Го разбирам јас тоа и така е, само што мислам дека сите знаеме колку е саат и дека во суштина ништо нема да вроди со плод во оваа дупкава од општество кога некоја партија нема интерес од тебе. И не е дека народот е апатичен, или дека е инертен, туку едноставно јасно ни е дека степенот на корупција е толку голем што буквално сме немоќни. Еве јас не знам за начин, а сум размислувала, за некакво влијание да добиеш без политичка позадина зад тебе. Колку сакаш можеш да протестираш, кога не си гласачко тело, ништо нема да добиеш. Колку стечајците нешто што добија или земјоделците. Сите сме дел од проблемот, ама треба да се свртиш и да видиш кај е твојата грешка, а не како примериве на темава многу често, да глумиш маченик. И само да бараш и бараш, без никакви аргументи. Бараат поддршка сега, а кога треба они задачата да си ја завршат, што?
Да и според мене е глупост, мораш да најдеш секаков начин сам како знаеш и умееш.....класен раководител ќе разговара со детето, со родител и пак ќе е иста песна следен пат
Приватник во оваа криза,со покачување на се и сешто и плакање на сите давачки кон државата(буџетот)едвај може да преживее и да исплати плата,а не да дава покачување.Ти како вработен во приватно можеш да бараш покачување ама ако нема од каде,како ке ти покачи плата? Тоа е основна разлика со просветариве. Просветариве од тој буџет во кој сите учествуваме,добија покачување. Не им одговара. Еве нека се редуцира кадарот. И ке има пари. Ама тоа нема да се случи, јас не сум слушнала за технолошки вишок во просвета. треба еден професор по англиски,пикни двајца на работа,да има гласачи.
Така е има, и тие што учат и сакаат да учат ја губат желбата кога ќе видат дека некој кој има познати родители (пратеници, адвокати и сличии) добива 5 без ни малку мака. Епа децата во 6 7 одд веќе размислуваат со своја глава. Лично осетив и ме заболе кога син ми беше во првите тројца на натпревар во поглед на бодови, ама пишале пред него други кои немаа ни пласман, затоа што се деца на пратеници и адвокати. Кој го прави тоа дискримиирање? Кој му ја уништува желбата на син ми за пак да учи и со љубов да оди на натпревари?
Мое мислење дека искрено има недостаток на наставници. Паралелките треба да се максимум ете 20 деца, исто и во градинките по закон мислам е 16 не сум сигурна. На пример кај син кога наставничката по македонски беше на проект на патување не ја замени никој, математика исто беше еден месец на боледување не ја замени никој. Децата изгубија премногу настава и часови а за на крај ќе им шибнат претешки тестови. После децата криви биле. Бидејќи сум на студии поврзани со образование, видов дека во БРО, МОН, и слично има еден куп советници изнапримани. Исто во Државен просветен инспекторат. Е по мое баш тие ништо не работат. Наместо да примаат наставници асистенти, на пример за помош во административна работа и слично кај нас упорно се прима кај што нема потреба. Системот ни е болен, а за тоа зборува фактот што за 30 години имало дури 16 министри за образование и ни еден не го оправи. Веројатно оти им е најсилна алатка за партиски препукувања.
Точно дека е вака. Учителите дискриминираат и јас сум го почувствувала тоа. Син ти стигнал до тоа место зашто учел и тоа е негова заслуга,а делумно на учителот. Тоа што на крај така се завршило е срам за учителите. Јас конкретно пишував за желбата кон учењето секојдневно,дека не секое дете сака да учи и има многу голема желба. Некои едноставно не ги бива.
Некои од нив имаат видено, па пишаа погоре запишуваат вонредно педагошка и ја земаат дипломата како знаат и умеат, читај кај се може со врски и мито, па кога ќе ги протне партија кај што лижеле ете ги во просвета. Писмени, неписмени, полуписмени што им е нив гајле дека учениците такви ќе излезат како нив. Еве жив пример на форум на наставничка и велам не се пишува слеано не знам си се потсмева со друга дека сум ги учела граматика јас тука. Во странство да ги коригираш и научиш како да не грешат од ситно до крупна грешка, сто пати ќе ти се заблагодарат. Немаме култура,асални вредности па ни квалитет во образование, тоа од некаде иде во пад скоро до 0 е. Трагедии. И пришав претходно на темава врие од 50+ годишни нововработени во образование со бутни, турни, подмити, земи книшка па за младите и способни кадри не се остава место. Ама овие 50 годишниве виделе како е тешко во приватно и сето ова што го опишуваш и се клапнале во партија или со мито стасале кај се па ќе истураат фрустрации и незнаење на децата. Таквите неспособни и неписмени наставници, ниту заслужуваат нечија почит ниту плата а камо ли 10% плус на плата. Кога ќе понудат знаење и квалитет јас меѓу првите ќе речам и повеќе од 10% заслужуваат да им се покачи.
