Апсолутно си во право за ова, другите добија и ќе добијат повеќе од 10% зашто едноставно се помала бројка. Во однос на инфлацијата, целосно се согласуваме.
Абе луѓе читајте со разбирање. Сите сме за покачување на платата, ама според заслуга. Некој заслужува и 1000 евра да зема а некој ни 100.
Ова е убав пример на наставник кој си ја врши работата и наставниците треба да има начин да бидат наградени. Еве јас ќе ти дадам пример и тоа мој личен. Во 9год школство првпат одам кај психологот и тоа за пример како твојот со насилничко однесување. Кружеа муабети дека кај неа џабе се оди ама си викам психолог е сигурно ќе ме посоветува и охрабри како да се справиме. Почнувам да објаснувам и таа ми вели ама за се треба двајца, и јас пак се трудам да објаснам. Ме прекинува постојано крајно нетрпеливо како божем и го одзимам времето. И викам тогаш вие мислите дека и силувачот и сулуваната страна е крива... ладно ми вика ДААА, сигурно го испровоцирала. Се фрапирав од одговор на психолог. Толку многу ме изнервира и и давам уште еден пример...и викам ако сега станам и ви плеснам неколку шамари дали двете ќе сме криви бидејќи ете вашето однесување и вештачка насмевка не ми се допаѓаат. Ќе бидете ли и вие виновна будејќи нели за се треба двајца. И после ваквите ќе се најгласни, ќе зборат за достоинство и дека си ја вршеле работата. Само тој што несака стрес и несака работа оди администрација.
Исто и ти не знам како се дрзнуваш да вадиш претпоставки за тоа што сум јас. Кој ве учеше дека тој што има различен став од вас веднаш е тоа што го брани? Па уште и ми се обраќаш со вакви зборови на база на претпоставка. Не сум сигурна ама мислам дека ова не важи за професорите на факултет. Јас за малку ќе се откажев заради една таква професорка, ама на друга и 3 покачувања би и' дала. На едно такво ѓубре има 3 што заслужуваат па така и тоа ѓубре ќе се протне. Не ме ни прочита што напишав, ама искоментира. Прејако... Врати се, препрочитај што напишав па после ако сакаш коментирај. Исто и ти не знам како се дрзнуваш да вадиш претпоставки за тоа што сум јас. Не знам кој ве учеше да вадите претпоставки на ваков начин. А за родители, не ми почнувај. Одамна помина времето кога ме интересираше дали мојот став некому му се допаѓа или не. Јас пишав што имав. Не мора да се согласуваат со мене. Единствено @Bezimenka90 ме цитираше неарогантно и без претпоставки па тебе ќе ти одговорам. Од тоа што гледам, повеќе трпат оние кои не се партиски вработени отколку оние кои се, без разлика на квалификациите. Зошто не ги праќаат - не знам, не треба да биде така.
Еве и јас една од нив сум,12 год.работев како учителка раб.време од 13.00 до 17.20 ,некогаш и многу порано завршував,имаа предмет со други наставници.Иако работев во село со помал број на ученици,многу е полесно во образование право да кажеме.А какви колеги имав леле леле јас се нервирав што се наставници ,греота децата.А бе кога ке им ја дадеа топката по два часа физичко наеднаш,музика им пуштаа свадбарска наместо детска...Подобро да престанам тука хехе.Не дека бев идеална ама ја сакам многу професијата,се надевам некогаш некоја партија ке се сожали на мене и ке ме прими назад.Напуштив поради преселба...
