Ае многу ме интересира што е разлика во воспитувањето кај православните или атеистите со овие протестанти. На што учат едните, на што другите?
Не е тема и место за тоа. Не сум теолог. Зборувам за лична индивидуална одговорност. Секој има право дали сака да има или нема деца. Ако веќе решил да има деца, тогаш нека си води ред за нив. Работа на наставникот е да те научи да читаш и пишуваш, а не друго.
Ти го разбирам гледиштето... донекаде. Не можеш да ги изземеш од одговорност, оние кои се вработуваат преку врски. На приватно да бараш работа, ако е некоја захтевна како оваа, има да те рушат од интервјуа пред да те примат. Да, некој може да те препорача како кандидат, ама нема да те примат само затоа што те препорачале. Ќе ја поминеш процедурата на евалуација на квалитет, пред да припариш до форумулиран договор за вработување. Ти сам рече дека треба да го насочиме гневот кон врвот на државава. Да, треба, тие се примерот по кои е поставен системот. Тие се корумпирани, па се' под нив е корумпирано. Ама секој, секој кој корумпира и дозволува да биде корумпиран, е дел од проблемот. Од чистачката, до Премиерот и Претседателот. Платите навистина се ниски, ама какви да бидат при толку неработење и превработеност? Спомнете го и тоа во барањата. Нека се направи чистка во кадарот. Од почеток се. Со нови процедури за вработување, со интервјуирање, со евалуации, со сите салтанати. Ако го барате и ова и јас ќе се приклучам на револтот. Вака, само еден аспект покривате од проблемот. И ве заеба СОНК а.к.а. ВМРО Мислеа ќе добијат политички поени со потегов, а се' што направија е да ве фрлат во огнот вас. Сега дури се 'пржите', сами размислете какви барања треба да формулирате пред МОН и Влада. Вклучувајќи и повисоки плати. Не само за повисоки плати. Само така има шанси да си го повратите кредибилитетот како наставници, професори и одговорни членови на општеството.
Се огласи и УНИЦЕФ. Со истото што и јас го истакнувам цело време. Штрајкот не треба да го оштетува образованието на децата. @draconis14 слушна или и тие се до стереотипи како нас? Е сега свекрва ми е пензиониран просветен работник и тврди дека голем дел од нејзиното бивши школо штрајкуваат зашто ич ама ич не им се работи.
Затоа што некој му дал такво име. Работа на училиштето е да те научи да читаш, пишуваш и нешо да работиш во животот. Ако сакаш. Не е работа на некоја учителка да те воспитува. За тоа си имаш мајка и татко. Не е проблем на некој наставник, затоа што на некој татко, наместо неговото дете, поважно му е Лига на шампиони или Новак Ѓоковиќ.
Кој е тој некој? Уствари испаѓа дека ти си тој некој кој си измислува нови глупости. Знаеме дека го поддржуваш оти е вмровски штрајкот. Океј е.
Работа е на училиштето да го воспита детето како се однесува на училиште. Значи покрај родителите и учителите имаат задача да ги воспитуваат децата.
После на децата ќе им дојде кнап со учење оти ќе нема време сѐ асално да се предаде и така пак они ќе го кркаат ни криви ни дужни. А да бев на местото на тие чистачи што од уста не ги вадите никогаш нема здраво да ви речам дур работам таму уште еднаш.
Работам во странска фирма. Супер сум платена и сум задоволна од се. Е сега, и ние имаме чистачки, нормално. Прво, никогаш не сум помислила дали таа зема пример, 20.000, а јас земам 23.000, најискрено. Баш кога ми беше роденден им оставив долу торта, пакувана од Винчини и 1 шише сок. Е, сега. Пази, вчера помина до мене и ме свика на име и застана да праша како сум. Се изнаправивме муабет. И ми беше мило. Е, сега... Јас имам завршено Педагошка. Имам работено, кажав погоре, и наставничка, и воспитувачка и продавачка ( редев роба, тегнев картони, се качував на скала, метев, џогирав, бришев прашина и др.) Живеев и до чистачки и со менаџери и све и свашта. Никогаш, не се прашав, а колку зема чистачкава во Молов? Што работи, веќе леле леле и такви мизерни работи. Секогаш, бев блиска, едната беше ромка, толку добра, срцка. Кога се чистеа ВЦињата ми се случи да не можам да издржам и ме пуштија. Тоа се вика почит и хуманост. Не знам зошто се буни наставничкиот политички кадар? И чистачката ви е од иста партија можи. Хахаха. Реков еднаш и ќе тврдам : НЕМААТ ВИДЕНО ПОТЕШКО. НЕ ЗНААТ ШТО Е ПРИВАТЕН СЕКТОР. Ние сите ќе ве поддржиме, ама кога? Кога ќе ги дадете своето знаење и ќе се борите за децата во вистиснка смисла на зборот. Или ќе отстапите, ферски, место за некој подобар од вас. И почнав да се оддалечувам од некои луѓе, што ги понижуваат чистачките...
Нормално дека не може две професии кои имаат многу различна тежина и одговорност да имаат мала разлика во плата.Што те буни тука?
Хигиеничарки во некои приватни фирми и меѓународни организации земаат 40+ илјади. Just saying. Не може да спредувате сектори на работа. И не е почит кон хигиеничарки ако сте си направиле муабет со жената што чисти. Почит е да ги гледаш како колеги еднакви на тебе без разлика што ти работиш, а не повремено да им правиш муабет или да споредуваш плати.