За работа се конкурира на оглас. Точно е тоа дека примаат некој од септември на 3 месеци без оглас. Во декември се распишуваат огласи. Ако тој некој нема завршено соодветно образование, на оглас мора да се прими лице со завршено соодветно образование. Ќе си аплицирате на оглас во декември и ќе си ја добиете работата. Ако ја дадат на некој без соодветно образование, ќе си пишете до просветен и трудов инспекторат. Тие ќе го поништат огласот.
Ќе го поништат огласот? Каде ова? Знаеш дека познавам луѓе коишто се вработени како наставници без СООДВЕТНО образование, ама се разбира, со партиска книшка.
Хахаха, ме изнасмеа. Да не сакаш на една недела? Дај прво тестирајте ги овие што ни ја водат државата и пратенициве. Нека има психолошки тестови за нас, немам против. А чекај ако се најави психолошкиов тест, ќе успееме да си ја смениме психолошката состојба пред тестот?
Не заслужуваш повеќе да ти одговарам. На се што ќе кажам ти пак по твое. По што предаваат тие наставници? Најодговорно тврдам дека ако нема соодветно обрзование примениот, а се јавил некој со соодветно образование, по интервенција на просветен и трудов инспекторат, се поништува огласот и се распишува нов.
Не туку ќе ви ги пуштат тестовите од партија, решени Шала на страна, ти генерализираш. Еве да речеме ти како индивидуа си добар професор, добар педагог и заслужуваш поголема плата. Ама малце е неубаво да тврдиш за сите твои колеги, кога имаме мал милион лоши искуства, знаеме многу од тие луѓе приватно и знаеме како се дојдени до работното место. Тоа дека работите многу помалку време дневно, исто е факт. Ако веќе се бориме за нешто треба да бидеме фер и искрени. И не може секој професор иста плата да зема. И не треба!
точно, свекрва ми е наставничка од 1 е на работа, само втора смена оди, во 5 веќе е вратена дома , а има еден саат пат,короната додека беше седеа скоро 1 ипол година дома зимаа цела плата и само се жалеше дека работела на вибер исто и сега се жали, искрено не знам како да и објаснам што значи работа во приватен сектор
Кој да им направи психолошки тестови, тие што им го даваат работното место? Со софри во кафана за дадени прашања и одговори и кредит за мито откако нели ќе си ја завршат работата со лепење плакати ? На нив кој да им направи психолошки тестови? Се е у курац, салам човек не остана во државно. Нека не ми глумат овие на форум демек поинакви се од другите, сите се исти, пошто поинаков начин да се влези нема.
Сите се жалат многу работат, кафичине полни во работно време, форумов најактивен у работно време. Тешки времиња, тешка работа
Јас никогаш не реков дека сите даваат масксимум на работа. Ги има и такви што работат што е можно помалку. Ама овде се нафрлаат бројки дека сите не работеле. Јас работам повеќе од 8 часа дневно, 4-5 часа на училиште и уште 5 часа дома. На училиште немаме интернет и немаме греење после 1 часот. Немам против да бидеме таму и 8 часа, ама тоа пак ќе го платиме ние граѓаните со сметките за струја, греење и интернет. Знаете од кога професорите по сите предмети, и во предметна и во одделенска се исто платени? Јас и вие сега на форумов ќе го средиме проблемот.
Зошто не протестирате што немате услови за работа? Што ви смрзнуваат учениците а и вие? Што сапун нема во тоалетите ако не купат родителите? 5 часа дома? Секој ден? Браво , стварно посветен професор, сигурно секој ден нов тест правиш, и притоа ги проверуваш и на колегите твои што не си ја работат работата.
Како прво, врати се назад и прочитај што сум пишувал, во врска со административната работа. Значи, не е само подготовка за час, мораш и папирологијата да ја средиш. Како второ, знаеш дека во развиените земји тестовите се стандардизирани и не ги прават наставниците? Тоа треба да биде работа на Биро за развој на образование. Ја имаме институцијата, имаме вработено луѓе, само не си ја вршат работата. За условите, пишав јас, кога протестираме пред МОН, таму сме 300-400 наставници. Другиве, како и целиов наш народ, се плашат од последици. Зошто барем вие не ни се придружите? И за вашите деца се работи. Трул ни е системот, одговорноста ја имаме сите. Можеме до утре да го вперуваме прстот едни во други.
А што сакате бе вие? Да работите по 4 саати само и да добиете нај нај плата? Вие не сте ни за 15.000 денари. Штрајкувајте си, но и работете истовремено, а не кафе да си пиете. Да ми извиниш, но во приватен сектор, особено ако си во фабрика на лента или телефонски оператор имаш три паузи по 15 минути, па дали да јадеш, дали кафе да испиеш или во тоалет да одиш. Претходно пандемијата, сега ова. Ма ајде бре, претеравте.
Јас не уживам во штрајкот и можам да ти кажам со сигурност дека најголем дел од колегите сакаат што поскоро да започне наставата. Само Владата треба да седне и да преговара со организаторот на штрајкот, а не да глуми лудило и да се разговара со ССМ, сојуз кој не ги застапува просветните работници.
Се чувствувам почестено со тоа што одвои од твоето драгоцено време за да ми одговориш. Огромно благодарам. Да не живеев во Македонија може ќе поверував во приказните кои ги кажуваш. За државно едно е важно, партија, ништо друго.
Очигледно не знеш што е тоа штрајк. На кого тоа јас објаснувам. Пандемијата не ја создадовме ние, пак погрешни луѓе обвинуваш. Имавме ние анкета и 95% гласавме за настава со физичко присуство.
Можеме до утре да се убедубаме. Имам наставничка во блиска фамилија, знам колку и е работата, сама си кажува. 5 часа дневно после школо и 5 во школо не се сигурно, еве ако ти работиш толку барај си поголема плата. Јас тврдам дека поголемиот дел 5 саати не работат. Не можам да застанам зад нешто што во целост не се согласувам. Не можам толку себично да постапувам и да ги оштетам децата заради политички цели. Ви понудија 10%, не прифативте, зошто? Политика. Не сфаќаш дека си само пиун во препукување измеѓу две партии. И да ви зголемат 18%, што мислиш дека ќе се случи? И другите ќе бараат покачување, и што е крајниот исход-инфлација. Тогаш верувај полошо ќе биде и 50000 да зимаш, наместо овие 25.