Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Јас имам надувано его и страдам поради тоа. Само не ми е надувано од систем, едноставно сум во средина каде што се чувствувам супериорен во однос на луѓето околу мене. Бидејќи соработувам со луѓе од други држави, кога патувам таму не се чувствувам исто. Таму сум просечен. Не знам на кој систем мислите конкретно, јас десетина години сум во образование.
     
  2. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Те молам најди ми кај сум го напишал ова. Немој да ми лепиш туѓи мислења.
     
  3. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.136
    Пол:
    Женски
    Испревртување ти е хоби или?

    Не е проблем, ако кажеш ти и за без пари ќе работат.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    @draconis14 еве да речеме ти си супер наставник, посветен, правиш power point презентации и што ли не… не ти е криво што други наставници си ги ладат… а исто со тебе земаат пари?
     
    На Harper, Annath, Idedemja и 4 други им се допаѓа ова.
  5. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.548
    И ти се солидаризираш со вакви? Бараш покачување и за нив?
     
    На Harper, Annath, Idedemja и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    8.011
    Пол:
    Женски
    Не заслужуваат покачување. Никој од наставниците не работи цело работно време, а земаат повеќе плата од луѓе што работат 40+ саати.
    И тоа што треба да го работат не го работат.
     
    На Idedemja и zuto им се допаѓа ова.
  7. Opheliac

    Opheliac Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    И што дека му помагав на татко ми со презентациите?! Тие сепак се содржини од биологија, треба да се сликовити и интересни со факти и секојдневни експерименти.
    Татко ми е 50 нешто години, ако не му помогнев јас, кој?? Тоа ли е проблемот.. Немаат тие секој ден настава со презентации во училиштата, некогаш се служат со проектори,да, но ретко. Не реков дека треба да ги жалиме професорите, но секако дека заслужуваат високи плати според договорот. А тие дупките во образованието, инспекциите, изведувањето на наставата, проблеми во програмите и сл. треба министерот за образование да си ги спроведе.

    Поентата ми беше дека пандемијата на сите ни го направи секојдневието потешко, и за постарите професори кои се трудеа како да го обрнат вниманието кај учениците преку социјални мрежи, што не е лесно, па мора да се служат со други елементи- презентации, кратки тестови, експерименти, песни и сл. Дури и професорите од факултет што предаваат повеќе од 30 години не можеа да се снајдат салам на zoom,но тоа не значи дека не знаат да предаваат.. А и сепак се служиме дома со еден лаптоп, а ни е потребен на тројца од семејството.

    Најтешко е кога ќе слушниш од ученик дека нема компјутер пред другите ученици и те прашува како ќе следе настава. Имаше секогаш во просек по два три ученика од клас кои немаа компјутер и не можеа да следат настава.. Па директорите бараа во школите од компјутерите од груевизмот. И што направи државата за тие деца? Ништо. И јас сум штрајкувала против екстерните тестирања и неколку денови немавме настава. Но реалноста е таа- дека ако не се подржуваме себе, само губиме, а други добиваат. Се гледа колку се грижи владата за учениците, пред неколку дена 47 пратеници гласаа против покачување на паричниот надоместок за децата со попреченост... СОЛИДАРНОСТ 0. Толку. Има за скапи фасади, лубриканти, фстаци, бадеми, патни трошоци, имоти, тендерии...
     
    На sino.o.oka, princess5, Anie93 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    @jacqueline.s, @zuto Мене ми е криво за сите во државава што не си ја заработуваат платата и живеат на грбот на другите. Најкриво ми е за тие на врвот што се луксузираат со наши пари, а немаат капацитет ни селска задруга да водат. Не мешам партии, мислам на сите досегашни влади. Додека ние се обидуваме да преживееме, тие се расфрлаат со нашите пари. Во однос на обезбедената донација, не им е должност на наставниците да обезбедуваат донации, па за тоа не ги обвинувам колегите. Ако има државата средства со секое доаѓање на нов министер да почнува нови реформи во образование, би требало да има средства за опремување на училиштата. Ама не, тие со парите ни ги држат истите обуки (само со сменети имиња) и нивните обучувачи земаат огромни хонорари. Ние сме принудени да седиме и да ги слушаме истите работи кои веќе ги знаеме. Зошто? Затоа што имаме законска обврска да ги следиме тие обуки. Тоа што не обезбедуваат донации, не ги прави моите колеги неработници. Јас видов шанса да ги подобрам условите и ги подобрив. Не знам дали сте го прочитале Законот за работни односи, Законот за основно и средно образование, ама нема покачување на еден, без да се покачи на сите други. Според вас јас треба да бидам штрајкбрејкер и да чекам некој друг да се избори за мене. Извинете, јас така не сум воспитан. Треба да знаете дека и овие сега што глумат совесни и „предаваат“ ќе ги добијат истите придобивки од штрајкот како и тие што штрајкуваат. Така вели законот.
     
