Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    епа со есдеес на власт така е.
    им даде право на глас, не е диктатурата на вемеро.
    у нивно време не смееше да се бекне.
    сеа преку прст цела рака се бара ..

    абе не дај боже да дое некој да рече нема реагенси на клиника а да е просветен...
     
    На JoyJoy, ph.orhideja, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  2. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.548
    Значи ние добиваме еден час гратис нервози патувајќи до дома :D
     
    На nena2010, Just.do.it, LiliBoz и 2 други им се допаѓа ова.
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.951
    Допаѓања:
    36.958
    Пол:
    Женски
    Виц на векот ќе биде ако се решат од четврток да почнат да работат :D (facepalm)
     
    На cresa-jagoda, ph.orhideja, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.701
    Допаѓања:
    40.073
    Пол:
    Женски
    Значи сепак се покачени платите. Многу луѓе земаат многу под просечна плата и сега што треба?
     
    На JoyJoy и raww им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    Како е бензинот ефтин а времето скапо, бпгами покрај тоа што се плаќаат жени за да ти го гледаат детето до 16.30 ќе треба да доплатиш за да последат до кај 18 зашто нема шанса да пројдеш низ гужвата.
    Празниот резервоар и нервозата е башка.

    Па и зошто да не штрајкуваат?!
    Коа може на настанвиците зошто о за нив да неможе?
    Наредни ќе бидат МВР...ќе ги исклучат сите семафори и нема потреба од штрајк..доволно ќе биде таа диверзија.
     
    На cresa-jagoda, Annath, zuto и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.951
    Допаѓања:
    36.958
    Пол:
    Женски
  7. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Здраво на сите! Нов сум на форумов и направив профил само да ви се приклучам во дискусијата. Доаѓам од браншата и случајно налетав на вашите коментари. Иако сите вие делумно сте во право во вашите ставови, ќе ви кажам дека така мислев и јас пред да влезам во оваа професија. Од оваа страна имам сосема друга претстава за работата. Не ве читав сите зашто искрено ме иритираат стеротипите и сметам дека никој не треба да суди туѓа професија ако претходно во приближно ист временски период не бил директен учесник во неа. Прочитав коментар дека нема врска дали си бил со високо образование или со средно. Денеска баш зборувавме со неколку колеги, сите си ја сакаме работата и сите сме помлади. Направивме споредба со платите во полицијата и нашите. Живееме во помал град и имаме премногу полиција, па тие ни се највпечатливи (по улица одат во чопор од по 6). Таму, како и во секоја професија, има и луѓе што се квалификувани и луѓе што не можат да си одат, а не па да бркаат криминалци. Во врска со степенот на образование, сите сте свесни дека за да завршиш високо образование ти требаат минимум 4 години временски период и најмалку 10.000 до 15.000 евра инвестиција. Ова ако живееш скромно, во студентски дом и без излегувања. За да бидеш полицаец ти треба средно и 3-6 месеци курс. Погодете што? Полицајциве земаат поголема плата од нас, имаат обезбедена храна, превоз, облека, обувки, добиваат плус плата за дежурства итн. Ние немаме ништо од тоа. Дали работиме во град или патуваме до село, никому не му е грижа, сите добиваме иста плата. Дали одиме на семинари во сабота и недела или изведуваме други административни работи, никому не му е гајле, не добиваме никаква дневница. Полицајциве се во предност прво временски, 4 години пред нас започнале да заработуваат (време во кое ние само трошиме), а второ имаат бенифициран стаж и на 45 години си одат во пензија и си бараат втора работа. Некој ќе рече, па имаат ризик. Можеби, ама во поголемите градови. Овде поголеми се шансите ние да погинеме од некој родител незадоволен од оценка, отколку полицајциве. Сметате дека ова е праведно? Ако така сметате, тогаш немате чувство за правда. Го гледавте штрајкот во пошта, 1 ден, никаков притисок, одговор 3000 ден, нема проблем. Врз нас, илјадници притисоци и ни понудија 2500 ден и тоа без никаква писмена спогодба. Процентите што ги изнесуваат во медиумите се неточни. Нема кој да ги демантира зашто медиумите се купени, а синдикатите исплашени. Друга работа, ние имаме многу барања во штрајкот, покачувањето на платата е само едно од нив. Знаете дека 12 години ниедна влада не го почитува колективниот договор што го потпишала? Знаете дека 12 години молчиме? Според тој договор и според закон, нашата плата сега би требало да изнесува 46.000 денари. Ние побаравме само 18.4% од 78,4% колку што ни должи тој што потпишал. Затоа не прифаќаме помалку. Ние предолго молчевме и тоа е наша вина. Јавноста е манипулирана и едноставно не знае што се опфаќа професијата. Вака ќе ја промениме државата и општеството, со давање поголема плата во секој друг сектор, освен во образование? Па луѓе, никогаш нема да имаме квалитетен кадар со вакви плати. Ако за касиер ми даваат 30.000, па ќе одам касиер да бидам. Верувајте ми, не е потешка работата, сум бил на слични позиции. Работата ти завршува во тие 8 часа, не ја носиш дома. Некој рече првите 5 места во натпревар по математика биле од приватни училишта. Па од каде да бидат, таму каде што нудат најголема плата, таму одат најквалитетните наставници. Да не зборуваме за условите во кои работат тие. Треба да сфатите дека проблемот не е во наставниците, туку во тие што ги креираат образовните политики. Ние поголем дел од денот го поминуваме во пишување непотребна администрација, отколку во спремање на часовите. Целта на повеќето власти во светот е да се уништи јавното образование. Тоа значи полесна контола врз популацијата. Лесно е да манипулираш со необразована нација. Имам уште многу што да кажам, ама не сме познати како нација што љуби да чита. На крај да додадам, сите во општеството сме виновни за тотален распад на моралните вредности и начела. Затоа, не фрлајте со дрва и камења по нас, ние носиме само мал дел од вината. Се знае кои се вистинските виновници и ве молам, гневот насочете го таму. Кај нив лежи крајот на штрајкот.
     
