Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Пресмешно е како знаете да сте објективни кога се работи за друг сектор, а истово се што пиша важи и за вашиот :D
     
    На Harper, dunika, cresa-jagoda и 16 други им се допаѓа ова.
  2. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Вратете се назад неколку страни и ќе видите дека јас проблемот го негирам. Напротив, го лоцирам во сите сектори. Мене ми пречи само тоа што ние сме единствените кои сме жестоко напаѓани. Напаѓајте ги сите сектори и ајде конечно како народ да смениме нешто.
     
  3. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    2.033
    Пол:
    Женски
    Колегите твои се веќе прелажани. Да видиме сега СОНК дали има пари за плати. Ќе да нема,изгледа недомаќински работеле, толку многу членови, секој месец чланарина и тие ќе немаат за плата за половина месец. Ако рече ноту СОНК не ви исплаќа ќе се буните ли или ќе прифатите. Па каде им се парите, вие прашајте ги после штрајкот.
    Решението е тоа, ќе добијат 10% и ќе ви ја платат платата за да покажат дека не ви правеле протисок и знак на добра воља. Па вие пресметајте за колку пари ве продал вашиот претседател кој е заштитен со посебен закон и има многу големи примања и бенефиции. Крајот вие гледајте го.
    Само незнам од каде беа тие најави до родителите дека ќе трае до велигден. Какк однапред знаеа незнам, ама изгледа после Велигден секој на свое место на работа.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.269
    А бее, најкорумпираната гранка во моментот, ги направија овде маченици светци, како да не знаеме дека дното го допреа со вработување секакви штабци во полицијата.
     
    На Angie1432 и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  5. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Можно е да се случи ова, во секој случај плати ќе исплатат, а заменски нема да ангажираат. Синдикатот одамна ми е прочитан, затоа и не сум член. Јас не можев да стојам на страна, што да кажам на колегиве, нема да ве поддржам, не сакам поголема плата и подобри услови за работа. Друга работа, после тоа синдикатот ќе се распадне и ќе изгуби пола членство. После ќе формираме нов синдикат кој пак ќе си го бојат во омилена политичка боја, во зависност кој е на власт.
     
  6. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.927
    Допаѓања:
    18.818
    Пол:
    Женски
    Ако се толку неспособни, смени школо. За се има начин.
    Што не се организиравте претходно?

    Кој изгубил од една недела неодење во школо? Учев и јас, преувеличувате многу, нема неписмени да останат децата. Еден грип фатиш па дома седиш 7-10 дена, и кога ке се вратиш на настава не си изгубен, си испуштил лекции неколку.

    Кога видов колку плаќаат за патни трошоци, ми стана мака за сите болни деца кои немаат пари за лек, за сите кои работат а не се платени затоа што државата ги штити газдите, за сите што се платени малку, за сите што не можат да дојдат до работно место од партии итн.
    Ама кога видов дека штрајкува просветен работник, помислив дека одиме напред. Наместо родителите да се поддршка, тие се најголеми противници на наставниците.
    Многу вработени кај нас се премалку платени на сметка на политичарите. Сите треба да земаат достоинствена плата. 24000 не се добра плата за овие услови, кога би ставиле се на кантар.
     
    На Bebce1, Angie1432, NoirSerpentine и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.295
    Пол:
    Женски
    Реално, ако штрајкува полиција исто ќе се пиши, "напикани партиски еден куп луѓе, без образование, глупи, вакви, онакви".
    Ако штрајкува администрација, исто.
    За здравство да не зборам, некој велеше убо шо ги тепале, а 2 години некои глава не кренаа од работа.
    Штрајкуваа и угостителите, занаетчиите, кога немаше од шо да исплатат плати - "богаташи, коли возат, а за вработените немале".
    Судство - "високи плати имат, шо сакат уште".
    За сите се буни народот, ајде нека не даваат плата ич, се живеј и без неа.
    Дека не работеа две години, не работеа. Дека има секакви, има. Ама не се сите исти.

    Дури не сме во чевли на другиот греота е да се збора. Многу гнев во темава, насочен на грешно место. Македонија е богата земја, ако се искористеа природните ресурси и ако не ја испокрадеа. Вадете си очи меѓусебе уште, виновникот нека ужива.
     
