Јас не штрајкувам, три илјади пати кажав. Искрено немам инфо како се одвива тоа, во школото имам 200 300колеги, не знам за сите кој што прави
Ти го лајкнав бидејќи се согласувам со се освен со потцртаното и те како во денешно време има професии и раб. места на кои не можеш да влезеш без диплома, ама покрај неа битно е се што си допишала. Ова мислење за да објасниш за каква ароганција станува збор кај наставниот кадар тотално ти ја разбирам. Мисли завршила Педагошки факултет и готово Господ за муда го фатила. Луѓе Педагошки со год. наназад и врапците на гранки знаат дека се купува. Го памтите скандалот кога се објави за продавани дипломи па им се отворија досиеа на многу и поништија пријавите за платените испити пред многу години ова беше актуелно? Е некои и се провлекле и се уште се провелкуваат со подмитувања, па колку препишуваат на испити, па ајде да не се правиме наивни спомнаа и погоре за вонредно земена диплома поточно платена. Така да убаво пишав погоре немаме изградено асален систем на вреднување на трудот, а и како би имапе кога наместо готов производ наставник кој треба да знае да ги учи и описменува децата добиваме политички подлизурко или митаџија со купена диплома и никакви стекнати знаења и квалитети. Ама тие таквите први застанале да се борат за покачувања а првично не ни заслужуваат да се влезени во сектор образование. Со чест и почит на чесни исклучоци кои ги има и заслужуваат покачувања ама другиве наставници кога ќе понудат знаење и квалитетна услуга тогаш можеби и ќе заслужат и многу повеќе од сегашните 10% кои еве сега тука прочитав ги одбиле.
Океј. Значи наставникот може да објаснува подеднакво на секое дете додека не го разбере материјалот иако некое дете сватило или повеќето и треба да се оди напред со материјалот? Така една година ќе трае охохооооооо малку повеќе од 10ти Јуни.
Конкретно пишував за тие со Педагошка, затоа нив ги наведов.Знам дека има и со др. факултети, што ми објаснуваш, јасно ми е тоа мене, ама ете пишав за конкретен факултет за кој имам конкретни сознанија, а и имаше обелодинето јавно за скандалов за кој пишав погоре.
Јас за единици имам одржувани некои ученици доаѓаа, некои за жива глава не можеш да ги натераш. А за тие што сакаат додатна, се дава проекти, да истражуваат, правиме хамери, пауер поинт и слични работи, им праќам нешто скрипти, линкови, видеа и се што ќе ми текне а да е интересно
Ама вие мислите толку се неспособни децата да сфатат на час и после да научат? Не разбирам стварно. Ни родители седеле со нас, ни курсеви сме имале, еве завршивме. Јас искрено да сум професор за неуспех ќе сметам сите родители да мора дома да работат со децата после мој час. И што велат, има додатна настава.
Не може сите исто да сфатат. Ама, за послабите се организира дополнителен. А, ако поголем дел од децата не сфатиле не значи дека професорот е многу строг и многу е тешко, туку напротив. Наставата треба да е разбирлива за сите ученици, со видеа, анимации и такви работи. Сувопарното учење не е никако ефективно. Ама, тоа денеска се бара, само сувопарно учење.
Кој рече после секој? Од прееска нагласувам дека зборам за во ситуации кога нешто е нејасно на детето и треба да му се дообјасни или донаучи. Не сме сите родени за се.
Па наставник е, има 40 минути да го предаде материјалот на начин на кој сите деца ќе сфатат, и притоа да има авторитет и да не биде монотон. Ако не сум грешка има предмети на педагошки за тоа, ги полагаат и оние кои не се од педагошки, за да се квалификуваат за наставен кадар. Ако човек знае да го пренесе знаењето нема да има проблем. Во средно имав професорка по математика што во помалку од еден час, со одбрани зборови и начини знаеше да го објасни тоа што беше тема на часот, така што и оние на кои не им одеше математика брзо сфаќаа и учеа. Стојам на ставот дека децата се паметни, а не секој може да биде наставник. Не знаат да воспостават авторитет, како ни јасно, кратко и концизно да го пренесат материјалот што се работи.
Па има и нареден час де, не е тоа само еве ја предадовме лекцијата и навраќање нема. Ние сме оделе кај наставници да ни дообјаснат ако нешто сме увиделе, дали на мал одмор, дали на голем одмор, дали сме закажувале накнадно. Тоа кај тие професори што се замараа де, не кај секој.
