Во кое странство конкретно? Во Сад знаеш колку се малку платени, скоро сите наставници работат по втора работа. Според мене е малку кај нас околу 25 000 плата во средниве со оглед на растот на цените, ама не е фер и тој што се труди да научи ученици и тој што клати врата и зима плата да се исто платени.
Колку се Нена? Не се ни 10 некаде на договор. Плус сега им олеснија мислам. Другите што не се побунат, еве им СОНК, зошто не се кренат глас против Програма, против се. Тогаш ќе имаат поддршка и од родителите. Јас волку отпор и волкав хејт кон просветата немам видено Значи нешто не чини. Како еве им се слушаат муабетите дека не си ја вршат работата?
Па искрено, тоа е и пострашно, бунење за повисоки плати ко да влегле со квалитет, а се знае како се влегува во образование.
Искрено сад не ми е репер ниту за квалитетно образование ниту за хумани услови за обичен човек. Клати врати земај плата има во секоја професија, не само во образование.
Нека одат да се расправаат со 30 деца цел ден па ќе видиме дали 4 саати им се малку или многу. Јас сум од просветна фамилија од страна на мајка ми сите биле наставници во средно и основно. И секогаш сум на страна на наставниците. Тоа што ни е сјебана државата и секој може да работи со деца тоа е друго.
Сироти наставници ако според учениците се одредува дали заслужуваат поголема плата или не. Како прво, веќе сме пополнувале одредени анкети за професори (не за плата туку општо) кога бев во средно, и на никој не му се замараше, и да имаше реален проблем со некој професор, никој немаше муда да пише. Второ, и да одговараа така како што мислат, тоа како ученици одредуваат добар и лош професор е хаос. Во средно имав професор по филозофија кој не предаваше лекции туку целиот час го минуваше во исмејување на жени и dirty шали. Ти гарантирам дека попрво за него би напишале добри ствари во анкетата затоа што часот поминува лабаво, а полошо за професорката по македонски која даваше „премногу“ лектири.
Е ова и ако е толку тешка, неплатена, стресна работата, зошто се тогаш тепаат да се вработат во образование? Јас не осудувам, јас лично одев по штабови, партиски бев определена и вработена. Ама тоа е избор. Ќе висеш по штабови, ќе те прават со извинение мајмун и после ќе те вработат и сега штрајк. Абе ајде.
Има ама не штрајкуваат од другите професии, сега штрајкуваат од образование и тие ни се на тапет, па затоа конкретно за нив пишуваме и за таквите од таа фела што се клати врата зимај плата. Инаку она што си пишала не се платени и затоа не се посветени е спротивно на договорот за вработување, нив обврските како наставници им се тие, независно од платата. Ако не им чини платата се иде на штрајк еве нели како што гледаме или има и др. опции си ги знаат тие од образованието кои им се на располагање. Ама размислување од типот не сум доволно платена како наставничка и затоа не се трудам да ги едуцирам учениците е недопустливо и погрешно на толку мн. нивоа, па потоа имаме неедуцирана младина, епа имаме, еве зошто.
Коренот на ваквото однесување на учениците треба да се бара во семејството, родителите, на какви вредности ги учат и воспитуваат децата. Инаку се знае низ училиштата кои наставници ги бие добар глас, а кои не, многу од нив предавале и на родителите. Квалитетот секогаш испливува на површина, верувај.
Мислам дека секаде наставниците зимаат просечна плата, не сум слушнала во некоја земја надпросечна да зимаат.
А зашто заради него да не му дајме плата на тој што заслужува? Или полесно е да казниш и тој што вреди, да си оди во приватен сектор, па да останат да ги учат децава такви како него и да кукаме неписмени се децата. Еве споредба на плати во светот версус кај нас во однос на просечна плата во државата
И јас вака знам, Сад чисто како пример ги спомнав, ама ете тие не чинеле и еве уште нема одговор во која земја наставен кадар во основно или средно зима надпросечна плата?
Арно да ви бевме ние најголемиот проблем. Ама тек сега кога сте засегнати видовте дека постоиме.Е па како што вас ве боли за вашите деца така и ние имаме деца на кои не можеме да им овозможиме многу работи. И не ме цитирајте нити тагнувајте ,немам намера да се објаснувам.Учена сум јас 20 години на истово.
Нена, ти си во приватен сектор и ако тебе не те бива, твојата фирма е оценувана дека дава катастрофални резултати, дали ти ќе бараш покачувања? Инаку, когс ставаш табели, и од твојот сектор во други држави зимаат огромни плати. Кај нас вие сте ептен слабо платени, знаеш нели. Така да, она споредба со други држави, не држи вода. А плуд што тие држави имаат одлично образование.
Се согласувам. И во мојот сектор многу си одат. Кажав, јас сум од просветна фамилија, имам во фамилија просветни работници и секогаш ќе сум на нивна страна. На оние кои си ја сакаат својата професија.