Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Ајде и на вас да ви одговорам и се одјавувам. Очигледно е дека си имате веќе изградено ставови спрема нашата професија и што и да напишам, нема да го смените мислењето. Ваше право, како што е и мое право да се борам за подобри услови во мојата професија. @Bezimenka90, не ги осудувам зашто знам многу на кои им рекле ако треба од друг град ќе доведеме, нема да работиш ти. Многу лесно е да нападнеш и да осудиш некој кога не го познаваш. Патем, ти во себе не гледаш одговорност за тие што не водат? @Celltica, јас не сум член на СОНК, само се солидаризирам со барањата на моите колеги кои се членови на СОНК. Барањата се наведени јавно, на нивната веб страница. Не сум член на СОНК токму затоа што 12 години не ги бранат нашите права. Да, јас ќе штрајкувам се додека не се исполнат сите барања. За моите колеги не знам, може ќе попуштат под притисоците. Знам само дека тие што вистински си ја сакаат и работат професијата, нема да се откажат до крај. @Munchmallow20, јас од моите ученици имам максимална поддршка, тие знаат дека ние не сме против нив. За време на пандемијата, јас работев нон-стоп, па и за викенд. Понапорно беше да се работи од дома, иако вие мислите дека било полесно. Ученици и родители праќаа пораки, се јавуваа во секое време од денот и ноќта. Таков ни е менталитетот и културата, иако пробавме да поставиме граници и правила. Никој не сочуствуваше со нас, а ние пробувавме да ги смириме учениците зашто ни беше страв за нивното психичко здравје. Во врска со твоето прашање, што предлагаш ти? Мислиш дека некој ќе не послуша ако не прекинеме со настава. Тоа е дефиниција за штрајк, прекин на работен процес. Така е во многу демократски земји при штрајк на просветни работници и барањата се исполнуваат. Во Словенија 3 дена прекин на настава, во Хрватска 36 (примери од соседството). Уште еднаш поздрав и не ја почнувајте социјалната револуција без мене. ;)
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.184
    Допаѓања:
    27.374
    Не се дефицитарни затоа :D
    Што нема да прочита човек веќе.
     
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    8.005
    Пол:
    Женски
    Покачување не треба да има.
    1. Не работат 8 часа, а се премногу платени во однос на тоа колку часа работат неделно. Некој ќе работи по 40 часа и повеќе и пониска плата има отколку овие во образование.
    2. И тоа што треба да го работат, не го работат. Само пијат кафиња во канцеларија и се шетаат до школо.
    3. За тоа колку се стручни е друга приказна. Не може човек со високо образование да не сВаќа дека по убаво и нај убаво и најак се недозволиви грешки, и згора на тоа пак суета и его до небо кренато. Требале да се почитуваат наставниците и професорите. Дали тие ги почитуваат децата и личноста на детето? Хм, мислам одговорот го знаеме.
    4. За педагошки колку е тежок и како се завршува не сакам да дискутирам. За жал неписмени се вработени во образование.
    5. Нека работат по 8 часа, да ги одржуваат ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ СПОРЕД ЗАКОН, додатна настава за талентирани и заинтересирани ученици, дополнителна за оние кои им треба повеќе време да научат, па може да се размислува за покачување.
     
    На Harper, Abel, Idedemja и 8 други им се допаѓа ова.
  4. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека прочитав како се жали од административна работа.
    Сите други немаат, само јадните тие имаат.
    Господе, поживеј ги
     
    На Harper, referentka, christinnn и 11 други им се допаѓа ова.
  5. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Да, треба можда астронаути да сме сите. Како не се свесни дека со мислењава шо ги лупаат само го потврдуваат нашиот став и мислење и се покажуваат во право светло какви се.
     
    На Idedemja, Annath и Celltica им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Море, од корен треба менвање цел систем.
    Ова е ко да мачкаш боја на ѕидот, а внатре бубашваби има.
     
    На Anne Boleyn, raww, NoirSerpentine и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.223
    Допаѓања:
    15.382
    Пол:
    Женски
    Ама има такви што го работат тоа со средно, нааааајголемиот дел. Затоа реков тие не можат да заменат.
    Ти си валјда стручна за се и водиш статистика каде колку има вработени и со кое образование, супер за тебе, продолжи така(fingers)
     
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    8.005
    Пол:
    Женски
    Секоја чест тоа што си работел за време на викенд, но затоа ти не исполнуваш 40 работни саати за време на неделата. Така што не е нешто многу за величење работата за време на викенд.
    Јавување во приватно време секаде има, во приватните фирми дури повеќе. Ако не ти одговара, слободно можеш приватно да се вработиш.
    Ама таму нема седење и пиење кафе и 5 мин пред да заврши часот да доаѓаш на час. Ова не се однесува на тебе, но 90% од наставниците се вакви.
     
    На Idedemja, JoyJoy и deskarada им се допаѓа ова.
  9. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.743
    Пол:
    Женски
    Не гледам во мене. Ниту зависам од нив за работа, ниту ги гласам, ниту им се продавам на каков било начин.

