Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Ако се работеше за незнаење, ќе кажев дека вие не сте во право и ќе си држев на ставот. Сеедно, мислете што сакате, ваше право.
     
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.639
    Пол:
    Женски
    Не знам златна да ти кажам колку земаат хигиеничарките кај нас, не ме ни занима. Знам дека ако утре се разбудам незадоволна од мојата плата, нема да ја користам чистачката како аргумент пред шефот и нејзината плата вс мојата.
    Ќе ги користам моите резултати како разлог за покачување.

    спротивно од вас. Вие немате никаков резултат врз основ на кој ќе барате награда у форма на покачување на плати, па затоа мора да ги земете чистачките за аргумент.
     
    На Harper, christinnn, raww и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.337
    Допаѓања:
    15.792
    Пол:
    Женски
    Па штрајкот не е да бидеш или да не бидеш професор.
    Мене плата од 3000ден плус нема да ми е доказ дека го заслужувам местото повеќе од сега. Едноставно лично не осеќам потреба за штрајк.
     
  4. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.337
    Допаѓања:
    15.792
    Пол:
    Женски
    Како дете од работничка класа, од родител хигеничар во ниеден случај не сум навредила ниту потценила таква работа, затоа овие муабети продавај ги на друго место. :D
     
    На Волкот му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.398
    Значи не го поддржуваш штрајкот?
     
  6. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.337
    Допаѓања:
    15.792
    Пол:
    Женски
    Ова сето отиде предалеку и не ми се допаѓа, многу долго а некако хаотично. Искрено ако не си дел од СОНК ниту ги знаеш нивните планови и насоки. Затоа не можам да кажам дали го поддржувам или не штрајкот, секој нека добие повеќе ако одлучат дека заслужува.

    Мене искрено језа ме фаќа од празни ходници и училници, не ми е убава глетката само тоа можам да кажам. Од 5 класа и 5 професори во училиште таа глетка се добива.
    Ама има и една страна што не знам дали ја спомнал некој тука, по ново треба да внимаваш и дали ќе викнеш деца на училиште зошто можеле да дојдат родители кои се за штрајкот и да било погрешно сфатено. Имаш меч со две острици веќе
     
    На Ugly Duckling, Волкот и GirlRose им се допаѓа ова.
  7. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Г
    Не знам од каде ви се овие тези. Во нашето училиште и хигиеничарите го поддржаа штрајкот. Свесни се тие дека кога се покачува на една категорија вработени, треба да се покачи и кај сите други. Дневници немаме (имаме електронски). Кафе сами си вариме (и тоа се смени од твое време). Многу знаеш ти колку и дали работат. Не знаеш ништо за моменталната ситуација во училиштата. Се гледа твојот анимозитет спрема наставниците.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.398
    Ако и кажеш на хигиеничарката "заслужувам поголема плата од тебе" ќе те поддржи ли?
    Не е лесно со деца, не е ни лесно да го чистеш и изметот на тие деца.
    Рилакс малце. А хигиеничарка и кафекуварица не е исто. Се гледа и ти колку знаеш туѓи професии. Седи, пет наставниче.
     
  9. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Забега муабетов, зајадливи ви се коментарите, барате ситници да поентирате. Па што мислите дека поддржаа кога го подржаа нашиот штрајк? Нивната плата веќе се зголеми. Имаме ние меѓусебна солидарност, за разлика од народецов. Кога ние бевме ученици, хигиеничарите им вареа кафе на наставниците/професорите. Сега не варат повеќе зашто не им е во опис на работно место. Тие (хигиеничарите) за разлика од повеќето тука знаат дека различен степен на образование и различен коефициент на сложеност на работа, носи различна плата. Очигледно дека сте исфрустрирани од нешто, дали од сопствената професија или нешто друго, не знам. За тие кои мразите (некој и колнеше во коментари), ќе ве оставам да се удавите во сопствената омраза. За другите, што да кажам, не заслужуваме ни да имаме подобар систем.
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    28.549
    Како така не е грев ако се вработува преку партија/пријател? ДА, РЕАЛНО е грев, не е во ред. Препорака е едно, а вработување е друго. Партија ветува и вработува. Критериумите за вработување и тоа како се проблем. Наместо да се даде шанса на сите што завршиле и да се истакнат најдобрите, ние ќе вработиме партиски и пријателски, па ќе се погоди по нешто солидно и компетентно и од тоа. |(

