Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Значи реков.
    Шо и да прајме, ако нема коренити промени во начинот на кој е организиран системот, нема никој да види реално подобрување.
    Само претурање од шупље, во празно
     
    На Annath, MilaSs12 и fana им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.873
    Чоек, јас сум работела во образование со договор на дело, 20 часа неделно вежби и тоа во институција за високо образование за ебани 7000 денари. Во превод 350 денари од час. За превоз и јадење таман. Не ме заебавај молим ти се. Кај на сите работата ќе им ја завршиш, ќе прегледуваш испити нивни, ќе држиш часови нивни, за да се покажеш, да можда те вработат утре пошто тие 24000 ти изгледаат како богатство, па после кога ќе се отвори позиција ќе донесат некој мрсули што не знае да си избрише и ќе го вработат пред тебе.
    2 години работев во образование од љубов кон работата, за тие мочани 7000 денари, заедно со стипендијата од мастер земав 10000, после пораснав, видов кај се наоѓам и си најдов работа во приватно, каде можам да кариерно да растам и да не сум нечиј пион. Секако и да имам убава плата, како и средина во која ќе растам. Среќа моја што не сум останала во образование гледајќи кои све се напикаа таму и колку лимитирани можности би имала. Можам и способна сум за многу повеќе, па зошто би останала да ме уценуваат? Значи ако си останал, ти одговара да си во таа политичка машинерија. Или едноставно не ти се напушта комфорот кој го имаш.

    Така да, ве молам стихотворбите оставете си ги на страна, сум била таму, ТОЧНО знам како функционира се. Кои медиуми, кои бакрачи не ме заебавајте ве молам.
     
    Последна измена: 20 април 2022
    На Harper, dunika, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  3. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Како небитно, па треба да знам кој ти е мотивот зошто ги браниш полицајците. Ти мојот го знаеш. Ќе го свртиме муабетот и обратно, и врапчињата знаат колку работат полицајците. За боледување, не ме познаваш, јас во промаја не верувам. Ни се смеат Американциве за тоа промајата како извор на сите болести.
     
    На malerozna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.619
    Допаѓања:
    63.649
    Пол:
    Женски
    Фане, не се доволно 24.000. За живот во Скопје, ако се издржуваш сам не се. Пак ќе речам место да им се лутиме на просветните работници што си бараат поише, треба и ние да бараме.

    За другото пишувано во темава генерално се согласувам, и јас да сум чистка ќе направам. И мене ме нервираат неработници и и јас ќе кревам притисок ако некој си дреме и си брои чавки. И се согласувам дека не е фер децата да одработуваат после 10 Јуни, или да идат у Саботи. Затоа тоа не го цитирав.

    Ама и те како треба општо платите во државиве да пораснат на сета скапотија што ни дојде. Еве јас пак ќе речам, да не подработувам на страна нема шанси крај со крај да врзам. И ми е криво оти се раскостувам и пак на крај е малку. Затоа можеби имам емпатија во случајов.

    Пак ќе повторам, ова си е стриктно мое мислење. Не мора никој да се согласи со мене, знам дека ми е малку утопистички, ама така размислувам едноставно.
     
    На dunika, mareane, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  5. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.491
    Допаѓања:
    120.221
    Пол:
    Женски
    Се сложувам дека како сума не се доволно.
    Јас зборувам дека 'тие пари за таа музика' се ок.
    Кажи ми каде за 4 саати ќе ми дадат толкава плата одма да одам.

    @draconis14 мотив не морам да имам за да знам дека никогаш баби и жаби не може да се споредуваат, нели?
     
    На Harper, lovestoneddd, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  6. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Супер, сте работеле во образование и сте виделе дека е лесно и убаво платено. Па што не сте останале ако е лесно и платено? Слободно пратете, зошто некоректно, не видов дека се штедите од навреди. Еве и јас ќе пратам од моите часови. Нека се дадат школите приватно и нека има чистка, реков веќе јас, ако не сум компетентен, нека ме замени друг/а. Тогаш проблем ќе биде ама скапа е школаринава. Туку, критикувајте си, можеби ќе научите нешто и за другата стрна.
     
    Последна измена: 19 април 2022
    На Bebce1, sonuvana и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  7. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Тоа што ве лажат за одработување, тоа нема да се случи. Си стои во законот и за основно и за средно дека саботи не се работи повеќе и дека годината може да се заврши со скратена програма во вонредни околности. Штрајкот е вонредна околност. Брзо заборавивте како беше лани, скокнавте одма. Тоа им е целта на самопрогласниве господари на нашите и вашите животи. Вие да притиснете и ние да попуштиме. За нив да остане повеќе за крадење.
     
    На Bebce1, Mikha4, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.532
    Допаѓања:
    38.785
    Пол:
    Женски
    Моментално полицаец во Прилеп е во кома после напад од четворица алкохолизирани лица, дури бил на должност, и тоа со неговиот пиштол.
    Ми се чини овде прочитав дека иста е платата на полицијата со образование.
     
