Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. Цобра

    Цобра Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Машки
    Еве нека распишат нови огласи за вработување со постоечката плата, да се кладиме дека ќе има минимум 10 пријавени кандидати за едно место.
     
    На butterflysk, referentka, supergirlmb и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Епа добро де, затоа платите на наставник во Германија, Холандија, Шведска ќе се едни од највисоките во државата, овде доста е платата толку колку што е сега.
     
    На Munchmallow20, Jana06, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.505
    Пол:
    Женски
    1. Штрајкот не би требало да биде со недржење настава, има други чекори пред тоа.

    2. Тоа што децата немаат познавање од предметите, најчесто е по вина на родителите. Дозволуваат децата да им се размазени и премногу ја бараат одговорноста во наставникот (во кој и што делумно е, но денес не може наставникот да избрка дете од час, не може да повиши тон, не може да пише 4ка, одма ќе дојдат да мафтаат со дијагнози за анксиозност предизвикани од наставникот, булинг и не знам ти што. Јас да сум наставник не би ризикувала работно место, ќе изигравам woke, кој колку научи-толку).

    3. Поентата ми е дека не може да го мотивираш детето само со пофалби. Ниту па возрасните. Затоа на работа постои кратење од плата, опомени и сл. казни кои го држат вработениот под контрола. Исто е и со децата, ама која алатка за казна ја има денешниот наставник? Не познавам некој да повторил година, да бил пратен на полагање, а тиквари колку сакаш.

    Има катастрофални наставници, апсолутно, треба да се избркаат. Само да ги гледаме двете страни на монетата.
     
    На CrazyGirl15, FridaodaMk, SuperGirl24 и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Епа да де.
    Никој не го рече спротивното.
    Само не знам зошто толку ме нападнавте што реков дека е образованието одговорност и на родителот. Односно таму кај што е послаб да помогне.
     
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.135
    Пол:
    Женски
    Не е така, сум учела со деца на овој на оној и освен што имале дебели врски голем дел од нив баш постојано беа под контрола на нивните да бидат 5.00 и да не направат кикс. Не сите нормално, ама многумина да.
    Знам, затоа кажав дека моментално е популарно а порано немало вакви шеми, затоа и ретко кој одел по часови.
    Секако, се согласувам. Напишав и јас дека сами треба да организираат дополнителна, ама во пракса слабо.
    Ај ако не да вратиме воспитување од Југославија, со шамарчиња од професори, со сѐ. Која позитивност и мотивација со пофалби во училиште ја имаат осетено децата во Македонија па да речеме ааа многу е, мора малку казни.
     
  6. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.505
    Пол:
    Женски
    Кај прочита шамарчиња и физичко казнување жити сѐ? Или колку нешто да се пише.
     
    На SuperGirl24 и Bebce1 им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Одење на спремање во време кога бев ученичка беше нормална појава. Крајот на 90тите, почетокот на 2000те. Не знам кај измисливте дека е нова шема.
     
    На M.B., Bezimenka90, fana и 3 други им се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Да одбиеш 10% покачување во време на криза е безобразно и алчно.

    Немаше да бидат трн у око, ако протестираа на цивилизиран начин.
    Одработи го своето, па после настава иди протестирај. За што да бидат платени месецов, за пишување постови на интернет ?
    Секој еден пат децата на улица ги оставаат, овојпат отидоа и испод дното, матурантите им се на стенд бај, кога најбитно на истите им е да се фокусирани, да оставарат резултати и да испочитуваат рокови за прием на факултети.

    Јас и било кој вас од приватниот сектор, да не се појавиме 3 дена на работа, добиваме отказ моментално.
    Зошто постојат двојни аршини за државниците ?
     
    На Harper, LiliBoz, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.401
    Допаѓања:
    16.780
    Убаво си кажа Владата
    Со одлуката на СОНК за организирање на генерален штрајк пред истекот на шестмесечниот рок за усогласување на минималната плата, а за кој причината е унапредување, а не кршење на работничките е груба манипулација ставање во заблуда на штрајкувачите.

    Владата ги повикува наставниците, воспитувачите и негoвателите најдобриот интерес на децата да го стават пред своите лични интереси, враќајќи ја наставата и прифаќањето и згрижувањето на децата во училиштата и градинките.

    Зголемување на платите и во образование и детска заштита ќе има, како што имаше и во изминатите 5 години. Сега е понудено зголемување за 10 % кои ќе се обезбедат со ребалансот на Буџетот. Тоа значи дека наставниците и воспитувачите ќе добијат просечно зголемување за 2.500 денари на нивните месечни примања.
     
    На cresa-jagoda, Lea.Messi, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.250
    Допаѓања:
    118.899
    Пол:
    Женски
    Онаа шо ќе ја тужеше фемина дали ја прочитавте ? :rofl:
    После се лути коа и се смеат сите бе :(
     
    На LiliBoz, СуперДевојка, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    23.602
    Јас се прашувам од цел пост кој плаќа 11000 струја дома.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Аууу burn :D
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  13. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Тие шо се греат на струја, зависи колкав простор греат ама сметките се толкави. И поголеми.
     
    На Abel, zuto, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Јас иам платено. Не е тоа спорно.
    Него се глеа дека "лиже нечив гз".
    Самохрани родители има во секоја бранша. Некако многу пластично.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  15. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Вчера мајка ми правела муабет со наставничка (фамилија). Женава рекла, не требаше да ја покачат минималната плата на работниците. Мајка ми вели кога се свести што кажа ја смени темата одма. Мајка ми работи во конфекција, има 20години неплатен стаж, земаше плата 6000 додека ние бевме студенти и сега зошто да не си останела на 15 000? И вели епа како да ги поддржам кога секој продолжен викенд беа на шетање, најдотерани од сите, во лето знам дека воопшто не работи, додека јас на работа и сабота па и прекувремено, а наставничка вика епа ок ај народ нека живее со 15 000. Да, зголемувањето на минималната плата треба да повлече зголемување на сите плати, ама нели на солидарност ќе ги учат децава. После ова сега воопшто не ги поддржувам.
     
    На Harper, Idedemja, lovestoneddd и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.895
    Допаѓања:
    23.602
    И ние дома се грееме на струја и башка повеќе соби се и најмногу пола од тоа сме платиле. Дури и последниов период кога ја поскапеа.
     
  17. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Зависи колку грејни тела. Јас кога платив толку имав клима и две панелки нон стоп уклучени.
    Пусти страв да не се смрзне :D
     
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    Меѓу надтавничките имало самохрани мајки.
    Жал ми е.
    Ама меѓу децата колку едно родителски семејства има??
    Како таа самохрана мајка се снаоѓа со одење на работа и одгледување дете кое го запишала во градинка или целодневна настава за да има каде да и е згрижено детето??

    Кога ќе разберат наставничките дека тие се ради децата во училиштето а не децата ради нив?

    Вчера ги даваат на вести-седнале во училница како некои стрини и "шттајкуваат".
    Да бе, а после штрајк во 10 во Ало Ало во Ѓорче кафе пијат.
    Иди бегај !
     
    На Harper, mimiiiii, raww и 17 други им се допаѓа ова.
  19. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да сфатат некои работи. Сега се виде какви личности ни ги образуваат децата, комплекси до плафон имаат....И мене не ми е јасно, нели сите кога штрајкуваат на улица се, со пароли со се, а овие??? Да не не знаат пустите?
     
    На Idedemja, lovestoneddd, referentka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Самохрани родители има во секоја бранша... не е аргумент.
     
    На BlackNight, Idedemja, zuto и 2 други им се допаѓа ова.