@draconis14 која најважна лекција ќе ја добијат децата од вас? Дека со тпа што им го ускратувате правото на образование гарантирано со Конвенција на права на дете (документ на Обединети Нации) им правите некаква услуга. Ако да која? Дека со неработење и терање инает се стига до целта. Дека во услови кога тече ПИСА тестирање во кое сме меѓу последните меѓу другото и заради лошиот квалитер на наставен кадар, наместо поддршка на децата ги оставивте сами. Која лекција кога матурантите ве молат да им излезете во пресрет. Навистина лекција. Ама лекцијата е баш ни е гајле за вас. Не заболе деца за вас..ете толку сте ни битни. @Kitten јас сум презадоволна од наставничките на моето дете. Се трудат и повеќе од потребното. Дигутализација, нови технологии и се спроведуваат под конец. И не штрајкуваат во моментов. Јас лично сум за дигитализација, ама тоа значи дека планирањето на наставата ќе биде покомплицирано. Има земји кај што нема никаков официјален учебник. Наставниците држат часови од 8 до 3. Друготи време го трошат во планирање и наоѓање материјали. Долго време истражувањата покажуваат дека наставниците ни се дел од проблемот. Што заради проблеми во иницијално образование, што заради професионално усовршување, што заради мотивација. Има лоши услови за работа, фали опрема во училишта. Ана штрајков самк за пари за наставници е. Толку. На толку медиумска поддршка за штрајк на луѓето им прекипа. Зашто се претера.
Мали им биле платите? Слободно нека дадат отказ! Па 0 денари на 15 во месецот ќе им бидат поголеми од 25000 денари. Сум била ученик и точно знам дека ретки се тие што вредат и што заслужуваат поголема плата. А сум била и наставник на замена и точно знам со какви колеги сум работела. Заслужува ли поголема плата наставничка која ни даваше во основно сами да си ја учиме секоја лекција по нејзиниот предмет и да си напишеме сами планче во тетратка? А таа знаете што правеше? Си турпијаше нокти на рацете, се лакирање, си ја поправаше шминката, си работеше нешто друго на компјутер. Заслужува ли поголема плата таа што ги делеше учениците на позитивни и негативни според бојата на облеката која што ја носат? Тие со светла облека биле позитивни, тие со темна облека биле негативни. Која лудост! Некој да ми кажуваше немаше да му верувам. Ама со свои уши ја слушав и никогаш нема тоа да го заборавам. Заслужува ли поголема плата тој наставник што кога ќе престанеше да му пишува пенкалото, отвораше прозорец и го фрлаше во училишниот двор тоа пенкало? Каков пример е тој наставник за учениците? Каква еколошка свест ќе се развива кај учениците со ваков наставник? Заслужува ли поголема плата таа која училиштето и е само модна писта да дојде да се прошета и 10-15 минути пред крај на часот да се појави, а исто и толку време имавме и тест да решаваме. Па те гази времето, како да бидеш сконцентриран и да напишеш сè што знаеш? Коса ми се крева какви наставници сум морала да трпам додека бев ученик. Таквите не заслужуваат ни денар плата, а не па да бараат зголемување на платата. Ретки беа тие наставници кои вистински си ја сакаа професијата, знаеја да пренесат знаење и ни беа како втори родители кои не само што не образуваа, туку и правилно нè воспитуваа. Тие заслужуваат дупло поголема плата. А сега за Педагошки факултет... Сите вие што плукате по наставниците, би ви рекла дека прво треба да плукате по Педагошки факултет, односно по професорите. Точно знам кои ми беа колеги на факултет и ене ги со партиски врски работат во настава и сега штрајкуваат. На таквите не требало ни да им биде дозволено да се запишат на Педагошки, а не па да земат диплома со препишување и со потплаќање. Немаше да плукате по наставниците на вашите деца, ако Педагошки факултет и другите факултети од кои произлегуваат предметни наставници не дозволеле секој уличар да добие диплома. Срам ме јаде кога гледам какви колешки имам, манекенки