А што конкретно посакаа да сменат просветариве? Дали штрајкуваа кога се менуваше програмата? Дали штрајкуваа за немање услови во училиштата? За немање основни училишни и наставни материјали? За било што од ова? Или... само за платичките штрајкуваат?
Почит се заслужува, не може детето по секоја цена да го почитува наставникот кој не заслужува никаква почит. Почнаа родителите да се свестуваат какви се наставници предаваат на нивните деца па почнаа да даваат отпор, и сега авторитет се почитувал, сакаат почит ќе работат ко што треба, нема дерење на децата и редење слаби оценки од инает, нема предавање лекции колку да се рече дека е предадено, а за возврат да бараат апсолутна почит, двонасочна работа е почитта. Авторитети биле, диктаторски муабет, ќе ме слушаш ко што ќе речам пошто сум поголем и нема да препрашуваш.
Па како,само контраштрајк Не знаат овие Ана дека некој наоѓа начин да заработи,па да уплати данок и придонеси во државава и дека од тие пари им распоредуваат плата. Не сфаќаат дека од нас пари бараат,а со наши деца уценуваат. Пет банки не знаат да заработаат,чекај само од небо да ти падне,никаков резултат и уште ке штрајкувале. Се утепавме дома работејки. Според закон мислам не им следува дневница за време на штрајк. Само дали ке го спроведат.
Образовниот систем не може и нема да се реформира преку ноќ со зголемени плати на просветните работници. Тој проблем е далеку подлабок и не сум баш сигурен дали првиот чекор кон негово решавање е неселективно (големо!) зголемување на платите на сите наставници. Затоа што не сите заслужуваат. Нема да се повторувам, и претходно некој напиша, има такви кои заслужуваат и 1000€, ама и такви кои ни овие 400-450€ не ги заслужуваат. На сметка на овие вториве, првиве се ставаат во ист кош и се еднакво понижени. Затоа, прво треба чистка и селекција на квалитетот, па да има простор сите да земаат поголеми плати, ама заслужено. Ќе го цитирам МФ Битиќи од последната негова колумна , зашто не сум сигурен дали добро разбрав, цитирам: "Треба да е јасно дека зголемувањето на основните плати на наставниците за околу 90% и линеарно зголемување на платите за скоро 20% во градинките (што повлекува барања за покачување на платите во останатиот јавен сектор), во овие околности значи разгорување на инфлаторната спирала.". Дали наставнициве бараат +90%? 18% од старт и потоа постепено до +90% до крај на година? Може грешам, ве молам поправете ме ако е така, ама ако сум во право и до крај на година планираат да стигнат до 50 000 ден. плата, sorry not sorry ама во Македонија тоа со постоечкиов образовен систем, не е оправдано, ниту заслужено! Сум ЗА зголемување на платите, не само на нивните, на сите, но во граници на нормала и сè додека истото изгледа разумно и заслужено. Во моментов преку, според мене, веќе предолгото прекинување на образованието на сметка на децата, не е разумно. Така што, поддршка од мене- да, ама делумна.
Во смисол да не знае да пренесе знаење...додуша и полуписмени има. Но,сепак треба да се почитува неговата функција....во животот ќе бидат во многу слични ситуации. А децата одлично знаат кој колку вреди и умеат на правилен начин да го покажат тоа.
Сега да се паметни овие од Влада,следната плата нека им ја исплатат по број на ефективни работни часови,колку сработиле-толку плата да им дадат.Како реалниот сектор.Не,се научиле секој месец,работеле,не работеле,платата редовна,заштитени под државна капа. Да видите тогаш како сите ќе се вратат на работа. И нека штрајкуваат ако се толку незадоволни.Имаат цело лето пред нив.
