Отвори time.mk и изброј колку медиуми зборуваат против нас. Во врска со се друго што кажа, вината е кај Владата што одбива да преговара, една средба за 2 недели. Гледате колку лесно исполнува за другите сектори. Побитни се поштарите од нас? Имајќи предвид што напишавте, не би рекол. Имаа штрајк еден ден, средба истиот ден, исход 3000 ден покачување. И тие имаат поголема плата од тие на кои им ги доверувате вашите деца. Моето искуство со шалтерските службеници во пошта е лошо, не знам за вашето. Никој ништо не кажа/напиша против нив.
Zasluzuvate pokacuvanje ne se zamaraj uzivaj ne nekogo mu gori pod noze zatoa ima kritiki. spored koeficientot na slozenost 18000 x 2.7 toa e realnata plata
Мене најглупаво во целава ситуација ми е што ние не ги бараме ни тие што со колективен договор треба да ги земеме, а не убија од критики. Замислете да баравме 78,4% покачување. Тие некој министер ги потпишал, стојат во договор. Знаеме дека ако не се почитува договор, незадоволната страна тужи. Сакаме правна држава, а луѓето не напаѓаат кога бараме да се почитуваат правни акти. Знам дека целиот систем ни е урнисан, ама пак ќе кажам ние не ги креираме политиките. Натерајте ги тие што не водат да направат реформи и чистки во јавниот сектор. И ве молам, утре кога ќе го одведете вашето дете во градинка, училиште, кажете ни ги во очи овие работи. Јас досега критика или поплака не сум имал од родител. Немојте да бидете лицемерни. Ако имаме конструктивни критики, ќе работиме повеќе во тој дел.
Па немате директно, зошто се знае како поминуваат тие деца после чиј родител кажал критика или се замерил нешто. Животот и учењето ќе им ги загорчите.
Не фанатазираме, потпишале договор синдикатот и министерството. Требало да мисли тој министер што потпишува.
Гледаш колку не ги разбирате работите. Пошта е АД,вие акционерско друштво сте ? И според нив прво ке ги средат проблемот со вишок вработени па етапно ке им зголемуваат плата. АД Македонски пошти. Второ што ви говори што сите се против вас? Зошто толку револт има кај родителите ?Не се прашувате? Не ви говори дека пристапот ви е погрешен? Тогаш зошто не го почнавте штрајков во септември,6 месеци од зголемување на минималната плата?
Prosti mu pijan bil ili pa pametot mu bil kolku ke krade i kaj ke ja vmetne kartickata od rab da se dog so nekoja gostilnica da zdrma nekoj denar u dzeb osven platata koja sekoj mesec mu legnuva na smetka po 1000 evra i ne uspeva od toa da trosi ni kor denar
Со други зборови, ви е страв од последици. Не смеете да се побуните против ништо, затоа што ви е страв од последици. Замислете што може еден наставник/професор да му направи на вашето дете, ќе му пише помала оценка. Страшна работа, демек знаењето ќе му го одземе. Од тој страв од последици цела нација молчи и не излегува на протести за ништо. Што да ви кажам, тастатурата и растурете ги во коментари. Тоа е начинот да го промените системот.
Не е страшна оценката, туку буквално ќе ти го иструматизира детето. Не е се само оценката како што се научени со оцени да уценувате. Аман не глумете сега дека не знаете, 50% од колегите твои психолошка евалуација за работа со деца нема да поминат утре да им ја дадат.
И кај нив ги бараме, не се секирај. Ама требаше вие прво да ги барате. И веќе врапци на гранки знаат како се примате на работа, аман веќе. Затоа не смеете да зуцнете кај тие што ве примиле оти тие што ги креираат политиките нив им се надредени. Да, не се жалиме оти загорчувате живот на дете ако се пожали родител. Еве јас конкретно чекам капка уште една да се прелее чашата и испишувам дете, оди во друго школо а исто и др неколку родители. Па, нека се мислат како ќе делат часови кога ќе остане еден клас само во школото,
Од каде добива пошта средства за исплата на плата? Што има врска дали е АД, буџетски финансирана е и работи цело време со загуба. Само 200 не оделе не работа, а земале плата. Само 200. Се слушате што зборувате? Колку не чинело нас како граѓани сите овие години за исплата на плата за овие 200? Тој е единствениот пристап што дава резултат. Тоа што процесот трае подолго е вина на Владата и никој друг.