Не бараат заменски од други причини.треба да ги пријават и платат општините времено заменските, па бираат да губат децата.Не дека нема наставници. Керка ми во основно беа три одделенија. Секое одд имаше свој наставник по македонски,англиски,физичко. Сите со половина фонд на часови. Тие изборните од 6 нагоре, исто така.
На секоја поударна тема од ваков тип овој ти е заклучокот, што и така си е како си пишала, ама мислиш повеќево дури и сите не го знаеме ова и? Можда и повеќе се и ти што предлагаш? Поточно побитно е што од тоа што сите знаеме и предлагаме ќе се усвои и промени. Страници наназад им пишавме на што првично треба да им се темели и фокусира штрајкот и како да го организираат и спроведат за да имаат поддршка од сите. Вака е како е зошто Курто и Мурто,читај Сдс и Вмро си играат курташак со години со сите буџетари. Тие што ги поддржуваат партиите и пропагираат за нив и сите во државава што се пробиваат со партијата напред го изградија овој систем на нив треба да им се обратиме, тука јас или ти а пишала а не пишала ништо не менува. И додека се прашувате што наставник да прави кога му даваат мито родители за оценка и си ги поддржувате колегите што влегле со книшка, кутри тие ќе ст(м)е до ова дереџе и тек полошо следи.
Кате јас дадов поддршка и сметам дека заслужуваат покачување тие што понудиле квалитет и знаење. Уште во првото мислење на темава си пишав мој личен став за штрајков дека со покачувањето и способните и неспособните наставници ќе се опарат и тоа е факт. Никој не оспорува било кој да си бара подобро, ама не може преку леб и погача. Кога ќе понудиш квалитет и добри резултати тогаш добиваш покачување така е во секој сектор, квалитетна услуга плус на плата, а изговор се зголемија трошоците и покачете ни ја нема поента. За сите се покачени трошоците требаше пред да се зголеми минималецот да се помисли на ова како ќе се одрази на сите плати во сите сектори и општо на нашата економија. Избрзани и недоволно обработени и изанализирани одлуки од тие што се најплатени во држава ама еве очигледно неспособни да направат квалитетна стратегија и менаџирање со буџетот. Или еве и да направиле одлична стратегија ниту знаат да ја објаснат, ниту да ја спроведат на дело. Не е само убави зборови на две три страници, а нема никаква реализација. И многу пати им пишавме повеќе членки на што примарно требаше да им се фокусира штрајкот и како да го организираат да имаат поддршка од сите, ама тие алчни удрија примарно дека најбитно им е плус на плата за да понудат квалитет. Која уцена е тоа, а башка што е врз грб на децата цело време спроведувана, тие се колатерална штета на се цело време.
Веќе го препознавате проблемот. Има во сите сектори и професии луѓе кои не се компетентни. Јас сум забележал вакви случаи и во приватниот сектор. Некој бил на некого, па примен во фирмава, а не знае да работи. За него работи друг, а овој зема повисока плата од него. Секако дека ќе ги одработам планираните содржини, нормално јас зборувам за себе. Во коментариве видов треба да сме проверувани. Ние сме провеувани, може да ни дојдат на секој час, без никаква најава. Знаете дека се оценува нашата работа на секои 3 години? Во кој друг јавен сектор на вработен му ја чешлаат работата и му се бараат пропусти секои 3 години? За тоа некој ме оценува, а тој некој има пониско образование од мене. Добивам оценка како јас што оценувам, од 1-5. Мислите не ми е преку глава да ме оценува некој со пониски компетенции. Угнетувани се наставниците/професорите повеќе од една деценија. Велите да се побунам, па јас се бунам. Не треба да заборавите дека и ние сме дел од овој народ, голем дел и од моите колеги се исплашени да кренат глас. Во секоја држава борбата за социјална правда започнува од студентите и просветните работници. Кај нас студентите заспани, ние заспани, народот заспан. Уште една работа, не држат настава совесните наставници сега. Држат настава партиски инструираните. Малку се тие, кај повеќето зовре и знаат дека партијата нема да им стави леб на маса. Како можат да го погледнат својот колега во очи и да му кажат дека нема да се солидаризираат со него зашто не сакаат повисока плата и подобри услови за работа? Гледам ги фалите, ама за жал тие не се за фалење. Јас цела кариера ја поминав раскажувајќи им на моите ученици дека ако се сложни, никој не може да ги скрши. Често ова се врти и против мене, кога ќе направат некој проблем не можам да откријам кој е, никој не кажува. Па се убедуваме дека ќе добие поблага казна за сам да се јави. Ама продолжувам и на секоја генерација истото и го повторувам, надевајќи се дека моето дете, заедно со овие деца ќе може да смени нешто. Ако ние сме неуспешна генерација, барем нашите деца да не се. Тие да имаат шанса да се изборат против оние кои ги угнетуваат. Јас знам дека секоја професија си има своја тежина и знам дека секој сака поголема плата и подобри услови за работа. Додека ние овде се препукуваме, некој веќе пресметува колкав процент провизија ќе земе од следниот проект. Видовте дека за 2 недели штрајк имаа една средба? Кој сака да продолжи наставата, а кој не? Не може тој што одбива да преговара да излегува на телевизија и да кажува дека ние сме виновни што не продолжува наставата. Ова иритира и било кој од вас да е на наше место исто ќе постапи.
