Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    6.006
    Допаѓања:
    13.822
    Колку саати одите на работа? Од 7 до 10? Хахах.
     
  2. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    Упорно го избегнувате прашањето зошто не покренете правна постапка и не ги тужите за тоа што е потпишано во договорот?
    Државата се согласи на 10%, и тоа е единствено изводливо во моментов, се друго би го нарушило буџетот на државата.
    Ако не сте задоволни со понудата- тужете.
     
  3. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Не бе рано ни е 7, ни се спие, до касно седиме на форуми. :D Тоа се договара со градоначалникот и директорите на училиштата. Во некои училишта според потпишаните договори за работа, во некои каде што сакаат да ги притискаат да прекинат со штрајкот ги тераат по 8 часа. Иако во договорот ни стои многу помалку.
     
  4. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Ти одговорив, не си прочитал/а. Некои тужеа, а некои чекаат СОНК да тужи. Веројатно зашто имаат многу доверба во судскиот систем.
     
  5. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    Која е тогаш потребата од штрајк, ете пуштени се тужби, не се иживувајте со децата.
     
    На Indiegurl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Па ти одговорив, луѓето не сакаат со години да чекаат правда. Ние не се изживуваме со децата, се изживуваат тие што одбиваат да преговараат. Остави го тоа имале само 10% во буџет, немаш увид во буџет. Ако имаат за купување воена опрема и оклопни возила, ќе најдат и за поприоритетни работи. Сакаш да видиш дека веќе имале 7% предвидено покачување во буџетот за 2022 година? Не лажат со години вака, и нас и јавноста. Ќе пуштат вест и јавноста, еве пак им покачуваат. Кога ќе дојде време за покачување, кај нас на трансакциска го нема. Епа ги нема ни овие 7%.
     
  7. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.398
    @draconis14
    Ајде ние исперени од медиумите оти немаме одено на школо. Побогу, океј е, тебе нека ти качат 50% само не се вознемирувај.
    Ете аплауз оти децата ги оставивте на цедило да терате викенди и аранжмани за Велигден... упс... штрајк де.
     
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    А да се лечите?
    Ај еден од вас нека напраи прво ребаланс на буџетот, ако ви се накачат и на вас и на сите шо барате платите, и да видиме колку пари ќе останат, може?
    А тоа шо пиша 2.403 колку и да беше, помножи со 18,000 па со бројот на вработени у просвета, и кажи колку си добил, може?
    И кога ќе научите сите англиски, Мајкрософт вештини, говоречки вештини, кога ќе имате нерви, кога ќе немате комплекси према деца, кога ќе научите да анимирате деца, барајте покачување
    сами си влеговте во оваа бранша знаејќи ги платите, некој на ФИНКИ шо учи за ИТ го праат удрен, а цели на почетна плата 40,000, а некој свесно ќе влезе у тој сектор и плаче после
    Никој не ви е крив
    Затоа уште пред факс гледаш профитабилни професии, па се усмеруваш..
     
    На raww, supergirlmb, deskarada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Не е до школо, си читате тоа што го потврдува вашето однапред креирано мислење. Да, еве од плажа во Грција ти пишувам на форумов.
     
  10. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    Ама се ми е јасно, ова не е од сега. Знаеме сите каде живееме. Го сфаќам јас и вашиот револт. Знам дека не може академски образован граѓанин да зима исто плата со хигиеничарка, или касиерка рецимо. Треба скалесто покачување на плата. Се тоа ми е јасно, и за тоа сте во право. Мене тоа што не ми се допаѓа е пристапот. Учениците страдаат, родителите исто. Исто така, јас лично не гледам крај на сето ова. Еве да речеме ќе би покачат. После полиција ќе штрајкува, еве и нив ќе им покачат. После кој е следен? И што сме постигнале? Едно големо ништо. Вредноста на парите ќе падне и пак се во круг.
     
    На Ugly Duckling и draconis14 им се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.872
    Ама што се запнале да идеме во просвета кога постојат луѓе што се повеќе квалификувани од тоа? Ај вие земете хигиеничари бидете, кога толку во уста ги ставате?

    Еве членкава со мастер хемија и сакала да работи во просвета, ама "филтрите" партиски ја спречиле.
    Во нормална држава мастер на хемија не работи наставик, тоа да си знаете. А еве, дури и кога има волја, нема ни да ја викнат на оглас. Затоа некоја приучена со книшка ќе стават де. Мастер на хемија еееј, научна титула е тоа, научна дејност имала, се нафаќа да работи наставник и ја одбиваат.