    На Annath, An-na и Just.do.it им се допаѓа ова.
  9. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    А
    Не е иста, имаат поголема од нас. Бенифицираниот стаж е за вакви случаи. Ако ме читаше назад цело време зборував за полицајци во мали градови каде криминалот е многу ретка појава. Не може полицаец во Скопје и не знам, Кратово да зема иста плата затоа што ризикот е различен.
     
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    @Cosmi најубав муабет направи. Да се приватизираат училиштата, може најпаметно ќе е. Барем ако не друго ќе се бира училиште според квалитет на кадар, а наставниците и сопствениците ќе мораат да се трудат заради просперитет. Државата да им плаќа според број на ученици или учинок некако. Вака ништо не правиме. Ете матичните земаат според број на пациенти, ако го бива повеќе пациенти повеќе пари, секој ќе си бара според квалитет.
     
    На Annath, fana, prashinka и 2 други им се допаѓа ова.
  11. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.532
    Допаѓања:
    38.785
    Пол:
    Женски
    Може е помал, ама ризик има.
    Во мојот град и Шумска полиција редовно е нападната.
    Не може да се спореди ризикот со работа во образование, па и треба да е повисока платата.
     
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.538
    Допаѓања:
    91.590
    Пол:
    Женски
    Не е коректно зошто има имиња на професорите, знаете нели ако го пополнувате дневникот.
    Не останав заради тоа што требаше да бидам партиски директор,читај партиски потрчко.
    Тоа беше против моите принципи.Против себе не можеш да одиш.
    Оставив таа работа на други потрчковци и си работам приватно за странски работодавачи.
     
    На Just.do.it и prashinka им се допаѓа ова.
  13. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Веќе реков, се согласувам. Само нема да се случи. Целта е уништување на образованието, необразовани луѓе лесно се лажат и манипулираат. Само децата на најбогатите (нашите идни лидери) ќе можат да си дозволат квалитетно образование во приватни школи.
     
    На Bebce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.982
    Допаѓања:
    18.897
    Пол:
    Женски
    Имињата можеш да ги скриеш.

    Пред да бараат покачување не сте се пожалиле никаде како родители дека има проблем. Сега сите гласни.
     
  15. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Добро, ама од друга страна имаат пониско образование од нас. Еве да речеме, нека биде иста. За ризикот нека им остане бенифицираниот стаж. А на тие во поголемите градови, поголема плата.
     
    На kristina.k му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Народот нема да плаќа приватно школо, државата да плаќа, како со матичните, нешто или како приватни здравствени установи кои работат со фондот, пример. Секој ќе има образование бесплатно, ама кој ќе просперира и ќе има повеќе ученици тој ќе има повеќе пари. Секој ќе мора да се потруди да привлечи ученици.
     
    На Annath и Celltica им се допаѓа ова.
  17. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.764
    Допаѓања:
    14.291
    Пол:
    Машки
    Мене не ми е јасно зошто воопшто се прави споредба со полицајци.

    Јас би правел споредба со пратеници, високи функционери во влада, министри… ЕЕЈ, со плагијати и дискутабилни звања и дипломи министри, земаат суми шо не знаат да ги прочитаат. Важно, х% покачување на плати во образование ќе ја банкротирало државата! :rofl::rofl:
    Да не се разбериме погрешно, сум за СПОРЕД ЗАСЛУГА, ама намалете доживљај.
     
    На Angie1432, Bezimenka90, Celltica и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.538
    Допаѓања:
    91.590
    Пол:
    Женски
    Ако сметам дека не е коректно нема да ставам.
    Кој вика дека досега не сме се пожалиле?
    Нормално дека ќе бидеме гласни.
    Децата ни се дома.
    Штрајкот се одвива преку нивни грб.
    Ако нашите деца се заложници и се уценува со нивна настава тогаш имаме право и да бидеме гласни и да се организираме.
     
    На Annath, An-na, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  19. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Јас никогаш не сум се доближил до таа функција. За да бидеш кандидат би требало да си во некоја од партииве. Како што рече колешката може да го уредиш скриншотот и да ги скриеш. Небитно, значи во лице не им кажувате дека не работат ништо. Пред нив се е супер, детенцево да има убави оценки. Еве јас не генерализирам, може вие не сте од тие родители. Ама дајте, пишувајте до инспекторат, барајте квалитетна настава. Или ако пише 5, добар е, не е битно дали предава и како предава. Има повеќе страни во образовниот процес, родителите се еден од нив. Триаголник е тоа, ученик-наставник-родител.
     
    На Bebce1, MilaSs12 и Anie93 им се допаѓа ова.
  20. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.448
    Допаѓања:
    16.260
    Пол:
    Женски
    А среќа па полицајците не се со курсеви, со конкурсите каде што се даваа по 2-3илјади евра и повеќе да те вработат, каде што не беа вработени партиски потрчковци, се шуто и рогато стана полицаец, секои две недели се на боледување и се најголемите митаџии во земјава и со нив се споредува???
    Дајте бар со некој добар пример:D
     
    На Bebce1 и Mikha4 им се допаѓа ова.