и фотомоделки станале наставнички. Вонредно студирале, купиле диплома, земале партиска книшка и оп во настава. Страшно, затоа образованието ни тоне, затоа вие родителите сте се понезадоволни. Реков дека имам работено на замена, не сум партиски член. Работев благодарение на партиските поттрчковци кои не прифаќаат кратки замени, па имав среќа да поработам. А инаку никој не ме погледнува за да ме вработи за цела учебна година, зашто немаат корист од мене. За така подолго одма трчаат тие партиски определените кога ќе им понудат. Па сега уште се жалат мали им биле платите. Јас додека работев супер ми беше платата, сега без плата сигурно не ми е подобро. Ама тие нашле, па зашле. Преку леб погача бараат. Како да ги поддржам? Кога не знаат да работат како што треба, па да земете да им погледнете една дневна подготовка ќе им најдете грешки еден куп, а не па да ги слушнете како предаваат. Да не зборувам што први се за да оговараат, рогови секому да му извадат, а не се гледаат самите себе си какви се. Во одделението каде што бев на замена, преголеми пропусти во знаењето имаа учениците од претходните одделенија. Таблица множење да не се знае, за делење да не зборувам, да не се знае граматиката која што е помината, дисциплина и воспитание на најниско ниво. И што уште не. Епа таа колешка што дозволила да не знаат ништо, а да преминуваат од одделение во одделение сега штрајкува и бара поголема плата. А не заслужила ни денар. Родителите и учениците жалеа што им се врати таа од боледување, родителите рекоа дека тоа јас што сум го постигнала за тој краток период од 3 месеци, таа не го постигнала 3 години со тие деца. Ама јас и да работев уште иако знам колку вредам и дека заслужувам поголема плата немаше да штрајкувам. Ќе бев задоволна со платата, зашто добро знам како е да не работиш и да немаш ни денар плата. Навистина беа ретки тие колешки кои навистина вредат, имаат знаење и способност да бидат наставници и со кои задоволство ми беше да соработувам.
Со ова не можам да се согласам. 20 часа во училиште, плус уште толку дома за спремање на часовите. Осмислување креативни часови, па пишување дневни подготовки, за тој што навистина се труди и работи има работа. Па има и други административни обврски кои одземаат време. Можам само да се насмеам и да посакам навистина да беше така. Повели дојди работи со ученици и комуницирај со секакви родители, па кажи дека стресот на работното место е еднаков на нула. Колку што на продавачките во маркет стресот им е нула, ете толку и на наставниците. Од страна да се кажува е најлесно. Постои доколку родителите потпишат согласност нивните деца да остануваат на додатна и дополнителна настава. Доколку има заинтересирани ученици наставниците мора да одржуваат додатна и дополнителна.
Значи, кажав, не знам како не му е срам на некој да рече : Една обична чистачка зема 18.000,00,а јас наставничка 22.000,00. Типкава ми се буни дека свесна е, дека 3 месеци ќе оди на работа само, ама ако зошто да не протестира. На замена е, ама ако. Платите на настанвниците од 2016 не биле покачени бла бла. Мислам, дај кажи дека те тераат од партија. Еј, потценува професија, и чистачка, да е професија. Како таа ќе земела метлата и ќе испафкала и земала 18.000,а она имала 4 одделенија, со нз колку деца, па како она се грижела за децата а чистката само се мафтала низ школо. Е сега, имало колешка што само таа држела часови и била трн во око. Хаха, зошто, бе сестро? Така и кажале од партија исто како и тебе. Добро е барем што си ги обработува часовите и нема да заглави ко вас в лето. Јас сум наставник, по професија, да, немам работени државно. Но, сум работела воспитувачка, продавачка и па никогаш не реков како некој икс таму зема поголема плата од мене. Сум чистела, сум бришела прашина и се па што? Дали знаеш дека може токму таа чистачка ќе ти се најде во животот? Амеби партиски.
