Добро има фамилии каде двајцата зимаат минимални плати, а други каде еден самохран родител зима колку две минимални. Се гледа по вкупни средства и членови во фамилија кому му е потешко, а не само дали биле само самохрани.
До некаде , се сложувам со просветните работници и со нивниот штрајк . Верувам дека е тешко со тие примања во време кога сите цени , апсолутно се , е до плафон . Можеби за некој ќе звучи себично , но еве да земеме пример : јас како просветен работник земам 25.700 денари плата , сметката за јануари ни беше НЕВЕРОЈАТНИ 14.000 денари ( не ми е намера да се жалам или да ме сожалувате , само пример кажувам , колку малку е таа плата што ја земаат моментално наставниците ) . Толку плативме сметка за јануари . Од поскапувањето на струјата , па наваму , под 150€ не сме со струја . Каде е превоз ( има наставници кои живеат/работат во училишта на село и обратно , па секој ден патуваат ) . Нафтата и нафтените деривати кај да е 100-тка ќе биднат . Храна , кафе , облека .. не може еден наставник да дојде на училиште со искината облека , мора да се облече , мора да јаде . Линеарно покачување на платите е ферски . Барем 50% , од хигиеничари па на даље . Секој има своја заслуга со тоа што го работи . Ако ги нема хигиеничарите - ќе не затрупа сопственото ѓубре . Ако ги нема наставниците - немаше да шкртаме тука на форумов и по социјалните мрежи ( извините на израз ) да јадеме го*на . Ако ги нема директорите и претпоставените - ќе бевме како стадо овци на ливада , не ќе се знаеше " ко коси , ко воду носи " итн . П . С . Изгубените часови ќе се надополнат , учениците може да учат и неколку дена по 10-ти јуни ( за полуматурантите , може во сабота да учат за да фатат рокови за запишување во средните училишта , како порано јас кога учев ) .. Не е толку за драмење , како што се направи цела ситуација . Е сега , да нема кој да ги чува , и тоа ми е јасно и затоа и се створи цела оваа збрка .. ама тие луѓе заслужуваат повеќе од 25.000 денари . Барем 20% повеќе . И тие се луѓе од крв и месо , и за нив важат истите правила како и за нас , и тие имаат деца дома . Малку е себично да ги обвинуваме за штрајкот .
Кажете еден единствен аргумент за линеарно зголемување. Сто пати поставив прашање, еден одговор не добив, зошто не се борите за да имате големи суми за учиноци (пример бонуси за деца што освојуваат награди натпревари и слично), зошто не се борите за прочистување на вишокот и за систематизација и евалуација, па да се борите за големи суми по заслуга? Мислам јас го знам одговорот зошто не се борите со тоа, ама еве кажете и вие. Линеарно зголемување на плата не треба и не смее да постои во ниедна сфера, ни јавна ни приватна, зошто едноставно е нефер и немотивирачка. И приватна фирма земи, ни сите исто заслужуваат, ни ист придонес прават. Мислам и мене сега да ми дадеш работа кај што сите исто ќе земеме, а јас се трудам, другата до мене не знае ни до која лекција сме стигнати, јас би реагирала за да се вреднува мојот труд повеќе. И затоа не сфаќам зошто тие малку способни кај вас не реагираат за ова. Ама претпоставувам и тие веќе се институционализирани. Кога не можеш против системот, стануваш дел од него. A да, зголемувањето на цените како аргумент. Со зголемување на сите плати заради зголемување на цени, цените уште повеќе ќе растат, зошто за вие да се исплатите, ќе се земат кредити, долгот ќе се зголеми, каматите ќе растат, придонесите ќе растат, трудот ќе чини повеќе, значи секаде каде што ќе се плаќа данок продуктот ќе е поскап. Што значи само ќе се зголеми инфлацијата. Не дека некоја власт во државава размислува на ова, секако ќе ви покачат, ама пак на исто ќе остане се, ако не и на полошо. Јас разбирам дека тешко е да се издржи со таа плата, ама линеарно покачување со сигурност нема да ви го реши проблемот.
