Штрајк на просветните работници

Дискусија во 'Политика и настани' започната од fbaby, 17 април 2022.

  1. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Хаха, сведоци сме дека веќе се применува.
     
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.236
    Пол:
    Женски
    Баш ме интересира зошто? :wasntme: Паметен си, верувам ќе ти текне ;)
     
    На Nikolina35 и Ahoy им се допаѓа ова.
  3. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Знам јас зошто, ама немој да мислиш дека методите се промениле. Само незадоволството ја прелило чашата кај повеќето, па не слушаат ни партиски директиви повеќе.
     
  4. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Коментираш во тема против просветните работници затоа што има проблем, значи сакаш некој да решава проблеми ама ти ако може да не си вмешана и дел од тоа решавање.ѐ туку само од страна да фаќаш сеир и пишуваш на форум дека има проблеми ама немаш направено ништо за да почнат да се решаваат.Впрочем како и најголем дел од народот во македонија. Разбрав.
     
    На Bebce1 и draconis14 им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.236
    Пол:
    Женски
    Жално е. Не е за смеење. Без партиска позадина, немаше да зуцнете, а не вака силни да се правите на сметка на децата.
    За време на вемеро глас не ви се слушаше, оти гласачка машина, уценувани и купени од партија. Ете, тоа сте вие! Затоа сеа толку сте јаки. Да ви се смени лидерот од есдеес, одма друг муабет ќе кажувате. Малтене како овчички.
    Кој ни ги "образува" децава?! :x
     
    На Bezimenka90, Волкот, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  6. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Значи, сепак си партиски обоена. Јас во 2015 штрајкував заедно со тие што се приклучија. А за лидерот на СОНК, не знам, знам само дека до скоро го немаше да зуцне во наша одбрана. Патем, претходната власт одамна е опозиција, можел и досега да реагира. Немам намера да расправам за партии, ве молам не ми реплицирајте.
     
  7. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.061
    Пол:
    Женски
    Па нормално.
    Затоа што таквите како мене не гледаат ни и од иднина во македонија. Ама тоа е тема за друго место.
    Не само образованието.
    Тука ништо не чини.
     
  8. Sleepy

    Sleepy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2014
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    323
    Пол:
    Женски
    Би дакала да дадам мое видување на работите. Не знам каква е ситуацијата во главниот град, но во мојава околина е малку поинаква работата.
    Јас работев одреден период во образование. Најголем дел од работното искуство ми беше со наставата на далечина, но добар период предавав и во регуларна настава. Се вработив без никакви врски, регуларно на објавен оглас.
    Во текот на минатата година држев и обуки за настава на далечина и на колеги и со ученици.
    Имаше и колеги што не си ја вршеа работата прописно, но имав и колеги што навистина се вложуваа. Во училиштето каде што работев имавме ненајавени посети на онлајн часови од страна на директорката и стручната служба, при што се превземаа соодветни мерки. Двајца колеги имаа намалување на плата од 10% поради неизвршување на обврски.

    Сега работам во приватна фирма, за двојно поголема плата, а имам ист опсег на обврски. Самоволно си дадов отказ, најмногу поради финансискиот дел и многуте придобивки од новата позиција.

    Моментално "моето" место го надополнува колега со сроден факултет, и надополнува часови. Во текот на отказниот рок од еден месец не се пријави ниту еден кандитат, ни преку Биро за вработување, ни по допрен глас, па се комбинираше со веќе вработен колега што немаше доволно часови.
    За одредени предмети, во најголем дел од природните науки, нема никаков кадар, ни партиски, ни не партиски, па вработуваат било кој.
    Колешка, истакнат активист на опозициската партија се вработи во исто време со мене. Од сите пријавени на огласот, таа беше најкомпетентна и го доби работното место пред сите други пријавени.
    На ниеден директор не му е во прилог да вработува партиски кадри кои се нестручни и да оди по судови, ако другата страна реши да тужи.
    Сум за покачување на платите, но сметам дека ваквиот штрајк не е соодветниот начин за постигнување на таа цел.
     
    На Bitter-Sweet, princess5, Волкот и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.043
    Допаѓања:
    5.918
    Дали и таму немале децата настава 36дена? Некаде прочитав дека само 6 дена не учеле.
     
  10. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Ајде да ви објаснам нешто за штрајкот во Хрватска. Не штрајкуваа тие за 6% зголемување на платите, туку за зголемување на коефициентот на сложеност за 6%. Ова е тој коефициент кој се множи со минималната плата за да се добие вкупната нето плата. Последен пат кога читав за нив наставата беше во прекин 19 дена, веројатно траел прекинот 36 дена. Скоро секаде исто се штрајкува во образование, едноставно нема слух од властите за друга форма на притисок.
     
