Па приклучи се и ти во нивната заедница, ако толку те воодушевува. Не туку прај реклами за религиозни институции по форуми.
Училиштата не се само образовни институции, туку воспитно-образовни! Воспитанието секако прво се учи во семејството, а се надоградува во училиштето. Но, кога родителите не си ја исполниле својата обврска, тогаш наставниците имаат поголема обврска и не смеат да не реагираат. Треба да направат сè за да ги воспитаат правилно тие деца, па ако треба и со помош на стручната служба во училиштето. Со други зборови кажано должност на наставниците е секое дете да го изведат на прав пат, без разлика од какво семејство потекнува и со какво воспитание се стекнало пред да почне во училиште. Воспитанието секогаш треба да биде проткаено низ лекциите кои наставникот ги предава. Не смее да се занемари воспитната функција.
СОНК не го почитува законот затоа што: 1.Во законот за минимална плата изгласан во март 2022 стои одредба дека државата има обврска во рок од 6 месеци да ги усогласи минималните плати,а тоа е најдоцна до септември 2022. 2.СОНК достави барање за усогласување со минимална плата во март 2022 и најави штрајк ако одма не му се удоволи. 3.Сонк на 11ти април започна генерален штрајк за поголеми права,иако во септември истекува законскиот рок за усогласување со закон за минимална плата. 3.СОНК спротивно на закон за основно од средно направи прекин на настава,што не е дозволено според закон. 4.СОНК давал на наставниците кои не се членови на синдикат да потпишат изјави дека го поддржуваат штрајкот и да не работат,иако право на штрајк согласно закон имаат само членови на синдикално организација која и го најавува т.е организира штрајкот. 4 Според чл. 51 ст2 7 и по.54 ст2 од колективните договори за средно и основно образование,кога се штрајкува за поголеми права(бидејќи рокот за усогласување со минимална плата не е истечен до септември) работодавачот ќе плати само придонеси 5.Секој што ја прекинал незаконски наставата може да подлежи под одговорност ако ние како родители го побараме тоа,а тоа сте вие наставници и раководство бидејќи СОНК сега се оградува дека ве терал да не држите настава. Така да инаетот со паметот на раководството на СОНК ќе ве чини вас многу,ама за жал ДЕЦАТА НАЈМНОГУ
Политиката е крива за сето тоа. Кога наставниците ќе се вработат партиски за да не бидат избркани од работа мора да аминуваат на сè и да спроведуваат туѓи наредби и да молчат. Притисок имаат сите наставници, дури и тие што не се партиски вработени. Притисокот го прават родители кои се блиски до власта, кои се вработени во државна администрација или имаат роднини или блиски пријатели функционери. Ни еден наставник нема да видите дека има притисок од некој ,,обичен" родител кој скромно го тера животот и чесно заработува. Ама затоа другите се прават јаки со закани дека ќе те пријават во сите институции, ќе летнеш од работа, ако не им ги исполниш желбите. Ако директно не можат да ти извршат притисок, се јавуваат кај директорот него да го притискаат, па тој тебе да ти нареди на ,,фин" начин за да не си правиш проблеми исполни им ги желбите. Зашто колку и наставникот да е во право, кога политиката има замешано прсти ќе излезе крив, па ќе го избркаат и после нека се прости со својата професија за која учел и се трудел. Нема да нè биде додека политиката меша прсти во образованието и вработувањето. Наставниците не можат да се справат со учениците, затоа што силата ја добиваат од дома. Слободно прави што сакаш, ние ќе те заштитиме пред учителката. Знаеш како настапуваат родители во одбрана на своето дете? Сите што прават, тоа и моето дете прави, ништо страшно. А на прашањето дали ако се фрлат од прозор другите деца, ќе се фрли и нејзиното дете, е тогаш увредена е госпоѓата мајка. Наместо да си го воспита детето, таа го допушта на наставниците да им се качува на глава и да им смета на другите деца. Е порано го немало тоа газење на авторитетот на наставникот. Ама ќе ги видам тие родители кога покасно ќе си ја чукаат главата, кога ќе им бидат поголеми децата и кога ќе бидат прави деликвенти, па може ќе се сетат на зборовите на наставниците дека треба воспитно да поработат дома со своите деца, а не да им даваат слобода што сакаат да прават и да ги заштитуваат.