А ти ќе бидеш ли мотивирана ако имаш сметка за струја која изнесува 14.000 денари , а твојата плата е 15.000 денари ? Самото покачување на се што е потребно на еден човек за достоен живот , влече и линеарно зголемување на платите . Без разлика дали си во приватна фирма или " на државна цицка " . Имам примери од двете страни и знам што зборувам . Татко ми , приватњак , цел живот земаше по 12.000 денари плата , но имавме се дома бидејќи се беше поефтино и струја со две термо печки сме плаќале 4.000 денари , маж ми е " на државна цицка " и за јануари половина плата даде за струја . Има високи примања па ни остана некој денар за основни потреби . Што ако земавме минималец ? Имаме 3 деца , едното е веќе во училишна возраст , другото у септември ќе биде прво одделение , треба ли да се облечат , да јадат во училиште ? Тетратки , моливи итн ., се тоа треба да се обезбеди . Како вака зборувате , не знам . Дури и двајцата да работат , некогаш искрснуваат непланирани трошоци и просто остануваш на 0 . Како нам месецов шо ни се случи . Од мој аспект , секој заслужува покачување на платата во време кога сите основни намирници се поскапени . А таа до тебе ако не знае ниту каде се наоѓа , треба да е избркана од фирмата , не ти и сите останати да ја покривате пред претпоставените . П . С . Во ЕУ за неработење се добива клоца во гз . Во Мк , за неработење се добива унапредување . Тоа е проблемот во системот .
Јер им е понижување што на обичните чистачи и келнери им покачиле плата, а на останатите намачени богови не. Ќе чуеш ќе речат- како тоа јас иста плата ќе земам со чистачката сега?
Значи кај вас едни добри 60-70% се за да летаат, а не да добијат линеарно зголемување. Tоа е и поентата. За другото, нема начин да се ублажи сега инфлацијата. Линеарното зголемување плати на сите, само ќе ја зголеми. Следи голема криза после војнава, сите сме свесни и тоа е. Решение нема, за да се покачат плати на сите, треба да изгуби вредност парата. А тоа и ќе се случи. Па пак ќе сме на исто, без разлика на покачувањето. Баратате со бројки како 50% покачување би било фер, а не ни знаете што значи тоа. Ни па знаете кој би бил ефектот. Ама ок. Тоа е.
Ајде сега нападнете ги сите во јавниот сектор, се крчка 2.800 ден покачување за сите, на предлог од провладиниот ССМ. И тој што дома си седи и не оди не работа ќе добие 2.800 ден покачување. Патем, 300 ден повеќе отколку на омразените наставници што им понудија. Прочитав некој напиша, види ги арогантни и втората понуда ја одбиле. Која втора понуда, онаа што од усна станала писмена? Па, тоа е истата понуда. Вие толку многу омраза и фрустрации имате спрема системот и ги истурате на погрешно место. Ние не ги крираме образовните политики. Се знае кој ги креира, прстињата натаму вперете ги. Некој спомна протестирајте после работа. Јас ви гарантирам дека освен исмевање и напади нема ништо да добиеме ако протестираме после работа, можеме слободно 30 години да протестираме. Две недели прекин на наставен процес, мува не ги лази, ќе сме протестирале. Се грижеле тие за децата, демек мене поубаво ми е да седам бесцелно на работа. Знам и дека на повеќето не ви е гајле за испуштениот материјал, никој не се побуни за продолжениот зимски распуст. Проблем ви е дека на одмор нема да фатите ефтина сезона. Знаат тие од врвот дека така ќе реагирате и затоа ве лажат дека ќе се продолжи учебната година. Реков вчера кога на сите сектор по сектор ќе им покачат, нема ништо да направите. Удрете само по тие против кои се води медиумска и политичка хајка. Исто забележав дека некои тука не прават разлика од протест и штрајк. Протестот се одвива на улица, штрајкот на работно место.
Знам Celltica, се ми е јасно . Но исто така ми е јасно и дека со моменталните плати не се живее . Не реков дека е нужно да бидат 50% покачени , но 20% е колку-толку прифатливо бар засега .
Колку години имаш, 5? Се знае што е штрајк, прекин на работен процес. Како да предавам, а штрајкувам?
Ич не ги разбираш мислењата.Покажа дека не треба да бидеш наставник. Вие сте проблемот.Барате нешто што не го заслужувате, па уште и во погрешно време. Се спомнува да идете на протест надвор од работното време бидејќи со штрајкот нанесувате повреда на правото на образование.