    На Bebce1, nevermet18 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  9. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Ова некои трауми од детство ти се, не гледам друга причина зошто упорно тврдиш нешто за кое немаш никаков релевантен доказ. Ајде кажи што имаш завршено, да те викнам место мене работи за време на штрајкот.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    8.011
    Пол:
    Женски
    Не знам каков доказ треба да се приложи. Јас и други членки образложија зашто не заслужуваат покачување (некои членки дури и со искуство во образование што имаат, кажуваат колку и како се работи).
    Нормално дека секој сака да зема повеќе пари, но гледај колку работно време имате вие, а колку некои други и колкави плати имате вие наспрема други. Притоа да се земе предвид дека имате 4 месеци одмор.
     
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Тоа сето е во ред, ама кој е крив? Кој фаќа врски за да работи како наставник? Еве анонимен форум е, можеш слободно да кажеш колку услови и барања од тебе кон партијата ти беа дадени за да те вработат како наставник? Нема лутиш, факт е. Вие им ја давате силата. И мене ми е криво што сркаат од златни лажици а народот пати, ама и криво ми е што наставник по англиски во училиште си го прчи, а друг во приватно школо за курс по англиски ќе кубури за минималец, а мора се и сешто да спрема секакви забавни содржини, посветеност максимална, оти ако нема деца нема заинтересираност ќе го шутни газдата од работа.
    Значи, како што ти сметаат тие од врвот исто треба да ти сметаат и колегите твои кои на наш грб печалат со лежење, а голем дел се такви.
    Сите работи кои ги набројувате дека ги правите како многу тешки, администрација, презентации, извештаи кај мене на приватно ми се како добро утро, дел од протоколот, не ги ни спомнуваме, а струката ми нема врска со администрација. Сегде е така, не знам оти го кажувате тоа ко којзнае што да е.
     
    На Harper, supergirlmb, Idedemja и 4 други им се допаѓа ова.
  12. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Не можам да се повторувам, вратете се назад и читајте. Ние имаме само 20-24 дена годишен одмор и тоа во јули (најскапа сезона за одмор). Ако тие членки не работеле совесно, не значи дека сите во образование се такви.
     
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.548
    Не мешај баби и жаби. Едно е да "кршиш атер" некому (штрајкбрејкер), а друго е да се бориш за себе. Не се бори друг за тебе, туку секој за себе. Индивидуално.
    Гледај да си го заработиш лебот чесно, а не од инает оти некој друг нечесно имал, па кога можел тој, оти не и јас, т.е. ние.

    И конечно, конкретно во случајов, вие сепак лично за себе штрајкувате?! Тогаш не мачкајте очи на јавноста дека сте се бореле за децата или за подобрување во образованието. Љубомората преовлада и егоизмот исплива на површина.
     
    На Harper, Annath, Idedemja и 6 други им се допаѓа ова.
  14. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Мојот одговор за тоа како сум се вработил, го имаш назад неколку страни. Колку и да е чудно не има и такви кои сме дефицитарни во образование и не викаат од дома за вработување (замисли преку агенција). Јас силата не им ја давам, ама една ластовичка не чини пролет. Проблемот е глобален, секторот образование е само мал дел. За администрацијата кажувам затоа што е апсолутно непотребна, не придонесува за подобрување на наставниот процес. Тоа што ќе напишам една иста работа на 3 места не му помага на ученикот да научи повеќе. Наставникот троши драгоцено време на пишување исти и тоа непотребни работи, а не на подучување на учениците. Колегите пред десетина година имале по еден нотес со забелешки за часот, потребни при предавањето. Ние сега имаме еден куп документација која нема врска со она што го работиме. Тоа на нас ни го прави системот и никој не може да ми докаже дека не се прави намерно. Се обезвреднува јавното образование исто како што се обезвреднува јавното здравство. Тие што имаат пари ќе одат да учат приватно и да се лечат приватно. Тие што немаат, ќе се надеваат дека ќе налетаат на совесен наставник или лекар.
     
