Можат и наставнициве да спроведат петиција место штрајк. Видиш мајко му како една работа е океј за родители и приватен сектор, ама не е за наставници.
Еј не сте интересени веќе со поделбиве приватен/јавен сектор. Само во нашата држава го има тоа, многу зборите сите, а малку придонесувате за општото добро. Никогаш никој не сум поделила. Сакам да допринесам за промени и за доброто на сите. Секој има прави да заработува за живот.
Точно, само во нашата држава има поделба, буџетарите да си лежат и да си земаат плати, а тие во приватно да се убиваат од работа. Ма даааа, добро би било да сме солидарни, нема грешка. И не само вие, сите на државно така што се примени, партиски со врски. Бидете против партиско вработување, бидете за ефективна работа, направете го училиштето и образованието како во светот што го спомнуваш, верувај солидарни ќе бидеме и први ќе ви подадеме рака.
Па поделени се секако. Во приватен ете ти кажале ако не идеш на работа три дена неоправдано, отказ добиваш, ни А ни Б. Сакате така и со наставниците да биде? Или ќе им фуфка тогаш?
Вака,за ова самоволие на СОНК што ми ги доуништува децата треба да се обратиме до НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ и да си кажеме дека уставните права на образование за децата ни се прекршени. А потоа и по институции надлежни . Па прекинувате ја наставата колку сакате после
Да стварно, малку придонесуваат и онака малкуте продуктивни гранки во општеството за платите на јавен сектор. Во кој свет живеете, што дроги земате, дајте ми и мене малце да се олабавам.
Сите закони важат за сите аман веќе. Не е само за државен или приватен. Нели читате пратите се или? Само тоа што одговара?
Затоа што денес никој не е на работа. Не вадете чаршиски муабети нели ви се здосади од непродуктивниве муабети? Наместо набедување и осудување, дајте совет како да се опраиме сите. Ако зимаат 17000 плата и немаат пари сметка да су платат од 13000ден , задоволни ли ќе бидете конечно?! И најголемиот неработник не ја заслужува таа мизерна плата во однос на мизерно скапиот живот! Тоа цело време кажувам.
Зборам конкретно за законите што ги спомна. Зошто маркетите работат денеска ако законите се исти за сите? 'Сите закони важат за сите' не можам да ја преболам реченицава.
Не се само наставниците со ниски плати. Има луѓе што работат многу повеќе, а земаат помали плати. Или тоа не е важно, важно вие покачување да добиете.
Како бе 17,000 кога 18,000 е минимална, а и ко што знам по школите 24-26,000 се зимаат.За тоа колку неписмени деца искачаат, многу ви се. На 20 години уште викат ефтино, мајками, неможам, незнам, не знае планини и реки во Македонија, клетка не знае да каже шо е, англиски да не зборам…и вие сакате покачување?? Абе у секое школо има бар по 5 професори шо уопште не заслужуваат да работат, не па покачување да зимаат.Ја не знам шо ви е, вие ако може клати врата зимај плата, ко администрацијата.Видела жабага го потковуваат коњот, па кренала ноџето.
Штрајкот е законски и секој работник има право на штрајк. Не мешај баби и жаби. Нели пратите и во тек сте со законите во државава?
Ко прбо не сум наставник. Второ, цело време кажувам дека секој работник заслужува покачување и нормална плата за овој ненормален скап живот. Не само напаѓајте.
Законски и децата имаат право на образование, а вие им го ускратувате тоа, и онака 2 години нишо не учеа..а и дома седеа.Таман ќе се навикне на школо, ааа не, на Светле ѝ текнало дека не ѝ се работи више за тие пари, нема да се учи. А башка шо ќе треба летоска да се одработуваат тие часови, мислам не знам дали сте свесни за тоа. Сите кога ќе се на одмори веќе, или ќе си уживаат, они у школо ќе се пржат на сонце…