Не си ме разбрала убаво, сакав да кажам дека родителите преку разговор треба да им посочат на децата дека само преку работни навики и знаење може да бидат вреднувани и ценети како возрасни понатаму во животот. Ама во нашето општество се соочуваме со искривени вредности, така да и не ме чуди за тоа што си го пишала. @Srckata28
Едната седната со цигара, а другата со кафе во школски двор. Не гледаат што прават децата.Нечие дете плаче. Покачување за вакви? А, бе ај...
Неврзано за платите, а факт е дека на многумина се мизерни, не само во образованието, поразно е на ваков начин да зборувате за после вас ,најбитните фигури во животите на вашите деца. Училиштето треба да биде институција,а наставникот авторитет, па дури и кога не е баш најдобар ( како и секаде разни билки има ). Родителот и наставникот треба да соработуваат ,за да се развие ученикот во среќно и самоуверено дете. Притоа родителот е тој кој треба да почитува и подаде рака,давајќи му пример на сопственото дете. Бидејќи наставникот е со него неколку години,а детето е ваше засекогаш....гордост или проблем. Навистина не можам да разберам волкав револт, па закани, нема да му кратам од распуст, тие ќе ми планираат и сл.... Како за први непријатели да зборувате....
Во моментов се баш тоа,непријатели…не се достапни,им ги завртеа грбот на децата,не ги удостоија со никаква информација,и најважно,им скратија право на образование. Кај се сега најбитните после нас фигури да им ја објаснат ситуацијата,да им кажат зошто се назадоволни,да им објаснат зошто произведуваме најслаби ученици… Не,од медиуми нека се информираат децата.
Најслаби ученици произведуваме првенствено поради огромни притисоци и уцени од “родители“ за кецароши да се направат одлични. Потоа од никакви услови елементарни во училиштата и нормално замешана политика.
Изгледа така им е наредено. Еве и кај децава во градинка, кај едното само ни пиша дека градинката работи. А кај другово едната праќаше линкови од медиуми да сме следеле (во неделата) а другата дека сме биле возрасни и сами сме биле одговорни за свои одлуки.
Многу погрешен момент избраа за да барат покачување на плата. Момент кога има страшна економска криза, момент само што почна учениците да се враќат у нормала со идење у школо. Многу погрешен чекор, тие како просветни работници искочи дека не ги интересира образованието на учениците. Најжално е за градинкиве. Родителите ги носат на градинка дечињава пошто нема кој да им ги гледа, луѓето работат во приватни фирми и не може туку така да со денови да не одат на работа, во приватно никој не те прашува дали детето има кој да ти го гледа. За ден два ај ок, ама не се ден два ...
Добар и вистинси педагог и наставник никогаш нема да употреби вакви изрази како „расправање со деца„ Не, во опис на работно место не им е расправање со деца, туку воспитување и образование. Тие кои што се жалат дека се расправаат со децата немаат ни П од педагог и истите не заслужуваат да се нарекуваат просветни работници ниту пак заслужуваат денар плата од граѓанските даноци. Околу платите на останатите просветари, пишав и во друга тема, со оглед на состојбата во приватниот сектор, платите им се во ред. Голем процент од приватниот сектор треба убаво да се испоти за да ги заработи тие 25.000, а добар дел можат само да ги сонуваат. Ама еј!!! На просветарите им се малку, па дури и 10% покачување не им е доволно!!! Абре.... јас би ги избркала сите кои нема да се вратат на работа и би вработила нови. И така има еден куп невработени кои немаат партиски книшки од еднава или другава партија.
Да,тоа им е изгледа кажано да кажуваат. Во градинка мора да ги примат децата,како знаат и умеат. Може да се прават будали но мора да ви ги примат децата. Ние со школскиве деца господ знае што ке правиме. Најголем притисок од овој штрајк испадна на децата и родителите.
Слободно ако не ти чини можеш да дадеш отказ и со своето 20 годишно искуство да си најдеш приватна работа каде што можеби и би земала поголема плата, па така на твоите дечиња ќе им пружиш се што сакаш. Државна работа, толку ти е. Имајте среќа ако не ве избркаат!!!