    Последна измена: 22 април 2022
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.314
    Допаѓања:
    28.097
    Најјако.
    Вмро донело одлука за качување на платите што не е почитуван ни од нив ни од другиве.
    2022, истото вмро буцка за почитување на таа одлука и сите ботови исто пишуваат како има пари за дневници, нема за професори. Истото вмро што пак нема да го почитува ова и да дојде на власт и искрено да сака да ги покачи платите (нема од каде), а власта секако слатка д.

    Абе циркуз држава. Уште побудали сме сите ние што ја полниме државната каса.
     
    На raww, Bezimenka90, S.W.A.G и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.478
    Допаѓања:
    91.144
    Пол:
    Женски
    И затоа што нивната плата беше најниска во јавен сектор.
    Вашата најниска е?
    @raww
    Не сум информирана како беше.
     
  13. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Не знам, не можев да најдам податок. Ако најдете, слободно споделете.
     
  14. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Знаете што покажуваат ваквите коментари? Покажуваат дека ние не само што имаме партизирано образование, туку дека имаме партизација на секој сегмент од општеството. Инаку, така е, сите партии кога се во опозиција даваат поддршка за штрајк, а потоа кога се на власт, гледаат да го скршат истиот.
     
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20220422-205541_Adobe Acrobat.jpg Screenshot_20220422-205757_Adobe Acrobat.jpg
     
    На Cosmi и Just.do.it им се допаѓа ова.
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.314
    Допаѓања:
    28.097
    Ако некој е аполитичен, тоа сум јас. Буквално за ништо во животот не зависам од ниедна партија, а и работата ми е таква да имам контакти скоро од сите така да ништо битно не ми се во животот. А и не заслужиле.

    Тоа горе пишаното е факт кој вие го напишавте, зошто ја не ни знаев од кога е одлуката нити кој министер ја потпишал.
    Политизацијата гледај ја во твоите колеги со кои и сега не сте обединети, и во тие што ве буцкаат за тие да земат 70.000 плата, а вас да ви ја скратат и таа од 25.

    Пред некој службено посетив повеќе училишта и градинки во повеќе градови. Колку и да ве поддржував, а читај назад ќе видиш дека доаѓам од фамилија на учители и поддржувам покачување на плати врз основа на мерит систем (како во секоја друга професија). Ама бес ме фати искрено. Пола школи затворени со катанец, во другата половина сите на куп седнати јадат, пијат се смеат. Градинките пусти, пусти, една вработена ќе излезе позади неколку дечиња плачат.
    Батали ги и родителите кои се снаоѓаат за чување на маливе деца, школските деца најмногу губат. Матурантите нема да може да полагаат матура до август, на тие што сакаа да се запишат надвор од земјава им ги усравте плановите зошто ќе ги пропуштат сите рокови.

    Ви се даваат 10% плус во сред СВЕТСКА економака криза и малку е.

    Ај баш живи биле па видели што ќе збори Јаким и СоНк коа ќе се смени власта. А ќе се смени секако наскоро, секако се неспособни и тие и тие.
     
    На dunika, Bezimenka90, duffi и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.295
    Пол:
    Женски
    Не е дека другите се поразлични.
    Џабе се делите на вмро и сдс, никој арно не ни мисли. Се' додека сите ЗАЕДНО не напрајме нешто, ќе си седиме голи и боси.
     
    На draconis14 и Bebce1 им се допаѓа ова.
  18. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.398
    Ајде сите заедно прво да бараме убаво чешлање на образовниот систем, па после покачување.
    Фер? :)
     
    На Abel, raww, zuto и 10 други им се допаѓа ова.
  19. draconis14

    draconis14 Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2022
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Машки
    Не сме аполитични ако буквално на сè гледаме низ призмата на партии. Наведов јас зошто не сме задоволни од 10%. Патем, знаете дека човек вработен во МОБ со ССС зема 39.000 ден основна плата? Која е разликата? Па во култура Владата решила да го почитува Колективниот договор, а во образование не. Не направивме ние ништо на штета на учениците, Владата е таа што одбива да преговара. Не знам кога и дали ќе сфатите кој е негативецот во приказната. Кој е тој што не почитува закон и правни акти во државата? Ние или тие?

    Ова е правилниот начин на размислување.

    Фер ќе биде кога ќе побараме чистка во сите сектори. Не гледам зошто само образование, сите бараат повисоки плати.
     
    На NoirSerpentine, princess5 и Bebce1 им се допаѓа ова.
  20. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.186
    Допаѓања:
    27.398
    Кога ви одговара сте со сите во ист кош, кога ви одговара не сте. Малку манипулативно.
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  21. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.582
    Пол:
    Женски
    Затоа што доброто образование гради добра нација, ако таму се оправиме сегде ќе почнеме да се оправаме.
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.