Вие стварно мислите дека ние сме чудовишта некои без емпатија? Мислите дека ние немаме наши деца? Јас знам дека кога не примаат на работа ни бараат уверение од лекар и ние доставуваме. Доста со овие проценти од ракав истресени. Дури 50%? Несериозни се бројкиве и ви паѓа аргументот во вода. Еве ви кажувам, цело време пишувате секоја чест на исклучоците. Како се чувствуваат сега тие исклучоци, вие сите ги ставате во ист кош. Ги демотивирате и тие што си ја сакаат работата.
И овие од влада се глупи. Дај им рок три дена кој не му одговара 10% слободно нека си замине и нека работи у маркет. Има млад кадар ехе-хе. Одма ќе се најдат други. Ќе ги молиш да работат. Море марш.
Зошто тие што ја сакаат работата и децата, нема да ги користат за остварување цели. Многу е просто. Испаѓа никому не му е гајле за децата.
Брзо пребарување го вели токму спротивното: https://bit.ly/3vyzP8j. Не е битно од каде треба, факт е дека плати се исплаќаат од буџет.
Абе остај ги што глуметаат. Ако сакаат уше утре ќе почнат со раб. Кој ќе ги спречи!? Никој. Ама ај...нека се профуцкаат уше малце. Тек после тоа ќе е интересно.
Не се глупи тие од Влада. Не можат никого да отпуштат, штрајкот е законско право и немаат основа да отпуштат никого. Ќе ги тужи, ќе се врати на работа, а ние граѓаните ќе му ги платиме платите и судските трошоци. Зашто нели, буџетот ние го полниме. А вие со ваквите ставови не барајте демократија и владеење на правото. Ваквите ставови се за во дикататура. Само во дикататура, еден по еден, па ќе му дојде редот и на тој што ја поддржува.
И ние сме биле деца и добро знаеме колку им се оди во училиште. Реков веќе, прстот ви е вперен на погрешно место. Знаеме кој има моќ да го запре ова и од наредна недела да продолжи наставата. Ама не сакаат, сакаат демотивиран наставен кадар и неквалитетно образование. И ние сме луѓе, и ние имаме семејства за издржување.
Powerpoint уште малку ќе почнат првооделенци да го работат, тој чекал пандемија за да научи, поточно ќерка му да му среди. Тоа е тоа, наставник да не знае во денешно време онлајн презентација да направи па треба сега да го жалиме оти требало powerpoint да учи. Како предизвик и нешто ново? Човек што се занимава со интелектуална работа по природа треба да е љубопитен и во тек со новости, ако не друго барем основна компјутерска писменост да има. Не мора визуелни ефекти ама обична презентација и работа на компјутер?
Епа ако знаете земете направете да им се оди и да им биде интересно. Не коски да им се тресат пред влегување на час, особено на тест или повторување, како нас што ни беше.
Пак ќе ти реплицирам, ајде вие вперете го прстот таму покрај платата што ја барате и за овие другите работи. Може? И дали ветувате дека ако добиете 18 % ќе правите да им е интересно на децата да сакаат да идат на школо?
Да не ја префрламе топката на децата,колега. Колку и да не им се учи или не им се оди во градинка тие не смеат да имаат последици од штрајкот. Не знам за тебе ама јас под уцени не функционирам. А просветниот кадар уценува ,штом ме уценува данокот не го уплаќам ,ке бидам престапник.
Ова искрено ми е смешно. На мојот час учениците слободно дискутираат и можат да прашат што сакаат. Дури и најсрамежливите деца се опуштаат после одреден период. Јас бев еден од тие сериозни ученици и знам како се чувствуваат. Далеку е поопуштена атмосферата од времето кога ние бевме ученици. А за интересно, јас се трудам да им го направам часот интересен и интерактивен. Аплицирав и обезбедив донација преку УСАИД да добиеме СМАРТ табли и имаме неколку кабинети опремено. Сепак, се знае дека на децата секогаш ќе им биде поинтерсно да играат некоја ААА игра на PC, да си поспијат до подоцна, отколку да стануваат рано за на училиште. Ова е така и во далеку поразвиени образовни системи од нашиот.
