Па ако знаеш дека таму некаде има наставник што лечи комплекси врз деца, не е ништо погрешно ако кажеш дека треба да лета од работа место да бара покачување.
Ама никој не рече дека се децата криви, што ќе им биде на децата ако една, две недели пропуштат? Немате само вие деца и проф и наставници имаат и тие мислат кој ќе им ги чува децата, штрајкот не е неодење на работа
Може ние од приватен сектор вака да си зимаме одмор кога не ни одговара нешто? Па што е една недела две, неработење. Нема да се пропушти нешто.
Немој не ме смеј. Пишувате на темава како да зборувате со луѓе што само вас ве знаат од темава во просвета и немаат допир надвор со вработени од образование. Знаеме колку време сте на работа часови кога имате, па сега за штрајк...
Па пишала не е неодење на работа. Значи они одат НА работа ама не работат. Значи не е грешка. Конташ?
Јас мислам дека Драконис и Ание93 е една иста личност. Истото го пишуваат. Btw треба отказ за сите овие. Оди во приватен сектор штрајкувај, се знае што следува. Морее...
Негователката на ќерка ми од градинка навистина оди на работа и седи во ходник. Ева ме прашува дали веќе не ги сака бидејќи не оди во нивната занимална да си играла со нив, туку седела во ходникот
Знаат да мрчат и малтретираат за една пропуштена домашна задача али за две недели пропуштена настава што ќе им биде на децата ако една/две недели пропуштат. Исто така екстремно битно, булингот во училиштата е огромен проблем, кој наставник решил или пробал да реши таков проблем, никој никогаш!
Најјака реченица ми беше на намачениот наставник оти "многу му било тешко бесцелно да седи во школо" Па чоек работи, не седи бесцелно. Мислам кој те тера да штрајкуваш уопште.
Зар се само толку? Две години по ред само пропуштаат нешто. Помаливе навика немаат за учење, пишување, училишни правила, па некои дури ни за станување рано оти одат само втора смена и повеќе време беа онлајн. Две години сме бутни-застани... И како ќе го надокнадат пропуштениот материјал, пак ќе ни давате нас задачи дома да работиме со децата за да го сработиме тоа што вие требало да ги научите?
Дали истово ова ќе го кажеш утре ако добиете покачување еве и решат х ученици две недели да штрајкуваат и не одат во училиште поради х не правилности во образовниот систем?
Тоа е друга тема на муабет и ако смета,соберете и петиција. Многу сте брутални за покачување плати и т.н. Ама за секоја професија. Се сметаме компетентни и достојни за се, а не даваме нас да не искритикуваат.
Ич ништо нема да им биде, само ќе им го натрупате материјалот во два три часа, ќе им дадете завршни тестови преобемни и ќе пишувате 2,3 со задоволство и изговор дека не учеле децата. И скроз им ја уништите желбата за учење. Кога децата ја бојкотираа онлајн наставата, им пишувавте неоправдани, оти тогаш не велевте вака, чудо големо ќе изгубат две недели. Двојни аршини имате, затоа немате голема поддршка, да бевте поинакви ако требаше и на улица ќе излезевме пак ние родителите, за вас.
Човек колку и да пеобува да ве одбрани вие сами си праите да тоа не е возможно. Кој заслужува покачување? Онаа професорката што имаше порнич? Или оној професорот што го затворија за порнографија? Или професорката која на вибер е потпишана хххх "пеперутче". Слики ставеми мислиш на фешн вик се пријавува а нема работа со деца во пубертет. Или тој професорот што викаше "колешке нешто сте се здебелиле" Или тој другиот "зошто колешке доаѓате со фармерки и маичка на предавање?" Аха да не мислите на професорката што доаѓаше во миничи и виткана коса нашминкана комќ за у диско? Или таа што од нејзини причини познати секое предавање ја чекаш по 2 саата ама не смееш да си отидиеш пошто нема потпис. А нема потпис нема испит Кој кого ј*** овде ?
Ај, прво прочитај дефиниција за корупција, па дојди ќе праиме муабет. И слезете од облаците каде што живеете, симнете ги розовите очила и погледајте ги колегите со наши очи! Срам да ви е!!! На сите до еден. Изврзани сте како црева меѓу себе, никаква самокритичност, никаква објективност. Поддржувате корупција (злоупотреба на службена должност за лични цели) булинг врз децата, неработење, нестручен кадар итн, итн... И вас треба да ве жалиме?!!! Плати сакате поголеми!!! Како што е тргнато, последни на протест ќе излеземе ние, плаќачите. Ќе штрајкуваме со неплаќање давачки, па да видам од кај плати за вас „високоучените„