Точно така!! моето мислење беше дека уште на 12 ќе беше крајот на штрајкот и со ладни глави ќе се најдеше решение... Со покачување на платата на професорите ќе се мотивирани да работат подобро и поквалитетно!!! А од каде пари? од кој буџет? ние сите што сме плаќале?? да од оној што СИТЕ плаќаме и од тој истиот што го крадат големците сите ВМРО/СДСМ/ДУИ сите до еден...
Дека сите наставници се исти-не се. Постајат и оние кои што се навистина добри во својата работа. Дека повеќето се фуш се. А како викаат скапаното го скапува и најубавото. Никој неможе да ми го докаже спротивното водејки се по личен пример од тоа каде и што сум учела а бога ми и гледам по тоа кај што учат децата од моја околина (кој осмолетка кој средно). Ако споредуваме со надвор за кој што имам исто така познавање од прва рака какво е образованието ќе треба да се скриеме во една дупка долна долна па најдолна и да не зуцнеме за покачување. Но ! Не се согласувам дека наставниците се криви што младината ни е дефакто не писмена. Таа една наставничка, професор што и да е треба да се справи со 20-30 ученици или 150 студенти доколку е професор. Па неможе. Па никој не може што сакате зборете овде. Детето од мало па и по големо 50% ако не и повеќе образованието како и воспитаниста ( дека школото е институција со свои правила и норми) си ја влече од дома. Такада џабе рипате дека поради наставниците денешните деца се не писмени. А дали треба да земат повисоки плати... Сите ние во било која професионална свера сакаме да напредуваме материјално... Е сега дали е заслужиле пак ќе кажам чест на исклучоци ама мое мислење е дека не заслужиле... Можам многу примери зошто да набројувам...
Значи како ме провали. Луѓе ни пишува нас во договор за вработување од колку до колку сме на работа. Напоменато е дека останатиот дел од работното време се надополнува дома. Притоа, тоа не може да се измери, некој работи повеќе од предвиденото, некој помалку. Тој што работи повеќе, не добива плата за прекувремена работа. Еве еден актер, колку работи ефективно во месецот, колку време е на сцена. Епа, ајде дајте му само пари за времето поминато на сцена. Тоа што тој учи текстови, прави проби итн. да го заборавиме. Не знам дали си полицаец, ама ние често си ги гледаме како во униформа си пијат во кафулињата или кафеаните. Ова за вчера што рече, промаја многу има... Имавме и случај, да се напие, да извади пиштол и да пука во воздух. Уште си работи човекот, се заташка работата. Ајде, кажи де, проблемот е само во образование. Тотален рисет на системот е потребен.
Колку време? Една недела откако ќе им покачат? Месец? До крај на оваа школска година? Споделив и истражување на темава, покачувањето на платите на наставниот кадар не резултира со подобар квалитет на настава.
Епа за многу професии треба спремање, учење. Никој не е спремен 24/7 да го станеш од спиење да работи одма што му речеш. И доктор да наиде на некоја нова ретка болест, ќе седне дома и ќе листа 2000 страни литература да најде нешто за болеста. И со мојава струка ако ми речат ќе работиш тоа и тоа, ќе земам дома ќе прочепкам литература, видеа ќе гледам да се едуцирам што како. И тоа е прво за мене оти лично сакам да учам ново, да се надоградувам, да знам што правам, не се осеќам присилена ако се подготвувам за нешто ново што сакам да научам.
Оти професорите што штрајкуваат што ги имам на фб по кафиња се сликаат? Така штрајкувате? Таман си дадовте некој слободен ден!