    На WildMk, Rock\m/girl, kalinaka и 12 други им се допаѓа ова.
  8. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Па биди касиер и ослободи го професорското столче за некој кој ќе ја цени и почитува улогата која ја има во општеството.
     
    На JuLleE, cresa-jagoda и PinkGirl* им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Тоа дека две третини сте супер, ама заради таа една третина сите се бунат, тоа е толку неточно што е малце и смешно. Божем им ги кажуваш фактиве на странци, не на луѓе што до вчера биле нашколо и децата им учат моментално во истите школи.
     
    Последна измена: 19 април 2022
    На Abel, JuLleE, ph.orhideja и 4 други им се допаѓа ова.
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.548
    Може ли некој подетално да ми објасни што сѐ спаѓа во оваа административна работа?
     
  11. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    А ние што ги критикуваме и сме биле вклучени од таа страна? :)

    Јавноста е целосно вклучена во образовниот процес и комплетно свесна за истиот, или поминала низ него во најмала рака, или има деца кои се дел од тој процес, или во некои случаи со проекти и слично е вклучена да види што се случува по градинките и школите. Не ми е јасно како може да кажеш дека јавноста е несвесна какво е образованието, кога е еден од двата сегменти во кои секој еден човек е инволвиран - образование и здравство. Игнорантно тотално е да кажете дека луѓето се несвесни какво е образованието и дека на медиуми имаме испран мозок да сме против вас. Баш напротив, мислењето најчесто е стекнато од директен допир со образовниот систем.

    Каде даваат 30000 за касиер? Нели е малце срамота луѓето што се меѓу најслабо платените работи како работа во маркет, каде во пандемијава не само што не ги заштитија, туку и ги тераа болни да одат на работа да ги споредувате со вашата ситуација која е полна бенефити за кои тие можат само да сонуваат?

    Кога ќе се побуните против ова? Зошто не штрајкувате и не покажете непослушност во овој сегмент? Зошто сите ваши протести се само и исклучиво за зголемување плата? Спомна дека имате повеќе барања во штрајкот. Дали ако добиете 18% покачување ќе продолжите да штрајкувате дури не ви се подобрат останатите услови и не се исполнат останатите барања? Верувам не :D Кои други барања ги имате, еве кажи ни да знаеме.
     
    На Abel, Idedemja, raww и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.892
    Допаѓања:
    23.542
    Чисто да ве потсетам.
    Откако почна коронава, наставниците седеа дома и можеа од дома да држат настава, барем требаше да држат.
    Касиерите не работеа од дома.
    И по 2000 заболени дневно, можеше сѐ да се затвори ама касиерите не смееја да не одат.
    И на луѓево не им текна во ниеден момент да штрајкуваат на толкава мака.
     
