Ти брат кажи ти зошто заслужуваш повеќе пари, не на хигиеничарите есапот да им го водиш. Еден аргумент да кажевте, а да не е смешен. Office ви е тежок и кафе што сами сте си вареле. Патетика. Едит: И цел Office дали го знаете е прашање.
Ај извадете ги хигиеничарките од уста, срамота е. Сигурно повеќето од нив немале услови за понатамошно образование. Никој не сака да чисти туѓ измет за мизерни пари. Како што вие имате деца и не ви стигнува моменталната плата за да им дозволите се на децата, така и тие.
Јас ги кажав нашите аргументи. Вие ги кажавте вашите стереотипи. Нема потреба повеќе да се објаснуваме. Продолжете си и натаму по ваше. Дискутирајте меѓусебе зашто очигледно имате исти мислења. Која е поентата на темава тогаш? Па да си се тапкате по рамо и да си кажувате колку сте во право. Поздрав и среќни празници на сите!
Па со аргументи вакви кај што не правите будали како вие сте ПРЕРАБОТЕНИ и напатени и најзаслужни како да не живееме во истото општество, стварно нема поента да постои темава.
Кажа членот што цел аргумент на штрајкот "Хигиеничарките не може да земаат колку нас со завршено основно" го базира на исто така стереотип и генерализација.
Друже ја неам проблем да се покачи плата на наставниците. Имам проблем да се покачи плата на СИТЕ наставници. Имам проблем да се бара покачување на плата на грб на децата. Јас не би работела оти неам трпение со деца. Ама ти ако си одбрал, би требало да имаш. А за работа на компјутер ич не ми е тешко.
Слабо те плаќаат од партија за да се занимаваш со бранење на СОНК бидејќи врска немаш од суштината. Правата се регулирани со Колективен а секое покачување е со СПОГОДБА,секоја година.Отвори си на сајтот на СОНК ќе видиш едицирај се..затоа ниту си наставник ниту знаеш .ти си партиски бот и само се препукуваш Празници се,јас ќе се фокусирам на празникот и ќе си ги барам уставно загарантираните права на образование од вторник...ти пишувај...препукувај се со сите. Моите информации се детални,твоите паушални. Повели цитирај ме уште милион пати,ставај капаче.Нема кај да бегате ГО КРШИТЕ УСТАВОТ И МЕЃУНАРОДНИТЕ КОНВЕНЦИИ ДЕЦАТА ИМААТ ПРАВО НА ОБРАЗОВАНИЕ И НИВНОТО ПРАВО Е ПРАВО НАД СИТЕ ПРАВА.
Пошо го неаме вемеро или есдеес позади нас А, неаме и толку пари за скапи адвокати како вие Сите пари ни отидоа во вашите плати
Не тужат и зашто еднаш секако ќе се вратат наставниците на работа и тогаш душа ќе им вадат на децата на тие родители што тужеле.
Никаде не сум рекол такво нешто за деца и излегување. Не излегуваат само жени, туку и мажи. Јас излегувам, само не во такви места ко Привилиџ. Да не се разбереме погрешно. Бројот на деца чисто го спомнав во контекст дека тие протестантски емисарски семејства во глобала се многудетни, а ги имам запознаено поприлично доста, затоа што мој добар другар, бивши Православен, стана протестант и преку него имам запознаено доста такви семејства и лично сум сведок како ги воспитуваат, како наоѓаат време за нив, колку им посветуваат внимание, а, од друга страна, секојдневно работат и имаат обврски. Во тој контекст ми беше муабетот. Кај нив доста се почитува и цени таа индивидуална лична одговорност, а кај повеќето Македонци сеуште се цени таа комунистичка колективна одговорност, т.е. државата (партијата) да води сметка за се во твојот живот, па затоа и тешко како нација се снаоѓаме и адаптираме во животот. Затоа, сите пост-комунистички земји најлошо се справија со Ковид пандемијата, а Македонија убедливо најлошо. Ние децениски имаме лош образовен систем и секој обид за некоја реформа доаѓа до голем отпор, затоа што народот е така програмиран и на некои структури политички им одговара тоа. Плус, за квалитетна реформа треба континуитет, а не на 2-3 години се менува цела програма. Затоа и нема резултати. Патем, се знаеше дека државата и целата економија е пред банкрот, следи голема инфлација, низок економски раст, поскапување на цени, но заради мир во куќа и популистички мерки, само заради неспособност на политичка гарнитура, се изгласаа еден куп популистички економски мерки од типот недела неработен ден, зголемување на просечна плата, па сето тоа повлече и други контра ефекти, т.е. нема пари во буџет, па само се прават ребаланси. Државата ни е преполнета со државна администрација, а приватниот сектор слаб. Не знам, по мене проблемите се многу подлабоки, посуштински, културолошки, социјални. Јас ја гледам широката слика.