Не знам дали имате или не ваши деца, небитно е тоа. Не сте чудовишта, ама дефинитивно сте научени да ве третираат со стравопочит, не само децата, туку и родителите. И да се осеќате како да луѓето зависат од вас, и како да ви должат нешто за тоа што само си ја вршите работата. Еве види ја темава со реченици како "Не сте благодарни што ВИ ги чуваме децата". Да не се правиме луди сега дека егото што ви е бустано од претходниот систем уште си го имате.
Браво за тебе тогаш. Ама колку од другите наставници се такви? Во 30 наставници, еден? Денес атмосферата знае да биде и поопуштена од тотално непредавање од страна на наставникот, инаку. Да, треба и опуштени часови, ама не секој втор.
Се согласувам. Само не знам што очекувате, јас да ги обучувам? Не можам да стигнам во цела Македонија. Кај мене во училиште помагав и држев обуки бесплатно. Оној кој сака да научи, учи. Да не генерализирам, ама колку се постари, повеќе отпор на новата технологија. Ама пак ќе кажам, не е наша задача ова да го правиме, ние не ги креираме образовните политики.
И полоција се спрема за штрајк. Епа видоа глуп врв на државава и секоја будала ќе штрајкува. Вчера читам-казниле 63 возачи поради фолии на стакла.Божем од вчера е тој Закон..веќе 15 години е во сила, ама сега Буџетот е прззен па и за прднување на непрописно место ќе казнуваат. Треба да се збираат пари за да се задоволат нај мрзливите во државава-администрација, полиција и наставници.
Во 60 еден. А да, за мојот ентузијазам бев озборуван дека сум зел дел од средствата од донацијата од моите колеги. Замислете, апликација за проект со 3 ревизори кои ги проверуваа понудите и јас сум успеал да ги надитрам и да земам процентче. После ова, престанав да аплицирам.
Мене па многу ми се комични коа ќе почнат дека не се должни они да ги чуваат децата, особено овие во градинка. Родител коа ќе остави дете у градинка пребацува одговорност таму на негувтелка/воспитувачка (не знам кој што задача има). Пошто да, не може родител вечно да користи боледување додека му тргне на школо детето и не го остава во градинка само за да може да иде на работа (лол) туку И за социјализација, учење што може да научи на таа возраст. Ко уатафак им е одговорност на овие во градинка ако не чување деца? Исто и деца во школо, ете помалите одделенија. Барем јас како мала, не ни било дозволено било кога да излеземе од школо, си имаше дежурни на врата, обезбедување, се водеше сметка кој влегува и излегува. На крај, особено во втора смена, сите заедно излегувавме, наставничкава со нас и беше сигурна дека секој ученик го има некој постар земено. Побогу...на факултет една асистентка одеше со нас заедно до главна улица оти местото од улицата до факултетот не е осветлено кога ни завршуваа вежби у зима попладне, не па мали деца да ги оставиш така.
Сите ќе си појдат по своето. Владата со покачувањето на минималната плата, требаше да си испланира средства и за другите плати. Не знам со кој памет ја почнале таа авантура, без обезбедени средства. Инаку, никој нема да биде побогат после ова. Инфлуксот на пари ќе предизвика уште поголемо дигање на цените. Ќе имаш повеќе пари, а ќе можеш да купиш помалку. Само оние што не ќе успеат да издејствуваат покачување, ќе бидат попогодени од сите други.
@draconis14 ако ти е толку тешка работата како наставник, дај отказ. Иди во приватно, маркет, може полесно е. PowerPoint било тешко. Што не уште ќе измислат за да добијат покачување. Не заслужувате ни оваа плата што ја зимате.