    А дека не работите 8 саата дневно и немате исто стресна работа, на глава превртете се нема да ме убедите.
    А една од најтешките професии е вашата, ама вие така си ја имате наредено. Лаганица.
     
    Последна измена: 22 април 2022
    На Harper, supergirlmb, Ahoy и 4 други им се допаѓа ова.
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.398
    Ако знаат нешто од економика па ете. Врска нема. Во секој поглед е штрајкот себичен. Прво спрема деца па после што ќе настане тежок ребаланс и се живо. И на крај, стварно да работеа океј да кажеш заслужиле. Не, не заслужуваат. Затоа никој не ги поддржува освен самите што се тапкаат по рамо и се лутат ако не ги поддржиш. Не знам што да кажам, егоцентричност до плафон. Да има реални анкети од ученици и родители за тоа како се задоволни од наставниците тоа ќе е катастрофа.
    И да се доедитирам, по тоа како се изразуваат вакви просветни работници на форум се гледа колку се заслужни на работа. Мислат овде се невините деца на школо па истураат комплекси.
     
    На Anaroz1 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Што има јас да множам, требало да множи министерот кога потпишувал. До толку ли не е јасна работата. Не покачувале со години и сега се собрало многу. Знам колку е, 78,4 повеќе од сегашната, речиси дупла. Во врска со компетенциите, знам англиски, ама повеќето од директориве, министриве, пратенициве што не водат не знаат да откинат.
     
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.398
    Не ми се дискутира со просветен работник од ваков калибар.
    Биди ми поздравен, друго немам што да ти кажам.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Така е, ама сите други сектори ќе бараат покачување и без нашиот штрајк. Нашата плата воопшто не го следеше трендот на покачување во другите сектори. Значи, ние сме назад во однос на другите сектори на кои им покачуваат поголем процент во годините што одминаа (без штрајк). Затоа одбиваме 10%. Еве кажете пристап кој ќе ги натера да ни ги исполнат барањата. Гледате дека ни ова не ги загрижува, иако упорно тврдат дека е така.
     
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    Епа шо ме боли к мене тогаш за твојата плата? чим министерот требал да си множи
    Шо е дужно моето дете да отсуствува од настава?
    Башка на стол седите бе, и зборите по 40мин, ни толку.
    Деца по кафичи на нозе 8 саати работат за тие пари, вие ни 8 саати не седите
    Кај мене у средно некои професори имаше денови кога ич не доаѓаа пошо немаа часови.Кого заебаваш ти бе другар??
     
    На WORRIED.BT, fbaby и Noranora им се допаѓа ова.
  17. Directioner005

    Directioner005 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    2.420
    Од 2017 до сега, платите се покачени за 21%. Со овие 10% ако ги прифатите, тоа би било 31% покачување. Тоа не е малку, тоа не е заостанување. Да бидеме реални. Сепак е Светска криза. Понатака треба да расте, затоа што и трошоците растат. Ама ова не е начин, стварно е себичен пристапот.
     
  18. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Инфантилен одговор.
     
  19. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    И ова не е точно, манипулација со јавноста. Од 2017 до денеска, мојата плата е покачена за 10%. Требаше да биде за 20%, ама си остана само ветување. Криза било, изговори колку сакаш. Ќе, ќе, ќе... Не е битно. Штрајкот е исто толку себичен колку во сите други сектори. Не велам јас дека ние во обрзование сме светци. Сите сме луѓе и сите си го бараме својот статус во општеството. Нашиот статус го газат со децении и ќе продолжат да го газат. Уште еднаш да кажам, можеш да му промениш мислење на некој со отворен ум, не можеш да му промениш мислење на некој што не сака да се соочи со факти. На крај, нашето покачување нема да зависи од вас на форумот и вашата поддршка, ќе зависи само од нас, дали ние ќе останеме доследни. Овде пробав само да ви кажам дека сите во образование не се неработници и со вашите навреди и ставањето на сите во еден кош, ги демотивирате и тие кои даваат максимум. Ако и јавноста ја притиснеше Владата, ова ќе завршеше за 3 дена. Вака, не знам колку ќе трае.
     
  20. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.061
    Пол:
    Женски
    Извини Господине,
    Дојди една скрипта само ќе ти дадам па кажи ми таа Ваша просветна писменост дали заслужува покачување на плата.
    А посебно на факултетите не смееш освен од скрипта да учиш. А едната реченица со другата допирна точка немаат а не смисла. И за што да ви ги покачат платите за копи паст што праите? Или на гоогле транслејт што преведувате?
    Ајде не летајте толку у облаци ќе ви се молам.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.