Без разлика кои би биле на власт, сметам дека треба граѓаните да се подржуваат, а и од друга страна да си ја ценат својата работа. Татко ми е проф. по биологија во основно училиште, но пие апчиња за висок притисок, хелекси и нема ден кога не е под стрес. Имаат натпревари многу често, децата се борат за дипломи и сертификати,тој воспитува деца, поднесува приговори и воопшто не ни седнува за време на часот. За време на пандемијата, јас сама изработував за него презентации на "powerpoint", некогаш и тестови, интересни домашни и слично. За време на пандемијата, работата на компјутер, правењето презентации искрено за постарите наставници беше предизвик и нешто ново. Учениците ги испрашува повеќе усно и навистина се залага за нивното поведение, бидејќи е класен, скоро секој ден се слуша со родители, прашања еден куп, зошто имало промена во расположението кај ученикот, па некој професор нешто го навредил детето, или дека препишувал на часот и сега он како класен е на средина и треба правилно да постапи. Дека треба да се воведат реформи во образованието и те како треба, мене ми предавале професори што решавале еден пример математика на табла и си седеа цел час на телефонот. Треба да има и инспекции почесто и професорите и да не бидат известени за тоа. Татко ми работеше 20 години во приватен сектор- на бензиска, работеше трета смена, мајка ми работеше хигиеничарка за 9000 денари, а јас студирав во друг град, сестра ми во друг.. и многу е тешко кога ќе прочитам коментари наставниците не знаеле како е приватно, само си седеле, си пиеле кафе..
Чекај , чекај , чекај , стоп . Јас не сум наставник , невработена сум . Сепак , дете оставам 5 часа во училиште со наставничката . Какво е моево инаетливо , не сака ниту една буква да напише ако не е приморано . Сепак , таа наставничка го натера да научи да пишува и чита , печатно и ракописно , математика е супер . Иронично е што јас не сум воопшто добра со математика и ако не беше наставничката , веројатно ќе имаше единица по математика детево . Ако не па , нека напушти цел кадар на воспитно-образовен систем , па каде ќе ги носите децата тогаш ќе ве прашам . Мене ми е сеедно , јас и така сум дома , кај 2 таму и 3 ќе си ги чувам . Што ќе прават тие луѓе што ја немаат таа можност , се запрашавте кога вака дрско удирате врз просветните работници ? Каде ќе ги остават мајките , малите дечиња , од предучилишна возраст , додека се на работа , ако не во градинка ? Тоа што во твојот град , наставничките се натпреваруваат која е подотерана , е проблем на институцијата , не на државно ниво . Во моето училиште на пример , ниту се следеше мода , ниту некој обрнуваше внимание на тоа кој како е облечен , кога сме кај наставниците . Децата се приказна за себе . Од секогаш постоел тој булинг од едни кон други деца , и тоа е до родителите . Ако јас ги потценувам Ромите ( или другите нации , сеедно ) , нормално и моето дете ќе се однесува така во училиште . Некој погоре спомена униформа . Имавме во средно цело школо . Никој не ја носеше , стоеше дома по шкафови . Се на се , 3 пати ја облеков и толку од правилото " носење униформа во училиште " . Реалноста е таква , наставниците денес се ограничени , не смее да казни ученик ни со најблага можна казна , веднаш следат тужби и мавтање со лекарско дека детето е под стрес зашо наставникот рекол да носи униформа . Тоа се тие двојни аршини . Јас зборувам од аспект на родител . Засегната сум да , детето го изгуби редот и се тоа , ама и на наставниците не им е лесно . Со какви се деца се соочуваат , а згора на тоа и родители .. Не ми е чудно што не се задоволни од примањата .
Пошта не зема плата од буџет.Владата може ако сака да ја субвенционира повремено.. За да имаат покачување ке ги исчистат вишокот вработени. Кога ке почнат со чистење вработени и технолошки вишок во образование,тогаш нека ви зголемат плата.