    Дали тоа треба да е обид да ги сожалувам?
    Свесно се ставиле во таква позиција. И во мојата професија се влегува на ист начин. Затоа работам друго.
    Колку луѓе се селат, дообразуваат, преориентираат кариерно? Тие касиерките што ги зборевте? Повеќето се со факултет. Ама ете не се набутале партиски, одбрале друго.

    Отишле во штаб, се продале ветувајќи гласови и сега кога се подлежни на уцени од власта се жалат. Не знам што очекувавте кога така се вработивте? Заменливи пиони сте и ќе ве мафтаат. Тоа е реалноста.
     
    На Idedemja, KateKane, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.574
    Пол:
    Женски
    Јас може ќе бев наставник (и тоа не сум од Педагошки), или професор во средно, ако не ми побараа вемеро книшка, и ме тераа да лобирам за нив ако сакам да РАЗМИСЛАТ како ЗАМЕНА да ме стават со мал фонд на часови (ама и тоа беше знак прашалник). Имам и постдипломски повеќе од пола земено на Филозовски на отсек Педагогија, ама немаше поента да давам пари да ги довршувам, знаев дека само пари ќе фрлам и никогаш нема да се вработам како наставник/професор, па се насочив кон изучување сосема друга бранша. Едноставно не сакав веќе ништо да имам со државна работа, оти не планирав да лепам плакати. Сега си работам нешто друго, сосема неврзано со струката... и фала му на Бога. Тоа дека дефицитарни се, затоа така!!!!
     
    На Amelia., Idedemja, bobooh и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    2.033
    Пол:
    Женски
    Прво прашање: Дали си вработен партиски? Чисто да ти ја видам искреноста на оваа тема чисто за проценка дали вреди дискусијата.
    Здраво општество не се гради со уцени и тоа преку деца.
     
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.574
    Пол:
    Женски
    Нема непартиски вработени, од прва рака ти кажувам. Тие постарите пред пензија што се со решенија може да не се, младите сите се партиски. Нема друг начин! Ако се провнал некој ептен на среќа, реткост е, 1% нека се.
     
    На Harper, Stressed Out, Idedemja и 7 други им се допаѓа ова.
  13. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.951
    Допаѓања:
    36.958
    Пол:
    Женски
    Ова неколку пати го прочитав тука низ темава и ем ми е смешно, ем ми се плаче :(
    Не дека џандариве ни се цвеќиња и дека се утепуваат од работа, ама... професијата сама по себе им е една од најризичните во државата. Не за џабе имаат и бенифициран стаж. Секогаш кога има било какви кризи или вонредни состојби во државава они први се. Исто беше и со пандемијава, додека другите си седевме дома, полиција, здравство, маркети (тие касиерките глупи што ги збореа) работеа. Нонстоп!!!
     
    На Harper, Stressed Out, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    2.033
    Пол:
    Женски
    Јас тоа го знам, сум имала прилика да ги гледам списоците и сите филтри кои треба да ги поминат за да ги вработат, се до министерскиот "амин". Само чисто дека рече вложил труд за да дојде до тоа место па затоа не дава отказ, во што тоа вложил, во лепење плакати ли, во собирање потписи, седење на кутии. Епа таму нека бараат достоинство а не да кажуваат дека родителите се криви а децата безобразни а тие се продале. Дали тогаш имаа срам дека им го земаат лебот на некој друг. Или достоинствено беше тоа што го правеа.
     
    На Stressed Out, Annath, Idedemja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Не можам да ви одолеам, срцки сте ми во коментарите. @fana, ти сигурно си полицаец или имаш некој близок во семејство, гледате секој си го брани своето. Јас не споредив полицаец во голем град каде што има сериозен ризик и наставник. Јас споредив во мојот град. Ако ги тргнеме сите други аспекти и се водиме само од лукративни причини и бенефити, апсолутно попрво би биле полицајци. Еве гледате, никој не плука по нив, а тие добија 15% покачување и бонус плати. Да не зборуваме дека сме, мислам трети во Европа по глава на жител во број на полицајци. Немам против, нека им покачат, само правам споредба кој е нашиот влог, кој е нивниот. Дали се чувствувам побезбеден кога ќе видам 6 по улица, зафатиле цел тротоар? Напротив, сметам дека нема потреба од толку полиција во град каде последното убиство се случило пред 20 години. Еве нас нека не скокнат, на сите други ќе покачат. Ова нема да предизвика инфлација? Инфлација секако ќе има, само што другите ќе поминат полесно од тие на кои не им ја покачиле платата. Кај вас има револт. Па има и кај нас. Изборете се да ве почитуваат. Па еве пробуваме, цело општество се свртува против нас. Само во образование има партиски кадар, овие другиве сектори чисти ко солза. Кога ќе излезете против сите сектори каде што има превработеност, вработување по партиска линија, луѓе кои буквално си седат дома (или во странство) и земаат плата, тогаш ќе бидам до вас. Нека има чистка, ако не сум квалификуван, нека вработат друг. Дотогаш, продолжете да ги демотивирате и оние кои уште имаат мотив да работат. @Bezimenka90, можеби сум заменлив ако доведат од друг град. Не сме сите во образование со педагошка. Патем, заменливи се и во другите сектори што ги наведов, ама ете, против нив хајка нема. Прашајте се зошто. @Just.do.it, ова 90% од ракав ти е или имаш некакво истражување направено? И јас работам и во приватен сектор, се вложувам максимално зашто едноставно платите се ниски за некој што нема поддршка од родители. Доволни се само за преживување. Втората работа ми е надвор од државата и потполно го разбирам оној што нема дополнителен приход. Ако си млад човек и сакаш да си обезбедиш пристоен живот без поддршка од родители, платата во образование е доволна за храна и за сметки. Толку.
     
