1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.644
    Допаѓања:
    121.456
    Пол:
    Женски
    Таман си е.
    Само криво ќе ми е ако на учителките од градинките шо ги примаа децата и ги чуваа не им дадат еднократна парична награда.
     
    На An-na, Jana06 и Celltica им се допаѓа ова.
  2. Anah

    Anah Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    634
    Допаѓања:
    1.391
    Пол:
    Женски
    Они треба да штрајкуваат за сериозни реформи во образовниот систем па тек после може да се разгледува и таа опција за покачување плати.
     
    На Annath, zuto, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.571
    Допаѓања:
    8.238
    Пол:
    Женски
    Се надевам дека со глупостиве што ги испиша за екскурзијата не со сериозен.
    Идете без да плаќате на екскурзија, па уште и да ви биде платено.
    Споредете се со луѓе кои работат цело работно време за многу помали плати.
    Ништо не работите, а сакате зголемување на плата. Зошто? Има логична причина зошто ќе биде тоа зголемување? Вложувате труд, работите 40 саати, работите во текот на цела година? Одговорот го знаеме.
    Вие ни овие плати не ги заслужувате.
     
    На Annath, zuto и GirlLove им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.325
    Не знам колку е таман.
    Ќе ги казнат пионите, а не одговорните.
    СОНК ги надупчи, а позади СОНК, знајме кој.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.323
    Допаѓања:
    227.069
    Пол:
    Женски
    Тоа се вика-коа не можеш по магарето, онда по самарот. Ама и самарот да застане на нешто треба, така да магарето не за џабе ќе го јаде.
    Пак нека се магариња.
     
    На Annath и fana им се допаѓа ова.
  6. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.877
    Па сами се ставиле во таа позиција, не ги натера некој. Едноставно не може да се апсолвираат од одговорноста што и сами ја имаат. Сам си направил одлука како возрасен човек да се ставиш во позиција да бидеш пион.
    На крајот зошто да не се платат заменските негувателки и воспитувачки со тие пари?
    Зошто да се плаќа неработењето?
     
    На Annath, zuto, LiliBoz и 2 други им се допаѓа ова.
  7. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Не ми кажа, во полиција работиш? Во 2001 кога беа повикани полицајците од мојот град, си зедоа боледување. Кога престанаа да им го признаваат боледувањето, си дадоа отказ. Значи, ризик нула, бенифиции куп. За лето и зима пишав подолу, да не се повторувам. Јас сум психофизички здрав, со доброволно отслужен воен рок и со 3 месеци курс можам да ги заменам. Тие мене се сомневам, во секој случај ќе им треба годинки. На работа сум од 7:30 до 13:30, ако имаме состаноци и покасно. Имавме и ние прекин на одмор, ни рекоа во сред јули мора да пополните база на податоци. Им викаме ама ние сме на одмор 20 дена. Ние бараме од директорот да се заврши системот, тој си знае дали ќе ви го продолжи одморот. Не ни го продолжија одморот. Прилеп и Битола се големи градови, нашето е мало. Јас гледате, не ги ставам сите полицајци во ист кош. Знам кои имаат ризик, а кои немаат. Смеј се, и мене ми е смешно колку игнорантски настапуваш на темава, а сметаш дека се знаеш. За корона, која очигледно ви е баук, и ние одевме на настава, во подрачните училишта каде што беа помалку од 100 ученици. Не мислев дека сум херој. Напротив, ми беше смешно зошто прават херои од сите, со исклучок на оние кои работат во болниците.
     
    Последна измена: 19 април 2022
    На sonuvana, Bebce1 и malerozna им се допаѓа ова.
  8. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    22.217
    Денес колешката од работа ми вика учителкава само праќа домашни јас не знам кога ќе постигнеме да ги напишеме ,а и погледни колку букви треба дома сега да ги научиме.
    Денес! Во време на нивни штрајк додека пијат кафе и со голем инает и его мудруваат по фб,им испраќаат домашни задачи на децата ,нормално родителите да ги научат на тој материјал за да ја напишат домашната ,и плус буквите кои треба да ги научат.
    Нејзиното дете е прво одделение.
    Јас мислев дека воопшто не комуницираат со родителите како што прочитав овде, всушност не ја ни прашав дали од денес почнала да им праќа материјали за учење и домашни.
    Значи ,врв на безобразлук.
    Треба да се запрашаат наставниците зошто и од каде е толкавиот револт против нив. Да си држеа настава а попладне да штрајкуваат на улица верувам дека ќе добиеја доста голема поддршка и солидарност од родителите и народот.
    Реков ,секој треба да се бори за поголема плата и треба да има пристојни примања,и апсолутно ги поддржувам во ваквата борба.Ама ,на овој начин никако.
    И родителите имаат своја работа на која треба да се присутни ,голем дел работат и физичка работа ,а дома треба да изиграваат учители на децата.
    Страшно и безобразно!!!
     