    На Harper, duffi, JoyJoy и 7 други им се допаѓа ова.
  13. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    На тоа успеавте да најдете забелешка, не најдовте ништо друго во мојот пост? Нема да дадам отказ затоа што сум потрошил време, труд и пари за да стигнам на ова место и затоа што си ја сакам професијата. Ќе се борам за подобри услови како што и секој од вас прави на својата работна позиција. Сега учениците ќе ја добијат најважната лекција од нас. Нема да не поколебате ниту вие, ниту медиумите, а најмалку оние на врвот. А вие, драги мои сограѓани, со ваков став никогаш нема да имате здраво и развиено општество. Се надевам ги критикувате сите што се финансирани од плаќањето на даноците. Се надевам дека ги средивте сите сектори, Влада, собрание, администрација, судство, полиција итн. Ајде, средете не и нас во образование. Патем речено, судство има 8% доверба, а добија 30% поголеми плати. Нема реакција од вас за ова? Нема, затоа што медиумите си премолчаа.
     
    На WildMk, La-loca, ostoun и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Најјакиот момент е што повеќемина пишаа дека биле во образование и потврдуваат дека не се работи полно работно време, имаат долг одмор летен и едноставно не се преоптоварени, ама просветариве моментални опишуваат ко да се преизнамачени, некој лаже :D
     
    На Harper, JuLleE, duffi и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Не е дека не им текнало, туку се суфицитарен кадар кој го нема тој бенефит да штрајкува, како и 90% од вработените во приватни фирми.
     
    На Munchmallow20 и Annath им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    "Ама ни ветија 78 посто покачување" :D
    Божегосподе, пред секс ќе ти ветат и дека ќе те женат, ти само слечи се.
    Ветено е све и свашта, 78 посто сакале, 50 000 плата двојкаши и тројкаши. Свашта
     
    На Harper, andromedae, mimiiiii и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Знаеш дека во здраво општество нема вработување по партиска линија :)
    Многу наставници го избегнувате моментот како се влегува на работно место наставник.
     
    Последна измена: 19 април 2022
    На Abel, Idedemja, boo3 и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.892
    Допаѓања:
    23.542
    Од овде сите сме завршиле основно и средно, барем 99% и сме сретнале секакви дебили од професори.
    Навреди, оправдување булинг, сексуално вознемирување, насилство врз ученици, на све сме биле сведоци, кој помалку, кој повеќе.
    Ова посериозните работи. Башка си е незаинтересираност да предава кое е многу почесто.
    Од моево образование имам едвај неколку да одвојам што би ги поддржала максимум зашто стварно душата си ја оставиле во училница. Другите јок.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    31.477
    Епа и многу од касиерите трошеле време и пари учеле факс ама работат како касиери, затоа шо не трчале по штабови, не оделе како војници по митинзи и морале да најдат работа в маркет.

    Сите сме поминале низ образование, сме гледале и имаме некои кои е во образовен процес.

    Школска со по 10единци, повторување на година, ете сега си предава во основно училиште. Наставничка е.
    Така да не ме чуди кога пишуваат мајките тука гафови.
    Не да е жално, без коментар е.
     
    Последна измена: 19 април 2022
    На Idedemja, forumce, JoyJoy и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.917
    Допаѓања:
    203.151
    Пол:
    Женски
    Редно е и цел приватен сектор да се обедини и да излезе на улица и да не плаќа даноци, па да видиме од каде ќе им го дадат и ова што сега го земаат, не па покачувањето.

    @draconis14 секаде има административни обврски, па како сите успеваме да ги завршиме и другите работни задачи да ги средиме како што треба? Сакате повисока плата? Барајте ја, ама не на грбот на децата, не со газење на нивните права. Со ова покажувате колку (не) ви значат децата.

    Прва сум за повисоки плати за просвета, ама после тоа и задолжителна евалуација на наставниот кадар, па да се види кој го бива, а кој не, и да се направи голема чистка.
    Јас сум во здравство, приватен сектор, основицата ми е помала од минималната плата во просвета, а останатиот дел ми е по учинок. И сметам дека и во образование треба да биде така, за да се борите на тој начин за поквалитетна програма и систем на едукација. Ама ако биде така, повеќето од половината што сега изигруваат просветари ќе ги снема. Толку е капацитетот, за жал. Свесни сме кој се заврши педагошки факултет, чест на исклучоците, кои за жал се малубројни.
     
    На Harper, DoubleK, Idedemja и 17 други им се допаѓа ова.