И еве да речеме им ги покачуваат платите за тие 18,4%. Што после тоа? 1. Штрајкот ќе продолжи и за останатите цели да ги остварат или ќе заврши? 2. Што ќе се смени во образованието после покачувањето на платите? Ќе ги дадат за дополнителни курсеви и обуки да се доописменат полуписмените за да ги оправдаат парите? 3. Ќе седат цело работно време од 8 часа и на работа ќе ја сработат цела административна работа за не мора да ја носат дома? ... @draconis14 ти се солидаризираш со колективот цело време, се претставуваш како дел од таа маса, а ние генерализираме? Немам повеќе коментар, среќни празници и тебе, одморете сега малку од штрајкот, сигурно е многу понапорен од вашата редовна работа.
Како да ви кажам, а да не се јадосувате. Платите ќе им ги покачат на сите во јавен сектор. Никој нема ни да ве праша ниту вас, ниту мене. Значи, нема да направиме ништо против тоа. Се надевам дека ова ќе ги истера на улица и тие од приватен сектор, за и тие да добијат некакво покачување. После ова, сите ќе бидеме посиромашни, иако ќе имаме поголем износ на трансакциски. Тоа е тоа, а @An-na ако знаеш некој што е доволно будала да даде поткуп за оценка во основно или средно, слободно кажи, сподели линк од веста. За од другите сектори има и тоа повеќе. @zuto очигледно не се разбираме во поглед на тоа кој е мојот избор, глумење дека не сакам поголема плата или солидаризација со барањата на колегите. Инаку, барањата се формулирани од СОНК, без консултација со наставниците. Тие сметаат дека владата нема ни да има слух за останати прашања. Баш ме интересира ти како би постапила на мое место. Можете да комуницирате и без зајадливи коментари.
Дали болдираното е одговор на претходно поставените прашања од мене и многу други членови? Дека ќе си ги добиете парите, капата настрана и кој ги врти и децата и родителите... Значи сѐ се знаело однапред. Јас не би штрајкувала! Најмалку би се приклучувала во толпа во која не се пронаоѓам, односно се разликувам.
Ајде бидете искрени и кажете си, љубомората ви е главен мотив за овие навреди. Болдираното е факт, погледни ги последните вести. Не е одговор на твоите прашања, одговорот го немам, не сум министер за образование, а ниту директор на Биро за развој на образование. Тоа се институциите што прават „реформи“ и креираат образовни политики. Ме сфаќаш? Не зависи од мене. Сега истиве прашања упатете ги и на адреса на сите други сектори што добиваат покачување, дали ќе им се подобри квалитетот на работата итн.
Демек сега кога протестирате за време настава, на позитивна реакција наидовте ? Ускратувате право на образование, право на згрижување, учениците ги земавте за заложници секој еден пат за ваши лични цели! Па да, ние приватњаците едвај и фаќаме сезона а камо ли ефтина. Затоа сте вие наставниците тука да ни кажувате импресии од неколку месечниот годишен одмор.
Даааа така е..ич нема..само фирмите на мама и тато треба да обезбедат нешто за наставничката или директорот,по некоја оценка да се поправи,завеси и клима да купиш за школото,базар пари да собереш,екскурзија обавезно за да се пукне во џеб...и така..тие си штрајкуваат децава дома си седат...платите нивни и ќе се покачат ама времето за децава нема да се врати.
Ако некој го примиле без партија не им се верува. А не е ни некој грев реално да влезеш преку пријател, преку препорака па што демек ако си така влезен нема да си компетентен нема да работиш. Темава е стварно љубомора да ги изеде комплетно. Цела недела не можат да се помират со факт дека има професори што си ја работат добро работата и што се грижат за децата, глумат тука светци на нивното работно место да има можност за повисока плата не би барале, ах бе. Веќе станува смешна секоја дискусија тука, а тие којзнае каде работат и колку работат па туѓо гајле берат. Ама во стил се моето дете ќе пропушти не знам што, непредадена лекција, несфатена нема да остане, се ќе се надокнади, с сега јбг на кој не му одговара има приватни школи нека си пробаат и нешто такво. И што се прават многу писмени, образовани, паметни валјда нив некои нестручни професори ги описмениле
Во јули ефтина сезона е или...? Доста слушаш глупости од „народниот правобранител“. Кое право имало предност. Истражи малку и види дали е навистина така.
Исто ми е пресмешно каков комплекс на супериорност држите. Во секој еден пост од поддржувачите за циркусов, споредби со хигиеничарки видов. Немаше да им биде проблем нив ова ниво на платата кое го имаат, туку болно им е што на чистачката и качиле плата за 3000. Па тиквари една, таа чистачка и повеќе од вас заслужува. Ви чистат зад газот, ви носат дневници, ви варат кафиња по цел ден, да ги доработите немој дневницата за џабе да им е. Утре кога ќе се вратите у школите, како ќе ги погледнете у очи тие чистачки кои од уста не ги извадивте од почетокот ?! Ако уопште и ги гледате у очи, ако не ви е испод части, сепак тоа се луѓе со 4 и помалце години образование од вас !?
Не знам каде е ова со хигиеничарките, кај нас ниту дневник носат, ниту кафе варат а клупи сами си дезинфицираме. Никој не навредува хигиеничарка, ниту па мене ми смета да земаат тие поголема плата ама да не се доближат платите, не може да е разликата во 3-4илјади тоа е ноу сенс. Јас не знам еве лично ти кажи ми каде што работиш дали ти или хигиеничарките зимаат поголема плата? Секаде си има некоја пирамида, некој е на врв, некој средина, некој најдоле на пирамидата тоа не е ниту чудно нит срамно да се каже, не може во една фирма сите да сме на исто ниво. И не заборавај и хигиеничарките се партиски како професорите
Директорот во моментот кога ќе си ја прифати функцијата станува партиски извршител. Тој повеќе не ни е ни колега, заборава од каде дошол. За другото што напиша, базарите се идеја од ЕУ и САД (нели таму се стремиме). А за фирмата на тато и мама и нешто за наставничката повеќе кажува за тој што нуди, отколку за тој што зел (ако зел). Зошто давате на наставничката? Затоа што сакате незаслужени оценки. Немам зборови да ве прежалам.
Кога ќе ви го снема комплексот на Бог може ќе добиете малку солидарност. До тогаш споредувајте се од хигиеничарки до судии. Само и тоа можете реално.
Да бидеме реални, никој од приватен сектор нема никогаш да се солидаризира со тие од јавен сектор, освен ако нема некој у фамилија што работи таму. Претпоставувам дека тие што дискутираме овде сме само Македонци. Сликава од наставници споделена тука никогаш не би се случила во училиште во кое работат Македонци зашто ние очите ќе си ги извадиме.
Значи ти сметаш дека не го заслужуваш тоа место пошто милион пати кажа дека не си на штрајкот? Мошне интересно.