Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.548
    Леле 4-5 саати на училиште и 5 дома (facepalm) Сега излезе и прекувремено работеле.

    Како тоа парно до еден саатот? А децата што се втора смена или целодневна? И вие си одите дома и не се буните за тоа?
    Ај зима, ладно е. Зошто и надвор од грејна сезона си одите порано дома? Оснете уште 5 саати што ви се потребни и завршете ја и другата работа.

    Кога ќе протестирате за децата кажете и ние ќе дојдеме.;)
     
    На Celltica, Feminka22, Directioner005 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.985
    Допаѓања:
    13.761
    Абе знам колку работевте и за време на пандемијата, не ми се објаснувај тука. Туку, кога вие сте работеле 8 часа во училиште? Кога учев, наставничките мои во 11 часот си одеа дома, а и сега е така, ги гледам од школоно кога излегуваат (близу школото живеам)
     
  3. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Затоа што министерството за образование потпишало договор со кој нашата плата сега треба да биде за 78.4% поголема од сегашната. Договорот не се почитува со години, не е ова од вчера. Ние не се согласивме ни со барањето за покачување од 18.4%, повеќето си бараа да биде 78,4%, според потпишаното. Тоа е одлука на СОНК, да бара минимум. Да баравме толку, досега штрајкот ќе беше завршен, ќе покачеа некои 20% со ветување дека во наредниот период ќе се покачат уште. Ако прочиташ назад, јас сум свесен за инфлацијата ако се зголемат платите. Ама чекај малку, платите на останатите 200.000 во јавен сектор што ќе се зголемат за поголем процент од 18% нема да предизвикаат инфлација? Само на овие 29.000 во образование ќе предизвикаат? Штрајкот е за многу повеќе од пари и не е партиски. Има членови од сите партии вклучени во штрајкот. Ако не ги добиеме бараните 18% ќе си поднесеме тужби и согласно договорот потпишан од МОН и СОНК, ќе бараме исплата на платите ретроактивно и 78.4% во иднина. Или ќе имаме правна држава или нема да постоиме. Тој што потпишува како претставник на државата треба да мисли што прави и дали има средства. Да не треба ние да му ја работиме работата.
     
  4. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Искрено, читаш само тоа што ти одговара и го потврдува твоето мислење. Врати се назад и види што имам напишано. Не ти се објаснувам, не сум политички кандидат, па ти да ме бираш за функција, па сега ти должам отчет за сработеното.
     
  5. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    5.918
    Зошто не ги дадете на суд поради не исполнување? Тогаш нема да има потреба од штрајк
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Право на штрајк, та право на штрајк! Само ова го слушам. А правото на децата на образование? М? Според народен правобранител нивното право е над правото на просветарите! Баш ме интересира дали постои законска можност да се тужат СОНК заради повреда на правото на децата?
     
    На Harper, cresa-jagoda, fana и 5 други им се допаѓа ова.
  7. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    2.681
    Пол:
    Женски
    Еден пример не треба да ти биде репер за сите. За било што, не само за ова иако сите знаеме да изреагираме вака откако ќе слушнеме таква неправедност од некој близок.
    Мајка ти не требало да ја сврти темата туку да ја праша за објаснување зошто мисли дека треба да биде така. Со игнорирање, проблематичните работи нема да исчезнат.
    ..........................................................
    Прочитав една информација дека штрајкот е резултат на непочитување на колективен договор потпишан пред декада и нешто. Во него, платата на просветните работници ќе биде пресметувана според утврдената минимална плата. Што значи, ако минималната плата со закон се утврдува да биде повисока, тогаш сите членови на СОНК треба автоматски да имаат и повисоки плати (следствено и сите оние со таков договор треба да добијат покачување на плати). Од овде, само сфаќам колку владата која беше толку гласна за покачување на таа минимална плата не знае и не се разбира во обични работи, а мисли дека сите се како владата и не си ги разбираат работите. Во меѓувреме, за тие непресметани одлуки иронично земаат една од највисоките плати. Не знам дали 10% е таа сума или не, ама барем сега наместо да читам паушални лични искуства околу тоа чија наставничка што направила, знам зошто се случува ова. И ако тој % за кој треба да ја покачат платата е повеќе од 10% и овие затоа одбиле, застанувам на нивна страна затоа што се покриени со колективен договор. Ако не е таков случај, застанувам на страна на оние кои сметаат дека не треба да се покачат нивните плати.
     
    На draconis14 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Имаат поднесено индивидуални тужби повеќе колеги, процесите траат со години. Ама кога тогаш ќе мора да завршат. Знаете ли што би значело тоа за нашиот буџет. Ако тужиме сите 29.000 што ќе се случи со државниот буџет? Освен заостанатото со камата, ќе треба државата да плати и судски трошоци за секој случај поеднинечно. Тие пари ќе бидат исплатени од парите на нас граѓаните. А зошто? Зошто имаме неодговорни луѓе на клучни позиции.
     
  9. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    Па зошто тогаш штрајкувате? Тужете ги директно, ако сте толку убедени во ова што го зборувате. Или не сакате 78% покачување, скромни демек? Тужете се, покренете постапка, нека ви зголемат. Нема што децата да трпат и да не одат на училиште ако е чиста работата. Тужба, добијте ги, и сите среќни и задоволни, нели?
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    На страната на СОНК ги имате колективните договори, потпишани далечната 2009 година. Во него јасно стои, дека коефицентот 2,503 се множи со минималната плата во државата. Сите досегашни влади да го почитуваа договорот и со секое покачување на миниалната плата да ги покачуваа и останатите плати немаше да стигнеме до 78.4% разлика.
     
