Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Упорно не сакаш да прифатиш кој е виновникот за ова. Една средба за 2 недели, со една понуда. Упорно трубат во медиуми покачување, па покачување. Не е само тоа барање, имаме еден куп барања кои би се срочиле во нов колективен договор. Во тие барања не се само платите, туку и подобрување на условите во училиштата. Не сакале ни да разговараат за другите прашања. Кој е арогантен во случајов?
     
    На raww му/ѝ се допаѓа ова.
  2. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Ние работиме само прва смена. Немаме втора смена и целодневна. Нема проблем, ќе пишам тука.
     
  3. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    Ама се е јасно, нема зошто средби. Дадоа понуда, и си стојат на истата, очигледно нема да прифатат поголем процент. Ако не сте задоволни, тужете се, имате право на тоа. Нема зошто децата да трпат, и преку нив да уценувате. До кога ќе штрајкувате? Почнете со настава, покренете правна постапка, и нека му ја мислат, или вие мислете му ја. Муабетот ми е дека нема потреба децата, ни криви ни должни, да ги ставате во средина. За се си има начин.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.422
    Допаѓања:
    90.729
    Пол:
    Женски
    Штрајкот/протестот во Загреб за 6% повисоки плати.

    zagreb-292455-725x407.jpeg
     
    На supergirlmb му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.853
    Пол:
    Машки
    Биди прецизен, подобрување на условите во џебовите на наставниците, не на училиштата, не на другите вработени во училиштата :)

    FB_IMG_1650632487427.jpg

    Освен оние образовни асистенти и лекар во училиштата, нормално последни на листата приоритети :D
     
    На Celltica и Annath им се допаѓа ова.
  6. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    2.681
    Пол:
    Женски
    Кому му се обраќаш? Кои се тие „вие“? Да не ме имаш цитирано по грешка?

    Ако тоа не ти е јасно, некаде наназад пишав дека ако е според пропис, учениците треба да бидат згрижени без да се врши настава. Јас така паметам, ако нешто се променило нека ме поправат. Ако не го прават така тоа е друг проблем.
    За останатото - си има колективен договор. Штрајкот им е оправдан. Сите други екстерни фактори и мислења се занемарливи. Првото мислење на истата страна е околу тоа.
    Понатаму нема што да се коментира.
     
  7. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    @Directioner005, @Cosmi ќе штрајкуваме до исполнување на барањата. Штрајот во Хрватска траеше 36 дена со прекин на настава. Потоа се радикализираше со протести на улица. Доколку наредна недела нема договор, излегуваме на улица. Очекуваме обиди за кршење на штрајкот, очекуваме и да ни организираат контра протест со партиски членови кои ќе глумат загрижени родители. Овде рековте дека кадар има, нека вработат заменски наставници додека трае штрајкот, да не трпат децата. Нели затоа го донесоа тој закон, иако е единствен во светот. Јавноста се манипулира преку медиумите и се пробува да се обои партиски. Ние ја одбиваме поддршката од било која партија.
     
    На Stefi_555 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    500 родители пишале тука дека им е кажано да не ги носат децата, што во градинки, што во школо.
     
  9. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Будали, ко можат кафиња да пијат по кафичи, тие се собрале ко некои најглупи, протестираат. Се знае како се штрајкува, не одиш на работа, си пиеш кафе и јадиш трици по интернет. Па и за 6%. Се знае, или 78%, или до Нова Година ќе си продолжиме вака.
     
    На Harper, christinnn, Bezimenka90 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Ова е плакат што се лепи на вратите од училиштата. Во одлуката за штрајк си стојат официјалните барања. Ама супер што и ова го најде, се гледа нееднаквоста во платите помеѓу вработените на иста позиција, со исто образование. Еден наставник во град што живее до училиште добива иста плата како тој што патува од 20-100 км до своето работно место. Не е битно што овој плаќа од 2000-6000 ден месечно. Ова е фер распределба, нели. Битно за пратенициве нека има патни. Да не зборуваме за другите барања што некој ги потпишал во колективен, а не ги почитува. Штрајкот е апсолутно оправдан и да се само овие барања, а не се.
     
