Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Многу ме нападнавте и не можем од сите да се бранам. Јас влегов во образование со мојата диплома од факултет, бев дифицитарен кадар. Мајка ми и татко ми беа обични работници, стечајци. Не ги обвинувам колегите што влегле преку партија затоа што тоа не ги прави автоматски неквалификувани за нивната работа, тие сепак имаат завршено соодветно образование. Што сакате да кажете, дека треба од принципи да живеат луѓето, дека треба да остават некој понеквалитетен да им го земе работното место зашто не се зачлениле во партија? Јас мојот дел од одговорноста за тоа какво ни е општеството ја прифатив. Кога сите ќе ја прифатиме, тогаш ќе почнеме да градиме здраво, непартизирано општество. Некој пишал сум се фатил за касиерите. Не, тоа беше одговор на некој од вашите коментари каде рековте дека попрво на касиерите би им дале 30.000 ден. И јас би им дал на сите што чесно си ја заработуваат платата. Би им зел на овие што само за патни трошоци земаат колку моја 7 годишна плата. Тие не ги гледате и сте немоќни да ги запрете. Удри по тој што ти е најблиску. Некој друг рече некој ни ветил 78%. Не ни ветил, потпишал договор, законски акт и не го почитува 12 години. Сега кажете и дека закон и правни акти не треба да се почитуваат. Повеќе нема да одговарам зашто видов недолични коментари, осуди за луѓе кои не ги познавате. И не заборавајте, и вие сте производ на нашето образование. Поздрав до сите и се надевам дека еден ден ќе станеме општество во кое работниците ќе си подадат рака и ќе се солидаризираат меѓусебно, наместо да се напаѓаат. @Annath, ајде и јас ќе ви се приклучам. Ама немој кога отидеме таму, да се свртам и да не најдам никого зад себе. Протестирав јас со мало малцинство мои колеги 12 години. Кога ќе ве видам собрани на едно место на протест, ќе славам, па макар било и против мојата професија. Ете, нека ние бидеме прва жртва на социјалната револуција во државата. Вистинскиот непријател не е оној што преживува, туку тој што се луксузира врз нашиот грб.
     
    Последна измена: 19 април 2022
    На raww и Mikha4 им се допаѓа ова.
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Благодарение на твоите партиски вработени колеги, кои не ги осудуваш.
     
    На Harper, Abel, Idedemja и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Не знам зошто не ми одговори на едноставното, ама битно прашање кое ти го поставив.
    Кажа дека имате многу повеќе барања од самата плата со штрајкот. Кои се тие, дали се однесуваат на квалитетот на наставниот процес?
    Дали ако добиете 18% зголемување на плата, ќе продолжите да штрајкувате сé до исполнување на останатите барања?
     
    Последна измена: 19 април 2022
    На Harper, KateKane, raww и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.956
    Допаѓања:
    24.043
    Вие се обединивте против децата. Тие што се најмалку криви, а највеќе трпат
    Затоа никој не се солидаризира со вас.
     
    На Harper, JoyJoy, Ahoy и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Значи пошто сте многу доследни и сакате договори да се почитуваат, нема да престанете со штрјкот дури не добиете 78 посто покачување?
     
  6. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.401
    Јас ќе ги поддржав ако беше се со ред и децата ќе си имаа часови, ќе си ги спремаа матурантите итн. Матурантите најмногу ќе го јадат стапот. Несовесно е ептен, мислам деца и образование се во прашање. Не е маче или куче. На децата најпотребно и е образование. Прво нели ви е срам вака да барате права и притоа ускратувате права на скроз невини деца? За тие пари ли вреди да изигравате циркузанти и родителите да ви се молат за да ги примате децата? Од вас ли да земаат децата пример, втори мајки и се тоа?
    И знаете што, тие професори што стварно заслужуваат покачувања и сега се залагаат за децата, не парадираат и не куцаат по форуми. Најгласни се оние што каснат, што вреѓаат и што пола час си прават муабет во ходник со колешките.
     
    На Idedemja, Waverly Raven, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.337
    Допаѓања:
    15.801
    Пол:
    Женски
    Зошто касиерите најчесто се со високо образование па можат да заменат одма проф, дај бе не траскајте глупости.
     