    На Harper, referentka, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.325
    Ги натера.
    Рачунај, ако си вработен со врски, после треба да 'одработуваш', ако ти побараат услуга, иначе ќе те отпуштат.

    Во основата на системот е корумпирањето и преку народот си ги мерат политичарите.
    Ако ти зависи лебот за децата од тие пари, немаш баш многу простор за маневрурање.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.571
    Допаѓања:
    8.238
    Пол:
    Женски
    Дали сериозно се споредуваат наставниците со полицајци па дури и се жалат дека многу работеле за време на корона? Смешки. Што да кажат докторите, продавачите во маркетите, кои немаа модифициран начин на работа како наставниците?! И знаеме колку работеа за време на онлајн наставата.
    Нема за што да се жалат.
    Треба да им плаќаат соодветно според работно време. Ако си 4 саат, толку ќе зимаш, па да видиме дали ќе се жалат пак.
     
    На prashinka и fana им се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.877
    Па и тоа болдираното е одлука.
    Последиците ги знаеш и влогот што го даваш.
    Никој со сила не ти рекол мораш, ти си барал врски.
    Плус на овој начин, кога страдаат еден куп луѓе што немаат баба сервис, немаат боледувања, немаат одмори кога сакаат, па при понудено 10% да одбијат, не се за жалење.
    Можеа и на тие 10% да кажат ок тука се враќаме да згрижуваме деца, но продолжуваме со протест до 18%.
     
    На Harper, Bezimenka90, zuto и 2 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.325
    Го разбирам сето тоа, ама во бранши каде државата е најголем вработувач и каде системот е поставен да биде преку корупција, тогаш не си баш со некој избор.
    Затоа реков треба од корен менвање цел систем.
    Значи ова вработување... море шо и да е ако е преку услуги, тогаш нема шанси да имаш ефикасно општество.
     
    На Annath, MilaSs12 и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  13. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.877
    Вајлд, како да ти кажам, немам емпатија за луѓе кои свесно си го одбрале тој пат. Не биле несвесни кога САМИ ги барале врските и молеле колеле за работно место во просвета. Знаеш што се бара после од тебе, сам си го избрал патот.
    Многу повеќе емпатија имам за луѓе кои немаат никакви работнички права, за луѓе со еден куп бенефити, не.
    Да се на ниво на професијата да, вака не.
     
    На Annath, Bezimenka90, Idedemja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    @LiliBoz, @Celltica, потпаднавте под пропагандата? Никој на никого не му е пион. Гледајте ја епизодава до крај и ќе видите. Заменски наставници не може да има, нема доволно, а и никој не се нафаќа да работи 3 дена. Ќе му текне на штајкувачот ќе го прекине штрајкот. Овој се изглупирал дошол, па на никаде. Ќе им успее само ако вработат среднисти. Во тој случај, ќе треба да објаснат на јавноста од каде пари и за плати за заменски плус придонеси и за придонеси на постоечкиве вработени. Ама ајде, кога вас успеале да ве прелажат, може и колегиве ќе ги прелажат да го прекинат штрајкот.
     
    На Bebce1 и malerozna им се допаѓа ова.
  15. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.637
    Допаѓања:
    64.070
    Пол:
    Женски
    Секоја планина си има своја тежина. Чистачките на кои се гледа со потценување се карпи жени, што чистат секакви гадурии, усрани wc-иња, улошки залепени на ѕид, рацете им паѓаат за да си го извадат лебот. Касиерките па посебен орден треба да им дадат, прво со какви дебили на милијарда заболени ги тераа маските од под муцка да ги дигнат, идеа и трпеа тепачки по маркети, гужви, ш'чкања и туфкања оти има гужва итн итн. Докторите пак си знаат, тие што вистина ја сакаат медицината не здивнаа периодов. Докторската фела е мизерна, еве @Annath ќе ја земам за пример, она си знае кичмата у кое стање и е кога ќе си дојде после цел ден превиткана од работа. Секој работник заслужува трудот да му биде платен.

