1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Миа ти ли си?

    Сите во сите сектори имаат деца. Не заборавајте. Овде се праи муабет за тоа колку заслужиле врз основа на постигнатите резултати односно писменоста што ја нема. Не мешај баби и жаби и не фаќај на патетики.
     
    На zuto, Just.do.it и fana им се допаѓа ова.
  2. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    2.934
    Пол:
    Женски
    Плата ли е 17 000 или 23 000?
    Нека направат минимална 500 евра како што лажат сите цел живот, па на таа минумална нека има плус проценти и слично, сѓа во меѓувреме ништо да не се поскапува.

    За грев сме сите.
     
  3. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    2.934
    Пол:
    Женски

    А?? Не именувајте и не кажувајте кој каде работи според коментарите.
    Второ, ако сте во тек со времето, погледнете во другите држави како е.
    Германија? Или таму се ќе поддржуте и ќе прифатите, само затоа што е Германија.

    Не се патетики. Тоа е вистината
     
    На Bebce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    8.012
    Пол:
    Женски
    Не заслужуваат покачување.
    1. Не работат цело работно време, а земаат цела плата дури и повеќе. Во приватно да си вака, ќе земаш според колку работиш.
    2. Не работат ништо. Одмор во лето 3 месеци, во зима 1 месец, во текот на годината дали 5 саати се на работа во денот.
    3. Зашто не се збори да се покачат платите на текстилните работници? Тие работат најмногу, дури и прекувремено, а не се платени воопшто, за разлика од наставниците кои се шетаат до работа и кои врвот на успехот им е: "мене лесна ми е работата, ништо не работам".
    Штрајкот во приватно многу тешко се организира. Знаеш зошто?
    Ќе се организираат неколку работници за штрајк и наредниот ден ќе им стигне отказно решение. Во државно нема вака, затоа вака прават.
     
  5. GirlVolley

    GirlVolley Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    2.934
    Пол:
    Женски

    А дома што се спремаат по неколку часа секој ден? Програмата ја прават ден претходно и верувам не е едноставно.

    Ме иритира ние македончињата што знаеме се и за секоја тема, за секоја професија, за секоја фирма и институција и 90% зборење измислици или некои работи шти биле на времето, а сега веќе не се.

    Така нека биде.
     
    На Bitter-Sweet и Bebce1 им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.169
    Пол:
    Женски
    И таа минимална од 500 евра ќе биде малку, ако се случи такво покачување. За да биде така, треба да се покачат даноците, а ако се покачат даноците, сите цени повторно ќе одат нагоре, парите ќе немаат вредност. Цените не може да се замрзнат, мора некој да го полни буџетот за да може да се случи тоа. А се полни од приватен сектор најмногу, за да се постигне да има секој минималец од 500 евра, ќе ги покачат давачките, па фирмите ќе ги покачат цените на финалниот производ, а многу од нив може и одвај ќе врзуваат крај со крај за да опстанат, дел можеби и ќе се затворат, па луѓе ќе останат на улица. Во која утопија живееш со тоа дека ќе биде подобро со минималец од 500 евра во сегашнава ситуација? Ние сме држава зависна од увоз, немаме сопствено произвдоство, море ништо немаме, само власт која си ги полни џебовите на сметка на народот.

    Ако се направи чистка и ако секој се плаќа по учинок, работите ќе бидат многу поинакви. Ама кај нас нема тоа да биде, оти ако се реши некој да штрајкува од приватен сектор за да се солидаризира со неработниците од јавен сектор (чест на исклучоци), ќе лета од работа.
     
    На Harper, Bezimenka90, duffi и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Сите ја спомнуваат германската плата ама данокот некако го пропуштате.
     
    На Bezimenka90, KuklickaSk и Celltica им се допаѓа ова.
  8. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.523
    Допаѓања:
    8.012
    Пол:
    Женски
    Дома се спремале :rofl::rofl::rofl:
    Истото го повторуваат секоја година. Никакви новитети во предавањата не вметнуваат. Дури и истите тестови ги даваат. Ете колку работат дома.
     
    На zuto и fana им се допаѓа ова.
  9. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.985
    Допаѓања:
    13.761
    Па што дома? И треба да спремаат зашто во училиштето се по 4 или 5 саати. А и па се окршија од работа дома. Истото со години го предаваат, се спремале:rofl: Имам блиска во фамилија наставничка, гледам колку вкупно работи. Во исто време излегуваме за на работа, но јас кога завршувам со работното време ( читај уште сум во канцеларија), таа е веќе дома истуширана, ручала и кафе пие. Па уште се увредени кога ќе им кажеш дека помалку работат.
     