Упорно си генерализираш, тврдам дека имаме повеќе од 40 часа неделно. Веќе реков, имаме папирологија непотребна која ја пишувавме до лани на 3 места, од оваа година на две места. За секој час што го одржуваме, пишуваме детално што прави наставникот, што прават учениците, за секоја активност посебно. Ова не го правиме зашто ни е потребно на нас, туку за инспектори. Ако денеска имам 6 часа, треба да имам 6 различни документи со часот опишан во детали. И не, не е иста програмата секоја година, кога ќе им текне на надлежниве ја менуваат, па правиме се одново. Ни се случува во октомври да ни воведат нов предмет. Викаме, ама ние почнавме со оваа програма. Не не интересира, снајдете се. Оставени сме без книги зашто надлежните не распишуваат тенедери, па бараме материјали на интернет и ги принтаме. Во некои училишта има хартија и принтери обезбедени. Онаму каде што нема, сами си плаќаат колегите. Да не споменувам дека ги вршиме работите и на оние повозрасни колеги во администрација кои едноставно немаат компјутерски вештини за да си ја завршат својата работа. Сакам да кажам, наместо да се посветиме строго на држењето настава, ние треба да се грижиме и да ја работиме работата на оние институции што се над нас. Ова е само 10% од администрацијата што ја водиме. Чуваме стража по полноќ за да внесеме часови во е-дневник зашто некој не вложил доволно пари за соодветни сервери кои ќе издржат толкав бр. на посетители. За екскурзиите, јас трошам од мои пари за да си ги почестам учениците. Драги ми се и мене ми е забавно дружењето со нив. Кажуваат постарите колеги, порано имале дневница за тоа. Избегнуваат да одат, не праќаат помладите. Знаете зошто? Не спиеме на тие екскурзии, вашите деца се наша одговорност. На помладите ни е полесно ова, ама има луѓе во години на кои навистина тешко им е да не спијат по 2 ноќи. Го виделе тие Охрид, сакаат времето да им се плати. Не плаќаме ништо... што ако му се случи нешто на само едно од тие 20-30 деца? Кој ќе биде виновен, овој што се прошетал дури до Охрид без да плати. Слободно одете место нас. Нашето незадоволство се собира повеќе од една деценија, затоа е оваа упорност. Ги слушаме лагите како ни ја покачиле платата, а ова е апсолутно неточно, процентот кој велат дека е 21% е само 9%. Гледаме како луѓе со средно во другите сектори под државна капа земаат над 33.000 основна плата зашто имале среќа како сектор да бидат помалку на број. Се прашуваме, зошто се трудевме, учевме и инвестиравме време и пари. На еден совесен наставник/професор уште вие му фалите со генерализирање и ставање на сите во ист кош. Ние сме најпроверувана фела од сите во јавниот сектор. Имаме инспектори кои не посетуваат, имаме советници од Биро за развој на образование, имаме директори и имаме стручни соработници. Сите доаѓаат да видат што и како работиме, ненајавено. Да не заборавам, ве имаме и вас да не сместите сите на едно место. Некои можеби компетентни, ама повеќето немате никакви компетенции за да ја оценувате нашата работа. Нема потреба повеќе да зборувам, вие ќе го задржите вашиот став. Што друго да ви кажам. Ако мислите дека е лесно и не се работи, повелете станете наставник/професор. Ќе видите како е, па може ќе се вратите овде да кажете друга перспектива.
Претпоставувам дека тие се веќе пред пензија и не им се ризикува да се бунат и замараат. Останатите што се, нема кој не е партиски влезен. Ставаат несоодветно. Историчар ќе стават математика да предава, битно само да е од партија. Замисли прати дете на некој влијателен кај педагог, ренде ќе го направат после. И тоа е проблемот што цел образовен систем (како и се друго кај нас во суштина) е крајно политизиран и корумпиран. А сите што се нафаќаат на таква работа за гласови придонесуваат активно и континуирано да се одржува таков систем. И веќе стигнавме до точка каде владее генерална апатија, пошто сите имаме кренато раце дека нешто ќе се оправи. Ваљда затоа стално толку боде очи кога администрација има било какви барања.