@Bridget еве јас се сеќавам на професорите од средно кои успеале да ми го пренесат знаењето, на наставничката по математика која ни велеше :учете деца математика, мозокот го развива таа.. Секогаш ведра и насмеана, без дрзок тон успеа во целта да го сакам и учам предметот, како и другите ученици од одделението. Ценета е таа, до ден денешен држи часови, иако пензионирана.... Или на професорката по познавање на стоката во средно како велеше:ајде, Ана, знам дека можеш, си научила... без прекор, осуда во гласот. Ана бегаше од часови, а само таа ја натера да го учи нејзиниот предмет. Секогаш ведра, другарски настроена, ама успеваше кај сите нас, ја сакавме многу. Ете вакви педагози заслужуваат покачување на плата, дури убави спомени ми пробудија
Никаде не спомнав дека децата не треба да се борат за себе ако се малтретирани од страна на наставник...неспорно е тоа....но штрајков не треба да ги интересира,бидејќи не е свртен против нив. Вашиве муабети мене ми се поразни. Се надевам не ги изговарате пред своите деца.
Не, туку пишуваа неоправдани на децата кои штрајкуваа со неодење на училиште заради менувањето на програмата. Ги бркаа децата што одеа без маски и ред други работи. Сѐ што ќе им се сервира одозгора прифаќаат оти знаат како се вработиле, а сега "гордо" изјавуваат како они најмногу се залагале за децата.
Не не треба да се почитува неговата функција, ако децата ги научиме неспособи наставници да почитуваат и да им се авторитет ги учиме на покорност кон нив. Да точно во животот ќе налетаат на мн. вакви ситуации каде не треба да молчат туку да се побунат кога се оштетени од неспособни кадри. Неспособен кадар нека иде да се доедуцира, нема што моето дете да ја прифаќа како нормална појава и премолчува на неговата неспособност и останува од тие причини полуписмено. И да бидејќи децата убаво препознаваат кој наставник го бива кој не, ама бидејќи се деца и секогаш не знаат најубаво да се изразат, родителите се тука како одговорни за нив да се погрижат такви неспособни наставници да не допуштат да се нечии детски авторитет. Не ми се верува дека воопшто има потреба некому да го објаснувам ова, проста логика е. Не важи само за наставниците ова, еве кај неспособен педијатар ќе си го лечиш детето од почит кон функцијата, што дека не го бива за доктор?
Баш напротив Ане. Треба да ги носите, зашо тие спијат на тоа уво дека нема да ги носите и тогаш раат ќе се ..
@An-na јас го кажав тоа не просветен работник. Јас не сум просветен работник. Ама дека е тешко тешко е. Сега читав нема одработување после 10 ти јуни ќе се скрати програмата.
Во основно: наставниците по македонски јазик, математика, географија, музичко... Во средно: професорката по банкарство, по познавање на стоката, економика и познавање на претпријатијата, професорот по основи на економијата, по маркетинг.... Ете на нив се сетив, ама врвот се оние двете спомнати претходно, квалитетни педагози кои успеале да ми пренесат знаење. Инаку се образував во 90те години, други критериуми имаше тогаш...
Штрајков е скрос против децата на кои им се нарушува правото на образование, за што пак ќе речам предупреди и Уницеф дека не треба да продолжи. Зошто да не се изговараат муабетиве пред децата? Да не случајно добијат храброст да се побунат против некои наставници? Ако еден наставник го заслужува работното место, нема што да се секира какви муабети ќе слушнат децата, децата ќе продолжат да го почитуваат. Ако не го заслужува, а децата не се бунеле само од страв, треба да се смени тоа, треба да добијат храброст и да се направи една чистка со откази на наставнички кадар. Таман им се само придонеси.
Потполно се сложувам со ова. Мора да се каже на родител,стручна служба и слично ,било каков проблем. Каде реков детето да ќути и трпи? Мислам дека друга е темата...
Што е тешко жити се? Да работиш со деца? Ако им е тешко да работат со деца, тогаш подобро нека си бараат нова професија, оти не се за оваа. Не секого го бива за се, ама... повеќето кај нас се запишуваат на педагошки оти не ги примале на другите и оти е најлесен. Не дека многу ги сакаат децата. Тоа се докажа со последниов штрајк. Чест на исклучоци, ама... повеќето не ја заслужуваат ни оваа плата што ја земаат.