    На Abel, dunika, mareane и 18 други им се допаѓа ова.
  8. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    13.251
    Пол:
    Женски
    Што да те заебавам бе Алена?
    Па еве читај на темава има примери колку сакаш за непрофесионални и неодговорни наставници кои повеќе ги фрустрираат децата отколку да ги едуцираат и ред други работи.

    Чест на исклучоци што стварно се трудат за учениците и квалитетно одржуваат настава. За вакви вистински просветители треба и 1000 евра да им даваат, без проблем.
    Ама за тие погоре, ни денар.
     
    На cresa-jagoda и GirlLove им се допаѓа ова.
  9. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски

    Во маркети работат далеку пообразовани.
    Баш професори отидоа оние што од 3ка поголема оцена немаа...
     
    На LiliBoz, GirlLove и elimkd им се допаѓа ова.
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    28.549
    Според ова поентата на штрајкот ви е утната.

    Прво, зошто не штрајкувате првенствено за да ви обезбедат услови за работа, принтери, хартии, соодветни материјали и слично за да ви ја олеснат работата и да не ви создаваат (и на родителите) дополнителен трошок?

    Второ, наместо да им ја вршите работата на колегите кои не поседуваат компјутерски (па и други) вештини, залагајте се да научат, да им се држат обуки, да одат на курсеви...а не да се залагате сите да земате исто. Се прашувам како ли тие наставници прават извештаи за кои е потребно познавање на Ексел, а они не знаат ни Ворд?

    Очигледно е дека таа административна работа што упорно ја кажувате ја прават поединци, сѐ друго е копи-пејст од наставник на наставник, од генерација на генерација.
    Како прават презентации, тестови, наставни листови...? И тие ли друг им ги изработува?
    Очигледно е тоа! Гледаме и споредуваме што добиваме, истото се врти во сите одделенија, кај сите деца од различни генерации во едно училиште.
    Наставник од подрачје со специфичен дијалект, а работи во скопско училиште, дава тестови и презентации со типичен скопски дијалект (самата употреба на дијалект е недозволива инаку!), што е доказ дека тоа не е негов личен труд. Дури е доказ и дека материјалот не е ни проверен пред да се презентира, во спротивно би бил коригиран.

    И како само со покачување на платата овие проблеми ќе исчезнат? Софтверот сам ќе се надгради, наставниците самоиницијативно ќе одат на курсеви за компјутери на свој трошок...?

    За болдираното: Бидете малку пообјективни и барајте вашиот труд да се цени на поинаков начин. Ете тогаш нема да генерализираме. Сѐ додека вие сами се ставате во ист кош со барање иста плата за сите (вешти/невешти, посветени/незаинтересирани), сѐ дотогаш ќе наидувате на оваа генерализација и немање поддршка.

    И за крај, благодарам на поканата, баш би сакала да го работам тоа, но не е толку едноставно да се влезе во вашата "фела", за жал.
     
    На Harper, Abel, Idedemja и 11 други им се допаѓа ова.
  11. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.801
    Допаѓања:
    40.354
    Пол:
    Женски
    Алал да ти е за мислењево. :clap::clap:
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  12. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Веќе и врапчињата на гранките знаат дека на работа во образование не може да влезе ни Алберт Ајнштајн ако не е партиски примен. Ок, ај поддржуваме повисоки плати за наставниците. Ама, каде се да скокнат за обемните програми, каде беа за дигиталните учебници, кога класот на син ми беа во изолација пола наставници не се уклучува или н крај на час со изговор дека немало интернет на школо(а од други извори знам дека имало). Кај се наставниците да се збунат за тоа дека немаат основни услови за работа, тонер, хартиј, маркери и слично. Сите знаеме дека има напикани партиски кадри кои појма немаат ( ќе бидам груба ама тоа е). И како сега да добие покачување исто наставничката која им вели препишете од учебник и си дреме на телефон, онаа која им преведува на гугл транслејт и онаа која дава се од себе да научат? Не е фер. Ама за пари и за лични интереси сите се сплотија. Сами си се криви за ова, оти за да влезат на работа замижуваат пред се. А децата во овој случај се најоштетени. Кога ќе станат сите наставници и ќе речат тргнете ја политиката од образование, тогаш сосема ќе ја заслужат платата. П. С. Има деца кои во 6 одделение уште не знаат да читаат, и ред други работи, немаат апсолутно никаква волја за учење, а тоа значи дека некој не си ја работи работата како што треба. Факт е дека ако родител не се посвети максимално дома или си плати приватни часови нема убав успех. Епа тоа многу зборува колку работат. И има предвидени часови за дополнителна и додатна настава, ако сакаат да има успех ќе ги држат, а не само гледаат побрзо дома да си заминат. Има исклучоци, ок ама ретки. И извинете наставници ама вие сте виновни за многу нешта во општествово, затоа што од мали ги учите децава дека и тоа дете што учи цела година и има заслужена 5 ама и тоа што е на некојси кој ќе ви се јави да му пишете 5 ако појма нема вие му пишувате. И од тука почнува се, знам примери во средно медицина кои ништо не учат ама утре инфузии ќе ни ставаат. Е кој е тука крив?
     