    На MilaSs12, malerozna, Mikha4 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.394
    Допаѓања:
    16.772
    Ова е точно.
    Во Рамстор имав колешка, магистер, правен факултет
     
    На Мамичка му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    2.033
    Пол:
    Женски
    И еден заклучок на темава, џабе си везете..повеќе од 10% нема да добиете. После ова и други ќе сакаат 10%. И тие ќе добијат. Приватен сектор ќе има тешко лето ама ќе ги крене цените на се.
    Башка да не заборавиме дека во моментов се замрзнати од Владата. Бидејќи ќе нема пари да го покрива замрзнувањето ќе реши да остави се да оди по природен тек. Приватен сектор ќе преживее и ќе се адаптира повторно. Но вредноста на платите на административците ќе биде помала и од таа пред штрајкот. Кога инфлацијата ќе помине 10% нема да сте во добивка.
    1 вработен во приватен сектор плаќа за 3ца буџетари. Кога ќе се намалат лицата под буџет и ќе стигнеме барем 1:2 тогаш може да се зборува за реално поголеми плати. Откако ќе добиете сите од вашите 10%, тогаш ќе се разбидиме со цени: зајтин 300ден и нафта 150%.
    Засега само вие сонувајте дека нешто сте добиле.
     
    На GirlLove, Annath, Idedemja и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    8.005
    Пол:
    Женски
    Немам истражување направено, но зборам од искуство. Најголем дел од наставниците само се шетате до школо, не се замарате за потребите на учениците, не го предавате знаењето на соодветен начин. Знаеме колку и како работите.
    И да, за платата што е доволна само за храна и сметки, размислете дека има луѓе што работат 40+ саати за таа плата дури и помала.
    За што да ви се зголеми платата?!
    Не работите 40 саати. Материјалот е ист секоја година, значи секоја година истото го повторувате, стрес на работното место еднаков на нула, додатна и дополнителна настава не постои, платен ви е класниот час, ако идете на екскурзии не плаќате. Јас мислам дека дури и многу зимате. Преплатени сте.
     
    На Stressed Out, buba4e89, deskarada и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Темата е да се разменат мислења во врска со штрајкот на просветните работници и во склоп со темата членки си објаснуваат зошто има толкав револт кон овој штрајк, не значи дека сите се специјалисти за се.
    И оној дел да учиме за оваа професија е без врска. Ниедна од нас не штрајкува на својата работа, ако сме задоволни на нашите работни места си работиме и заработуваме, ако не сме задоволни си бараме подобро платена работа, а не одиме да ја молиме државата да не плаќа повеќе и при тоа зад себе немаме покажано никакви резултати за заслужена плус плата освен изговори дека се дигнале цените.
    За сите се дигнати, тоа е факт, ама работиме и се трудиме да сме поплатени со покажан труд и резултати. Овој штрајк е доминантно штрајк на неработниците во просвета, неписмените и полуписмените меѓу нив, а и дел да се способни наставници што штрајкуваат прво покрај побарување реална валоризација на нивниот труд и покачување на нивните плати како трудољубив кадар треба да побараат и праведно да се вработува кадар без политички притисок и др. притисоци или врски и да им се подобрат работните услови пред се. Ама не алчни за пари газат врз интересите на децата, со самото тоа докажуваат дека не се дозреани да се носат со тежината и важноста професијата што ја работат затоа се создава толкав револт и непочит кон нив, а башка што докажуваат со сето ова што го прават дека и не го заслужуваат ниту она 10% покачување кое им се понуди.
     
    На Annath, Jana06, nextredstyle и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.852
    Пол:
    Машки
    Во однос на едно од оправданијата за штрајков кој ги слушам околу мене, дека поголеми плати ќе значат и подобар квалитет на образованието, има истражување (Double for Nothing) кое ова го негира.

    Односно, во Индонезија платите на наставниот кадар биле дуплирани и истото не резултирало со подобар квалитет на образовниот процес во државата, иако, првично била пријавена поголема сатисфакција од работното место, помал број на наставен кадар кој работи и друга работа, како и помал финансиски стрес.

    The results suggest that unconditional pay increases are unlikely to be an effective policy option for improving the effort and productivity of incumbent employees in public sector settings.

    sandefur-teacher-salaries-figure-2.png
    sandefur-teacher-salaries-figure1.png

    https://www.cgdev.org/blog/chart-week-teacher-pay-around-world-beyond-disruption-and-deskilling
     
    На Abel му/ѝ се допаѓа ова.