Се договориле за прекин без да го прашаат членството, кое не се согласува со 12% Скоро секаде е изгласано за продолжување на штрајкот, а се објави прекин и враќање во школо. Луд, збуњен, ненормалан е работата
Штрајков е лош затоа што е лошо организиран. Децата трпат затоа што некој не си го познава членството, а некој друг го потценува истото. А секој штрајк во својата природа е уценувачки. Знаеш, прекинуваме со работа се додека не ни ги исполните барањата.
Еве "колегава" горе вика дека не може самоиницијативно да штрајкуваат, СОНК си има право да го прекине Па не знам што е проблемот тогаш. Муви без глави, како сакаат си ги шалтаат. И не, не се за жалење, сами си се довеле до таа позиција.
Кажав јас вчера дека медиумите лажат, ама никој тука не сакаше да слушне. Никој не ја пренесе во целост изјавата на Неделков, која беше, најблаго речено, контрадикторна.
Апсолутно го поддржувам протестот и сум за поголемо покачување на платите. Не е убаво вакво понашање према просветарите. Какви, такви, тие ја образуваат иднината на една држава. Ќе плачат сите за некоја година, ама тоа е
Плачеме и сега кога гледаме колку се писмени просветарите. Уште јас кога бев ученик една просветарка место Видое Подгорец викаше Видео Подгорец...
Ајде, ајде, не се жалете, имаме какви, такви пратеници, какви, такви лидери и политичари. Мислам од таму треба да почнеме. Ама ајде, карајте се меѓу себе, ќе тепаме време.
Зошто во образовниот и воспитен процес ги изоставувате родителите? Некако, на чудесен начин, никогаш не наоѓате вина во нив. Секогаш учителите се криви за се во оваа наша држава. Или докторите. Или таксистите. Или политичарите. Аа не, тие се светци, ги гласате.
Пак за пратениците. Да, ако мене ме прашуваш ќе скратам патни трошоци и ќе дадам таму кај што треба- за повисоки плати, за болници, за лечење. Ама друже пратениците не им се криви на тие наставници што се замислуваат богови и истураат комплекси на ученици, што молчат на булинг, што онака не наоѓаат некој креативен начин да предадат настава. Хигиеничарите па уште помалце се криви.
Па и тие поминале низ образовниот систем на државава, оваа или претходната од која сме биле дел. Не се од Марс паднати. Вие целите да "произведувате" исти такви кадри?
Хаха, сега почнавте и пратениците да ги браните. Па што не излеземе на протести да им покажеме дека нема да се богатат на наш грб. Ајде, излезете прво против нас, ќе бидам среќен. Мојот народ се побунил за нешто. Што правиме празни муабети тука. Вчера ви реков дека лажат медиумите, не верувавте. Еве денеска се докажа дека манипулираат со вас, со нас. Исекоа само дел од изјавата и тоа сите медиуми.
Ае уште фризерите спомни ги и да завршиме со муабет. Темата е за просветари. И не, не се криви за сѐ, само коментираме за квалитетот на наставата која да, директно зависи од наставниците.
Ви кажаа и од УНИЦЕФ не преку грб на децата. Ама немате гајле. Во секој друг облик (пример маршови протести, перипатетички предавања за права, економија и слично, предупредувачки штрајк од еден ден, па постепено ескалирање) ќе требаше да работите. Вака фино ви се погоди. Баш покажавте каков ни е кадарот. @JelenaCP родителите не се ама ич битни за платите на наставниците. Или штрајков е да се сменат родителите. На сите родители отказ од родител да им поделиме. Не ми е јасно барањево?
Не ги бранам. Само за лошата настава не се они криви. Мислам уште бившите партнери не ги окрививте, само вие не сте, нц ич. Човек гледај ти да бидеш најдобар во своето и да оставиш впечаток кај ученици, не да седиш нога преку нога и да чекаш некој друг да преземе одговорност.
Па нели неписмени излегуваа од клупа, криви беа учителите. А родителите кај се? На митинг во партија?
Значи кога се успешни учениците, наставниците се заслужни. Ама кога не се, тогаш се криви пратениците, таксистите, комшијата од трети, Ане нокти, мачката на бившата...