Чекај сега, ти обвинуваш дотичен професор за користење твое дело, а самата не преземаш ништо. Впрочем тоа го користиш како аргумент против покачување на плати. Па уште велиш дека „не е страшно“??? Неверојатно.... Кој сакаш да ти го реши овој проблем? Ти не пријавуваш, други 20 не пријавуваат и очекувате...што поточно да постигнете? Уште си го пишувате како нешто најнормално, го правеле сите. Од небо да не сакате да ви падне правда? Свашта прочитав
Добро, а ти не сфати ли дека ти не си тема на дискусија? Сите просветни работници и воспитувачи сте. Сите што штрајкувате. Јас за Педагошки знам дека за да положиш одредени предмети доволно е еден превод од десетина странички да однесеш. И не е за екстра оценка или екстра приход. За положување предмет е. Затоа таков кадар излегува. За исклучоците и во претходниот пост пишав, нека бараат и нека добијат, заслужено би им било. Ама за сите исто - во никој случај!
Јас кажав поназад. Можам со доквалификација да работам како наставник. Ама тоа што ме спречува не е платата туку тоа што немам трпение со деца да работам. Затоа не треба да оди како наставник кој не знае како со деца Ама да, имам потполно право да критикувам личност која згрешила кон мене во професијата без разлика колку имам познавање од таа сфера или немам. Ни како доктор не би работела ама кој отишол медицина, треба да е доволно способен за таа работа.
Ве сфатив јас убаво, само не знам зошто мислите дека е фер и тие што заслужуваат покачување да не земат. Си има реформи каде што тој што е истакнат добива звање ментор и поголема плата од другите. За жал, само еден од училиште може да биде. Ако има повеќе истакнати, другите не добиваат ништо. Исто така, дел од колегите и овој избор го ставаат под знак прашалник. Дали се бира регуларно или не.
Како аргумент против покачување на плати дс го користсм и ќе го користам, тоа што јас не сум презела ништо не сум од свои причини и впрочем не ми е ни гајле пошто и онака можам само и со дипломата и магистратурата да запалам огрев преку зима. Каде виде дека сакам некој да ми го реши "проблемот"?
Ама зошто како свесни нели професори,наставници итн не штрајкувате и не преземате ништо во врска со овие прашања?
Не ме сфаќаш, не можат да добијат едните, без да добијат и другите. Таков е законот. Значи, кога нема да добијат тие што не заслужиле, нема да добијат ни тие што заслужиле. Кога се оди на штрајк од еден сектор, добиваат сите во тој сектор, па дури и тие што не штрајкуваат.
Не знам вие какво искуство имате, ама ние имаме тим за безбедност на ниво на паралелка и се состануваме еднаш месечно заедно со ученици и родители за да ги адресираме ваквите проблеми. Доколку се јави таква појава, работиме со инволвираните ученици.
Ако излезете на улица за викенд, верувај многу поголема поддршка ќе имате, вака очигледно е дека уценувате преку децата.
Барајте да го сменат законот. Нека се платите и покачувањата по заслуга, по сработеното. И образованието поквалитетно и вработените помотивирани и на крај, пописмени генерации.
Тоа барање треба да биде зедничко на сите инволвирани во процесот на образование. Сите треба тоа да го бараме. Само јас ви гарантирам дека нема кој да го спроведе. Тие и кога прават реформи, препишуваат од образовни системи на поразвиени држави, без да ја прилагодат реформата на овдешниот менталитет. Знам дека е така затоа што не знаат ни препишаните термини на македонски да ги преведат.
Па зошто не го барате сите? Оти знаете дека дури тогаш ќе треба да го испотите газот. Колку би се согласиле на тоа од твоите колеги, што мислиш? И не, не мора сите да го барате, како што и сега сите не штрајкуваат, како што и сите не се членови на СОНК. Може и помала група да успее во нешто, особено ако има поддршка од јавноста. Пробајте, ништо не губите. Од мене, еве, имате поддршка. Мене ми е поголема чест да застанам и сама со такво барање отколку да зависам од некои што се неколку нивоа под мене.
Значи вака: СОНК е непартиска организација, а загрижените родители ако излезат на контрапротест се партиски членови? Мхм... не сум знаела дека сум во партија? За греота вие непартиски просветари
Ова од искуство, од минатото. Тешко излегува овој народ на улица. Да бидеме реални, кога последен пат излегла поголема бројка на граѓани на протест? А за СОНК, не знам, не сум член на СОНК. Знам само дека во штрајкот има членови на сите партии и луѓе што не се членови на ниедна партија.
А зошто кога беше вемеро на власт не штрајкувавте? Зошто чекавте да поминат 13 години од договорот? прашањакоимемачат
Па родителите и другите "сите" веќе се искажаа овде на темава дека се согласуваат да се плаќа по заслуга. Потегнете иницијатива, со вас сме.
Фала што ме обои мене, а и еден куп други родители партиски Ова погоре може да се примени и на вас, знаеш нели?