    На nevermet18, MilaSs12 и Opheliac им се допаѓа ова.
  15. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Гледам си ги лајкнувате коментарите, а аргументи немате никакви. Штрајкбрејкер е оној што го крши штрајкот и е негативецот во секоја приказна за социјална правда. Тој е предавникот на сите други, кој за ситни интереси си ги продава колегите. Во исто време добива од 2 места, од партијата и од она за што за него ќе се изборат тие што штрајкуваат. Никаде не реков дека не штрајкувам за себе, нормално дека сакам поголема плата. Сметам дека ја заслужувам и затоа не се срамам да ја барам.
     
    На nevermet18, Bebce1 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Ама они сеа се борат заедно.
    Утре пак ќе се оговараат зад грб.
    Нема врска тоа, таман раб, за едно лицемерие па и ти...
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  17. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.548
    Лајкуваме коментари кои се во иста насока со нашите размислувања и ставови. Не гледам ништо лошо во тоа, ти што виде лошо во лајковите, потенцирај, те молам.

    И сега да пробам малку во твој стил: Ако сметаш дека заслужуваш поголема плата, кај беше досега да сега се избориш за неа? 10 години во оваа професија, заслужен, паметен, вреден...чекаше да проработи колективната љубомора на колегите па да се приклучиш?

    Како тоа немаме аргументи? Страници наназад што се испишаа, што е тоа?
    Тоа што премногу барате, а не го заслужувате, не е аргумент? Што скоро да не постои наставник вработен без партиски врски, не е аргумент? Дека половина и повеќе од наставниот кадар е несоодветен за работната позиција? Што лажете дека штрајкувате за доброто на децата и образованието, не е аргумент...?
    Имаш право, не се тоа аргументи, факти се.

    Се согласувам дека генерално платите се премали за стандардов и дека нема човек што не сака поголема плата, ама полека малку...каде преку ред? Заслужете прво, барем малку оправете нешто во образованиево, стекнете малку доверба кај родителите, па да смениме муабет. Со споредување како некој може, па зошто не и јас, никогаш поддршката нема да ја добиете. Од никој, освен од вашиот колектив.
     
    На Harper, Annath, deskarada и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.392
    Пол:
    Женски
    Уште ли штрајкуваат ,,господава”, аман (facepalm)
     
    На Волкот му/ѝ се допаѓа ова.
  19. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.618
    Допаѓања:
    13.123
    Пол:
    Женски
    Вие што штрајкувате, штом барате покачување на платата, барајте да има и контроли за време на настава во училиштата, да видиме кој како работи.

    Е после тоа се што не чини да се избрка од работа, и да се примат нови професори, што квалитетно ќе си ја работат професијата.

    Пример јас да сум квалитетна и посветена професорка би ми било понижувачки некој друг незаинтересиран и неквалитетен професор да зема иста плата како мене. Затоа не ве разбираме.
    Значи барајте плата според заслуга, тоа го вергламе цело време на темава.
     
    На Harper, raww, deskarada и 6 други им се допаѓа ова.
  20. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Немате аргументи, имате еден куп генерализации и еден куп навреди кон луѓе кои не ги познавате. Ниту знаете кои должности ги има професијата, ниту сакате да знаете. Мислите дека наставниците предаваат исто како пред 30 години и дека ги имаат истите задачи како во тоа време. Факт е дека во нашата професија нема корупција (мислам на основно и средно). Факт е дека во сите други сектори владее корупција, па освен платата што не си ја заработуваат, уште и мито земаат. Не велам јас дека нема кај нас луѓе што не даваат максимум, ама не сме заслужиле вакви потценувања и навреди. Кога би тргнал да правам чистка, образованието би било последен сектор. Вие си имате формирано мислење, вкопани сте во вашите ровови и јас нема да ве разубедам. Во последните 10 години јас правев тоа што може еден поединец да прави. Излегував на протести пред МОН заедно со уште околу 300-400 мои колеги. Другите и тие како вас се борци на тастатура. Некои не смеат ни на тастатура да се искажат. За крај, јас веќе кажав, не очекувам поддршка од јавноста. Кога ние малите луѓе би се држеле заедно не би не владеело корумпираното малцинство. Devide et impera. Добра ноќ и среќни празници!
     
    На M.B., Bebce1, Anie93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.