    И како резултат на ова е она што и сама кажуваш, дека НЕКОИ наставници си ја работеле работата како што треба. Имало и такви, еј. Е затоа ни е револтот. Што поради тое исклучоци сите бараат "преку леб - погача". Да беа малцинство тие што беа некомпетентни немаше да биде овој револт. Повеќето се такви и вие сте свесни за тоа. Ама знаете нема дека друг начин во таа професија за да добиеш повеќе (индивидуална заслуга), па затоа се солидаризирате.

    Љубомората е причината за вашиот штрајк, од наша страна е незадоволството. Вие сте тие кои се споредувате со сите други професии, а ние проблемот го гледаме исклучиво кај вас.
    Секој би се борел и се бори за повисока плата, ама врз основа на својот сопствен труд и постигнати резултати, а не врз грбот на другиот. Барајте да се смени начинот на вреднување на трудот, тоа е во ред.
     
    На Harper, raww, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Не е грев, криминал е.
    Според закон.
     
    На Harper, raww, Ugly Duckling и 9 други им се допаѓа ова.
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Не било грев да се вработиш со врски….. па препораки биле не биле врски преку партија :rofl: ајде доста се брукате веќе
     
    На Harper, Lea.Messi, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  13. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    @draconis14 упорно не ми одговараш на прашањето. Зошто не застанете сите до еден пред МОН и сличните институции и не се збуните за ужасната програма, за многуте часови кај најмалите деца, за тоа дека за образование во 2020 е потрошено само 3,3 од БДП, за да ви се овозможат обуки за професионален развој ( зашто наставниците кои се над 50 не се виновни што не знаат компјутери, до душа до некаде и се затоа што се во комфорна зона и не се потрудиле да научат), збунете се за условите во кои работите ( знам дека од џеб давате пари за хартија и слично) збунете се за патните трошоци на пратениците. Она што не револтира сите е што секогаш се буните за плата и тоа секогаш преку децата. Не сум чула наставник јавно да се збуни на пример за Кембриџ програмата која е преобемна и не е за нашите простори. Зошто не го направите тоа? Туку упорно верглате дека на другите им ја покачиле платата. Ве разбираме дека и вашата е мала, знаеме дека треба да земате повеќе и ќе ве поддржиме ако видиме дека навистина ќе барате подобри услови за нашите деца. И со ова верглате дека децата ни ги чувале ( не велам за тебе) зборува многу фактот дека многу од наставниците не поднесуваат дечиња. Па за тоа се платени. Да им држат часови на деца, а тоа значи дека детето мора да е на час, во кој е одговорен наставник. Премногу арогантни колеги имате и затоа сме револтирани. Велиме секоја чест на исклучоци може и ти си еден од нив и браво за тебе, ама ете дај им идеја на колегите дека Вас сите ве плаќаат за да образувате ДЕЦА. А и веројатно си полагал и методики па знаеш дека и воспитната компонента е дел од процесот, а тоа на многу ваши колеги им пречи. Нека се спуштат малку на земја и сите ќе ве поддржиме, доволно е што не ги праќаме децата на училиште нели? П. С. Вие треба да сте тие кои ќе барате менување на образовните политики, вие го изведувате наставниот процес? Гледам упорно тоа го кажуваш, дека не ги креирате вие обр.политики, велиш до системот е, знаеме сите дека е до системот, ајде, секако сте во штрајк, побарајте и тоа.
     