    На Bebce1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    Супер, штрајкувајте и до 10 јуни, ама не очекувајте поддршка од народот. Затоа што заради вашите неосновани барања и погрешен пристап на барање на правата, децата страдаат. И вашиот штрајк се префрла на грбот на родителите, што имаат финансиски трошок за згрижување на децата. А им го нарушувате и основното право-право на образование. Заменски кадар? Абе ајдее, некој ќе работи место тебе додека ти си на штрајк на форумов, и после ако прифатат чао џаци непотребна си веќе, се враќаат лепачите на плакати.
    Себичен и срамен е пристапот. Да тужите регуларно прва ќе ве поддржам. Не сум против да ви се покачат плати. Ама вака само револт стварате, и ништо повеќе од тие 10% нема да добиете.
     
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.184
    Допаѓања:
    27.375
    @draconis14
    Другарче за вие да сте како образованието во Хрватска ехеее. Тоа е исто како да споредуваш злато и пластика. Хрватска ем ЕУ и подобар стандарт од нашиот па се согласиле на 6%, на вас ви понудија вие одбивте. Епа трескајте се од земја дека сте кај Лила во се или нешто. Кој високо лета, ниско паѓа.
     
    На fbaby и Indiegurl им се допаѓа ова.
  13. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Како бе не ни се основани барањата, не се почитува потпишан КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР? А кого некогаш поддржал народецов, не ни очекуваме.
     
  14. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    А зошто враќаш само на тоа што ти одговара? Ти реков, ако не испочитувале тужи ги. Не ги мешајте децата. Чисто и јасно. Ама нее, не ви одговара тоа дека многу загрижени за државниот буџет.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  15. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Ова може да го свртиме и обратно, за граѓаните да се како тие во Хрватска ехеее. Експерти сте за во секоја држава. Еве јас не знам какво е образованието во Хрватска, немам лично искуство. Ова за Лила ти е од медиумите и од изјавите на ССМ, понудата не важи. Пак кажи дека не ве манипулираат медиумите.
     
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.422
    Допаѓања:
    90.729
    Пол:
    Женски
    За 6%
    Ви понудија 10, а во градинките веке имаа покачување од 20%
    Излезете на улица од 10 јуни секој ден до 1 септември,вашите плати во меѓувреме нека ги земат заменските.
    Во договорот стои 6 месеци од покачување на минималната плата.
    Зошто штрајков го почнавте во април?
     
    На cresa-jagoda, Ahoy, Celltica и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.308
    Пол:
    Женски
    @draconis14 Зш демек ко професионални луѓе кои се грижат за образованието не го искажувате вашиот револт после часови? Или мора по најкроткото да се удри за да ги исполните вашите себични потреби?
    Сум за зголемување на плата, ама пристапот не ви заслужува почит.
     
    На Harper, supergirlmb, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  18. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    2.681
    Пол:
    Женски
    Не разбирам, зошто пишуваат овде, а не до органите кои се одговорни? Како сакаат промени ама само вака се јаки. Смешно е малку да очекуваат промена ама да не прават ништо за да се промени.
    Еве и од претходен штрајк:
    „Штрајкувачите вчера беа на работа без работни обврски, а оние што не пристапија имаа часови.“
    Мислам, на форум може колку сакаме да се жалиме ама нема од небо да паднат правата ни на едните ни на другите. Не само родителите, туку треба да се побунат сите околу ова и веднаш ќе се реши. Ама дека се испоподелија едни со други е станата ваква работата не само со образованието туку за све.
     
    На draconis14 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Денеска е државен празник. На работа одиме и за време на штрајк. Ако наместо на работа, излеземе на улица, тоа е основа за отказ. На протести можеме само за викенд. Ама тогаш ќе биде, еве ги овие протестираат, малку им плата. Бидете си искрени, на нашиов народ не може да му се угоди.
     
    На tamche995 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Во кој договор стои после 6 месеци, во тој од 2009 година? Се гледа дека сте изманипулирани. Пред колку години имаше зголемување на минималната плата на 15.000 ден. Значи 2 години поминале. Немаше зголемување на другите плати со множење на коефициентот на сложеност со минималната. Ние уште земаме плата со минимална на 10.000 ден. Значи, нашиот коефициент не се множи ни со претходната минимална од 15.000, а не па со сегашнава од 18.000 ден. Ако не па да причекаме уште 10 години, па да бараме 200% покачување. Реков јас, не може да ви се угоди.