    Последна измена: 20 април 2022
    На Idedemja, cresa-jagoda, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  13. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.801
    Допаѓања:
    40.354
    Пол:
    Женски
    Ама има и супер одлични деца кои сакаат да учат и ги интересира учењето и школото. Не ќе да е до учителите. Отсекогаш имало добри и лоши ученици во едно одделение. Да не пишувам па дека родителите или бабите и дедовците им пишуваат домашно на децата. Да не се правеме од Марс паднати
     
    На Anie93 и GirlLove им се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.955
    Допаѓања:
    24.039
    Никој не ја потценува професијата нивна.
    Само сите трубиме дека треба асална чистка да се направи. Навредиш ученик? Леташ од работа. Ќутиш со месеци на булинг врз ученик. Исто леташ. Ако ученици треба да се тресат пред некои наставници оти секој ден на лева нога ги почнуваат, и они нека се тресат пред нив.
    Премногу се перчат со тој авторитет, постари се и наставници и макар да им вадат душа на ученици, мора да ги почитуваат.
    Имав ваква што на најгаден начин потценуваше ученици ако згрешат одговор на прашање. Глупи, неспособни, никогаш немало да биде човек од нив итн итн. И кога ја научивме оти е ваква, ќутевме сите. Па после беше не учествуваме на часот, многу тивки сме биле.. Бре.
     
    На nextredstyle, cresa-jagoda, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    5.741
    Пол:
    Женски
    Дали ако го добиете посакуваното покачување доброволно ќе им ги одржите изгубените часови на децата? И зошто не? Како тие деца ќе го надокнадат изгубеното?
     
    На supergirlmb и fana им се допаѓа ова.
  16. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    6.527
    Пол:
    Женски
    Браво за кажаното (y)
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bebce1

    Bebce1 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2020
    Пораки:
    1.531
    Допаѓања:
    6.527
    Пол:
    Женски
    А за тие деца што навредуваат наставник и што одат на училиште само да се шетаат и да им помине времето и кој има најјак телефон? Што правиме со тие ученици?
    Знаете дека нема никакви казни за вакви ученици? Знаете дека сите наставници се секијдневно под притисок од инспектори?
     
  18. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.801
    Допаѓања:
    40.354
    Пол:
    Женски
    Постојат ли уште укори? Во мое време имаше. Тогаш избркаа неколку ученици заради однесувањето. Не е фер сите ученици да страдаат заради тие неколку на кои им се може. Вакви ученици како што пишуваш е имало отсекогаш.
     
    На crimson и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Зошто се ви се сведува на казна?
    Нели вие сте педагози и треба да ги внесете тие морални вредности кај децата.
    Нормално не можете да ги воспитувате, тоа е работа на родителот, ама во крајна линија моќта да ги "казните" е кај вас.
    Вие исто така одбирате послушност по секоја цена.

    Повторно, сами сте се довеле во таа позиција да бидете зависни од нив, со оглед на тоа како сте ја добиле работата.
     
    На crimson, Mantub, Idedemja и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Зошто нема никакви казни? Имате ли некаков правилник како да постапувате со дете што го нарушува часот, на пример? Или ако врши булинг на друго дете. Како по правило би требало да реагирате тогаш?
     
    На Anah и Celltica им се допаѓа ова.