Се договорија за 12%. Се чека членството на СОНК да одлучи утревечер дали ќе прифати. Утре се штрајкува.
Ај... може ќе им текне дека треба да се работи за да се земе плата... Ама ко крушки ќе паднат, гарантирам.
Претходно бараа 10 и им понудија и не прифатија. И сега ако биде истата песна стварно не заслужуваат никаква поддршка.
Ај да ви пишам уште еднаш, гледам ве излажаа медиумите. Слушајте ја целата изјава на Неделков https://www.brif.mk/vo-zhivo-izjava-na-sonk/. Утре ќе гласаат штајкувачите и ако го одбијат предлогот, штрајкот продолжува. Зошто вака ве лажат медиумите? Па, зашто сакаат преку јавноста да извршат дополнителен притисок врз штрајкувачите. Инаку, нема ништо на хартија, ништо не е договорено, за другите барања не е ниту разговарано. Јас мислам дека штрајкот ќе продолжи, а ќе продолжи и плукањето. Пак ќе викате еве ги преку леб погача бараат. Не ми реплицирајте, нема да одговарам. Само да ви кажам, ако потклекнат наставниците сега, тогаш точна е вашата проценка дека се неспособни. Ако издржат се до исполнување на најголем дел од барањата и тоа ставени на хартија, со конкретни рокови, тогаш треба да бидете среќни дека, ете, вашите деца не ги учат комплетни без'рбетници. Во врска со начинот на штрајкување во ЕУ, ве оставам со изјавата на претседателката на Европскиот синдикат на образованието (при крај на видеото), чисто да видите дека и во Европа така се штрајкува: https://kanal5.com.mk/nova-runda-pregovori-megju-sonk-i-vladata-za-platite-vo-obrazovanieto/a527083. Патем, еви ви материјал за нова тема за плукање: https://novatv.mk/makedonsko-sudstv...a-od-8-otsto-i-zakana-za-shtrajk-na-28-april/. Нема да ви се придружам зашто имам обѕир спрема исклучоците.
https://denar.mk/263993/ekonomija/m...a-prodolzi-nastavata-i-rabotata-na-gradinkite Им дадоа утре ден гратис да се соберат од продолжен продолжен викенд дво неделен штрајк. Јаким изјави од среда во школо. Уште тоа ми фали да се мислат.Децава нека се вратат во школо и онака со ковидот и онлајн отиде образованието во неповрат.Изгубени години...страшно
Ај ако сакате европски плати, создадете европско образование. Никаде не ти даваат плата пред да видат дека заслужиш.
Јас мислам дека ако не им одговара треба да добијат отказ па нека шетаат по германиите малце. За поише кеш де. Таму чистачките зимаат поише. Нека одат .
Па бараа 18 и нешто % мислам, патни трошоци и не сум сигурна што уште. Еве овој пат јас чекам да видам како ќе изиграат наставниците, ако прифатат 12%ќе се погазат скроз, затоа што испадна ај за 2% да си поврземе продолжен викенд и штрајк и значи дека беа ептен изманипулирани од Сонк, дека дефинитивно ги искористија децата и не им беше гајле за нив. Ај да видиме дали ќе одат до крај. Баш ме интересира. И онака децата изгубија волја за на школо веќе.
Патни трошоци треба да им подмират за тоа сум и не знам како до сега не го средиле тоа. Ретко да работиш некаде и да патуваш на свој трошок.
Да, нормално. Значи, ги разбираме, секако дека треба да и покријат патни трошоци и не знам зошто молчеа до сега, нормално дека и плата на секој треба да му се покачи, но изиграа многу арогантно на грбот на децата и на крај ќе излезе дека се било партиски договори а и којзнае друго што. И останувам на ставот дека не заслужуваат сите покачување. А патни трошоци да како и секој друг вработен н друго место.
Значи останатите барања пак се за пари и лични бенефити, не за подобри услови во образованието како што се пишуваше на темава. Нели прашував дали ќе штрајкуваат до нивно исполнување пошто ме убедуваа некои тука дека не е само за платата.
Еве јас чекам одговор од авторот. Јер знаеш, наративот е познат, ни прв ни последен пат нема да биде, да медиуми презентираат пола или скоро цела лажна приказна. Па во еден сектор кајшто Мила прошла, можам да замислам кое расуло е напраено, во однос на наставни програми и процедури. Затоа прашав, кои се другите барања, ако се повеќе од плата, патарина и топол оброк...