Јас немам проблем да им ги покачат. Ама дека заслужуваат сите, па и не. Тие што немаат волја да предаваат заради ниските плати...епа не знам како навредување, victim blaming ученици за булинг со најтешки зборови, мешање во интима на ученици (све ова сум видела или лично доживеала) ќе им ја покачи платата. Да не ти се работи е едно, да си дозволуваш работи кои не треба на работно место е друго.
Маре сакаш се лути, сакаш не. Некои од вас заслужуваат, ама некои ни денар. Нема што да се лутите и вреѓате, туку запрашајте се зошто толку народот е против вас и вашето покачување. Очигледно е дека имате проблеми, решавајте ги, но не преку децата. Сите имаме деца нели. Има деца и продавачката во Кам која работи повеќе од вас. Ама платата и е помала. Суштински промени треба во државата и треба и вие да бидете малку повеќе самокритични и да кренете глас. Ти ваљда не си, ама твоите колеги вработени преку партии се сериозно гласачко тело. Тие против ништо не креваат глас и на избори гласаат како што ќе им кажат. И како ќе се променат работите и за мене, и за тебе и за сите наши деца? Никако. Или ај сите да се иселиме.
Ај спореди со минимални плати. До вчера 15 000 илјади беше кај вас минимална, до пред неколку години 12 000. А учител од 1 до 4 колку што паметам од пред 15 години зема над 20 000. Тоа е дупло па и повеќе од минимална плата. Нешто слично со повеќето држави, ама тие сакаат повеќе. Па и најде со кои држави да се споредува, Германија и Австрија и Луксембург Така можат сите работници од сите сектори да излезат и да се споредуваат со Шведска и Норвешка
А бре на ја направив јас табелава. Пиши му на Нико ако згрешил. Јас знам дека од секогаш им биле ниски платите на наставниците. @mareane дека ви се мали платите, дека работите во застарени училишта, сами принтате дома, на ваш трошок е се, па и родителите купуваат материјали и тоалетни хартии и марамици тоа е факт. Ама факт е и дека ти имаш 2-3 часа работа и после си дома, некогаш имаш 7 часа ама не секој ден, имаш зимски имаш летен распуст. Јас и другите во приватен сектор, имаме одреден број на денови на одмор, ретко работиме 8 часа во денот, работиме и повеќе а не сме платени за прекувремена (кај мене не сме). Секоја минута приватна мора да ја правдаме.. Така да секаде има и плус и минус.
Во Мк никогаш не биле, споредено со стандард и останати плати. Тие што мислат дека се на ниво на хирурзи и заслужуваат многу повеќе е друго.
Целиот проблем е што од претходната власт се ветени 45.000 ден плата и тие се изгласани во буџетот за 2022.Е сега колку што знам ставот е дека би прифатиле и да се заокружи на 35.000.
35.000 сакаат? Кој колку сака нека се лути премногуу е! Зимски распуст Цело лето фри Учителка во градинка од 8-12 Боледување кога сакаш Викенди слободен Детето две песнички научи за цела година ! Секој ден само црта и дома ќе црта и бои Золва ми еве ја не седи во школото , си седи кај нејзините у друг град а штрајкува Хм….
Многу сакате. Претерувате. Не може сите да земаат иста плата.Немаат сите исто образование и иста работа. Не е ни мизерно, ни малку да се зема плата од 20 илјади нагоре. Знаете да кажете дека сè е поскапено, а не знаете да заштедите. Наставниците и професорите колку години по ред бараат повеќе пари... Заслуги, кризи и долгови на државата.Ич не помислуваат на тие. Не може така до недоглед. Колку генерации не знаат да се изразуваат правилно во образовна и деловна средина? Колку генерации не знаат да објаснат некои поими или ги мешаат? Колку ученици трпат булинг оти наставникот не реагира? Ова е побитно од покачување на плата.
Јас денар веќе данок не плаќам во државава. Вакви манипулации преку деца не смее веќе да се толерираат! Кому платата му е ниска нека излезе од работа и нека најде поплатена! Така функционира во цел свет ако си незадоволен од плата ќе побараш подобра работа. Ама да уценуваш преку деца,не! Дали некој размислува од тој просветен кадар дека има родители кои немаат каде да ги остават децата? Нека почнат да бркаат од работа и нека се вработува поквалитетен кадар. Од тоа што го знам млади професорки вработени со ентузијазам и желба работат,и на натпревари праќаат и со мерак работат. Тие не штрајкуваат,другите по југословенски принцип клати врата,земај плата и лечи фрустрации на деца. Кога ќе имаат резултат тогаш плата. По 3 пат школо завршивме со децава работејки дома,тоа од што се преработени.
За првата реченица - затоа покачување по учинок. Тоа го збориме повеќето, зошто не се бара покачување по учинок туку бараат за сите. За останатото, кажала Јуле, платите на наставниците се поголеми во други држави, ама и квалитетот на образование е многу поголем. На никое работно место не велиш дајте ми покачување па после ќе работам. Прво презентираш што си достигнал, докажуваш, приложуваш резултати па врз основа на тоа бараш покачување.
Децава наши вести гледаат дали ќе одат во школо,така им кажа класната кога почна штрајкот. Недела дена никаква комуникација од класен раководител. Тоа од што им е многу гајле за децава.
И мене ми е многу криво што после толку време седење дома, ПАК се децата дома... многу страдаат. Какви вредности, жити се? Најнормално е на тие години и во основно и во средно да размислуваш како полесно да поминеш во школо...
Епа нена како да ги поддржиш? Ако сакаш нешто, бори се за тоа. Нека те видат дека си гласен. Бесмислено ми е борба за повисока плата дома од кревет. Децата нема да им покачат плата.
Се сеќавам пред многу години имаше протест на шофери во Јапонија за плати исто беше. Луѓево одлучиле да возат без пари, патниците да не губат, туку државата да не зима данок за тоа. Не викам дека и овде треба така ама барем кај нас, државата ѝ е гајле. Једино да чекаш да се сожали на децата.
Истово е и кај нас.Од медиуми да се информирале.Епа браво за нив. Децата меѓу себе комуницираат,а класните се недостапни.На што ги учат со нивново однесување? Кај син ми претседателите на класови комуницираат меѓу себе,па ги известуваат во групи,а наставнициве никаде ги нема. Кај ќерка ми им заклучуја училници,одат само на еден час,а другиве ни со еден збор не ги удостоија. Кога ќе се спремаат за матура? Како што тргнале,ако почнат во мај,среќни треба да бидеме. Сестра ми вика утре децава со неа на работа и со нив ќе прегледува пациенти. И кој вика дека немаме право да се буниме за нивниот штрајк? Даноци плаќаме во оваа држава,а со тоа и имам право да знам каде одат нашите пари.
И ние треба да реагираме. Ова веќе ги премина границите. Не знам како но треба да се организираме,родителиве се револтирани. И на основци,градинка,средношколци.