Да бидеме реални. Никој од наставниците не се подготвува дома. Чест на исклучоци. Материјалот се повторува секоја година, па така наставниците не ги менуваат своите методи или осмислуваат креативни начини за учење, туку само го повторуваат тоа што го предавале на час минатата година. Значи тие 20 саати не ги работат. За тоа дека нема стрес, па нема. Најголем дел од наставниците не се замараат за учениците, ниту пак со родителите. Хм, додатна и дополнителна не сакаат наставниците да одржуваат. Не им се работи. Знам случаи кадешто не ни одржуваат 7ми час. Значи кога ќе се пресмета, работат само 20 саати дури и помалку, а земаат многу поголема плата.
За папирологијата што ја водите е ништо во споредба со работата во приватна фирма. Нормално дека децата во школо и на екскурзија се на ВАША одговорност. За тоа сте вработени. Да не треба родителите да доаѓаат на екскурзии да внимаваат на своите деца? И да, не ви е тешка работата. Налето 3 месеци слободни, буквално шетање до школо, на зима 1 месец слободни, плата за тие месеци секако има. Ако не си задоволен/а со работава, слободно иди приватно. Само таму нема 4 месеци одмор, доаѓање на работа кога ќе ми текне, понашање кон ученици во зависност дали мене ми е денот или не и работа само кога ќе дојде инспекција (1 годишно).
@draconis14 како прво кога има било каков настан во државата прво се повикува полицијата. Да во твојот град последно убиство имало пред 20 години ама полицијата од твојот град служи во секој град. Во конфликтот во 2001 знаеш колку полицајци имаше загинати од источна Македонија? Од Прилеп и Битола? Конфликтот беше во Гостивар, Тетово Куманово значи цела полиција беше распоредена таму. За избори исто. За спортски натпревари исто. Небитно дали е ладно или пекол жешко. Врне или дува. Небитно дали има или нема корона. Небитно дали е дење или ноќе. И не само 8 часа, туку додека трае акцијата а може (и обично трае) минимум 10 часа. Знаеш дека полиција нема официјално работно време и на приправност е 24/7? Знаеш дека можат да ти прекинат одмор и да се вратиш на работа? Е не даскале не знаеш. На работа си од 8-11/12, во училница, кога студи е топло внатре. Во 12 си дома. Викенд си дома. Празник исто така си дома. Цееееееело лето и пола зима си дома. Храна немал шо храна треба за три часа бе? Зорт до толку ли е? Не ми се верва шо пишам господе боже дури смешно ми е
Така да, собери си ги претпоставките. ........................... Од огорченост почнаа да се мешаат основни работи. Во темава нема дискусија. Има генерализирања, обвинувања и етикетирања, претежно и тук-там по некое добра образложена критика која не вклучува навредувања.
Не е точно, сега зборуваш од инает. Реков инспекција доаѓа ненајавено. Најди ми член во законот за основно или средно кој ме обврзува да одам на екскурзија без надомест. Мене работното време не ми е 24/7. Можам утре да кажам не одам и никому ништо. Многу колеги одбиваат зашто не им се плаќа. Затоа, ние помладите сакајќи да им излеземе во пресрет на нашите ученици, одиме место нив. Не ме читаш, јас работам и приватно. На лето се прават подготовки за наставата од септември, се пишуваат свидетелства, се пополнуваат главни книги, секој си ја уредува својата училница, молерисуваме сами. Во зима имаме 2 недели одмор, за празниците. Во кој сектор работиш ти, па објасни ми која папирологија ја имаш ти? Тогаш јас ќе ти кажам дека ти е превисока платата и дека е ништо во споредба со мојата работа.
Донеле одлука на влада, да им исплатат плати на штрајкувачите, по правила за време на штрајк, односно, само придонеси ќе им платат, а нето плата да им обезбеди СОНК. This is hard ball. Нема убо да заврши ова.
Посмешно беше таа со програмерите што се спореди, со академија вика од 6 месеци 2000 евра плата земале Вика што па не ние Велам исклучени од случувањата во општеството