Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Не секое дете го има луксузот да знаат дома да покажат.
    Еве на некое родителите ако му се на работа обратна смена? Ако некое нема родители и живее со баба му што има едвај само основно завршено? На наставникот обврска му е да го учи детето, родителот може да биде дополнителна или олеснителна околност, а не пракса.
     
    На Harper, JoyJoy, Mikha4 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. _beautyy_

    _beautyy_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2021
    Пораки:
    735
    Допаѓања:
    2.487
    Пол:
    Женски
    Со мислењето сум поделена.
    Прво, во некои услови на некои професори навистина им е мала платата(ретки се, ама заслужуваат поголема плата). Имам роднина професор, и не е баш дека само 4 часа работат на училиште и толку, откако дојде половина ден го помине спремајќи материјали за утрешниот ден и доколку има прегледува тестови и слично, меѓутоа ОВА Е МНОГУ РЕТКО. Имав некои професори и во основно и во средно кои дојдеа на час, почнат да си зборуваат за својот живот, политика или пак да ни даваат совети а од лекцијата ништо и така си помине час а ништо ново не научевме. За мене овие луѓе не заслужуваат покачување, во буквала само како физички да се присутни. Ќе повторам што пиша еден член претходно, треба чистка да се направи и потоа да видат кој заслужува а кој не повисока плата.
    Од друга страна, во оваа ситуација, кога учениците се на крај на школската година(ем што едвај појдоа, па уште ова фалеше) малку е лакомо сега да штрајкуваат(подобро да почекаа лето, така никој немаше да биде во загуба) бидејќи оваа ситуација може да предизвика последици, што да кажеме за учениците кои треба да се запишат на факултет или во средно? Продолжувањето на школската година воопшто не треба да се земе во обзир, на 40+ степени децата да одат е нехумано, плус тие за ништо не се криви па потоа тие да испаштаат.
    Како и да е, од оваа ситуација никој не е во добивка(освен професорите кои ќе си добијат покачување), школската година уште малку и отиде.
     
    На JoyJoy и raww им се допаѓа ова.
  3. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Значи не зборам за да види како ти оди, нормално е тоа.
    Ама да земе да го учи континуирано и нон стоп домашна заедно да пишувате, не, не сметам дека е правилен пристап.
    Може и ти не мислеше на тоа.
     
    На Idedemja и Annath им се допаѓа ова.
  4. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Пдите во екстреми.
    За се тоа има начин ако се сака.
    Мајка ми на милион деца помали од неа покажувала од таа причина.
     
  5. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Супер, ајде со тебе да завршам со темава. Скоро секаде во светот се штрајкува на ист начин. Си отидоа многу колеги мои во Германија, се прекфалификуваа, завршија средно медицинско вонредно и си отидоа. Од која струка има еден куп? Можеби, педагошка, ама тие предаваат до петто одделение. Ако има еден куп, што не најдат замена сега, нели донесоа 2015 година неуставен закон, единствен во свет за замена на наставниот кадар во случај на штрајк. Од мислењата изнесени тука не ме ни чуди што сме последни во Европа. Па вие и најмотивираниот ќе успеете да го демотивирате. Ако работите во приватен сектор зошто не формирате синдикат и вие да се борите на ист начин? Пет луѓе треба, пет. Не покажувајте со прст на нас, ние не ве угнетуваме. Да оспоруваш право на штрајк, а во исто време и ти да си работник е смешно и себично. И не, нема ниту еден да отпуштат, не смеат. Па не сме ние до толку удрени да штрајкуваме незаконски. Има разлика од писмен и неписмен. Ама ајде, ќе ви кажам искрено, не ни очекував поддршка од јавноста, а не ми е ни потребна. Јас пробав да објаснам дел од тоа што го работиме и добив инфантилни одговори (секоја чест на исклучоците). Баш да ве видам што ќе направите кога сектор по сектор, на сите платите ќе им се покачат. Нема да направите ништо, ќе продолжите да кукате на социјалните мрежи и по форумите. Толку ни е капацитетот како нација. Еден совет од мене, пренесете им го и на вашите деца ако им мислите добро. Штом ќе почнеме да работиме и на моите ученици ќе го давам. Наставник во ова општество никако. Ако ништо не смениме и сега, квалификуван сум доволно и имам каде да одам. Ќе ви останат само тие кои овде ги оцрнувавте, а после, после и вие ќе си заминете. Ве молам без реплики, не сакам инфантилни одговори.
     
    На princess5, Bebce1, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Никој не рече нон стоп.
    Ама ако гледаш дека нешто не му оди читање,пишување, собирање дрн дрм.и те како мислам дека треба у денот да одвоиш 2 часа за да му помогнеш на детето.
     
