат средства во Буџетот за 10%+ на платите на просветарите, плус е формирана работна група за да изнајде начин за континуиран раст на платите (и кај административците, покрај овие). https://vlada.mk/node/28477 СОНК ќе заседава утре и ќе одлучи дали штрајкот продолжува понатака или ќе се согласат на ова сега. Барем уште утре сигурно се штрајкува.