  11. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Затоа што повеќето чекаат СОНК да поднесе колективна тужба како незадоволна страна потписник на договорот. Така државата нема да мора да плаќа судски трошоци за секој случај поедниечно. Мислите ние не сме свесни дека синдикатите се договараат со која и да е партија на власт. Пред малку очите ни ги вадевте за 18.4%, а сега демек спремни сте како граѓани да дадете 78% и плус разликата ретроактивно за години наназад. Немојте ве молам. Исполнувањето на барањата од штрајкот се во најдобар интерес за сите во државата зашто со исполнување ќе заштедат огромни средства. Ќе ни фрлат коска, наместо да ни го дадат месото.
     
  12. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    5.918
    Сега и учениците нека почнат да бојкотираат против неквалитетниот кадар на професори. Само така, да се направи една чистка. Па тој што стварно заслужил да си остане на работното место и ако треба нека зима 1000евра плата.
     
    На christinnn, Just.do.it, Feminka22 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Наставничката ја свртела темата, не мајка ми. Затоа што тие се сметаат за Бог и мислат дека само тие заслужуваат плата. Јас познавам прекрасни наставници и од една страна поддржувам да земаат поголема плата, ама факт е дека малку претераа со однесување и омаложување на сите останати професии. Доктор од кој зависи живот не е баш убаво платен, па ај нека не примаат пациенти, нека не пишуваат рецепти, нека не прават преврски и операции две недели. Овие наставниците едвај дочекаа да набиваат на нос на родителите дека децата се невоспитани. Една родителска средба сме немале три години, па јави се на родител зборни искрено, посети педагог со се дете психолог. Ама ништо не сакаат од ова да прават. Само платата платата. Аман нека им ја дадат да видиме дали ќе ги извадат розовите очила
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Немам ништо против чистка во сите сектори.
     
  15. Stefi_555

    Stefi_555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    727
    Пол:
    Женски
    Според мене треба да им дадат покачување. Што толку ви смета тоа? Први сме во јадење трици за мали плати, а кога има покачување пак не чини.
    Да, седеа дома 2 години ама ако мислите дека онлајн настава е лесна за држење се лажете. Професориве станаа експеримет во државава секоја година се менуваат програми и се нешто, константен стрес за вработените е тоа.
    Башка и ова со минималнава плата е смешки живи, кога веќе зголемуваш плати зголеми реципрочно кај сите, не може келнер и доктор скоро исто да зимаат.
     
    На Bebce1, draconis14 и Anie93 им се допаѓа ова.
  16. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.366
    Допаѓања:
    7.838
    Пол:
    Женски
    Па кај бевте до сега? Не мора Сонк да ве турка, излезете на протест на улица. Може и за викенд. Повеќе поддршка ќе имате верувај така, отколку вака. Инаку слушнав муабети ( не знам дали се точни) дека многумина од наставниците македонци се сложиле за 10% ама албанците не попуштале, наводно дуи има ветувано нешто плус, оти нели најмногу нивни кадри има. Знаеме верувај во каква состојба сте, ама сменете го однесувањето малку.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    Мене не ми е работа да бидам спрема за ничие покачување. Ако државата ви ветила, ако мисли дека може да го исполни тоа, средете го тоа со државата. Нема зошто децата да трпат. Нема зошто да не одат во школо, и да уценувате и вршите притисок на нивни грб. Ако државата одлучи дека вашето покачување од 10, 18, 78% е возможно и треба да се случи, мое е да прифатам. Ако толку мислиш на државниот буџет, ќе ја прифатиш и одлуката дека повеќе од 10% во моментов не е изводливо, како не би се загрозил истиот. Ама очигледно не е така, така што бори се за 78%, ветените нели, без децата да страдаат.
     
  18. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    2.681
    Пол:
    Женски
    Моја грешка лошо сум те разбрала. Штета што сменила тема. Баш би ме интересирало што ќе кажела.

    Протестираа и дел од докторите. Не работеа, не промаа пациенти и ги примаа исклучиво итните пациенти.
     
  19. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Проблемот не е дека се ветени, државата се обврзала на тоа со договор. Ако е на жими мајка лесна работа. Досега требало по малку да ја покачуваат платата и во јавниот и во приватниот сектор. Вака досега сите ќе живеевме подобро и немаше да се предизвикува инфлација. Свесни сме ние дека ако нема за приватниот сектор, ќе нема ни за јавниот. Кога се позајмува државата враќаме сите, и ние од јавниот сектор плаќаме даноци. И јавен и приватен сектор треба да сме на улица и да бараме еднакво зголемување на платите, според реалните трошоци и реалната инфлација.
     
  20. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    Ги примате ли вие децата кои нема кој да ги чува? Ги прашува ли некој самохраните мајки колку ги чини дадилката што ја најмиле? Ги прашува ли некој оние кои немаат баба, или едноставно бабата не сака да ги чува? Ги прашува ли некој родителите што зимаат денови од одморот од 20 дена што им следува? А што со оние кои не им следува одмор? Кој ќе ги исплати нив? Не се споредувајте со докторите те молам, има и кај нив лоши примери што лечат на телефон, ама тоа де исклучоци.