    Последна измена: 22 април 2022
    На Annath, Ahoy, Волкот и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
    Мене не ми е јасно шо се објаснувате?
    Не чини цел систем, ова е дневнополитичка занимација.
    То има метастазиран рак, вие зборате шо кармин да клај.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Волкот

    Волкот Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2022
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    140
    Токму така Револт на грбот на децата со кршење на Уставно загарантирано право на образование што е повисоко од сите права.
    Од 2019 до сега 2 пати ви се покачени платите,а за време на пандемија седевме дома "онлајн" предавања со цела плата.
    За лошите резултати во образование,партиските директори и корупцијата збор не кревате ни вие ни вашиот синдикат,ама за џебот први сте.

    Каде бевте да се буните против Мила и владата за електронските учебници и брзо воведување на нова концепција?

    Каде бевте да се буните против Кембриџот што го воведе претходната гарнитура?

    Каде бевте кога протестираа матурантите пред една година за матурата?

    Удобни седевте во вашите кабинети,со страв да не се замерите со некој од системот, штитејќи си ги часовите што ви се незаконски дадени,бидејќи предавате во одделенија со број на деца помал од законскиот минимум само за да имате паралелка т.е примања и да...да ги уценување родителите и да им се додворуваат и да барате врски ургенции и пари за да си завршите личен интерес
     
    На Lea.Messi, Annath и supergirlmb им се допаѓа ова.
  16. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    3.050
    Пол:
    Женски
    Зарем платата е по заслуга повикувајќи се на која позиција е ставен работникот и што е по професија?

    Се додека има ваква грозна поделба и омраза,нема да не биде.
    СИТЕ треба да заработуваат заживот и наставник и хигиеничар во установа и хигиеничар на улица и буквално СИТЕ! Вие не сте тие што треба да ги казнувате и да им одредувате на луѓето колкава плата треба да зимаат.

    По вас, продавачите треба да се најплатени?
    Секоја работа си има своја планина на тежина. Поделба не треба да има.
     
  17. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    А зошто да се солидаризира од приватен сектор со вас некој?
    Што не се солидаризирате вие со нив и да речете чекај бе греота се овие луѓе да земаат жена за чување да плаќаат 15000, да земаат боледувања и да трошат одмор, да добиваат уцени дека мора да се вратат на работа?
    Како рековте секој си гледа за себе, па дај ми еден единствен аргумент зошто побогу приватен сектор кој во принцип ве плаќа, да се солидаризира со луѓе кои знаеме како дошле на таа позиција, заштитени се ко бели мечки, очекуваат сите да им се клањаат и глумат дека се маченици напатени, а сите знаеме колку се работи во државен, а колку во приватен сектор?
     
    На Harper, SuperGirl24, Bezimenka90 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.555
    Допаѓања:
    8.155
    Пол:
    Женски
    Факсот за наставник многу тешко се завршува :rofl:
    Најголемиот број од луѓето работат 40 саати и земаат помала плата. Наставниците не работат толку, а земаат поголема плата, притоа не го работат тоа што треба да го работат. Бараат и покачување. Зошто? Како награда дека не објаснуваат ништо, дека не се залагаат за учениците и дека некој ученик кога ќе се пожали дека е малтретиран од друг ученик да се добие одговор, тоа е само игра? Е па ако за ова се добива покачување, тогаш да, го заслужија со нивното неработење и шетање до школо, пиење кафе по цел ден и работа со "огромна" администрација.
     
    На Lea.Messi и СуперДевојка им се допаѓа ова.
  19. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Wooow дури кафе сами си варите, каков пресврт. Не ти е малце срам за тоа фигуративно што беше пишано да се објаснуваш како хигиеничарките не ви вареле кафе и дневниците сами сте ги носеле? :D
     
    На Harper, SuperGirl24, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.799
    Допаѓања:
    40.354
    Пол:
    Женски
    За време на пандемија додека градинките и школите беа затворени, а просветните работници си седеа дома,ние од приватниот сектор одевме на работа и се чудевме кој да ни ги чува децата оти никој не нѐ ослободуваше од работа. И сега барате да се солидаризираме со вас? Мхм важи
     
    На Harper, SuperGirl24, Волкот и 7 други им се допаѓа ова.