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.415
    Допаѓања:
    90.682
    Пол:
    Женски
    Значи штрајков продолжува.
    Не прифатиле.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    Комплексна тема. Поделено ми мислењето.
    Од една страна, според мене не е нормално да ги изедначуваат платите на некој што вложувал во образование, учел факултет, потрошил 4+ години на образование со пример хигиеничарка, што ниту завришила факултет, ниту вложувала и пари и време во школување. Да не се разбереме погрешно, сметам дека треба сите плати да растат, но не само минималната.
    Од друга страна, ретко кој професор заслужува покачување. Да не го изоставиме фактот што не работат повеќе од 4-5максимуѓ часа дневно.
     
    На zuto и Feminka22 им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.967
    Пол:
    Женски
    Значи учителките не ти биле како што треба. Како што се впрочем и 90% од сегашниве. Една од причините за револтот кај родителите е и таа. И не, не не мрзи да работиме со децата, ами сметаме дека тоа е обврска и работа наставниците.
     
    Последна измена: 20 април 2022
    На Annath и zuto им се допаѓа ова.
  10. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.706
    Пол:
    Женски
    Алчни за пари.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Не се екстреми, реални ситуации се.... Извинете вие само интелектуалци ако познавате, ете јас познавам и луѓе што не знаат да им покажат на децата... Чаре?
     
    На Annath, zuto, Celltica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.401
    Допаѓања:
    16.780
    Хаха ми се јави сега една наставничка, се жалаше како морале да седат по 8 саати на работа од 7 сабалје до даље.

    Загреота. Срцки
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.392
    Пол:
    Женски
    И тие со децата ќе се учат
    Епа да учеле и они на време арно ќе било
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Не е така... затоа си е училиштето. Ако знаеја родителите, немаше на спремање да ги праќаат децата. Родителите работат по 8 саати дневно, плус домашни обврски, кога да седнат да се видат со семејството со децата... па уште и да учат. Се знае дека училиштето е за учење, кој знае дома да покажи ќе покажи, кој не - не! Значи наставнициве нека се лакираат на час, родителите дома да чукаат глава да учат да знаат да покажат? Ако беше така лесно, немаше наставниците факултети да треба да учат, да се усовршуваат во една област... сите од книги ќе читавме и на децата ќе им кажувавме. Чуму училишта тогаш?
     
    На Bezimenka90, JoyJoy, Idedemja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Ако не знам јас да му покажам на моето дете ќе барам кој знае.
    Има турори.
    Јас идев математика на часови у средно. Срамота е ?
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Не е срамота... побеќето одеа на спремање, пак кај професори/наставници... некои што знаеле да покажат. Не било се од родителите
     
  17. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.657
    Допаѓања:
    175.140
    Пол:
    Женски
    А тие што не можат да си дозволат приватни часови, каде да го бараат чарето?
    Или срамота е да немаш за детето да платиш приватна едукација:|
     
    На Bezimenka90, raww, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Ама чекте малку вие овде зборите дека треба децат да учат само во школо и дека затоа се школите. Во пракса не е така. На некого му оди нешто повеќе нешто помалку. Додека знам и можам кога не и е јасно ќе и покажувам и ќе ја учам. Ако јас не знам има некој што знае.
     
  19. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Кој рече дека е срамота?
    Јас за другарки и семинарски сум работела и дипломски и се и не сум им земала денар.
    Ваљда ќе се најде некој. Ако не се најде не знам што да речам. Ама да спиеш на тоа уво дека децата треба да се образуваат само и само преку училиште во пракса не е така никогаш. Резултатот за жал секогаш ќе биде не доученост.
     
    На SuperGirl24 и Anie93 им се допаѓа ова.
  20. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    31.477
    Јас кога бев основно немав слушнато некој да оди на спремање, во средно ептен ретко беше тоа.
    А сега цело време и во основно се бараат наставници за приватно спремање на децата.
    Шо значи колку ни е крш образованието, неквалитетно, не се едуцираат децата како треба, толку колку да помини часот.
    За неквалитетно образование покажаа и голем број анализи, на кое место се наоѓаме. Секоја година е бетар.
    А за да има квалитетно образование, првин треба да има квалитетен кадар.


    Пак одбиле. Продолжуваат со штрајк и без настава.
    На ова безобразие заслужуваат отказ на сите до еден и нови на нивно место.
    Ја изгубија сета почит.
     
    На Harper, Abel, Bezimenka90 и 8 други им се допаѓа ова.