Не им “пере“ мозок никој. Во Обединетото Кралство една третина од основните и средните училишта се директно и индиректно финансирани од протестантската црква. Околу 33% од студентите во Австралија студираат на универзитети директно финансирани од протестантската заедница или католичката црква. Обединетото Кралство и commonwealth нациите (Австралија, Нов Зеланд и Канада) важат како земји со едно од најквалитетното образование, а таму верските училишта сеуште се многу силни. Овие податоци ги имаш на интернет. МПЦ-ОА се на се нема ни 5.000 верници, немаат материјални средства и донации за такви инвестиции. Плус, има огромен отпор и антагонизам од македонското општество кон Црквата. Резултат на 70 годишно комунистичко владеење.
Слушај пријателче, не мудрувај многу кога не си информиран. Не 6 месеци како што ве лажат, а на синдикатот му е страв да демантира. Колективниот договор се крши веќе 12 години, се гледа дека не си ме читал. За другиве што зборуваат за одговорност, барањата наши се стари 12 години и ниедна влада од тогаш не ги исполни. Ние не сме ваши функционери па да барате од нас одговорност. Штрајкот почна, па другарчињава чекаа 3 дена за првата средба на која разговараа само за едно од многуте барања. Три дена за да дадат понуда за нешто за што разговарале 2 месеци претходно и години наназад. Две недели подоцна не разговараат за другите барања. Што убаво ве лажат дека тие се загрижени за децата. Па ако беа загрижени за децата или било кој од нас, немаше државата да ни биде на ова дереџе. Штрајкот е законски, без разлика што ќе чуете од нашите лажливи политичари. Тоа ќе го видите на крајот од штрајкот, без разлика кога и како ќе заврши. Наставниците нема да имаат никаков проблем зашто не прекршиле ниту еден закон со штрајкот. Слободно побарајте што сакате и ќе се уверите дека ве лажат. За @Волкот, да не се повторувам:
Многу чудна работа. Ако наставниците ништо не работат, тогаш од каде толку време кај вас цел ден да сте на форум? Работите нешто? Ете, наместо седење на форум посветете внимание на децата, за да не “изгубат“ од наставата
Да бе. Наставниците ќе земаат плата, за јас да го учам детево. Не можи јас да работам 5-6 саати денес со ќерка ми и паралалено од џеб да и' плаќам професори, школо, пичке си материне. Ако сакав деца да учам, ќе учев за учителка. Не не' бива сите за то. Зато има професија учители. Ако не се способни да обезбедат она за што плаќаме, нека кажат: “Неспособни сме, сами учете си ги децата, еве ова 'Социјална' ќе го чкртниме од Уставот и снајдете се кој-како можи.“ Ама ни го велат то, ни преземаат одговорност.
Ебаго де, воспитна институција… јас ќе ти го учам и чувам детето и воспитувам. Кај ви ги чуваме децата уште да ви ги воспитуваме и учиме. Ние како наставници бараме 10000000% покачување, а работните задачи сакаме да се следни: ако може ич да не ги пуштате децата, најарно, а ако веќе толку сте се запнале, нема што ние да ги учиме и воспитуваме, доста е и што постоиме и така, факултет имаме, ваљда тоа значи нешто.
МПЦ нека си ги држи канџите подалеку од образовни институции. А материјални средства имаат. Ама пак, нека не се мешаат.
Не бараме негативец. Си барате да се почитува договор кој 10год не се почитува, додека сте заштитени може да ја тужите државата и да добиете оштета. Јас како плаќач на данок барам да бидете реални. 10% покачување е нереално во моментов ама ви е дадено. И уште ве буцкаат да продолжите со штрајк на штета на децата пак ќе кажам во сред светска економска криза . Инаку секаде имаш разлика во плата кај и да одиш да работиш. Во иста фирма има разлика во плата за иста позиција врз основа на стаж, искуство, исполенти таргети. Во ист сектор, различна фирма има различни плати. Благајник во Комерцијална зема повеќе плата од благајник во Стопанска на пример. Пазар на труд е. Не те држи никој со сила во школо за таа плата, ако во НОВА можел да земаш плус пробај да смениш. Или ете во Министерство за култура. Тоа што се под државна капа и заштени со закон не значи дека смеете да оставите деца без образование до недоглед. Баш напротив.