    На jacqueline.s, zuto и Just.do.it им се допаѓа ова.
  10. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Ајде да праиме муабет за Германија сакаш?
    Во Германија има три типа на средно школо. Во зависност од тоа кој колку учи таму и припаѓа. Професор неможеш да видиш у минич, или да седи и да пие кафе со колешките да си се види додека треба да има настава. Кој колку му се работи и со какви деца таму и ќе го вработат. Ама сигурно не ги вработуваат по партиска книшка.
    Вистина е да.
    Зошто детето на професорката Милица е пред детето на хигиеничарката Светле?
    Какви се тие глупости
     
    На zuto, Feminka22 и fana им се допаѓа ова.
  11. Starry

    Starry Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2022
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Секој заслужува достојна плата. Немам допирна точка со просвета, но луѓето учеле факултети и секако дека заслужуваат поголема плата.
    Секаде слушам за тоа педагошки факултет кој завршувал, најпростите ученици, не заслужувале плата. А, што со другите?
    Има луѓе што работат професори со тешки факултети како пмф, а информатика што предаваат со финки, во стручни школи инженери, доктори, фармацевти, економисти?
    Колку е тешко да се завршат такви факултети, зарем е достојно плата под 30 илјади кога е се поскапено?
    Ќе речат што работат тоа ако не им чини, еве од финки завршен некој будала предава информатика, а има други опции. Но, кој ќе предава тогаш? Знаете дека за вакви струки речиси не се ни нафаќаат веќе луѓе да работат, гледајте на некои струки годишно по 4-5 студенти има само, за некоја година нема да има професори. Децата кој ќе ви ги(ни) учи? За 10 години ќе биде алармантно.
    Професори по физика на пример веќе едвај се наоѓаат, никој не завршува тоа, дефицитарни струки станаа.

    Мора да има поголеми плати и покачување во сите области во оваа мизерна држава. И браво за иницијативата. За тренирање магариња и за пратеници има, а за луѓето што треба да ги едуцираат најмладите и повеќе работат од тие со сместениот газ во влада и собрание нема. Срамота.
     
    На Bebce1, GirlVolley, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    Имаше една на форумов, се претставуваше како наставничка по биологија. Тврдеше дека мажот во една ејакулација исфрла 300мл сперма! И ги прочитав и останатите мислења, и само едно ќе кажам. Ако барем 10% од наставниците се со тој профил на личност, а мислам дека се многу повеќе, ни 10000 не заслужувате.
    Има исклучоци, и мислам дека треба да се направи стратегија по која тие што навистина заслужиле, гледано според успехот на децата на натпревари, задоволството искажано од нив, мотивацијата, проекти, да земаат и дупло повеќе. Ама некоја што лепела плакати и учела педагошки(колку да заврши) и се вработила а поима нема кај се наоѓа, пред се не е педагог, а професор уште помалце, да си ќути зошто и со ова треба да е пресреќна.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Се изначитав секакви глупости овде. Најмногу преовладува мислењето дека работата е лесна, дека има 4 месеци одмор, дека не сме работеле итн. Немам ништо повеќе што да кажам, освен ова: Ако е лесна работата, повелете стекнете се со соодветно образование и вработете се како наставник/професор. Изговорот од типот ама не можам да дојдам до место зашто не сум партиски полтрон, немам врски итн. паѓа во вода. Има дефицитарни струки, фалат наставници по германски јазик, математика, физика, хемија, физичко (замислете физичко).... Завршете еден од овие факултети, вработете се и уживајте во лесната работа. Ќе се видиме на оваа страна од оградата каде тревата, според вас, е позелена.
     
    На Bebce1, GirlVolley, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    Нели е точно дека не работите повеќе од 4-5 часа дневно? Ако таа плата е за 4 часа, доколку би работеле 8 како и секој во државава, платата би ви била 50000, што е многу повеќе од просечната. Проста математика.
     
    На deskarada, zuto, Anaroz1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.252
    Допаѓања:
    118.914
    Пол:
    Женски
    Магистер сум по хемиски науки.
    Со доквалификација за наставник, нормално.
    Во не знам колку школи средни и основни праќав цв и погоди од колку ми се јавија? :)
     
    На Harper, Celltica, raww и 4 други им се допаѓа ова.
  16. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Не е точно, не си прочитал/а ништо од тоа што го имам кажано назад. Следи го мојот совет во цитираното, стани наставник и дојди да уживаш со нас. Поздрав до сите и како што кажав претходно, не е ни чудо што ни е урнисан системот.
     
  17. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Кога праќаше CV, на распишан оглас или во сите по ред?
     
  18. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.252
    Допаѓања:
    118.914
    Пол:
    Женски
    На сите по ред. Кога има оглас, не праќав затоа што тоа е веќе завршена работа, човекот е примен и се чека формалноста да помине за да го осигураат.
     
    На Harper, Celltica, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    Како бе не е точно? Сите овде сме од Марс паднати. Ниту сме биле во школо, ниту сме познавале наставничка да ни каже колку саати работи. Дај те молам. Има три часа денес, доаѓа во 10 си оди дома во 1, со се одмор.
    Немам ништо против да земаат бонуси и повисоки плати оние кои го заслужиле тоа. Ама начинот не е ова.
     
    На zuto, Anaroz1 и Just.do.it им се допаѓа ова.
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.169
    Пол:
    Женски
    Не е лесна. Образованието е една од најтешките и најодговорните области за работа. И затоа не треба било кој да го работи тоа. Ама кај нас се заборава одговорноста од страна на самите наставници и професори, прават се она што не треба да го прават. А како прво НЕ СМЕАТ ПРЕКУ ДЕЦАТА да уценуваат за било што, најмалку за повисоки плати.
    Нека ви ги покачат платите, ок, ама и да ве тестираат секоја година, децата за да видат колку сте ги научиле, ама и вас да ве тестираат, психолошки тестови, еднаш годишно или на 6 месеци ненајавено. Па да видиме колку сте способни. Оти по ова што го гледам, од децава, не сте нешто способни штом мора ние родителите со децата да работиме дома.
     
    На wannaBeMomma, Bezimenka90, duffi и 6 други им се допаѓа ова.