Не знам зошто би им објаснувале на децата било што во врска со нивните барања. Веројатно и самите исчекуваат. А децата не се глупави ( особено средношколците )...точно знаат што се случува. Родителите се битни и како ќе се постават кон овој наставнички проблем...во очите на сопствените деца. Тоа е мој став,за мене секогаш и најлошиот наставник е авторитет ако го учи моето дете. Пропуштеното и ненаучено,ако се има волја, ќе се надокнади.
Ги примаат да, јас не ги носев цела недела ради нив како ќе им биде итн дека се мали ама од утре ги носам. Со школските..неам коментар исто, гарант ќе продолжуваат година нормално пак децата ќе плаќаат
Политички циркузи на грб на децава не оправдувам. И да. Нема да го пуштам детето на часови ако одработуваат после десетти јуни, и ќе се бунам ако му ги пишат неоправдани. Оти ги оправдува сега, кога седи дома и чека на вести да кажат дали утре ќе оди на училиште или не. Срамота е ова што се прави. Прва сум за повисоки плати на оние што заслужиле, значи по учинок, ама не да им го ускратуваат на децава правото на образование. Ветеното треба да се исполни, ама не вака. Не преку децата. Многу сум револтирана, премногу. Кај не ги бива, се менуваат по три четири наставници сред година, со најава во 5 до 12, материјалот несовладан, неуспешно предаден само колку да се заврши часот. Мизерија.
Контраштрајк по терк на вемеро. Инаку... да, треба и ние да кренеме глас. Ние сме плаќачите, а овие се расправаат со проценти додека ние чуваме деца дома и губиме финансии Плус, и нивната работа ја работиме како што кажа @zuto колку учат во школо, толку и дома
Сега читав, ќе им плателе само придонеси изгледа, Законот дозволува, нетото може Синдикатот да им го исплати. Јаким донт лајк дис. Е така. Кој штрајкува, нема плата.
Не читав се што сте пишувале ама прво ќе си го пишам моето мислење. Патетики колку намачени биле наставниците не ме интересираат. Сум поминала низ образование, како и сите, сум видела каков калибар е кадарот кој предава. Немам никаква емпатија по однос плата за луѓе кои врски фаќаат да се напикаат по градинки и по школи за да нишаат врата цел живот. Секоја чест на оние малку кои се исклучок. Значи платата одговара кога се тепаш да влезеш на работа во државно, после секоја месечина протестираш за поголема плата. Уште јас во школо бев, секоја година протестираа за повисока плата. Пола од нив на маникири и педикири се испосликаа, каков црн штрајк. Кец на десетка им дојде, ем не работат, ем плата ќе им покачат. Еден ден во приватно да влезат пола саат нема да издржат. Тонеме на секое ниво во поглед образование и тие и нивната инертност самите се дел од проблемот, така што јас ако се прашувам на ваков начин штрајкување не заслужуваат ни денар вишок. Преполни се бироата за вработување со наставен кадар, ако не им одговара слободно нека се префрлат во приватно. На грбот на децата и родителите кои останаа со помали плати заради боледувања и земање денови, срам треба да им е за секој денар плус.
Авторитет се заслужува, мн. контрадикторности напишани во една иста реченица најлош наставник ако го учел детето е авторитет На што ќе го научи, на се најлошо? И тој е авторитет, не тој е превид на системот што не го бива, најлош е ама се уште раб. со деца Поточно на политиките во системот е таквиот наставник превид.
Уште ли ова од времето на Тито, втора мајка, злато за 8 Март... Многу битни, еве до ден денешен не можам да ги заборавам сите учители, наставници и професори оти баш ко фамилија ги осеќав Не се занесувајте. Ваквите изреки им се ко оправдување дека може да се понашаат како сакаат, демек доста е детето што ти го "трпат" па уште и жалби ли да слушаат?
Ма каква фамилија...децата слободно нека си имаат став...можат да проценат подобро од сите и да покажат. Зборувам за родителите кои се незадоволни од се и училиштата им се виновни за сите грешки на нивните совршени деца. Не сум никако засегната инаку,само не можам да се начудам....толкав проблем да се правело,што накој посакал да смени нешто...