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.483
    Допаѓања:
    91.221
    Пол:
    Женски
    Ја мислев се зафркаваат со 78% зголемување.

    А навистина мислиш ли дека нема?
    Јас знам една таква во Кам работи,со географија завршено.
    Стварно сте исклучени од реалност.:drunk:
     
    На Harper, Anne Boleyn, christinnn и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Ти како да живееш во друга земја или толку си незапознаена со случувањата пошто си живееш во твојот бабл на бенефити. Минимум 50% од луѓето на каси се со завршен факултет, со факултети многу позахтевни од педагошки.
     
    На Harper, Abel, JuLleE и 13 други им се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.370
    Допаѓања:
    119.521
    Пол:
    Женски
    Ти сериозно полицаец и даскал споредуваш?
    Ама најсериозно?
     
    На JuLleE, JoyJoy, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    31.489
    Знаеш колку има со високо образование по маркети, фабрики? Изгледа не.
    Само вие шо работите во образование сте образовани.
    Не знам дали со сила вакви се правите.
    После ова секој коментар е непотребен.
     
    На JuLleE, christinnn, Amelia. и 5 други им се допаѓа ова.
  12. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    28.549
    Јас разбрав дека меѓу другото штрајкувале и за тоа што ние, родителите, од наш џеб сме давале пари за сапуни, хартии, гелови за дезинфекција и ред други основни работи за во училиштето.
    После свадба-тапани работава.:D
     
    На Idedemja, GirlRose и Celltica им се допаѓа ова.
  13. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.337
    Допаѓања:
    15.801
    Пол:
    Женски
    Па треба да си одбереш струка која е барана, со која лесно се наоѓа работа и јас се двоумев помеѓу две професии па ја одбрав таа каде што имав поголеми шанси за работа без врски и без презиме познато
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Фино е ако штрајкуваат за тоа, да немаме жолтици по школиве, ама ме интересира дали ќе останат доследни и да не се појавуваат на работа дури не се исполни ова, или штом добијат ветување за процент одма ќе се вратат ко ништо да не било, среќни и задоволни, повторно да премижуваат на сите други проблеми на образовниот процес :)
     
    На Idedemja и zuto им се допаѓа ова.
  15. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.337
    Допаѓања:
    15.801
    Пол:
    Женски
    Знам ама не сум за јас тоа крива, премногу кадар дозволува факсот државата за што нема реално потреба.
    Кривецот за тоа да си го бараш на друго место.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    28.549
    :rofl: може веќе темава во категорија насмевка да оди комотно.

    @Celltica две години пандемија, мерки, протоколи...они најдоа да штрајкуваат кога попуштија со мерките :D.
    А за обезбедувањето што го плаќаат родителите штрајкуваат ли исто?
     
    На Idedemja, An-na, GirlRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.401
    Aaa лошо :worried:
    Стварно сега сТрам ме јаде
    @fana :D
    Едит. А, ако не ви ја покачат платата што ќе правите? :?:
     
    На Mantub и fana им се допаѓа ова.
  18. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    28.549
    Јас лично протестирам со неплаќање на овие работи, оти нели бесплатно ни е образованиево. А добивам уцени од наставници и директори цела година.
    Еве, поверував дека за тоа штрајкуваат.
     
    На JoyJoy, Annath и Celltica им се допаѓа ова.
  19. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.951
    Допаѓања:
    31.489
    Јас се надоврзав на твоето мислење само оти многу беше зачудена како касиери да ве заменеле.

    Чудно само како баш сите од форум тука ве најдуваат дефицитарен кадар и во училиште одма ве вработуваат, без врски, без партија :D
    После некои мислење од обрзовен најстручен кадар мило ми е многу шо детето нема тука да ми учи.
     
    На Abel, Anaroz1, Idedemja и 5 други им се допаѓа ова.
  20. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Јас не трескам туку ти си изгубена во свемирот.
    И да, многу со високо образование работат касиери, продавачи и хигиеничари зашто немаат партиска книшка и не сакаат да лижат нечиј г’з за работно место.
     
    На Anne Boleyn, christinnn, Amelia. и 9 други им се допаѓа ова.