    И сите овие работници заслужуваат плата за да можат да си купат леб, да можат да истуркаат еден годишен одмор и да може да си тргнат пари за црни денови.

    И срамота е да се збори за нечија професија со потценување или дека не заслужиле. Затоа што од било која струка секој што си ја сака работата ќе ја работи како што треба, а тие што седат со прстот у гз седат во било која бранша. У секоја има работници и неработници. Јас професор не би можела никогаш да бидам, немам нерви со деца да работам, ниту пак знам како со нив, едноставно не сум способна да извршувам таква работа. Може со мојава струка да дополагам и да идам да предавам у средно стручно школо, ама неќам. Ќе се побудалам, ексик парите.

    Мене муабетот ми беше друго. Дека сме држава каде се троши за тешки глупости, а не се дава на народ. Срам ми е да речам некому дека не заслужува плата, дека не треба да зема или дека им се тамам. Не може 24.000 денари на оваа скапотија што дојде да се тамам, да не се лажеме сега.

    Сите сме свесни дека двете најголеми партии во државава живеат ко богови, а на народот му продаваат ветер во магла. Е сеа да сме понормална држава, на такви гомненици треба да се дигнеме. Ама тука нажалост подалеку од вмро/сдсм не се знае.

    И да, јас сепак мислам дека идејата е добра, меѓутоа знам и дека силни политички игри се тука во прашање. Начинот и пристапот се погрешни. Штета што и ова се обои партиски и штета што уште долго ќе не дупчат во здрав мозок, баш заради романтизирање на тие што ни се џелати.

    Македонија, тоа е. Лутете се колку сакате.
     
    На buba4e89, Hellobeautiful, mareane и 16 други им се допаѓа ова.
  16. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.644
    Допаѓања:
    121.456
    Пол:
    Женски
    Небитно е каде јас работам.
    Ама дека треба да дојдеш ти и да ми кажиш шо и колку работите па баш и не. И врапчињата го знаат тоа.
    Полицаец на твое место би дошол веднаш, ти кога би те викнале да си полицаец би извадил боледување... Мачно ќе ти е да те дува промајата 12 саати.
     
    На Ahoy и Just.do.it им се допаѓа ова.
  17. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.311
    Пол:
    Женски
    Да не ги искусев тие хорори од наставници во основно, сега можеби ќе ве поддржував.
    Напротив, платата треба да им опаѓа се дур не им текне како коректно да се однесуваат со деца, па после според заслуженото нека се прилагоди.
    Треба масовна чистка на наставници :)
     
    На christinnn, Munchmallow20, zuto и 3 други им се допаѓа ова.
  18. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.644
    Допаѓања:
    121.456
    Пол:
    Женски
    Може.
    Удри му есап дупло на тоа.
    48 000 иди така? Е толку би земале ако работат 40 часа неделно.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.597
    Допаѓања:
    91.895
    Пол:
    Женски
    Единствено чаре е да се дадат поголем дел од школите и градинките приватно .
    Па да се прочешла кадарот и да останат најдобрите.
    Така ќе нема интерес за вработување на партиските војници, ќе работат тие што сакаат да работат.
    Ептен не е коректно да ставам скриншот од е дневник колку е пополнет опис на часовите.
    Срам да го фати човек од силната административна работа што ја работат.
    @draconis14
    Види,не има тука што сме работеле во просвета,јас многу добро знам колку се работи,а особено во лето.:rofl:
    Како бе еден не се погоди да каже, се вработив партиски,работата е лесна, работното време е кратко,во зима дома седиме, а во лето на едно кафе одиме во школо.
    Се маченици.
     
    На Harper, Annath, deskarada и 6 други им се допаѓа ова.
  20. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Мислење со кое можам да се согласам. Како овој комичаров наш во Англија што викаше, се караме на граница со Грците за името и после секој си заминува во свој правец, и тие и ние, невработени.
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.