Или може на секој час, да повториш претходната лекција, прво тој што сака, па после ако гледаш некои ученици не креваат рака ќе ги прашуваш нив секој час се додека не се сетат дека треба дома да седнат да научат и сл. Мене ова ми успева. И домашни им давам, диктирани прашања со најважното од лекцијата
Јас па со ова твоево не би се согласила целосно, особено со делот родителите поради комплекси ги малтретирале децата со приватни часови. Тие со комплекси подмитуваат за оценка ниту си трошат време да ги развозуваат децата на приватни часови ниту им е галје за образованието на децата или било што во врска со нив. Е сега си ги ''малтретираат'' децава поточно мораат да ги носат на приватни часови ако на пример ти вика наставничката за детето, еј добро е учи ама за стабилна 4ка ми е или 4+ малку фали за чиста 5ка ај сврти на овој број наставничкава предава во друго школо одлично држи приватни часови се ќе го научи. И на тие часови таа друга наставничка пред тест им презентира примери кои се скоро исти или исти како тестот што ги очекува децава наскоро. А и таа наставничка од тоа школо на нејзините ученици кои не се баш за чиста 5ка ја нуди оваа која неа ја препорачува. Мрежа си е ова во образование, убаво пишаа изврзани се како црева. Кога би имале квалитетно знаење и способност да го пренесат наставниците сами ќе си ги научат на час или на дополнителен час. Така ако им се валозризира и способноста за плус на плата некогаш во иднина јас би ги оценувала и според тоа колку ученици им се ''приморани'' да посетуваат приватни часови за чиста 5ка.
Тоа што децата учеле дома со родителите не можете само на наставниците да го препишете. Прво, родителите имаат преголеми амбиции за своите деца, и на пример наставничката му предавала на час, детето научило за 3ка ама мама сака сите петки да му бидат и ќе седи дома по цел ден ќе буба со него. Има оценки од 1 до 5. Не секое дете( многу ретко кое) е капцитет и заслужува сите 5ки да му бидат. Не може да го бива за математика и физика, и за хемија и биологија, и за јазици, и за спорт и музика. Огромните нереални амбиции на родителите се проблем. Второ, не секое дете слуша на час и сака да научи. Во средно имав една предобра професорка. Значи жената така добро предаваше, толку се внесуваше, и пак имаше поединци што не ги интересираше, и не слушаа и нормално-не знаеа.
Еве и јас имам педагошки, па не се расфрла со тоа, ама не ни работам со тоа. Дипломирав со учење и труд, никогаш не ни помислив да купувам дипломи, ама никогаш не ни најдов работа затоа што не е можно таму без партија. И не ни чекав туку во јули дипломирав а во декември си најдов работа во приватен сектор, сама на оглас. И памтам сите ми викаа за ова ли учеше, кај се децата околу тебе, не учеше да продаваш. А јас па будала си мислев дека не е баш логично да дремеш дома и да чекаш работа по струка само затоа што имаш факултет. Ама изгледа требало, требало да трчам по партии и да се вработам па сега ќе се мавав в гради како јас имам факултет ама мн тешка е работата. Долга и широка е таа, има многу како мене. Туку мене ме загрижуваат кадрите од тетовскиот универзитет, имам искуство со таква кај син ми жената нема појма ги уништи децата буквално по тој предмет.
Им дадоа 10% одбија, што сакаат две години од дома работа си го прчеа. Чест на исклучоци што навистина заслужуваат покачување другиве доста им е и многу дури. Во основно дали 3 наставници се трудеа навистина да објаснат да предадат лекција како што треба, да задржат внимание и да имаат авторитет. Исто и во средно. Повеќето наставници буквално читаа од книга на предавање и јас така знам да предавам ако не...на час бевме како на голем одмор не се замараа воопшто.
Оти ти праша дали е срамота ако детето си го пратиш на дополнителни приватни часови, затоа па јас прашав дал е срамота да немаш средства да му го овозможиш тоа. Тоа што си им правела дипломски на другарки кои завршиле факултет е само одраз на тоа колку квалитетно образование сме имале. И да Сосем нормално ми е да спијам на тоа уво дека син ми кога ќе оди на училиште ќе треба таму да учи и научи