Па те прочитавме сите убаво што пиша, може ти беше сакам кажам не знам речам. Ти пиша да се почитува функција на наставник дека бил наставник што дека не го бива, нели тоа подразбира од почит кон функцијата да се премолчува негова неспособност Овој требаше на децата според тебе да им е авторитет дека ги учел сепак нешто, што дека глупост ги учел Поточно неспособен бил да пренесе знаење и сега да му ја почитуваме функцијата сепак џоа даскал е
Јас на пример никогаш не би работела наставник, затоа што знам дека не би била добар педагог, немам трпение и не сакам. Никогаш не се гледав во таа професија и не ни помислив тоа да студирам. Не секој може и е педагог.
Педагошки и самите професори го унаказија (кои се постари, имаат искуство веќе), толку не можеа да воведат повисоки критериуми за упис? Е затоа сега си страдаме од овие неписмениве. И никако не го оправдувам штрајкот.
Па тоа велиме де. Не се сите исти. А и не е лесно со деца да работиш. Особено не со денешниве. Тие што си ја сакаат ќе кажат, деца се тоа е наоѓаат решение, тие што не си ја сакаат професијата им сметаат, напорни им се.
Ги потценувате децата...знаат они добро кој каков е...бидете добри родители за да можат проблем да ви доверат,а наставниците нека си работат таму каде треба. Само сакав да истакнам дека без соработка родител наставник,се дава крива слика. Но ете,можеби и не е така...
Факт е дека платите на просветарите се мали и професијата е неценета. Еве за споредба како е во други земји Исто така факт е дека ова е политички мотивиран протест, дека Јаким Неделков не знае колку пари има од шо е цел живот на чело на Сонк и зима пари од чланарини и факт е дека требаше да прифатат 10% и да прекинат ао штрајкот. Буџетов и ова покачување не може да го издржи. Не знам само од каде ќе црпат пари за се.
Особено кога дома слушаш, Ма која е таа/тој на моето дете да му шише кец, утре идам да им кажам убаво. Се омаловажува наставникот пред детето од дома уште.
Да,на ова мислев....детето лесно манипулира после ова...а нема потреба...за неспособни наставници е потребен поинаков вид на санкционирање, а штрајков е нешто сосема друго. Треба да се биде солидарен,бидејќи постојат наставници кои и знаат понешто ( и малку повеќе од родителот во одредена област ), а училиштата треба да останат места каде се образува и воспитува.
Родители, Се извинувам што ви се обраќам покасно и со задоцнување и се извинувам што не вратив на вашите пораки поединечно, па затоа Ви се обраќам на сите со истата порака Во тек сте со случувањата и барањата во образование и постоечкиот штрајк кој очигледно нема да заврши во догледно време. Она што треба да го оствариме во однос на наставата дали сега или покасно, ќе мора да се оствари. (Немојте да мислите дека ги заборавив работите кои се во интерес на децата,со тоа што до сега не ве исконтактирав ,но давав време на нештата да се решат) Еве конечно се огласи вечерва.. Јас ко глупа,тупа,неупотреблива не разбирам шо сака да кажи. Како го толкувате ова? Ќе има или не настава?
Им пречи што родители фаќаат врски за 5ки на детето, а не им пречи да фаќаат врски за работното место? Некои деца заслужувале кец, ама заради родителите имале 4ки, 5ки, исто ко што некои наставници заслужуваат да не работат на тоа работно место, ама заради врските што ги имаат, работат?
Да си жива и здрава за муабетов. Со прст не мрдаат да сменат нешто ниту за себе ниту за ученици. Ама кога ќе им свирнат први се. Ако ти е мала плата, барај повисока ако не ја добиеш барај си друга работа. Како цел нормален свет. Со месеци не работеа со короната, па онлајн па не знам што и сега штрајкуваат па и тоа да им е платено. Се надевам нема да им биде.
Оксиморон е муабетот, ако се толку чесни нека не прифаќаат да пишат повисока оцена бе за некој врски што фатил. Зошто подлегнуваат на фаќањето врски? Нека се достојни и нека одбијат. Сами се дел од проблемот.
Ќе нема настава убаво си пишува Демек не се секирајте за децата, тоа што треба да го научат ќе го научат. Ама не прашувајте како, веројатно ќе ги задолжиме онлајн летото да учат и да ни титнат на моб кога ќе ја научат лекцијата. А не се огласив оти немав намера ама прочитав на фб и форуми како не плукаат сите што не даваме отчет на родителите и децата па ај да напишам нешто да не е без ич. Вака јас разбрав.