Ако не е праведно, не гледам зошто обичниот граѓанин оди против оние што се борат да ја исправат таа неправда. Кога државата решила во еден сектор на ист профил вработени да им исплаќа плата по колективен договор, требало да очекува дека тоа ќе го побараат и вработените во другите сектори. Соодветно на тоа, требало да си испланира средства во буџетот. Инаку, не требало селективно да почитува закон и колективни договори, да не зборуваме за потпишување на истите. За истово ова требало да мисли и при покачување на минималната плата. Велите се фативте за хигиеничарите, немам ништо против хигиеничарите. Ама не може наставник почетник со ВСС да зема иста плата како хигиеничар. Хаус мајсторот зема поголема плата од нив. Не се исти компетенциите, не е иста одговорноста, да не зборувам за инвестицијата во себе, времето, нервите, парите потрошени за да стигнат до тоа работно место. Реков многу пати, прстот на граѓаните е вперен на погрешно место. Доста не обвинувате нас кога гледате дека истото го бараат сите сектори. И вие да сте на наше место истото ќе го барате.
Навистина ништо не си прочитал назад. Го знаат ова сите штрајкувачи, поголем дел си го бараа сега и веднаш. СОНК реши да бара само мал процент од ова затоа што знаат дека Владата нема да го исплати остатокот, само ќе лаже и ќе го поместува рокот. Впрочем, на ова се обврзало МОН кога го потишало тој Колективен договор. Според тебе, треба да се почитува потпишан договор или не?
Упорно фаќање за хигиеничарите. Не ги потценувај. Има и хигиеничари со високо образование.Само немале среќа(или поточно врска како поголемиот дел од вас) за да се вработат по струка, па го прифатиле она што го нашле како опција за да не бидат без пари. И кој колку работи е битно.Вие помалку работите и повеќе седите од нив. Тие ретко пуштаат глас, а вие секоја година урлате.
СОНК решил да бара само мал процент од ова, а тој мал процент да не е под 18,4. Оти вие добивте мал процент, ама го одбивте, сте сакале малку поголем, не толку мал де. За непочитување на договорот, одговорот е тужба, а не штрајк за сметка на туѓите (детските) права.
Не кажувај вицеви. Хигиеничарите во цел град ни се со основно образование. Патем, спомнав и хаус мајстор.
За прекин на наставата, одговорот на родителите треба да биде тужба до оној што треба да обезбеди настава. Зошто не тужите?
Ма џабе дискутираме, факт е дека топ им дојде штрајков, ем не работат, ем плата повисока ќе добијат, ем пак ништо нема да се реши и ќе си продолжат најголем дел од нив со истото незамарање. Да имаа еден аргумент зошто заради квалификаци да им се покачи немаше да кажуваат смешки како ама учиме PowerPoint, многу администрација имаме и хигиеничарката, полицајците и хаус мајсторот колку земале. Тоа е. Ќе си бараме начин да се отселиме сите и тоа е
Де ај ве молам изоставете си го верските фантазии надвор од темва. Средно е задолжително ако не си знаел.
Ќе се отселиме сите, ич да не се секираш. Во ваква држава никој не сака да живее, ни тој што има пари.
Јас велам ако им покачат сега, во јуни да одат на работа без да им плаќаат, нели ако се продолжи наставата. Сега зимате плата ама не работите, тогаш ќе биде обратно.
И јас познавам наставници со 6ки што го завршиле педагошки. Веќе и напорен си ми во темава искрено. Подобро и во странство да си идеш. Ќе направиш и на децата и на себе подобро. Ете во Хрватска отиди, таму има 6%, тука и тие нема да ги добиеш after all.
Ако им покачат сега, а ќе им покачат, догодина или за две години иста песна ќе е. Ќе видат дека може да уценуваат и неосновано ќе си бараат на секое. Мислам како и досега де.
Важи, ти како кажеш. Ај те молам кажи и на пратениците превоз да не им плаќаат, ќе ми направиш голема услуга.
Нека не и покачат само ради лигавењево и дека изиграваат дека се незаменливи. Искрено 1000 пати ми станаа одвратни после темава.