Кога би ги зголемиле платите, уште повеќе ќе ја зголемат атрактивноста да се работи државно. Уште поголем интерес, уште поголеми долгови. Веќе СОНК најавува и барање за зголемување и на останатите плати. Како приватниците ќе го издржат овој притисок? Доста беше вработување по партиска книшка. Единствено решение гледам во прочешлување на цела администрација, соодветно на тоа и драстично намалување на бројот на вработени, следствено, мотивирање на квалитетен кадар. И не го гледам проблемот воопшто во барањето за покачување на платите. Секој заслужува, ако заслужува. Проблемот е во секоемесечното вработување за осигурување на партиски гласови. Туку се прашувам, што би смениле наставниците кога би добиле покачување. Поквалитетно образование? Бидејќи ова образование што се нуди на младината не заслужува ни плата за пола работно време. Зошто не штрајкуваа за Кембриџ програмата? Или тоа не е битно? Ако бараш, треба и да дадеш. Добиваме финален продукт-магистри со нула знаење, односно образование еднакво на добиена хартија без вредност.
Колку години се крши колективниот?! 12 рече? И сега на штрајк?! Прочитај Јаким што вели,не бил одговорен за прекин на настава, бидејќи сега му е страв да не одговара пред институции. Не протестира СОНК за прекршени права,барањето до МОН е за усогласување со минимална плата,а рокот трае до септември 2022. И нормално ај што ќе одговарате заради незаконски прекин на настава туку и само придонеси ќе добиете Па рипајте по форуми и социјални мрежи.Ревотлот на родителите е многу поголем од вашиот
Леле и во оваа тема мора да спомнеш за имање шест деца и како девојките што излегуваат се огромен проблем? Сѐ супер тоа дека родителите треба да си ги воспитаат децата а не наставниците, ама што да прават оние што се запоставени од нивните родители ако и наставниците се тотално незаинтересирани? Убаво си е дефинирано училиштето како воспитно образовна институција, не само образовна.
Аргументот ти паѓа во вода, која е разлика помеѓу хигиеничар во култура и хигиеничар во образование? Зошто сметаш дека е праведно едниот да зема 30.000 ден, а другиот 18.000 ден. Исто образование, иста позиција, исти компетенции, исти задачи, ист, ако не и поголем обем на работа во образование. Не може во еден сектор да се почитува закон и колективен договор, а во друг да не се почитува. За другово што го напиша, јас веќе ве поканив и вас да се вработите во просвета. Лесно е, дојдете заедно ќе уживаме во потпросечната плата.
Очигледно е дека ти треба помош и за толкување на изјавите на Јаким. Не му е страв, богат е тој синдикат, има одлични адвокати. Човекот кажа дека не чувствува одговорност за прекин на наставата затоа што за време на штрајк, по закон, одговорноста за нормално функционирање на училиштата паѓа на грбот на директорите. Тие се одговорни за прекин на наставата зашто не можат да обезбедат заменски кадар, иако имаат законска можност. Повелете како родители тужете ги училиштата. Многу ми е жал што немате основа да ги тужите толку омразените наставници. Не ми кажувај за што штрајкуваме те молам, подобро знам од тебе. Веќе објаснив, ама ако си заслепен од омразата кон нас, нема да сакаш да сфатиш. Според вас, ние не треба никогаш да штрајкуваме. За тие празните закани со придонеси, државава еднаш го има направено тоа, со вработените во УПОЗ. Знаеш што се случи? Луѓето тужеа, си ги добија платите, а ние граѓаните го плативме цехот за каматите и судските трошоци. Слободно, продолжете да ја барате вината кај нас. Патем, спремен сум и да не земам плата ако тоа значи дека на крај ќе се избориме во државава да се почитува закон и колективни договори. За рипање, тоа го правите вие, ние само пробуваме да ви ги објасниме причините за штрајкот затоа што гледаме дека тоа медиумите не го кажуваат.
Не е праведно, ама така е и во приватен сектор. И во државна служба на други држави не земаат секогаш исто плата двајца службеници на иста позиција во различни организации. Инаку имам доквалификација за професор, ама не фала. Не би сакала да работам ни за таа, ни за поголема плата. Исто како што не треба да работат ради реда многу од тие професори кои сега штрајкуваат. Професорска работа се работи со љубов о интересот и доброто на децата треба секогаш да е на прво место.
Точно, барањето на СОНК е во 2024 основна плата за наставник да изнесува 44.000денари нето, а тоа е скоро 76.000 бруто. Ова ретко кој го има чуено од членовите на синдикатот,ама со барање за пристап до информации од јавен карактер може да го добиете барањето од СОНК доставено до Министерството и да прочитате која сума ја бараат. Тоа е скоро 10 милијарди годишно за плата во образование ,а цел буџет за образование изнесува 20 милијарди вкупно сега Па нека ги мафтосуфаат оние од СОНК кои на месечно ниво од чланарина собираат преку 80.000 евра приход (таман платата да им ја исплати на штрајкувачите)