Отвори тема де, и за нив имаме што да збориме ехее за нив па колку имаме да збориме. Мислиш дека само на образование е огорчен народот? Знаеш ти дека за сметка на вашиот штрајк голем дел од луѓево ќе земат 70% плата за овој период така? Ај земи некој со минималец и пресметај колку ќе земе. Тие како да ја платат струјата м? Знаеш дека не се работи само за пропуштен материјал, туку луѓето буквално се спречени да одат на работа и во приватно никој не те прашува дали градинките работеле или не, треба да се снајдеш? Ама тикви знаете со што се се соочуваат другите луѓе, од клупа во катедра сте седнати. Како ти знаеш што им е битно на родителите? Знаеш дека после ова треба пак да си земаат одмори и боледувања зошто голем дел од децава пак ќе имаат проблем со адаптација, особено оние кои се тргнати скоро во градинка и штотуку адаптирани? Па и за учениците, кој си ти да им кажеш на родителите дали се стварно загрижени или не? Смешни сте со изјавиве. Пак ќе речам, нит медиумска хајка има, СИТЕ сме имале допир со образовен систем и СИТЕ first hand искуство имаме. Не може никој да не манипулира кога одблиску сме го виделе. Како го објаснуваш незадоволството на сите членки и членови тука? Само вие кои работите таму пофални зборови имате за образованието, друг никој. Случајно е тоа мислиш?
Па збориш ко да си приморан да штрајкуваш. Тоа ти викам, ако ти е тешко да седиш бесцелно, не штрајкувај воопшто.
во Хрватска имало штрајк 36 дена и им дале се шо побарале. нашиве глумат хрватици бел ден да не видат !
Никако не прашуваат А пари од каде? На дрво растат? На просветен кадар му е гајле приватникот како ке заработи и како ке уплати во буџетот за да земе просветаров плата? И тој приватникот плаќа струја,не плакаат само наставничкиве струја.Поготово ако работи производство. Тогаш кога ке прогласат технолошки вишок во образование,особено во селата со 5 деца и 20 наставници тогаш може да збориме за линеарно покачување. А оваа слика се споделува на твитер од штрајкувачите во градинките во Тетово. Ја користат градинката за ифтар.
А кој тоа оцени дека не заслужуваме? Знаете вие дека во сектор култура хигиеничар зема 30.000 ден плата? Зошто кај нас да зема 18.000 ден? Само зашто во нашиот сектор има поголем број вработени, па затоа човек што ја врши истата работа треба да зема помалку плата? Во врска со другото, нема што да објаснувам. Сум ги поминал јас сите филтри за да станам професор. Нема некој на форум да ми каже што заслужувам.
Се ок, ама знаете ли дека има семејства кои до вчера земаа 15 000 а некои и помалку плата. Е тие, не можат да си дозволат струја да платат колку што им е цела плата. Туку се снаоѓаат како знаат и умеат, купуваат дрва или сами ги носат, ги цепат, палат оган па мора дома дежурен да е некој да не згасне огнот. Знаете ли дека има деца кои прегледуваат и навредуваат ако некое дете отиде во исти алишта два дена и има ефтини патики. Да, ве разбираме. Треба да земате поголема плата, ама зошто еднаш само еднаш вие не се солидаризирате со родителите, побарајте од директорите униформи нека се побара, така сите тука ќе бидете исти а и за децата исто, зашто барем во мојот град е јавна тајна дека на наставничките платата за облека не им стига оти се прегледуваат која е подотерана. Извини , ништо лично. Знаете дека имате колеги и колешки кои меркаат деца од глава до петици ако детето не е во марка облечено. Епа и родителите најголем % не можат да дозволат мн работи. И признајте еднаш дека има луѓе со факултет кои работат физичка работа по смени затоа што не успеале со врски да најдат работа по струка и пак не може да им дозволат на децата се. И веројатно е време да скокнеме и сите како родители, нека не плаќа државата за да им обезбедиме подобро воспитание на децата, оти има деца кои не ги виделе тато и мама оти детето било 1 смена а родителите 2. Ајде наставници, ќе не поддржите ли за тоа? И вие сте родители, дали знаете како е да работите сабота и недела наместо на детето да му кажете воспитни работи и да му објасните децимали и дропки а сте дошле од трета смена, легнати во 6 станати во 10 оти дечиња чекаат, куќа чека.